1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Inamya

    Inamya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.281
    Пол:
    Женски
    На темата треба да се забрани не мажени/женети да коментираат! Бидејќи излегува од колосек, се гледа и сака со розеви очила, но за жал не е така! Така да мое мислење непотребно испразнување а не-проживеано нема потреба, нема тука што јас сакам и така ќе биде, е не стапи во брак па кити ја темата со сопствени искуства.
    Сите пред да сме се мажеле/ женеле сме сакале МОЖЕБИ едно но секој има потајно жарче (како можеби и самите) и на крај во сигурност ќе испливаат и ќе се испукаат.
    Жени (не девојки, извинете но не е темата за вас), џабе барате простор за празнење/жалење/кукање не секој ве разбира на на начинот на кој сакате да се искажете (од искуство), за жал снаите биле а не дај боже и ќе бидат краци на синовите и нарушување на фамилијарни односи.
    Во однос на имотна делба, нај криви се родителите независно каков пол на деца имаат или кој материјално е помоќен, тоа се решава дур двајцата родители се живи се дели на колку деца се има, па секој прст исто боли кога ќе го исечеш! Доста воздигнување на синот газење на снаата, тинтрање на ќерката одење по ќеф на зетот. Независно, од иста утроба искачат и машко и женско исто боли, не ги правете сами поделбите - болни се! На крај краеви сите да сме живи и здрави да можеме да оствариме семејство свој дом во свои години е најбитно. Но за жал на темава нај криви се мажите - да бидејќи не дораснале а иста вина ја носат и нивните мајки бидејќи ги залепиле за нивните здолништа, НЕ бидете такви мајки.
    Секој само може да си го реши проблемот, ако знае што сака и е упорен. Поздрав ❤️
     
    На Martka, Sunrise!!!, Emy867 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.125
    Допаѓања:
    20.943
    Пол:
    Женски
    Па може нема да ја убие, ама ако живее кај него нонстоп ќе биде малтретирана, а друго е кога може да се врати дома во свое после првиот шамар.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.622
    Допаѓања:
    33.864
    Пол:
    Женски
    Тој што сака да убие некого ќе најде начин, па зарем не сте прочитале откако се развеле отишол во куќата на нејзините родители и ја претепал/убил, па може и на улица негде, да да ако се врати кај нејзините родители безбедна е, мислете си. Значи треба да не се појавува нигде, тој што сака да направи нешто наоѓа начин, ќе ја чека и од работа ако треба и ќе и направи нешто. Тоа нели е живеење во страв? Не дај Боже некој да налета на таков психопат.
     
    На Erika.greeneyes и st-el им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.282
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Не мора да е со убивање и не е секогаш.
    Ама друго е кога нема каде да одиш и немаш избор освен да трпиш, друго е кога имаш, како да ви објасни човек.
    Сум била 100 пати понижена оти со пичка сум се родила и нема утре да попуштам од некоја си љубав према брат.
     
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.622
    Допаѓања:
    33.864
    Пол:
    Женски
    Епа ќе има де, братот нема да ја исфрли на улица, родителите или на пола или на никој најдобро.
    Направивте како братов цела куќа за него сака да е, ете имало и друг спрат, ама неее мора со братот и снаата, а истата таа золва кога ќе се омажи ќе и сметаат деверот/ золвата, истата е и золва ми, го скара маж и со брат му и сестра му, истата таа ќе ми кажува како брат/сестра мора да се држат едни до други, оффф бе.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.282
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Ахам, теши се дека нема да ја исфрли. Нема да ја прими и? Ни закон ни ништо не те штити ако не е на твое име префрлено.
    Еве гледаш снаи се жалат золвите им сметале. И утре кутрата да се враќа пак?
    Оти да не добие ќерката спрат па она утре да го прибира братот ако се разведе он?
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Тоа е чудесна тајна ,никој не знае.
    Еве ја 3 г ќерка ми ,уште за неа е гладна ,уште за неа е гола ,уште за неа плаче по цели ноќи ,страшното е шо сме баш заедница се слуша се кај неа ,значи не плаче т.е тивко е. НЕ ОНА ЈА СЛУША со други зборови халуцинира. И викам ко ќе мислиш плаче ела влези (дека лажеме ние нели ) ама па и прпа од син и така аа.
    Да погодам направила годинка нели ? Не е до тоа дали ќе пројаде сега веќе не чини млекото ти и докторите не знаете она знае се.
    Инаку веројатно им смета поврзаноста или не знам ни ја веќе што.
    Сега па за второ напнува ,демек на ќерками и збори,,мама да ти купи бебе ,ќе си го чуваме " :o
    Баш ,некои луѓе само ко ќе доживеат ќе сфатат.
    Еве јас да сум снаата во една соба ќе седам со услов они две да не ми влегуваат ,ваму ,,цел спрат ти дадовме " таму ,,ама ќе влеземе кај сакаме кога сакаме " не е во ред.
    Па ,значи пак се криви родителите ,зошто они ги делат ?
    Зарем снаата е крива шо не дале на ќерката ?
    Ти кажав јас ,со нив само пасив агресив. Нашлакај се со средства и ,,заборај ги "


    Мене ми преми два пати садови ,цела година само моето и на ќерка ми си миев. Многу се нервирав шо преправаше по мене ,ама отрпнав и почнав да и оставам се на неа. После се пожалила на золва ми дека се она прави. И золвата еднаш два пати нешто одоколу спомна фатив ја седнав ,вака вака и вака ,ти нема да постапиш ко мене ? Е во право си била ( среќа па паметна жена е ,не заслепена од емоции ).
    @Angi266 и ова те разбирам ,едно било зборнато друго се десило и кај мене беше/ е така. Ама ќе си седните со мт ,да видите кај е грешката и како да се оправи,ако може ако не ,не знам чаре да си одиш евентуално.
     
    На *Amethyst*, Angi266 и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.282
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Родителите се криви, тачно.
    Снаата е крива што золвата ја гледа ко кривец место мажот. Што во золвата посочува прст место во мажето.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.622
    Допаѓања:
    33.864
    Пол:
    Женски
    Ама родителите се виновни, нека поделат на време или никому ништо.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    24.278
    Дефинитивно, одвратни.
    Ама и нејзиниот тон кон золва и' не е океј, не и' мисли добро, сака да се отараси од нејзе.
    Дисфункционална фамилија се целовкупно, имаат многу за комуницирање и ако се СИТЕ доволно зрели, можеби и ќе ги средат работите. Ама сумљам, по начинот на кој си се обраќаат и понашаат едни кон други, тешко дека ќе излезе позитивен исход дур се под ист кров.
     
    На CameliaMiller, baby-star, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.282
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    А јас што тупам ко навиена цел ден?
    Значи не е до золвата.
     
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Не знам еве јас не ја сфатив така...
    Праша дали се нормални тие однесувања и мислам дека сите треба да се сложиме дека не се.
    -не е нормално снаата да чисти а сите да валкаат .
    -не е нормално снаата/золвата/ свекрвата да збори на телефон или има гости останатите да им стојат на глава.
    -апсолутно е ненормално да и забранат на снаата да дојдат НЕЈЗИНИТЕ.
    Во било чија куќа да живее.
     
    На CameliaMiller, Gosh, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.282
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Не е нормално ок.
    Ама нека се помири дека ќе живее во заедница со золвата на спрат, не да ја брка доле.
     
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.803
    Допаѓања:
    13.376
    Точно. Колку имам случаи каде што браќа си лапнале цел имот и потоа сестрите кој ги шиша. Женско е туѓа куќа и нема право на ништо. Јас такви не би погледнала, ни родители, ни браќа. А не да има браќа лакоми, демек по дифолт ним се им следува, ќе ги чуваат старите 8), така глумат само за да им се препише ним. Срамота.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.622
    Допаѓања:
    33.864
    Пол:
    Женски
    Не е, ама па и ништо да не фати по неа незнам, па негде на гости кога одиш па ќе пофатиш или ќе прашаш дали треба помош. Најдобро синот и ќерката да седнат и да разговараат со родителите, да ги прашаат што планираат, и тие да си бидат на чисто и да нема кавги помеѓу нив.
     
  16. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Имам пример од комшии ,значи ,,старите" не можат да имаат деца а куќа на два спрата. Брат на човекот има две машки и човеков се нуди спратот да го даде на еден од нив ,двајцава браќа се договораат тој прв шо ќе се жени ќе оди да живее кај чичкото. И така и се еве едниот живее тука ,чичкото и стрината у ништо не се мешаат ,буквално ко во зграда да се чак и ручек некогаш ќе и направат а тие стварно имаат право да им кажат пази кај се наоѓаш. Оти за разлика од нив другиве примери сме вакви :
    -или куќата со ситни исправки е од дедовците фактички значи не е ни нивна (ко свекрва ми )
    -или ако ја правеле од нула нашите родители делеле и од нас (ко кај мене ) и фактички и јас сум учествувала.
    И сметам дека ни во двата случаи не може некој да каже пази кај се наоѓаш.
     
    Последна измена: 12 октомври 2023
    На Anie93, *Amethyst*, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Тогаш нека седне золвата ко паметна 26г девојка нека подели обврски со снашка и нека почитува приватност.

    Ама не ,мислам дека има мисија на информатор.
     
    На *Amethyst*, Mnik и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.282
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Абе јаки ми се ко искусни демек ние немажените абер немаме.
    Не знаат што значи да си ценет у општествово според меѓуножје, што значи да гледаш како брат ти се шири без пари додека ти плаќаш кредити или кирии. Нашле асален маж и готово, на лото добиле.
    Јас барем не живеам од ден за ден.
    Ако членкава не се должни нејзините да ја обезбедуваат со имот, свекорот и свекрвата па ич не се.

    Не знам што ме чека утре, да си ќутам?
    Да дечки, зашто не знам што ме чека мелам за жени што ни кур не добиваат од дома па иди трпи после насилник оти родителите нејзини примиле снаа од братот ама за ќерката ќути ќе пукне брука.
    Јас знам оти таму некаде нема да ме примат. Значи кажано е. И ќе се снајдам и сама, здрава и права сум.
    Ама она да си понижуван е проблемот оти си женско. Да се очекува од тебе утре да се понашаш ко све да е во ред а они за партал те сметале. Да си подолу од гомно ама никој да не е на твоја страна.
    Крај крајова може неќам да се мажам. Зашто да мора да се омажам за да имам дом?
     
    На simoncelicius, baby-star и spacegirl92 им се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    @Anyshka многу ми е жал за загубата на брат ти ,не знам што се случило но посакав да ти кажам. Јас изгубив вујко(на мајка ми брат ) многу млад и уште ми е тешко а помина многу време...
    За брат не сакам да замислам.
     
    На Erika.greeneyes и Anyshka им се допаѓа ова.
  20. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Слушај ваму золвиче не сум должна јас гомната и мочките во корпата да и ги буткам, да чистам капки крв од менструација по плочките оти она тука живеела и оти замислила дека е принцеза
    Кога живееш во заедница работите се поделени, а они што умислиле дека сум потстанар и слугинка они и таквите ко тебе тос е друго, случај за посматрање на психијатрија
    Ваквите работи е должна сама да си ги средува или мајка и да и опка, а не јас
    Ајде магла сега
     
    На Anettta, Emy867, aaaaa и 8 други им се допаѓа ова.