Јас знам случај комшии кај мајка ми немаат деца, мажот е починат, женава сега има 80+, цел имот го препиша на внукот од сестра и сега таму си живеат со жената и децата веќе големи, ама за ништо не им се мешаше, дворот си го средија по нивен вкус и цела куќа, а не овие родители па уценуваат свое дете "ти дадовме куќа, ќе правиш ние како што ќе кажеме", многу силни, а кога ќе им клекне газот зошто очекуваат снаата да ги чува, а не ќерката?
Oti ne ja sednesh da porazgovarash so nea. So razgovor mnogu situacii moze da se nadminat. Ako i samo ako ima so koj da razgovarash. Makar i da ja vospituvash kako treba. Moze toj sho trebal da go napravi,potfrlil.
Тој што потфрлил се ксчува мене да ме контролира во каква ситуација е вецето и до каде се фугите Толку од мене Пријатна вечер золви, снаи и свекрви
Членката 5 мислења пиша, овде се напишаа книги за зетот домазет, која мора да чисти, золвата била бркана од дома, убиства, семејно насилство... После следи тој што ќе се заљуби во золвата, ќе ја однесе во куќата негова кај што ќе мора да чисти, па ќе и ѕвони на мајка и секој ден и ќе и плаче за тешкиот живот и како ја прелажал со лепота, и таман си мислиш завршило, ќе почне 601 епизода каде што внуците ќе се караат за куќата и кој спрат чиј е, дедото не оставил тестамент.
Prifati go faktot deka ste trojcata na spratot+bebe. Ako delite zaednicki prostorii,i grizata za istite treba da bide zaednicka, Ko cimerski zivot. Sedni i razgovaraj. Si probala?
Гледаш уствари што и пишуваш? Демек оди си, ако не ти се чисти. за сеир дојдовте или совет да и дадете за моменталната ситуација во која се наоѓа? Како ниедна до сега не ви текна да и дадете предлог - Оди си кај твоите, тој маж твој ако те сака ќе се спакува и он, ако не не вреди да седиш покрај него. Ама се запнавте за золвата, како икона незакачена на ѕид да е.
Ете и реков Има имот од нејзините нека го земе домазет, и поназад реков. Ама неќел кутриот домазет да биде. Епа и золвата неќе да им отстапи.
Ама пак ти за имот од мајка и татко збориш. Да се разведе зошто е муле на пример. Ама битно е за имот и кој колку право има на истиот се вергла.
Нека се разведе ако сака. Нека прави што сака освен од золвата да бара чаре. Она упорно сака да остане таму и золвата да си оди. Нит сум за чепкање у приватни работи, нит за забрани. Ама нејзе тоа што золвата воопшто е со нив ѝ е проблем.
А што совет да и се даде? Таа не прифаќа совет колку што читам. Ја множат таму со нула, ејј и забраниле нејзините да доаѓаат. Совет е да си заминат од таму. Но мулето нејзино не сака да се одвои од сукњата на мајка си. Епа сега ...
Проблем е тоа што ај што не е нормално да дреме тука, влегува и излегува во спална дневна отвара чепка што сака и како сака, користи веце а не чисти Се понаша како кралица, а ја слугинка што мора да кути когс се чепка секаде, што мора да кути што не постои делче каде што имам привстност од неа и од мајка и И кој ви рече среќно и идеално мажени женички да ми барате решение Тука сте да фанете сеир очигледно Од моето прашање дали е нормално золвата да седи на спрат со женет брат, а притоа да има соби празни на спратот кај родителите направивте индиска серија и стссавте до убиства, кско сум била глупа злобна и не знам каква Срам нека ви е
Normalno e,da Vo normalni semejstva,so normalni odnosi. Jas bev zolvata. Cela kukja na site ni beshe na raspolaganje.
Пак ќе повторам, маж кој те сака нема да дозволи некој саканата ко слугинка да му ја третира, неправедно и неферски. Мене за саканиот душата ме боли ако некој му нанесува неправда. Расчисти си со маж ти, и види како тој те гледа, и што планира да превземи за да се осеќаш добро. Ако не му е гајле за тебе и твоите чувства, и вашата иднина, тогаш имаш проблем со него и само со него. Препреки во животот имало и ќе има, дали се други луѓе, ситуации, се нешто ќе излезе. Бракот го сочинуваат двајца кои ги прерипуваат заеднички препреките и наоѓаат решение. Џабе се вергла, рековме не е во ред тоа што го прават золвата и неговите… ама ако не е тоа, нешто друго ќе биде. Кај ви е разговорот, решението и поддршката со сопругот?
Абе овде се чека да се сподели нешто и одма меѓу себе лом да се направат со коментари, а темата да отиде од еден крај на друг.
Нормално е. И семејно насилство не е индиска серија, реалност е што околу вас се дешава, секој божји ден. Толку од мене.