Нормално е кога ќе се понашаш како цимер и ќе си чистиш позади тебе, а и ќе почитуваш туѓа приватност како што сакаш твоја Прва она нема да дреме до сестра му на дечко и Толку и од мене И имате рака од мене колку сте сите мудри, паметни и со нормални мажишта во нормални фамилии Одвратно колку сеир фаќате Не знам ни што пишав, ја едно тие друго Нормално било свекрвава свекоров и золвава да ти се сноваат по спратов колку сакаат, во која соба сакаат и во колку часот сакаат Да не можеш да ми извините да се исереш на раат нормално било Маж ми па маж ми, уште одма кажав дека него го наоѓам највеќе крив што има стравопочит кон татко му па мисли дека не смее да му гукне оти му пикнал у глава стсриот дека нема ништо негово, дека се е нивно
Сите имаме свои проблеми ама мораш да ги намалиш очекувањата од трета страна, а да ги зголемиш оние од маж ти. Вие сте тим, вие сте тие кои треба и да стварате и да одлучувате што е најдобро за вас. Ти тоа кај маж ти го немаш и сега сите ти се криви. Било нормално или не тоа што го прават, нашите одговори не ти значат ништо ако не се завземаш за себе и за своето дете.
Да вие сте ми криви, они светиците ми се криви што мажов ми е муле или како го рековте Одвратни и сеир полни коментари се изначитав од среќно мажени жени за алфа мужјаци Ја едно пишав и прашав, прашувајќи се дали нешто не е во ред со мене што му трубам секој ден него Ме интересираше дали некоја другс би ги трпела вака неговите или ја претерувам оти нели ко голо куче дојдов во нивната палата Ајт
Па добро, крај краева, ти спиеш до него и ти ги трпиш последиците од животот со него. Реално, на нас не ни е баш гајле за маж ти дал е муле или теле, само сликовито сме ти покажале она што ти си го пишала. Ајт
Ама Анџи не знам каков совет очекуваш побогу. Ние согледавме кој е крив и според тоа ти дадовме совет, не знам што друго совет да ти се даде. Купи си куќа, убиј ја сестра му, затвори го неговите во подрум, мислам сето ова не можеш да го направиш, ние ти дадовме совет што реално можеш да направиш. На крај краева, реално и се е на старите, тоа што ви отстапиле спрат, е оти за жал си маж ти така се договориле, ама они го направиле спратот и законот вика дека е нивни, освен ако не е препишан на маж ти, вака и вие да сте го направиле, ако не е препишан, пак е нивна куќата, а со тоа и спратот. Криво ти, право ти, имаш работа со неморални особи и во случајов не можеш ништо друго освен да се бориш за глас. Оти тоа дека морално они треба да постапуваат како што велиш ти, и како што ние се согласуваме дека треба оти така е човечки, не значи и дека по правило те следува такво однесување од нивна страна и дека по дифолт треба да очекуваш.
Стварајте ваше, бегајте настрана нити мора да трчаш по сестра му да и чистеш, нити да се расправаш со свекор, свекрва. (Фати го маж ти дипломатски)
Болдираното.... Јасно ти е ставено до знаење дека таму си гостинка. И дека немаш право на глас. Што значи, ќе си ја трпиш золвата. А и маж ти не смее да им писне. Така што единствено решение е да бегате. Штом тој не сака, запрашај се дали треба да останеш со таков маж. Во вакви случаи не е доволна само љубовта. Некогаш самите многу им дозволуваме, за после на глава да ни се качат. Старите веќе пресекле. Јас нема да можам да издржам таков начин на живот.
Ова е судница, само напаѓаат, вреѓаат, само тие што напаѓаат имаат идеален брак, идеален сопруг, сопруг што прави ручеци, чисти, пере, сопруг што никогаш не погледнал други, освен нив, немаат кавги, а бе мислиш бајка, ееее блазеси им, туку ние што ќе правиме што не ни е се розево?
А како го разбирате инаку бракот? Што за вас претставува сопруг? Не е за идеално или неидеално, туку како треба да биде и кон што треба да се стреми човек. Попот кога ве пее и матичарот кога ви рецитира што кажуваат? Потпора, столбови, љубов, тие објаснуваат што е брак и што треба да биде, не измисливме ние тука на форумов. Зошто би била во брак инаку ако не за да имам животен сопатник и другар? Која е поентата на бракот? Ако нема љубов и разбирање, чуму бракот? Не се мажам за да слугувам на золви и свекрви, туку да оформам семејство. Ако партнерот не ги дели истите идеали, што корист од брак?
Аха, значи никој нема маани, сите сме идеални? Јас си признавам дека и јас имам маани, неможе никој да биде идеален, ама во бракот треба компромис, сега многу јасно ако има насилство, ако е алкохоличар или коцкар не треба да се трпи, ама ако е нешто ситница треба компромис од двете страни. Кој е идеален? Кој нема маани?
А што ако другата страна не е подготвена на компромис? Дали треба да останеш и да трпиш да те понижуваат? Тоа што го пишала членката не ми изгледа дека е нормално. Од такви треба да се бега подалеку. Ама синчето очигледно не сака да се оддели од сукњата на мама. Е затоа пред брак се разговара за заедничкиот живот.
Маани сите имаме, само дали можеш или не можеш да живееш со тие маани. Тоа е разликата. Членката се измачува и психички и физички, мажот мува не го лази. Јас со тоа не би можела да се помирам.
Да се надоврзам на се ова, почнува со - бракот е заедница помеѓу маж и жена. Не помеѓу маж, жена, мајка му, татко и, сестра му, брат и... @Angi266 што очекуваш? Да те тапкаме по рамо у право си, золвата е крива? Се изначитавме различни мислења, предлози, совети и ниту едно не ти чини. Единствениот проблем кој го имаш е со маж ти.
Ауу какви дискусии, а замислете свеки ја подели куќата на два дела, едниот син за да има каде да живее , се договара со братот да му даде пари и да се откаже, притоа тој финансиски е осигуран ама е алчен за пари,ок тоа се решава и госпоѓата останува да си живее во куќата, со сметки не се бави, си чека се на готово, во реновирање не учествува, децата од другиот син и се по цел ден тука, и никој ништо не е и рекол,посебно сопругот е многу добар, ги толерира ради мир, ама еден ден кога ке му пукне филмот ке е опасно, замислете сега, снаата вложила колку она за цел живот што не вложила, не и пререкла ништо, реално да е некоја ке ја испрати на поседок и кај другиот син, затоа што колку оставила на едниот толку и на другиот, комотно може да оди 6 месеци да живее со него а 6 со другиот кој патем осет нема ај што делот негов му е исплатен па сега и децата му ги гледаме и растеме и како да имаш однос со такви примитивни, затоа дистанцирани се комплетно,идиоти, а свеки има кој да ја догледува, ете синовите.
Си пробала да се испокараш со некој од нив, да покажеш заби? Искрено, зашто многупати преќутуваме затоа и си зимаат за право, тоа го гледам кај мене. Золва ми фала богу не ни фрла поглед на спална наша ама исто како твојата не знае да си зачисти зад неа во купатило, знае да пушти провокација некоја додека сум присутна, знае да направи провокација (пр. имаше пуштено правосмукалка додека јадев, или двапати посоли салата иако и кажав да си посоли на свој дел само). Јас за жал, одамна се одвикнав од карање освен кога ке ми пукне филм баш зашто ќутам цело време. Пробај да враќаш, макар и по цена да се караш. Тука може ке искоментираат дека со мт треба да си расчистиш прво, тоа да, ама чим гледаш дека нема ефект биди директна и со нив, и да ти помине да види дали е исчистено купатилото речи и дека треба и ќерка и исто да учествува во чистење. Искрено, ама најискрено не знам само како издржуваш да не си заминеш, верувај ми баш поради оваа заедница јас веќе во глава кројам план и слика кога и како да го изведам тоа, уште да имав посилни финансии одамна ке си заминев.
Ама овде не се работи за така мали маани т. е. ситници. Ова е голем проблем. Секојдневни стресови, нервози, инаетење. А маж и? Сите имаме маани точно. Ама нели е греота она све ова да го голта, он да и вика незнаеш да ги искористиш? Нели е греота маж и еднаш да не застане да ја заштити од нив? Како може да преќути на се? Па вистина е греота да земам да се омажам со него, дете да му родам, а он на мама и дада да не сака ништо да им пререче.
Ви ја разработив темава хаха Како прво уште кога бев запросена договорот беше додека да се среди доле собата која што некои членки ме разбраа дека е подрум. Значи соба е што они си ја користат како подрумче. Значи додека да се среди да ја превземе госпоѓицата собата нс братот. Ок Кажав во собата фали ламинат и да се обели толку. Меѓутоа ни с од собата не почна да се средува, а поминаа години. Да не речам и се заарни, тука до нас. Друго никој нејзе не ја брка, но позади себе нека ди збира, јас можам да збирам по маж ми, родителите, сестра ми и по моите деца, а не по крава од 26 години. Трето пробано е директно со нив од моја страна на фин начин да и укажам дека немам приватност и дека пред да влезе во соба треба да тропне. ОСННОВНА КУЛТУРА по што она се навреди дека ова де било нејзино и немало што да тропа и по што почнаа караниците и правење нервози мене од инат. Четврто маж ми кога се карала со мене и кога ме навредувала ја има и бркано, на што она му викаше дека вакво понижување не заслужила од него. Се има и расправано и за нередот на сестра му но после секоја распрсва она уште појако прави неред, оставс влакна, тропа нсмерно и го буди детето Петто толку ми скисна што пишав тукс чисто од радозналост дали некоја во 21век има сличен проблем, како размислуваат други и дали јас сум ненормална што ѓу трубам на маж ми дека решението е или клуч на спрстов или да си заминеме И шесто кој фактор е она ретардирана гргулка мене со мало дете да ми проверува чистота во вецето во кое сере и керка и и да ми влегувс во сите соби и да ми отвара кај ке стаса. И последно проблем имам со маж ми што не можеме да најдеме решение дали финансиски ќе заглавиме, дали ќе се обиде по не знам кој пат дс ги вразуми или ќе потрпиме додека се омажи пошто и мајка и викаа ајде нема да биде онс горе цел живот ќе се омажи. Пак ќе кажам муабетот ми беше дали јас претерувам како што кажаа некои членки пошо сум снаа и сум голо куче во куќава или воа е надвор од секоја граница. Позз паметници
Ама на вас како повеќе да ви пдговара да седите,да ги трпите и да се карате,наместо да заглавите.А вие сигурни сте дека она воопшто ќе се омажи,и откако ќе се омажи дека нема да имаш проблеми со свекорот и свекрвата?!