1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.609
    Пол:
    Женски
    Ама по начинот на кој комуницираш со нас па и ти не си цвеќе за мирисање, мене така ми се чини.
    Нејсе, ти го кажа проблемот и ние ти кажавме решенија и како гледаме на истиов, гледиште кое очигледно не ти одговара.
    И по стоти пат ќе кажам, не не е нормално понашањево и е срамно од возрасни особи, не е нормално ни ти што се прашуваш дали си ненормална оти трпип, не треба да трпиш, ама кога по се што е укажано проблемот не е решен тогаш решението е да излезете од таа куќа.На крај крајот, морално или не, погрешно или правилно, куќата е нивна и имаат право да прават што сакаат во неа и ако пак ќе кажам, не треба од почит спрема син/брат, внучиња и снаа, ама јбг немаат сите осет и не се сите исти.
     
    На CameliaMiller, Калатеа, lovely91 и 21 други им се допаѓа ова.
  2. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски

    Не е така, еве јас сум во слична ситуација (само не со золва) имавме друг договор уште пред да се земам дека ни е препуштен спратот но не испадна така. Еве веќе толку години сеуште не е средена собата. Го молам и јас да си идеме и он сака но му е страв како што кажав и погоре да не заглави со кредити (од тоа најмногу се плаши, да го наречам страв од детство, страв од тоа дека за детето нема да може се да му дозволи, да му даде).. Е затоа трпиме, а не дека и на синовите им е сеедно и дека сакаат тука да седат(барем за маж ми кажувам)...
     
    На Осе, Anyshka, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.803
    Допаѓања:
    13.376
    Ова стана трагикомично. Место да си засукаат ракавите и да си направат свое, таа уште навредува. Јас би те исфрлила сосе партали, извини вака. Таа твоја золва има право на тој кат, ако сака, ќе чисти, ако не, не. Ако не ви се допаѓа, излезете од заедница.
     
    Последна измена: 13 октомври 2023
    На CameliaMiller, lovely91, baby-star и 8 други им се допаѓа ова.
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    16.922
    Пол:
    Женски
    Никој не порекнува дека е тешко,ама па и ова што го живее не е лесно.Кога веќе ќе видиш со какви луѓе си имаш работа пресекуваш.Чим не се почитува договорот толку е.Лесно е со паметни луѓе да се разбереш,со овие другиве не постои начин за разбирачка и затоа си одиш.
     
    На Осе, Erika.greeneyes, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски

    Пишува со чувства, полошо се изразува ама има голема мака јас ја разбирам. Се изнервира што некои членки ја нападнаа во смисла дека била на золвата куќата што сакала така ќе правела она. Ние не можеме никако да и помогнеме така ќе си продолжи и понатаака да биде освен ако не ги седне родителите сопругот да им укаже (во ситуацијава гледам дека родителите нити сестра му се разумни личности така да малку потешко) или пак да си отидат од таму.

    Да, само што го пишав истово
     
    На lovely91, Harper, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Само ќе ќажам уште нешто, кој не го снашло нешто слично може само да паметува и да ги брани нив оти цигливе се нивни а намештајов е наш
    Не е ни така едноставно ни заминувањето, а ни па останувањето буквално ќор сокак
    Поздрав
     
    На Harper, Осе, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.141
    Пол:
    Женски
    Moze li nekako da ja podelite kukjata?
    Ako ne mozete,drug izlez sto jas go gledam e da odite pod kirija za da imate mir vie kako semejstvo.
     
    На Martka, *Amethyst*, Angi266 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Ако родителите се разумни може но со неразумни не можеш да се разбереш :)
    Единствено решение е да си заминеш само во тоа можеш излез да најдеш.


    Така е. И јас сум во слична ситуација и кажувам тешко е и вака и така. Јас издржувам со тоа што коа ќе се изнервирам ќе му кажам на маж ми и им пререкува ги строи, се дели ќе биде добро 2 недели мирна сум тие две недели па после пак исто и така секој пат во круг :)Си одлагаат колку што можат поише за да не ни го препуштат спратот ...
     
    На Осе, Anyshka, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Точно
    И тука пишав чисто од радозналост дали јас претерувам и му трубам на маж ми дека тоа е решението поради кое можеби и финансиски би заглавиле
    Ме интересираше дали некој друг мисли како мене или јас сум ненормална, па како снаа голтарка сакам преку леб погача, што според повеќето од вас сум
    Пријатно
     
    На Harper, Anyshka и Mnik им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.987
    Допаѓања:
    35.925
    Пол:
    Женски
    Проблемот овде е во мажот. Очигледно мува не го лази за ситуацијата. Не знам како тој го замислува бракот.

    Бракот е заедница помеѓу маж, жена и деца. А не и останата фамилија. Ама некои тоа не го сфаќаат. Понекогаш си велам дека треба да бидеш безобразен.
     
    На Erika.greeneyes, Anyshka, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Не понекогаш, стално треба да си безобразен. Одкога станав ептен безобразна и лоша, не дека не се нервирам и јас, ама многу ми е полесен животот. Во секој поглед. Колку повеќе емпатија и финоќа покажуваш, толку повеќе луѓево си мислат дека си черга од која можат да бришат нозе.
     
    На Emy867, Осе, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Само ќе искоментирам вака од нигде никаде дека по комуникацијата на форумот се познаваат многу работи каква е личноста.

    Ти си дошла тука сама да поделиш мислење, членки ти одговараат, трошат свое време колку толку да те разберат и дадат поддршка, притоа нормално е да има различни мислења, ти се изразуваш со - ајт, паметници, гитла, золвички, крава од 26 години, клетви кон золвата, клетви кон сите што немаат исто мислење, сите да осетат како ти е, ретардирана свекрва, да и се врати полошо на девојка од 26 години.. Мислам.. Дали прво сакаш некој така тебе да ти се обраќа или за мајка ти да вика дека е ретардирана, а сестра ти крава со клетви? Битно мажот совршен е, за него не најде збор.

    Прво, ти си имаш проблем со самата себе, што немаш доволно самодоверба да поставиш граници на време и да се бориш за тие граници да ти ги почитуваат, второ, комуникација отворена со сите, најмногу со маж ти, ама пред се самата со себе да си расчистиш што сакаш, што си спремна да трпиш уште, на што ќе поставиш граници, на што ќе понудиш компромис. Затоа што вака само ти се билдаат фрустрации кои никој овде не ти е должен да ти ги трпи, ниту па тие од дома, на ваков начин не. Пошо дома сигурно ќутиш, трчаш по сите, ама овде распука со клетви и навреди кон пола форум. Не мора сите да го делиме твоето мислење, тоа не значи ни дека сме паметници, ни дека заслужуваме клетви. На крај краева, поише би имала лично доблест да се вратам сама кај мајка ми, отколку да фрлам клетви по форуми и да живеам во средина кајшто самите нозе ми се враќаат. Мора прво самата со себе да си расчистиш, па од таму ќе произлезе односот со сите други.
     
    На Löwenzahn, Bezimenka90, CameliaMiller и 21 други им се допаѓа ова.
  13. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски

    Посакај си мир со самата себе, храброст да работиш на себе, самодоверба да поставиш граници и да се држиш до нив. Прво пробај вака, па после посакувај на фамилијата на маж ти (што веќе е и твоја) да ја снајде исто или полошо, иако тоа ти е полесно.

    Ко што рече, за сестра ти живот ќе дадеш, ама неговата сестра ја испоклевети овде.

    И самото тоа што си прифатила нон сенс забрана за твоите да не доаѓаат кажува многу за сите вас. Мене некој без причина да ми каже дека мои луѓе не смеат да дојдат, до вечерта очи нема да ми видат, нема да навредувам по анонимни форуми и да почитувам нон сенс забрани. Секој од таа куќа треба сам со себе да си поседи и поработи.
     
    На Bezimenka90, CameliaMiller, baby-star и 13 други им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.987
    Допаѓања:
    35.925
    Пол:
    Женски
    Не сфатив нешто. Дали е проблем што золвата нема осет или што золвата се качува на спратот? Ако старите ќутат, золвата ќе прави што сака.
     
  15. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Јас како што сфатив е дека золвата има соба горе на спратот каде што живеат снаата и братот со детето, а доле седат родителите сами имало соба, но си одовлекуваат (не сакаат да се симне золвата доле)
     
    На Anyshka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.301
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Женски
    За темана золвата на ист спрат со женет брат. И горе золвата е во една соба каде што спие користи дневна, тоалет и кујна...Предпоставувам истото го има и доле кај родителите штом родителите живеат таму. Истите услови ќе ги има и нема утре да и биде непријатно да ги слуша брат и и снаата како се сексаат...Никој не вика дека сестрава треба да си оди од куќата но ако има место доле не гледам причина да не биде таму. Не разбирам како не и е непријатно и е без осет.
     
    На jelo, andromedae, Emy867 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Чим им чепка по спална (интимна соба) значи нема акал, а мислам прочитав и свекрвата дека им чепка значи золвава е горе да ги контролира поставена од мајка и.
     
    На jelo, *Amethyst*, Harper и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски

    У таа куќа никој за никого нема осет, никој со никого не комуницира отворено, никој со никого нема поставено граници, никој не се обидел да го испочитува другиот, никој на никого не му мисли добро, секој сам со себе си има нерасчистени работи кои само си ги префрлуваат меѓу себе или попрво на форуми ќе се искажат и згора на се, дрзок однос и тука. Ете тоа е, најмалку е кој каде има соба, поголеми проблеми има таму, ама полесно е да се фрлаат клетви и навреди отколку секој да работи на себе прво.
     
    На CameliaMiller, MissChievous и princess02 им се допаѓа ова.
  19. Luke

    Luke Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2023
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Машки
    Zivot na strana sami od roditeli i bliska familija e najdobro reshenie , i najdobrite roditeli znaat da napravat nekoja rabota koja na soprug/sopruga nema da im se dopadne, no toa neznaci deka se loshi luge. Ednostavno se vo godini imaat svoi naviki ocekuvanja itn...
    Sekako ima i tehski slucai ne vikam ne.....
     
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    24.274
    Од авион се гледа дека золвата намерно го прави сето тоа, им создава услови за да ги натера да си заминат, под оправдување "дома сум си, што сакам ќе правам". Веројатно си го сака спратот за себе. Наместо да се договорат ко луѓе кој ќе го добие, па ако треба и да му се плати на другиот, они ко на турска серија се глупираат и си уништуваат односи.
     
    На *Amethyst*, Harper, Осе и 5 други им се допаѓа ова.