Истото го помислив. Ама нее, спратот е на золвата и ако сака ќе чисти, ако сака нема, па секој нормален човек си чисти позади себе, дали живеат со цимер, дали со родители или сами. Од толку што се занесува золвата, ќе начека бетер па тогаш ќе осети на своја кожа како е, па пиша членка може сакала да донесе домазет, може тој нема да сака исто како брат и што не сака, може родителите нема да сакаат домазет, можеби така се воспитани штом и син им не сакал. А во други теми пишуваат и мажот требало да учествува во сите домашни работи, епа дома си е и тој, ако сака ќе чисти, ако сака нема. Двојни аршини.
Два спрата се секако еден дел и припаѓа на неа, додека е сеуште немажена не гледам причина да биде доле со нејзините. Па и да е мажена и домазет да земе има каде, седнува со братот, родителите снаата и се договараат родителите со кој да бидат. За све има решение ама стариве се повеќето неразбрани, прости...Ако веќе даваш спрат, соба на синот и имаш уште едно дете било син ќерка направи договор кој каде ќе седи дали ќе бидат заедно, одделно дали сметки посебно, заедно...А не кога ќе дојде нов член не се знае кој пие кој плаќа. Осет немаат стариве или дај и не мешај се подели еднакво или кажи да си бараат чаре, а не да си лечиш комплекс на снаата па и на синот и он е во средина ни таму ни ваму...
Прво братот е без осет што не ја прашал сестрата дали може да си го земе спратот ама чувај боже маж да обвините.
Не го земал спратот пишав погоре 2 спрата се еден братот еден сестрата, нема родителиве да ги исфрлат надвор ама ако сестрава е сеуште дома не гледам зошто да не оди доле кај нејзините.
Не знаеме во која состојба се приземјето и спратот, можеби има причина зошто сите го сакаат спратот. Во секој случај, требало навремено да си ги средат тие работи, јасно и без попуштање.
Тоа е веќе друга работа, јас пишав предпоставка дека ако има исти услови нема причина да не биде доле со нејзините.
Абе вие до утре може да се расправате чиј бил спратот, шо како зошто, ама вистината е дека двајца возрасни луѓе шо стапиле во брак треба сами да си живеат, да си створат свое.
Исто ниту еднаш не беше спомнат мажот дали чисти. Или неговите срања е ок да се чистат, нејзините не. Таму сите ко што реков имаат многу поголеми проблеми, ама нормални луѓе што знаат нормален муабет да направат ќе разберат ако веќе се живее у заедница кој какви обврски има. Членкава е исфрустрирана од ваквиот живот, оправдано до негде, ама полесно и е да мава со камења по сите, наместо убав муабет со сите лично и со отворени карти. Луѓе, вака не функционира, испаѓа дека дојдов за да ви чистам на сите. Мажу, од утре тоа и тоа е твоја обврска, золве од утре тоа и тоа, ако нешто не знаеш ќе те научам. Стари, дали ви треба помош за доле собата да се среди, да помогнеме сите заедно? И наместо да живеете сите у хорор, може ќе оставите простор со мерак кафе да си спремите една на друга или мажот да го чува детето, ти со неа на кафе, шопинг, пошо сте млади. Најлесно е без комуникација, клетви, навреди и никој да не ти чини. Од друга страна, дали некој ја прашал девојката и на неа како и е, сигурно млада личност се осеќа преубаво кога и доле ја бркаат и од горе ја бркаат и со чувство дека е неспособна и самата да не може да си викне друштво или дечко пошо цел живот пречи на некого па и она вака да си билда фрустрации и да си ги искажува на свој начин. Или да отиде со било каков да се земе само и таа да побегне од сите вас или да чита навреди дека е подвижна зараза. Од целиов хаос, на мажот му е најубаво. Си ја има мамичка до него, тато му направил спрат, дадичката исто до него, женичката му дозволува се, никој од него не бара ништо, ни да чисти, ни да чува дете, ако побара некој од него он само ќе крева раменици и ќе се држи на страна, дур вие се колнете меѓу себе и дете ти расте у таква енергија. Убаво си кажал он, прави лице на сите и од сите вас има корист. Ама по него ништо лошо не се кажа, пак најарен испаѓа од сите. Имајте малку самопочит, не е најбитно да се омажите за комшиите да ве видат, туку попрво одберете сами да живеете и развод и враќање кај мама отколку вака некој gaslighting да ви прави на сите и он да е мирен со сите, дур ве остава незаштитена и сама против цел свет да се борите. Стопати боље сама и неомажена отколку вака. Толку. И уште ова, кога кажуваш за неговите крева раменици, секое чудо за три дена. А тоа што твоите добиле ЗАБРАНА да те видат, никому ништо. Повторно не те заштитил, туку напротив гарант му олеснило, еден проблем помалку за него. Ало бе, и свекрва ми да е секаква, ако дојде до нон сенс забрана, прво јас ќе ја распалам куќата, па и мажот посебно ако не ја распали и он со мене, па на крај ќе ги оставам и нека знаат комшиите дека сум разведена, ама со крената глава. Тебе девојко ти се дешава психичко насилство и те изолираат од сите за уште толку да немаш сила и храброст. Од се, золвата ти е НАЈМАЛ проблем. Туку дисфункционално семејство сте и ДОЗВОЛУВАШ дете да расте во таква средина, за утре и тоа да мисли дека се што правите у таа куќа е нормално и кругот само да си продолжи понатаму со генерациски трауми.
Овде секој си пишува што ќе му текне, не знам дали прочитавте и игнорирате или ептен влегувате во некој филм. Си пиша членката дека се договориле уште пред да ја запроси, така нешто. Значи ако се договарам со сопругот и неговото семејство како ќе живееме, очекувам да се држат до договорот. И не, нема врска што е нивна куќа, па као нивна куќа ако сакаат ќе се предомислат. Не, тоа не ми е мене човечки, а богами и нормално. Се договарам со синот и идната снаа. Не со некој трет, па ај сеа ќе се зафркаваме. Како што паднал договор за живеење, можеле и да кажат, не сакаме да живеете во нашата куќа и ај чао. Ја сфаќам членката што е нервозна и исфустрирана. Само проблемот е со мажот и. Ќе си барате да го почитуваат договорот, а ако продолжат така тогаш одете си. И да. Спратот не е од ќерка им.Мислам кај прочитавте дека е од ќерка им? Може долниот спрат кај што живеат ќе е од ќерката, тој горе од братот.
@Angi266 На првичното прашање дали би трпеле таква свекрва одговорот верувам на сите е НЕ. Но за да не ја трпиш најдобро решение знаеш кое е, да се иселите од таму. Подобро финансиски да заглавите, отколку такво секојдневие. Золвата е најмалку крива во ситуацијата, всушност не е воопшто крива. Можеби и мајка и намерно не ја реновира собата долу за золвата да живее на спратот со вас за и самата да има пристап до него. Ако мажот ти не можеш да го убедиш да се иселите, една од опциите е да се понудите вие да ја оспособити собата долу за золвата, па така ќе бидете сами на спратот. Но, по сите работи што ги напиша за односот на свекрвата, не мислам дека така ќе ти завршат проблемите.
Па родителите ѝ дозволуваат на сестрата и да седи со братот, така да нема проблем чим они дозволуваат А ако утре ѝ текне да се омажи, каде она ќе се секса? И пред да речеш кај мажот дома, е тоа е проблемот што упорно го зборам ко навиена. Што од страна на НЕЈЗИНИТЕ родители нема еднаквост тука. Значи остави мажи, јатрви, свекрви. Нејзините родители на нивните деца прво и прво нека дадат еднакво. После секој со своето и среќата. Бате може да остане дома, сестрата со родителите заедно на спратот ќе се секса или воопшто да нема спрат. Да два спрата се ама сега они ѝ пречат на сестрата. И што има везе дали е немажена или мажена Може и дечковци сака да води дома за сексање ама нема каде. Или со дечко е срамота, со венчан маж не.
А бе сите на куп најдобро, нека си донесе домазет, па и неговите нека се качат горе, еее 3 фамилии топ.
Па кај прочита дека не чисти, ццц не ми се верува женско да не си чистии крв од циклус брее. Мене би ми било незгодно татко или брат да ми гледа крв од циклус. Па уште снаата да ми чисти крв.