1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.112
    Допаѓања:
    20.886
    Пол:
    Женски
    Ами така де, ја дискриминираат золвата, сите може да се сексат само она не :D:D

    Еее ме пукнавте :D
     
    На Erika.greeneyes, Осе, Inamya и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.803
    Пол:
    Женски
    Зетот еве не сака, и решение?
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    19.827
    Пол:
    Женски
    Не знаеме дали неќе.
    Нема уште зет у приказната.
    Ако сака јас прашувам.
    Ете ќе најде некој што ќе сака, за инат на снаата:rofl:
    Каде ќе се сексаат тогаш?
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.803
    Пол:
    Женски
    Прашај ја золвата, јас незнам.
    Може снаата ќе им плати хотел со 5*.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.112
    Допаѓања:
    20.886
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Во подрумот
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.803
    Пол:
    Женски
    И ќе јадат ајвар хаха.
    Па ако има и свекорот винце еее, ќе му го испијат.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Па нигде не ни прочитав дека и он заедно со членката чисти по дома, вклучувајќи и зад сестра му. Прочитав дека само она чисти зад сите, пошо зад маж било океј да се чисти.

    Се дур самите се поставуваме ко измеќарки, не знам после дали имаме право да се жалиме по форуми дека сме уморни од чистење.

    Не би прифатила брак ако прво не живеам со него за да видиме дали ќе си ги трпиме навиките. Живот во заедница се знае што значи, туку многу го имате нормализирано мажот само да крева нозе дур се поминува со правосмукалка или евентуално, ако е од добрите, да го фрла ѓубрето само. И она прашањето - ти помага маж ти со детето? Не, туку е и негов дом и негово дете и он треба зад себе да си чисти. Толку ви е нормализирано ова што попрво девојката ќе спинувате само да ја најдете крива, дека и она како женско треба да чисти само, отколку малку прстот кон мажите да се впери.
     
    На Bezimenka90, CameliaMiller, *Amethyst* и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.803
    Пол:
    Женски
    Па и да чисти по мажот еве, што има по сестра му и неговите, со мажот спие, не со сестра му, брак е помеѓу маж и жена, не помеѓу цела негова фамилија.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Па ако веќе чисти по мажот, зошто да не по сите, каде е линијата тука? Зошто да е ок да чисти по мажот, дека спијат заедно? Не сфаќам.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.803
    Пол:
    Женски
    Може заедно чистат, не знаеме.
    А зошто па по цела фамилија?
    И мене не ми е јасно, не им е слугинка.
    Па домот е и на золвата, нели снаата е гостинка, што има да чисти?
    Па се поставила така да чисти, нормално кога не сакала да гледа неред, и јас сум таква, неможам да гледам расфрлано, валкано, и кога живеевме во заедница лично си чистев за мене, ако не чистев дај да живеевме во валкано. И со цимери да живееш, ако цимерот не чисти, а ти не сакаш валкано, ќе си чистиш, така и снаата, кога гледа другите не чистат, мора таа, што треба во ѓубре да седи, и детето.
    После бактерии епа ете од каде.
     
    Последна измена: 13 октомври 2023
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.794
    Допаѓања:
    12.288
    Пол:
    Женски
    Јас или би го решила проблемот со мажот или ќе си наведнам глава и ќе си чистам. Што има врска колку луѓе го користат вецето ако јас сум се нафатила да чистам? Нема сигурно туѓи алишта да перам ама спратот ќе си го одржувам. Е иритира да, знам ама ако не ги решавате проблемите значи ги прифаќате.
    На трчање прочитав нешто, не знам дали е истата членка во врска со кредитот. Илјада пати подобро да се заглавите во кредит и да си имате нешто ваше. ‘Нема да му пружиме ништо на детето’ е изговор зашто ќе му пружите мир и хармонија. Од токсична средина, 3 семејства во една куќа се влечат само трауми и болести.
     
    На Luminary, *Amethyst*, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Мислам дека знаеме како е, ама ај. Оправдувате само затоа што 90% истото го правите и им се тресете на мажите ко бебиња да се, чистите по нив како да се неспособни, демек само ваша непишана обврска е. За возврат ни почит ни заштита добивате, ама пак битно комшијата да види дека испеглан искача од дома, пошо тоа значи лоша жена, не неспособен маж. Ова е генерациска траума што срамота е уште да се развлекува. Ќе удрите по сите жени, само не по мажите дека е срамота возрасен човек да не знае да си зготви и исчисти зад себе и во свој дом и било каде. Утре вака по снаите исто ќе удирате, пошо синчињата нема да смеат да чистат зад себе.
     
    На Bezimenka90, CameliaMiller, Mazegin и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.803
    Пол:
    Женски
    Не чистам по мм, доволно си е возрасен, и зависи кој колку работи. Работам од дома и имам време, учествува колку може, најважно е што сака, не легачи.
    И како што него му е слаба точка колата, сака сам да си ја чисти, мене слаба точка ми се кујната и купатилото, и не дозволувам никој да ми чепка, е сега да земе тањири, чаши, тоа е друго, ама да ми реди јас не дозволувам, си сакам под конец да ми е. Кога ручаме, раскрева, чаршав тресе, машини пушта, си дипли алишта, сам живеел надвор од мкд и знае се.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Не викам за тебе конкретно затоа што не те знам, туку општо затоа што реалноста е таква тука. Ама ете, вие си имате седнато прво сами со себе што сакате сами да правите, па сте направиле муабет заедно и сте нашле решение што и на двајцата ви одговара. И клучен момент - живеел надвор од тука, сам. Е до тоа е! Пошо кога кажував на другари од странство дека бившиот не знаеше јајца да свари ме гледаа загрижено и со неверување. Тоа за нив беше science fiction, затоа што надвор од Балканот не растат како тука, размазени до бескрај на 30+ години.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.803
    Пол:
    Женски
    Па не само мажи, верувај и жени има такви, дедо ми кога кажуваше некоја незнаела јајце да свари/спржи, кафе незнаела, јас бев мала тогаш и му се смеев, е една комшика значи стварно незнаеше, ставаше кафе, вода, и малце ќе го стави на рингла и толку, друга комшика и го истураше и си вареше сама, оф топик, ама стварно некои ни макарони незнаат, ме прашуваше како, одам кај неа, тоа пудинг како да беше, рaзварени.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    13.601
    Пол:
    Женски
    Си живееш и ти уште со муабетите ко у времето на дедо ти :D
     
    На Bezimenka90, baby-star и Adidas888 им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.803
    Пол:
    Женски
    Да бе, стварно?
    Се надоврзав на мислењето на членката што пиша бившиот незнаел јајце да свари.
    Од кај па процени ти?
    Од една страна мажите да готват, сега па што пишав дека некоја незнаела ни макарони да свари, ама мажите мораат се да знаат да готват, инаку срамота е, а за женско ако не знае не е срамота.
    Многу ми е гајле мене, ако сакаат нека јадат леб и паштета.
    И ова, да беа сите мажи како дедо ми добро ќе беше, се сам си правеше, не очекуваше од баба ми, најмалку од мајка ми (снаата), не и наредуваше кафе да му вари, сам си вареше, па и на сите, дури и на мајка ми (снаата).
     
    Последна измена: 13 октомври 2023
    На Осе и Anie93 им се допаѓа ова.
  18. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Епа нема изговор возрасни способни луѓе да не знаат основни животни вештини, прво за самите себе, после за да им помогнат на тие што живеат со нив. Ама притисокот кон тоа што се очекува од жените наспроти мажите е НЕСПОРЕДЛИВ.
     
    На Bezimenka90, CameliaMiller, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.803
    Пол:
    Женски
    Тоа е точно, свекор ми е таков, среќа маж ми што живеел сам па не е како него, инаку свекорот вели и машки и женски работи мора да се работат, ама...жената да работи и машки работи, но не и мажот женски. Гледам по свекрва ми, дома така оставила, ама затоа барабар со свекор ми во гаража работат, и колата кога ја поправа свекор ми, свекрва ми мора да му помага, и после урла зошто ручекот не е готов.
     
  20. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Мене ова сериозно ми е многу страшно. Затоа викам генерациски трауми се развлекуваат дур еден не реши да стави крај на се што не чини. Е он најголем товар ќе има, ама на тие после него барем ќе им биде полесно, како и нему, првично.
     
    На CameliaMiller и Anyshka им се допаѓа ова.