Ако золвата од инает ми ја остават, а сме биле договорени дека ќе е со неговите доле, па ќе ја прескокнувам да ти кажам. Не зошто не е мажена, туку зошто што ќе си посеал тоа ќе си жнееш. Башка што има родители и брат, фала Богу, ако сум ја снаа во куќата не значи дека треба и да ја бришам кога ќе оди во Вц. Како беше до пред 2 страни, само ти и маж ти (и деца) сте семејство, другото е поширока фамилија?
Ама дали читате дека девојчето си пиша дека од инает ја имаат оставено горе? Дека друг бил муабетот, т. е. золвата да си се симне во таа нова соба која требала да се направи, ете веќе 5 години. Дали она очекувала спрат? Дали?
Извинете ама не сте во право, нормално дека и сестрата има право на дел, но тоа треба да си се договорат меѓусебе со родителите. На пример кај маж ми му ја оставија куќата на него (сеуште е на име на свекорот ама на усно е кажано) а стан за ќерката купија така сакаше она и утре да дојде ден да му каже дај ми дел од куќава а притоа сме давале пари да ја средиме а она си добила стан мислам ќе ја утепа ако му е сестра. Во ситуацијава праведно е еден спрат за ќерката еден за синот ама они за својот газ си гледаат и не сакаат нив мир никој да им ремети ама они на други можат да реметат. Како не им е жал и за внучето алал да им е
Јас знам случај каде што во стан од 55 квадрати живееја синот, снаата, двете внучиња, свекорот, свекрвата и деверот. Не можев да се изначудам. И после како да нема проблеми?
Јас не знам како не сфаќате дека девојката е очигледно непожелна таму. Не знам кои се причините, но со нивното однесување отворено и го покажуваат тоа. Тука проблемот е што маж и не се замара со тоа, него му е добро, и нема намера да излезе од неговата комфорна зона, дури и по цена жена му секој ден да кине живци. Нормален маж ќе си ги собереше работите и ќе си бараа друго чаре, а не да чекаат сестрата да се мажи и свекрвата да умре за да бидат раат.
И јас сум за тоа кога е можно младите да бидат оставани сами, претходно зборев тоа на темава. И јас што сум во долга врска ценам кога будуќа намерно нѐ остава сами кога сум таму и не сакам на пример да седи во соба со нас. Али колку и да ми дозволува она, си имам граници до каде одам. И дефинитивно ќе бев на страна на членката за свекорите ако не се фатеше за золвата оти сметала. Баш за тој дел се фатив. Оти тоа што не сфаќа ни она ни другите е дека золвата е жртва што горе братот е наместен, доле родителите. За неа спрат цел нема. Јас лично би оставила партнерот прво со негова фамилија да се договара за тие работи за нивниот дом, после мене да ми каже за нашето што следи. И притоа никој да не е оштетен ради мене. И така му имам отсега кажано да прави. И да дава спрат нека биде тоа со потпис, не на лепе очи и не на зборови. Ама ако дава. Оти има опција и да не даде. И нема љутиш од моја страна. Сака и она да се прца на раат де. А за брат, да ме извините не сум глупа да потпаѓам на евтини манипулации да менувам коњ за магаре за пуста братска љубов. Оти да не ми даде он за љубов? А ако семејно насилство ви се само сцени од индиска серија, изгледа од пештера не сте излегле.
Маж и се плаши, или к.. му е, двор му е. Што вика мажот на тоа дека родители и гости не смеат да и дојдат? Што вика мажот на тоа, абе ај да ја напраиме собата ко што беше договорот. И пошто е така, свекрвава знае дека има тројца тинејџери на спратот над нејзе, па ќе контролира дали било чистено, ќе тарашка по фиоки ( јер тинејџери, може нешто кријат) и така ќе биде дур овие двајца што влегле во брак не се постават да се однесуваат како возрасни. Со обврски и одговорности. Инаку ние што сме влегле во кредит за свое да створиме, на гравчиња сме гледале дека нема да заглавиме, лесно ни било нас.
Ја обвинуваш сестраму и ти смета што си е во својата куќа од кога е родена, а не ти смета маж ти толкав вол а исто и ти што не сте успеале да си направите своја куќа или да си купите стан.
Ова е проблем по повеќето македонски семејства. Таткото и мајката градат куќа, по дифолт на синот останува куќата иако може цигла не ставил во истата. Сестрата треба да си иде кај мажот нели, кога ќе го има де. А во куќата од своите родители не може да живее каде што сака зашто бато нели што ништо ненаправил(или ајде во повеќе алучаи реноворале нешо по дома, јер морале)па си мисли има ппголемо право од нејзе сега како женет. И ете ти проблем. Во ситуацијава само тоа што не сака да чисти и она дел што заедно го користат е проблем. Друго дека не ги оставала раат не е проблемот во нејзе, ако бато сака раат нека си иде некаде(ако раатот не му е доволен)
Пред некоја година овде пишував дека снаата е гостинка кај свекорот и свекрвата. Одредени членки ме направија лом. Вистината е таа. Колку и да е сурова. Ќе си ќутиш и ќе си трпиш. Не велам дека треба за се да трпи. Золвата/деверот живееле во таа куќа и ќе доаѓаат кога сакаат. Ќе седат колку сакаат. Се додека не пречат на братот и снаата, јас не гледам проблем. А снаата треба да има в предвид дека за тоа не треба да се буни. На една комшика и смета што децата од золвата се секој ден кај нив. Е па ќе доаѓаат. Мајка им живеела таму пред да се омажи. Тие доаѓаат да си ја видат бабата. Ако не сака така да живее, се знае кое е решение. Нема право да се буни. И на мене ми смета тоа што девер ми е секој ден плеснат кај свекорот и свекрвата, ама ништо не коментирам. Тоа не е моја куќа.
И после ќе дојдеш да се жалиш како маж ти тебе не те прашал и не се договорил со тебе каде вие двајца ќе живеете. Оти вие двајца треба да си го планирате животот, не другите околу вас да ви кажуваат што и како.
Трет пат го пишуваш болдираново, од вчера истово го збориш, како сама на себе не си си досадна. Ама има некои што вистина читаат што другите пишуваат, а не колку само да се реплицира. Никој не рече дека "семејно насилство е сцена само од индиска серија" туку од што сакате да докажете нешто од еден рид, на друг скокате, колку да се драми што повеќе. Изгледа ти не си излегла од пештера зошто веруваш дека мажи убиваат жени само зошто немале спрат од своите. Па после кога ти објаснив дека добар дел фемициди се на бивши партнерки што си заминале од насилникот, скокна на друг рид. Убаво ти се објасни вчера дека партнер што е спремен да те убие, ко примерот со Низама од Босна што одеше лајв летоска, кај и да се скриеш, ќе те најде и не му е битно во чие си и што имаш. А од семејно насилство од кое можеш да се спасиш и од насилник кој око не му трепка ако треба да те убие има голема разлика.
Да се договорат за НИВНАТА куќа. Кое чие ќе биде. Значи дали он ќе зема дел, дали не. Како што прво јас со моите ќе договараме кој што ќе земаме со брат ми, пред да го умешам партнерот.
Добро, тешете се дека еден спрат/стан не е ништо и дека е исти курац дали живееш со насилник или барем имаш друга брава на вратата и полесно можеш да пријавиш кога тој имот не е на име на насилникот Голем број жени би се спасиле ако кутрите имале дел од своите. Не би биле убиени ама да трпиш е е доволно да те убие психички. Ај одете кажете ѝ го ова на жена што трпи дека сеедно е душо дали живееш со него или не, и вака и така си ебана.
Кој рече дека не е? Кај прочита ти вакво нешто? И од кај знаеш дека во случајов на членкава не е договорено ништо? Пишуваш ко цела куќа на братов да е оставена. Од кај знаеш ти дека не е муабетот долниот спрат да е за сестрата? Си пиша девојчето што се договориле, ама ти си имаш некои свои приватни работи кои те чепкаат на темава, затоа вака реагираш. Претставуваш работи кои во случајов не постојат, упорно, колку само во право да си.
Родителите се доле. Сестрата не е сама на спратот. Не знам колку пати повторив. Утре ќе донесе домазет и родителите ќе се таму.
Па родители за што имаат? Тешко брат ти со тебе ваква да ти кажам. И јас бев во ваква ситуација, доле со моите, горе брат ми и снаа ми си го средија спратот, според тебе ја требаше да им се тупнам горе и да ги замарам деноноќно или од инает да се омажев и да донесев домазет, само за да видам што ќе се деси и да ги нервирам сите, да немаат мир. Боже Господе. Ако сум ваква ко мајка му ич не им давам спрат. Ќе си им кажам барајте чаре, нејќам никој на спратот. Ама и на ќерката не го давам. Кога ќе умрам нека си делат едниот за ќерката, другиот за синот. Башка што познавајќи се какви се, требало два спрата да кренат и мирна глава.А не ќе им дадам сега, ама ќе ги малтретирам покасно.
Да, тешко е со женишта ко нас што не попуштаат пред пуста традиција и сакаат да бидат факинг еднакво третирани од родителите. Баш тешко е, се слагам. Со тие наивните лесно, ја бркаш кај мажот и си го прчиш во куќата/спратот. Вака цврц.