Ти бре дете од инает зошто ти се живи родителите и би немала исто со брат ти во моментот кога он ќе добие спрат, ќе ги јадеш сите во куќата дур не добиеш исто ко брат ти. Баш фер. Значи ја може сега треба да ја изедам мајка ми, за да ми даде и мене во моментов дел од долниот спрат иако дур е жива (после тоа ми следува дел) ми е отворена вратата и собата што беше моја е моја.
Да. Или и двајцата добиваат свое, или ниеден. Е ако он добие, јас не, нека ме заборават. Нив ако не ги боли душата за мене, мене за нив па ич.
Имот, имот, имот... Наследство, наследство, наследство... Никој ништо не донел на овој свет, нема ниту да однесе, аман веќе.
Значи ако мајка ти денес му купи стан на брат ти зошто ќе се жени утре, а тебе не ти купи денес стан и ти рече "ќере, еве на тестаментов пишува нашиов стан ќе е твој кога ќе умреме, до тогаш вратава стално ќе ти е отворена" ти ќе ги отпишеш од живи или може од инает ќе им донесеш домазет за да им сметаш или ќе му седиш на брат ти во стан деноноќно, ко размазено дериште, само за да им го направиш животот пекол на сите? Многу добро те имаат воспитано.
Може место да му купат него цел стан, може истите пари да ни ги поделат по пола за учество за кредит. А, шо викаш? Оти дур умрат они јас кредити ќе плаќам, а брат ми нема. Фер е тоа? А просто ми е грдо да речам ај коа ќе умрат. Малце...
Ама царици ве има овде за добивање, дал од свекрви, дал од мајки, сеедно. Да му е мерак на чоек да продаде се и да тргне на крстарење со парите, па до кај тера, тера. Ако ве родил човек не значи по дифолт дека нешто ви следи. Шо викаше дедо ми, некој од улица да ме догледа, па да му остаам, инаку зошто?
Биљарке изгледа сите колективно некој метеор ве мавнал тука. Муабетот е АКО даваш, давај еднакво. Ако не даваш, не давај на ниеден. Ако дадат на едниот многу повеќе, значи другиот помалку го сакаат. А скоро секогаш синот добива повеќе од проста причина што има патлак, не за друго. Капиш? Или да цртам дијаграми да знаете што значи еднакво? Едит И свекрвата нит ве родила нит сте ја знаеле до вчера па нема што да ве прима дома и приватност да ви почитува у нејзина куќа.
Јас да, не би ги погледнала. Ова пример е само. Зошто на братот стан на негово име, а на сестрата на жими мајка, демек ќе биде твое, мижи асан да ти баам. Што, дека е машко е со крстот на чело и по дифолт треба да добие повеќе?
Значи синот и ќерката се должни да ги догледаат, ама секогаш тој дел останува на снаата (наследство).
Или на двајцата сега или на ниеден. Или за 30 години на двајцата и готово. Таман кога ќе имаме по 60тина години со брат ми и двајцата
Ако е со документ зошто да не? Еве баба ми нас ни даде пари од куќата и си купи стан, за тетка ми е станот, кога ќе умре баба ми. Е сега во овие времиња станот е многу повеќе од што ни се даде нас и од што вредеше тогаш и сега мајка ми (татко ми почина) ваљда треба да ја фати за гуша тетка ми, да и додаде пари утреден.
И така може не викам не. Ама во случајов кај членкава многу себично е ова што им го прават.Чим имале договор, нека го испочитуваат, ако не ич не им давај
Абе на тој што дава е правото на давање, не дека мора да даде. И ќе даде по сопствено наоѓање. Еднакво може и не мора. Единствено што може да добиеш, на сила, е нужен дел. Дедо ми шо имаше за давање, на ќерка даде, покрај други синови постоечки. Колку да ти е појасно. Комшиката продаде и отиде у старски на пример. И разни други примери, милион.
И јас не морам утре да им се најдам ако им требам во животот. Да, не мора. Ама со давањето си даваш до знаење кого повеќе сакаш. И јас ќе свртам грб и исклучам телефон и чао пријатно. Нит ќе знаат дали сум жива, нит каде сум. Не ги барам, не ме бараат.