Леле од овде би избегала со трчање. Аа е тука е проблемот мама и тато шо не ги викаш. Страшно значи ,коса ми се крева ова ко ќе го слушнам
И мојава проба да кажува дека требало да викам мамо и тато. Ама удри во статива. Татко ми е починат пред 12години, јас друг да викам тато, теорија нема.
Гледам многу се запнавте дека машко било па се нему му се давало. Што му даваат?спрат,дел од куќа ,ма за комшиите што ќе кажат се дава,се дава за да бидат они главните баба и дедо на внуците па нивни имоња да носат(а за изборот на децата на ќерката е оправдано сами да си одберат имиња),даваат за да се мешаат во секоја одлука на синот,и на крај и синот не им чини жената си ја слушал.Всушност на синот оставаат само кавги со сопругата и нервози да стои во средина. Ајде за золвите или сестричките да кажеме,нема дел од куќа ама зетот е најдобар и нему му се слугува,секоја недела или секој ден ручеци се готват, па зимници се прават во заедница а се даваат на ќерката,поклони се кријат и се купуваат.Па нејзините деца се прекрасни а овие на снаата завлекле од нејзина страна.Ќерката и зетот се способни ,овие другите за ништо не ги бива.Уште стотици примери може да набројам.Ништо нека не даваат,таму каде растураат мир и спокој,таму каде растураат фамилии. Нека читаат помладите генерации,подалеку од свои блиски,дали на машка или женска страна,за да си останете со коректни односи. Имав блиска особа во фамилија ,поточно баба ,која велеше ,ниту пари ниту стари,ниту стари ниту пари!Е оваа со нејзиниот сопруг живееја сами пред добри 40 год,па види дали е до традиции или памет.
Ејјјј... Ова со бањањето ми е болна тема. Се плесна кај нас на гости (неповикана) и маста ми ја вадеше. Ама тој период јас и ќутев. Криво ми е што и дозволував така да прави. Замисли... Не сум знаела да бањам бебиња затоа што сум била млада мајка. А она уште помлада родила. Жената очигледно лечеше комплекси. Ми покажуваше како да го држам детето во раце, колку да биде топла водата (не сум знаела вода да стоплам). Од го*но подоле ме правеше. За второто не дојде. Нормално, не дозволив. Кога јатрва ми се породи, си доби лекција од неа. Мислеше дека и таму ќе наредува, ама си го доби тоа што и следува. Нема кај јатрва ми трте мрте. Она не толерира никој.
Па во последно време ги избегнуваме. Ама некои настани не можеш да ги избегнеш. На пример кога му вадевме година на татко ми, во 2те минути одење од гроб до кола успеаа брат ми и тетка ми да го бутнат носот кај што не им е место. Не сфаќам. Некои луѓе како да планираат, чекаат момент ко хиени да ти преречат нешто, да те чепнат кај што не треба. Му реков на мм ќе почнам и за на гробишта да ги избегнувам.
Браво за ова, исто зетов наш, ручеци секојдневни, јас кога постев за Велигден зетот беше дојден од пат па сукано, па незнам што уште, сега кога одиме таму ми вели ако имаш месо направи па викни ги, аха, по месото биле, па јас сега нема што да пазарувам кога не седиме таму, нека не викне золвата некогаш, доста готвев за сите.
A ова ли било со бањањето работата , туу како не знаев ! *она ми ја бањаше неколку пати бидејќи беше две недели во болница и се плашев ,и јас како @SummerGirl се каам што дозволив. Е после кога зајакна она а и јас веќе не се плашев леле ,кои кавги беа не можам да заборавам еве три г поминаа
Како мојава не беше заангажирана да го избања син ми??? Јас ќе бев ем пресреќна, ем поодморена! Ама будала бе, од свое его да не си погазам за ништо не и барав помош, сега да сум одма би барала помош, и баш ми е гајле! Чао адио, секој сам по свој пат, вака ни е подобро.
Ќе заглават ама ќе имаат мир. Ретко кој млад брачен пар не е со кредити. Не трошам како пред да се омажам , амаа па и не се жалам многу. Да згустува, кнап сме ама сме посебен спрат. И мојата иде на нерви, ама па барем во двор ако седнеме со луѓе си влага внатре. Не се качува без да праша, да влезе сама нема опција , нема клуч од двете брави. Она напиња со некои испади во зборење прости работи или да сум слушнала како збори, али не се замарам. Не е вредна толку во мојот живот. Ја почитувам, мајка на мм е. Ама дистанцирано е сосема во ред.
Од кого бе помош? Таа да сака да помага ќе се понуди ќе праша а не одма тоа устата толкава голема...Вака треба, онака треба понижување на секое нешто.
Абе види за некој е помош некој има мерак да си го избања бебето. Ама на крај сама викаш секој на свој крај подобро.
Да, ама со прво дете јас појма немав, и ми беше страв да го бањам на почеток, после си се научивме и сами си го бањавме со мм. Ама секогаш помош е добредојдена. Јас и свекрва ми сега подобро функционираме откако сме секој на своја страна, него ли заедно додека бевме.