1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Далечината ги зближува луѓето :D
     
    На MG3, VDT2906, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.596
    Допаѓања:
    33.792
    Пол:
    Женски
    Ниту сакам помош, ниту сакам да им помагам, ако помогнат на глава да ми се качат.
     
    На MG3, spacegirl92, princess02 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.035
    Ама вистана е.
    Единствено во животот што можеш да одбереш е маж, ниту мајка бираш, си се родил таму, живееш, ниту пак свекрва бираш. Затоа за маж бираш некој со кој можеш да живееш, со кој можеш да се договориш, со кој имаш слични животни сфаќања и цели.
    Јас ниту кај мајка сум сега дома, ниту кај свекрва се осеќам комотно, ниту брат ако ми дојде на гости ниту јас кај него, све ни е погодено. Луѓето си имаат различни животни навики, кој готви вака, кој легнува онака, и затоа единственото место кајшто сум дома е тоа дома што јас сум го направила со мојот маж и деца. Секоја девијација од тоа дома, со екстра луѓе на куп подолго време, носи нетрпеливост и проблеми.
    Треба да ве остават сами и на раат, односно треба да се потрудите да се случи тоа.
     
    На CameliaMiller, јolene, Malesia и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Епа и јас тоа кажав ми беше страв и затоа и дозволив.
    Ама треба усул да има ,страв првите две недели после да ти покаже и да те остави раат.
    Не знаење да те научи ,еднаш да ти покаже а не до две години да покажува.
    Или може јас сум грешка ?

    Исто.
    Само во заедница ,сегде може да се пикне.
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    13.364
    Не е за помош тоа, туку адети да ми тера. Е така не сакам. Она сакаше 40 дена да ми бања бебе поради адети.
     
    На MG3, *Amethyst* и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.942
    Допаѓања:
    35.807
    Пол:
    Женски
    Да не си ми јатрва? :?:

    Исти случај како кај мене. Такви биле адетите кај нив. Не помагаше, туку одмагаше. Ние (јас и мојата фамилија) ништо не сме знаеле. (facepalm)
     
    На *Amethyst*, Осе и Anyshka им се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.596
    Допаѓања:
    33.792
    Пол:
    Женски
    Човек учи додека е жив, само свекрвата знае се (сезнајка).
     
    На Malesia, bertold, Алек*** и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Не ќе да е адет ,комплекси се нивните свекрви ги бањале толку па сега и нашите така треба :drunk:
    Пошто немале глас да кажат дека не сакаат ,сега ние сме проблематични шо се спротиставуваме.
     
    На Luminary, MG3, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.138
    Допаѓања:
    15.170
    Ама тогаш ќе бидам лошата сестра што му земала на братот дел од куќата.:bug:

    *а плус тоа мајка и на снаата веќе има испланирано, кога ќе дојде ред сето тоа да се продаде за они да си го исплатат станот што го имаат земено на кредит. :bandit:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    13.364
    Да де, но бањањето е најлесно, не сакам помош за тоа. Но кога ќе ти треба за чување или ако се болни, тогаш никаде ги нема.
    Еве подобро ручек да ни правеше, но за тоа си ќутеше.
     
    На Осе и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.308
    Допаѓања:
    41.443
    Пол:
    Женски
    Повеќето од вас изгледа со сериозно неразбрани и прости луѓе имате работа, друга причина вака да се понашаат свекори не гледам. Како може некој да е злобен со свое дете, да се сити кога го гледа како се нервира, не можам да сфатам, не ми иди во глава.

    Моите сите колку се радуват на бебево наше, со мерак им го давам да го видат и поиграат, а и он како им се радува не ми паднало на памет да им го забранам.

    Читаајќи ве стварно сфаќам дека сум многу среќна со понашањето од моите свекори, особено свекрвата. Многу е коректна, заслужила од мене и да и зготвам и да и зачистам и да ја прашам дали и треба нешто. Е сега и он знае да збори некои работи како пример облечи му чорапчиња ладно е, по сто пати во денот, или летото со аутанот по цел ден само тоа се збореше како јас да не знам дека треба. Ама од друга страна знам дека не го прави тоа намерно, туку оти е и она мајка и баба и мојата го прави истото. Ќе речам само добро и ќе си терам, ништо не ме кошта едно климање со глава, не вреди да се карам за таква работа. Не велам дека сами во Англија не ни подобро, ама и тука ете како сме неколку месеци, стварно немам лош збор. Притоа се договараме кој ќе готви за тој ден, пошти секако јас не можам многу со бебето, јас ќе соберам/ постелам облека ако треба, ако не можам она ќе го направи тоа и така. Куќата е поделена уште сега еден спрат на мм еден на сестра му, оно живеат таму за сега пошто золвата е во странство мажена, ама еден ден кога ќе дојде ред ќе го откупуме од неа и нејзино е што ќе прави со парите, секако дека ќе и се најдат.
    Јас имам од моите куќа, мислам сеуште баба ми живее таму ама еден ден ќе биде моја, или станот, тоа оставија моите јас и брат ми да се договориме.
    Битно се е со договор и стварно до сега сме немале проблем и сметки плаќаме пола пола и едно време дававме како ќирија за спратот ама свекрвата го отплаќаше кредитот со тоа.
    Едно време и мене ми сметаше ова, на почетокот имаше некои недоразбирања и признавамс е нервирав малце, ама испадна дека она не ни била свесна дека ми смета па со разговор разрешивме се, среќа.
     
    Последна измена: 14 октомври 2023
    На CameliaMiller, Malesia, Oneo и 14 други им се допаѓа ова.
  12. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    9.912
    Пол:
    Женски
    Мојата ич ама ич не била малтретирана од свекрва и, како дете на 15г сама си пошла дома кај маж и (свекор ми) да си живее и таму си пораснала до ден денес.
    Муабетот што го имам зборено со чичко на мм е тоа дека свекрва и многу и попуштала (а и вистина е тоа и ден денес го прави спрема неа што не е ист случај со другата снаа (жена на чичкото)) тој самиот знае да ми каже дека се и било попуштано на свекрва ми и дека сега ред е она да се тргне и да ме пушти мене да не ни се меша и да не контролира за се нешто.
    Ама тоа е, со прост човек немаш разбирачка.
    Нормално дека она е таа што знае се. Само свекрвите раѓале и исчувале деца, нити нашите мајки, нити тетки/стрини/вујни а најмалку па наши другарки. На сите други децата штркот им го донел само свекрвите раѓале и чувале деца.
     
    На Anyshka, Zumbulche, Erika.greeneyes и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    И да прашуваш. И вода кога треба да се напиеш да прашуваш. Па така, а не овде НА СИЛА што им се пикаат во куќите. Ајт таму, неснајдени, невоспитани едни:wasntme:

    А за со колата... Кај ти текна, каква постапка значи. Ферчина си:rofl::rofl::rofl:

    Не можам :rofl:
     
    На andromedae, Malesia, IwyMe и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    19.802
    Пол:
    Женски
    Јас за мене си кажав :)
    Незгодно ми е било каде на друго место да се однесувам слободно, дури и да ми е дозволено.
     
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    13.364
    Ај не претерувај. Ако сте го направиле вие спратот, не треба воопшто да се чувствувате како гости. Што ќе прашуваш? И кога да се бањаш? Ме насмеа. :rofl:
     
    На Malesia, Anyshka, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    19.802
    Пол:
    Женски
    Па на нејзино име ако е:)
    Не знам дали е его, гордост, срам, како сакаш наречи го, едноставно ме кочи нешто да се опуштам.
    Кај дм моментално иако смеам и дозволено ми е и да побарам за јадење и вода да си земам и да преспијам и самата ми има кажано па и ме искара еднаш зашто сум си одела пешки навечер, не преминувам граници на скромен гостин. Сум била послободна ама кога била негде отидена на подолго и тоа пак дм ако дозволи.
    Не дека се фалам што сум таква, едноставно не можам и тоа е.
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.942
    Допаѓања:
    35.807
    Пол:
    Женски
    И јас не можам да се опуштам кај господата. Едноставно, тоа не е мое. И немам намера таму да вложувам. Мојата свекрва немала свекрва. Значи, до карактерот е. За неа ниту една снаа не чини ако не слуша.
     
    На Anyshka, Erika.greeneyes, spacegirl92 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.000
    Допаѓања:
    48.812
    Пол:
    Женски
    шо е муабетот?
     
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    Алал.
    Се чувствува твојата култура и преку екран, РЕАЛНО:!:
     
    На Harper, *Amethyst* и Angi266 им се допаѓа ова.
  20. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    7.573
    Пол:
    Женски
    И куќата кај што живееш е на твоите. Ги прашуваш дали смееш да јадеш/вода да пиеш? Што е поразлично?

    Комплицирање на животот (и својот и на останатите) без потреба, од глупости.
     
    На andromedae, *Amethyst*, Angi266 и 4 други им се допаѓа ова.