1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    39.403
    Пол:
    Машки
    @Angi266

    Многу е битно пред бракот да се дефинира кое, што e, чие е. За да нема овакви проблеми.

    Дали горе спратот е цел ваш? Т.е. на писмено дали му го препишале на маж ти?

    Ако не, дали сте сигурни дека е ваш?

    Пошто очигледно старите го поделиле тој спрат меѓу братот и сестрата. Т.е. за братот скоро цел спрат, а за сестрата една соба + ВЦ-то.

    И поради таа лоша делба, каде што старите се криви зошто ништо не направиле како што треба, има овакви караници и незадоволни страни.

    Јас и на моиве им го имам кажано истото уште години претходно, кога ќе речеа дека куќата е моја.
    Ако е моја, тогаш препишете ми ја мене. Тогаш јас ќе имам отворени раце да реновирам, правам и планирам како сакам.
    И на тоа одговор добивав: "твоја е, а ќе ти ја препишиме кога ќе не нема"

    Епа тогаш не е моја, а кога ќе биде моја, мене може веќе нема да ми треба пошто ќе бидам во длабока старост.

    А до тогаш да трпам наредби дома и некој да ми кажува што да правам и на секој збор да ми вика: "ако не ти се свиѓа оди си", не трпам, и семејство не основам во таква средина.

    Маж ти, изгледа решил да основа семејство во таква средина, што му била ужасна грешка. И сега имате два избора, или да останете, или да се иселите.

    Сите овакви семејни проблеми потекнуваат од старите.
     
    На CameliaMiller, ZAHRA, Smiley92 и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Речено е нешто друго, но не е пресечено
    Затоа да си знаете не родители свети родители да се се правно законски да се разбирате
    Оти иначе еве вака како стареат така улавеат
    (општо зборувам, чест на исклучоци)
    Утре може и за мене ќе вика некој вака, но мислам дека во иднина ја би си заминала под кирија само да немам мешање со децата
    Затоа што две генерации у случајов и повеќе никогаш нема да се разберат, а има исклучоци не велам не, но многу се ретки.
     
    На Anyshka, *Amethyst* и VDT2906 им се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    Колку само точно е ова.

    Е ради вакви проблеми страдавме и еве уште за жал последиците си ги трпиме фамилијарно. :|

    Толку да не ги боли и жал и осет да немаат за сопствени деца и внуци, тоа чудо е и тотално несфатливо.
    Битно они шо ќе кажат, нивниот збор последен да е и најправилно они знаат, никој друг.
    После коа ќе им падне газот пак товарот на децата останува ама коа се уште на нога, јаки се, топ не ги бие, се силат, се расправаат, праат кавги и непријатни ситуации цело време.
    Страшна работа. :x

    Се можеше полесно и поубаво да е за сите ама не, мора по нивно да е и точка.
    Ова ништо друго не е, освен злоба и себичност.
    Па после иди поштувај ги, сакај ги, и биди близок, епа не може бе, коа животот ти го загорчиле како да се очекува такво нешто?
    Се по заслуга мора да биде.

    Убаво пишаа страници наназад дека некои идиоти од родители праат деца за само да имаат кој да ги догледа и чува на старост, нит се замараат за среќата на своите деца нит ништо.
    Себичност од невидени размери. :envy:
    Оваа темава значи, најнегативна, најиритантна и најфрустрирачка е.
    Коа читам ( а и од искуство у семејството) какви све не проблеми на луѓето им се секојдневие и какви маки трпат ради нечии хирови, а се би можело поинаку да се реши, ми се темни.

    Срам да им е на постарите.
    Оние за кои природно е да се очекува да ти се најголема поддршка и ветер во грб, тие ножот ти го забиваат.
     
    На butterfly_91, butterfly6223, Smiley92 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    8.170
    Пол:
    Женски
    Куќата на свекорот и свекрвата може не е твоја, ама ако во куќа на сопругот сопругата треба да се чувствува како гостин пошто не е лично нејзина куќа, браво! Така бар те сфатив.

    Фала богу, никој не останал на улица.
     
    На Anyshka, *Amethyst*, Harper и 4 други им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.301
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Женски
    И што е најтрагично не се малце вакви родители. И мене ми е чудно како можат еве со такви живеам и се чудам. Да сакаш брак да растуриш ( ова кај деверов пробале) да правиш браќа помеѓу себе да се караат, да се мешаш во брак и деца да си ги оговараш децата кој патем за чудо како излегле нормални од такви родители... да ги омаловажуваш...Ама има Господ еден ден ќе молат и плачат по вниците по синовите тогаш нема да ги погледнат.
     
    На butterfly_91, Mrs. right, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.994
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не сум нашла фамилија без проблем бар со еден стар. Било да е лични родители, свекор/свекрва, баба/дедо. Не постои. Староста демек треба да значи мудрост и потпора ама тоа изгледа со овие сегашни комунистички старци го нема. Имало нешто чим повеќето се вакви. Толкава себичност небаре ќе ги надживеат децата, толкаво его и нарцисоизност. Лечење фрустрации врз младите.
    Немам проблем со свекрвата моја, иако ко секоја свекрва си има некои моменти. Доста млада е, не е од таа ера на збудалениве бумери. Има препатено со нејзините па неќе да поминуваме низ истото. Нејзе и го уништиле бракот свекорот и свекрвата тотално, зошто секако мажот лабилен. Ете среќа она сакала да го прекине ланецот.
    Деца раѓале за да си имаат марионетки, па затоа и мажите ви се приврзани за суќната на мама, ретко кој може да им списка и да ги отера у курац.
    Се надевам дека ќе го смениме менталитетов, бар за нашите деца.
     
    На Smiley92, Mrs. right, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    39.403
    Пол:
    Машки
    Мене врв на себичлук ми е еден случај од еден познаник.
    Дечкото не бараше ништо од неговите, освен дозвола за да дигне спрат на куќата. Толку имаше пари, па полека да го средува...

    Е сега проблемот беше што куќата не беше на татко му, туку уште на дедо му.
    И овој, орел, стар, 80 години, со една нога во гроб, се заинати и не му даваше на внукот право да дигне спрат нагоре. Цела година верени беа и не можеа да се венчаат и живеат заедно поради стариов.

    И некако, на крај излегоа нејзините во пресрет, им го дадоа нивниот стан, поголем, а он им ги даде парите што ги имаше за спрат, плус нешто се снајдоа, додадоа и земаа нејзините помал 1 собен стан.

    Поминаа 3 години од тогаш, младиве процветаа, и детенце добија.

    Tатко му се разболе, операција некоја, му требаше нега, од жена му.

    На стариов му падна газот во меѓувреме, снаата и синот не можеа да го гледаат, и кај кој отиде? Пак кај внукот.
    Ама овој нејќеше очи да му види, а не па да го влече по болници и да се грижи за него, поготово со мало дете. И така во мизерија и мака умре.

    Така да, не им излегува секако како си планираат. Па кога ќе се немоќни, тогаш кукаат и молат. А освен деца и внуци, нема кој да ги гледа овде, затоа треба малку разумни да се, оти никој имот во гроб не однел.
     
    На CameliaMiller, butterfly6223, MeowMeow и 22 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.936
    Допаѓања:
    35.791
    Пол:
    Женски
    Секогаш е така... Не даваат ништо, а кога треба некој да ги чува трчаат кај децата? А знаете кај кое дете? Кај тоа што не добило ништо. Ќе препишат се на синот и нормално, снаата не сака да ги чува старите. Ќе му рече на сопругот - Прати ги во дом. И тоа сум го видела. И кај кој ќе отидат? Кај золвата, која имале храброст да ја избркаат. Која ја шутнале како партал. Секогаш проблемот е во старите.
     
    На Smiley92, Curious cat, riba79 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    А за што да ги чувам утре?
    Една причина де зошто утре да не си ги гледа керка им и синот секако, туку јас
    На пример што моментално сум партал со кој подот го бришат
     
    На Anyshka и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  10. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Мене најмногу ми падна жал што за золвата само соба останала. Комплетно нефер од нејзините родители, ве ставаат во неубава положба за да има кавги и сеир. Јас неколку пати имам кажано, бумериве се злобни...
     
    На spacegirl92 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  11. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    А иначе и пред да се ожени братот золвата имаше една соба и секако дневна мевна со родителите
    Исто како и братот
    Нејзе од време ја рачунаат дека нема цел живот да биде тука кога ќе и дошол денот ќе се омажела

    А не е законски расчистено оти утре ако се развел снаата ќе барала соба хаха
    Тоа е друга тема и тоа е затоа што се психички во 19век
     
    Последна измена: 15 октомври 2023
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    Каква бре соба???
    Соба за нејзина ПРИВАТНОСТ и спиење. Цел спрат од родителите на располагање.
    Што треба друго за самец???
    Или вие сите живеете во хациенди???
     
    На velesanka, Erika.greeneyes, Neda997 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    8.170
    Пол:
    Женски
    Во право си, злобни се. Свекор ми прво не сакал да ја препиши куќата, потоа сакал ама само на мажот ми "ама така да не можела золва му да му бара дел на мм", сега брзо се нема правено муабет на темата ама веројатно сега не сака ни на мм затоа што си мисли дека јас ќе ги избркам оти лошичка сум била. :rofl:
     
    На Космонаут, Anyshka и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.948
    Пол:
    Женски
    Куќата е на старите, не е ни на синот, ни на ќерката. Без разлика што тие се родени и израснати таму, добра волја на родителите е дали ќе им ја поделат и на двајцата. Може и на некој трет да ја остават, нели? Ама соба што имала било проблем, спрат требало. Секако еден од нив го наследува спратот на родителите, како што е договорот.
    Мене, како золва, несфатливо ми е живеење на ист спрат со брат и снаа, освен ако е привремено, за кратко, па да се излезе во пресрет. Па ако сум израснала во таа куќа, не значи дека имам право на секое едно делче од истата, особено ако брат ми се оженил и си ја донел тука жената. Пошто секако дел од куќата ми следи АКО моите родители одлучат така. Куќата не е ни моја, ни на брат ми, таа е на татко ми. Нема што јас да изигрувам газдарица на нешто што законски би го добила после смртта на родителите, и прашање е дали и тогаш би го добила. Не зборам за нужен дел, зборам за наследство. Ама јбг, не мислам да се оправам за куќи и имоти по секоја цена до милиметар да добијам нешто, поважен ми е добриот однос со брат ми.
     
    На Bratot, Кена Рис, butterfly6223 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.542
    Допаѓања:
    34.786
    Пол:
    Женски
    Извини вака, ама од вакви размислувања како твоево, односно болдираниот дел, жениве се доведени до ситуација да трпат насилства, изневерувања и се и сешто во бракот.... пошо, да не се замерам со бате, он сега живее таму, за ќерката нема место, ќе сметала... и слични глупоштини :^) Жално е што се уште се пласираат вакви размислувања како нормални и пожелни.
    Двете деца се исти и заслужуваат ист третман од родителите. Просто е ;)
     
    На CameliaMiller, Smiley92, spacegirl92 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    39.403
    Пол:
    Машки
    Не е ова точно. Може они да го препишат на син им без ти да имаш дел, ако го препишат како "поклон" или така нешто беше. Треба со нотар да се консултира за тоа. Ама воглавно така се прави.

    Ама не, не им е тоа нив страв снаата да не земи дел ако се разведат, туку син им да не се налути и да ги "исфрли", прати во дом... Ама не можат ова на глас да го кажат.

    Имаше еден пример оваков, му ја препишаа куќата и овој ги прати во дом, плаќаше по 30 000 месечно за нив, пошто пензијата им беше мала. Услови бомбона. Ама...

    Не сакаа таму да седат за жива глава, бегаа преку прозори, се префрлаа преку огради. Со полиција ги бараа. Бруки невидени.
    Менталитетот е тука таков дека ако завршат во дом, како во затвор да завршуваат.

    Што, повторно, не е во ред и тоа, нивна била куќата/станот, и да бидат "исфрлени" од свој дом не е во ред.

    А, од друга страна па и не се должни они имот да даваат на никого. Секој треба сам да си направи свое гнездо. Е сега ние што сме отепани тука и имање свој дом е невозможна мисија со нашите примања...
    Затоа и овакви проблеми се има. 3 генерации во едно станче без основни услови за живот. Никој нема комфорт.
     
    На Erika.greeneyes, minne992, spacegirl92 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.936
    Допаѓања:
    35.791
    Пол:
    Женски
    Е па снаата мора да се мачи, а золвата да ужива. Секогаш е така. Ти отстапиле спрат и си бараат нешто за возврат. Затоа подобро сам да се потрудиш. Оти низ нос ќе ти извадат дека нешто ти оставиле.
     
    На Erika.greeneyes, Mrs. right, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.948
    Пол:
    Женски
    Никаде не реков дека братот треба да добие се' на сметка на сестрата. Ако живееме во нормално општество со нормален менталитет, сите деца добиваат подеднакво од родителите. Јас не измислив ништо, факт е дека куќата не е на децата иако тие израснале и живееле во таа куќа. Кај нормални родители врата секогаш треба да биде отворена за децата, ама тоа не значи дека очи треба да си извадат кој колку ќе земе.
    Доволно се изнагледав расправии за имоти во поблиска фамилија, и лекција ми е за цел живот. Онолкави куќи зјаат празни, старите или умреа или се сами ко утки, чаша вода нема кој да им подаде, внуци не виделе. Затоа најарно, од старт. чиста сметка, секое дете свој пат да си фати, кај мама и тато само на гости да си доаѓаат. Сепак, никој не знаеме што ни носи животот, ама греота е млади луѓе да бидат жртви на себичноста на родителите.
     
    На Кена Рис, princess02, Harper и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.105
    Допаѓања:
    20.847
    Пол:
    Женски
    Знам таков пример. Старата ја остави куќата на синот а на ќерката ништо. Синот со жена му ја продадоа куќата и ја оставија старата на улица оти снаата не ја сакала. И пак ќерката ја прибра накрај, сега кај ќерка и си живеат во две соби.
    Мене така да ми напраат ни мајка ни брат ни татковци ни со никој нема да прозборам до крај на животот. Кога се делеше нашата куќа, чичко ми сакаше се за него со изговор дека јас сум била женско а он имал машки деца. Да ти ги ебам копилињата, куќата пак беше моја, и ја продадов накрај, ако не биваше цела на мене, нема ни они да живеат тамо. Сега шо сакат нека праат. Со години не зборам со нив.
     
    На SummerGirl и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    123.860
    Пол:
    Женски
    Комшии на блиска личност со вакво размислување си ја пратија ќерката и сестрата во гроб пред нив.
    Мажена била, срамота било велеа. Синот и братот е побитен.|(
    А, сега оф...
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.