Јас лично кога на старост дојдам до состојба да треба да ме гледа некој, однапред ќе им кажам на идните ми деца ако ги имам, да ме отепаат да не се мачам ни јас ни они. Што ќе ми е живот ако раце и нозе не ме служат веќе и само со мислите функционирам, па ни со тоа. Нема да чекам да припаднам да му се радувам на животот. До тогаш ќе работам, патувам, ќе правам што ме радува. Дојде ли време да не можам да функционирам воопшто и да ми доаѓа полека последниот ден, толку, доста ми беше, остатокот ќе ми биде ништо освен мачење.
Какви се заостанати мислења има овде, абе страшно нешто, страшно. Па и кој речник се употребува, да направи човек да се сомнева дека тие кавгите не се за бадиела и не се сите жртви како што би сакале да се прикажат. Не знам, ужас ме опфаќа. Стварно не треба да се живее во заедница, освен ако се мора.
Tочно до збор, и некои стари многу ме нервираат кога им велат така на децата "куќата е ваша, нема под глава да ја однесеме", а не ја препишуваат, е ај сега, многу има вакви, дали сакаат да видат како ќе се однесуваат синот и снаата со нив, дали ќе ги дочуваат, па дури тогаш, епа налет тогаш, ни куќа, ни пари, ни стари. Во моја околина што ги знам па се снаата ги дочувувала, аха сиурно ќерката и зетот, зетот само додека има корист и се на нога, барем јас што ги познавам сите снаата ги дочувувала, ни син, ни ќерка, ни зет. И за ова има закон, комшии им препишаа на синовите, ама беа на нотар и потпишаа додека се живи не смеат да ги избркаат родителите, ниту да ја продаваат куќата без нивна согласност, јас лани истото го потпишав на нотар за оставинска
Ќути. Што све немаше кај нас, хорор беше буквално и тренирање на трпението и нервите и здравјето ама јако и долготрајно тренирање па после нервозите секако си го зимаат данокот, никој не е имун, ни млад ни постар. Ете старите што праат, какви циркузи, свесно и тоа, намерно. Вака не е убаво може шо зборам ама ни нивното не беше ама ич не беше, и ова моево е ништо во споредба со нивното. Затоа тие што се во можност ни минута не треба да седат со старите, и под кирија да се, битно ќе си имаат мир и спокој, кој нема цена. Тие што не се во можност и се принудени да живеат со нив, на здравје нека им е. Мора челични нерви да се има, нишо да не те допира, без никакви емоции и чувства да си па да издржиш и караници, подбуцнувања и провокации особено ако си имаш работа со терсене луѓе со кои нема никаква разбирачка, а ги има истите со лопата да ги ринеш. За деца бе сопствени да немаш осет и зло да им нанесуваш, е не знам шо човек треба да си. Не си човек дефинитивно. А така најдобро е шо тој дечкото нејќел да го погледне и категоричен бил, си се држел до своето и не отстапувал. Зашо сите така не можеме ете, жал ти доаѓа и покрај се и глеаш некако да им помогнеш, иако не заслужиле, за после ти да го јадеш подебелиот крај.
Мене кирија ми е последна опција, а сигурно и на сите. Пола живот сум го поминал под кирии и на најголем душман не би му посакал под кирија да оди. Тек тогаш да видиш какво влагање дома може да ти се случи од газдата. Па, до несогласици, расправии, до случаи каде ги исфрлувале како партал од стан. Јас сум немал такво искуство, ама да, сум имал некои мали негативни искуства и несогласувања. Мир и спокој, и кирија, долгорочно не одат заедно. Како и да е, кирија е најнеперспективното решение. Подобро истрпи, собери пари и дигни кредит. Не оди по одмори. Лиши се од цигари, кафани и денгубење по кафиња. Наместо да ги гориш парите за кирија, отплаќај стан.
Не бе, тука само тоа е решението "одете под кирија", многу сјајно е под кирија, и да плаќаш кирија и да собираш пари за свое, и вака и така нервози, вака од стари, онака дали ќе имаш да го поминеш месецот. Ама тука пишуваа дека потпишуваш договор и газдата не смеел да те исфрли, аха нека си мислат така дека не смее.
Најлесно е да сееш памет, да кажуваш како треба кога не си искусил. Плус се расприкажаа немажените тука, лесно е да се збори, ќе видиме нас како ќе ни е кога ќе се омажиме и дали е така лесно да се пресече или да се одлучи како да се постапи
Привремено еве нека е, ако стварно ножот до коска е дојден и не може да се истрпи. Шо ќе праиш, на улица сигурно нема да спиеш. Роднини па и пријатели не секад ќе ти излезат у пресрет, а и реално не може, да не се лажеме. Секако дека заебано е под кирија да си, сме биле и ние, и моиве знаеле колку е спокојно у права смисла ама сепак одвоени сте од старите и од проблемите со нив. Долгорочно решение секако не е и треба да се бара алтернатива како знаеш и умееш. Сеа и кредитите ќе треба да се плаќаат долго и тоа е заебано ама јебига, мора нешто да се трпи и да се откажеш од некои задоволства. Тоа со проблеми од страна на газдите, не сме имале, баш коректни беа луѓето, се сеќавам, ни замараа ни напињаа, секако редовно се плаќаше и се беше у најдобар ред. Абе немажена сум ама доволно иам искуство да го наречам од моиве коа сведок бев шо се дешаваше и ги разбирам сите шо си имаат мака многу добро. Така да можеби не со свекор и свекрва ама точно знам шо праат старите и на шо све се спремни.
Проблемот е што не можеш и јаре и паре. Ако плаќаш кирија, нема да имаш пари да заштедиш за кредит. И ќе заглавиш цел живот под кирија. Тој е тој зачарани круг. Ако е дојдено нож до коска, секако, како последна опција постои и тоа како краткорочно решение. Ама не е така едноставно. Кирија не значи и мир. Се сложувам. Решението да беше толку лесно и едноставно, ќе беше веќе решено и темава немаше да постои. Всушност, никој и не бара решение овде, туку му е издувен вентил за проблемите во кои се наоѓа. Да си каже што му лежи на душата.
Точно, ама ако имаме различно мислење од нивното, рипаат, па ќе не потепаат, темава е за тоа да си ги кажеме проблемите, секој со свое искуство, ако јас не си помогнам, сигурно нема да ми помогне некој од форумот, ако не им се допаѓа темава, има друга задоволни снаи и свекрви, така нешто беше, а и си читаме искуства од членки, какви проблеми постојат, може на некои немажени ќе им биде од корист.
Епа ете со години сме биле, после зеле и кредит. Како? Они си знаеле, секако дека не е едноставно ич. Ќе се жртвуваш, шо да праиш, со деца коа си, како знаеш ќе се снаоѓаш. А пример еве да те избркаат родителите? Не директно, индиректно да те избркаат со постапките? Го има и тоа, да. Сакаш, нејќеш, немаш избор. Добро, за мир баш мир треба скроз да си обезбеден и на свое што се вика ама сакав да кажам бар нема да ги глеаш, да има расправии и у негативна и токсична средина да си. А тие што си плаќаат кирија си знаат најдобро како им било и колку било спокојно ама тоа е.
Темава немаше да постои и ако не се гледаше кое дете има такво, кое таква меѓу нозе. Оти нема толкава тема за проблеми меѓу зет и дедо/баба? Сите поназад се запнале демек аа родителите ќе решат кому ќе дадат, нивен имот е, аа јас со брат не се замерувам. Абе они ќе дадат на кого сакаат ама тоа не го менува фактот дека тие што даваат само на синот, ќерката ја сакаат помалку. Горчлива и тешка вистина ама тоа е. До утре нека се вадат со изговори. Поарно на ниеден не давај. И утре мое дете они нема да знаат дека постои јер...мое дете е де.
Не бе не чине ќиријата со мама и тато седите си или со свеки и свекор и перете посрани гаќи Ако ви е полесно така тешите се дека е така
Нема проблеми помеѓу зет и баба/дедо затоа што зетот мора ќерка да им чува, мораат да го тинтраат, еве моите свекор и свекрва и направија куќа на золва ми (ќерка им), му се тресат на зетот, децата тие ги израснаа, еве до ден денес веќе децата големи се уште им помагаат, свекрва ми прави ручек и секој ден ручаат кај неа, малку ли е тоа? Денес некој ручек да ти прави секој ден еее, нормално ќе си заштедиш како што е поскапена храната. И престанете со тоа што има меѓу нозе, знаеш колку родители им оставиле се на ќерката и зетот, а на синот ништо. Нека не оставаат, ама и нека не бараат нешто кога ќе им клекне газот, сега се силни.
Побарај статистика во Македонија колку % од недвижниот имот го поседуваат жени, колку мажи и ќе ти стане јасно
И ја се чудам како е можно? Друга работа е ако идат кај не знам какви некои сомнителни типови, багабонти. Затоа се распрашуваш, идеш, глеаш со свои очи, искуства ако има друг. Е сеа, и киријата треба редовно да се плаќа, не газдата да те брка за да му платиш, не е во ред тоа. И ја да сум газда ќе сакам на време да се плаќа, не некој да ме заебава. Зашо има секакви и од кираџиите. Овие кај што бевме, стварно беа океј луѓе, фамилијарни. Не знам, можеби и стварно има и такви ненормални што им праат триста проблеми на кираџиите.
Не е можно. И не пишувајте глупости. Колку има и дуќани дадени под кирија, па со договор нема шанси да бидеш исфрлен.