1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.985
    Допаѓања:
    167.806
    Нема грешка
    Ако имаш валиден договор на нотар заверен знаеш кога ке те избрка?
    Кога ке изтече договорот
    Ама вие на се маана ке најдите само да се убедите дека со мама и тато е најубаво
    Се друго не чине
     
    На CameliaMiller, Noemi, Калатеа и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.785
    Пол:
    Женски
    Не, под кирија е најубаво, да неможеш да купиш мебел.
    Па и некои џабе живеат посебно кога мама и тато им полнат торби, и мама и свеки ручеци им носат.
    Ептен се самостојни.
     
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    13.364
    Значи не е можно. Со договор еве на една година нема никакви шанси да најде начин да те исфрли газдата по два месеца оти така му текнало.
     
    На CameliaMiller, nextredstyle и MarigoldA им се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    Да, да, логично дека така е.

    Можеби овие што си имале вакви проблеми немале ни договор ни ништо па му прднало на газдата и ајт мрш од тука. Договор е веќе друго и не смее да си дозволи да праи шо сака.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    19.802
    Пол:
    Женски
    Дури мислам и ако сака газдата порано да излезат, пак мора унапред два или три месеци да каже. Не од денес за утре.
     
    На nextredstyle, Biljarkata и MarigoldA им се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    2.673
    Пол:
    Женски
    Ај ја да пишам мој заклучок. Еве ние снаите изнакажавме од се по нешто каде и јас се сложувам со вас ама пола од нас, значи јас дефинитивно спаѓам во оваа група каде што мажот да земе да прочита што се е напишано ќе настане кавга :wasntme::wasntme::D
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.031
    Не знам, може усно се договориле. Исто ко со свекрвата(facepalm)
    Првпат слушам за вакви глупости, луѓе со години знам што живееја под кирии, јер работа во Скопје, а не сите имаат свекрва во Скопје. Е да, уанс ин а блу мун, ќе каже газдата -син ми се жени во септември, најдете си нов стан, ама па ене, сигурно 10.000 стана во моментов се издаваат, ќе се најде нов.
     
    На CameliaMiller и MarigoldA им се допаѓа ова.
  8. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    11.388
    Пол:
    Женски
    Каков хорор го направивте живеењето под кирија, да посака човек со свекор и свекрва да живее. :D

    8 години живеам под кирија, само еднаш ми се случи газдарицата да го продава станот, ама сепак ми кажа унапред месец-два за да имам време да најдам друг, и фино лепо си се иселив со сите сметки расчистени од моја страна.

    За друг случај едино имам слушнато да биде исфрлен некој што не плаќа, и не може со години да оставаш сметки неплатени и газдата да го дадат на извршител, нормално е дека ќе те избрка. Плус, си има договор кој ако го раскинуваш си има рок, не може никој од денес за утре да те избрка.
    Околу мебел ако сакаш по свој вкус да го уредиш, си има издаваат празни станови долгорочно, на пример на минимум 5 години, па ќе си купиш и свој мебел.

    Ако можат да се одвојат сопружниците (пример вработени се двата) макар и под кирија, а не сакаат, значи можеби и не им е толку лошо со старите, или на мажот му е убаво при мајка и при татко да си живее, па сега изговори дека страшно е под кирија.

    Јас лично сум и за пред брак да се поживее заедно насамо, дури и за ваков случај претпочитам кирија, пошто ако се задолжи едниот, а отпосле не испадне живеачката со него, барем ќе нема кредити за отплаќање. Ако бидне и брак, тек отпосле станбен кредит. Ама тој есап се прави унапред, а не од кога ќе бидне свадба да дознаам дека на маж ми му е комфорно да живее со мајка му, татко му, брат му и неженетиот му чичко, а мене ми смета да живеам со толку луѓе и различни карактери под ист покрив.

    Ми изгледа ретко пред брак дека некој го прави муабетот за "отпосле кај ќе живееме" и затоа потоа проблеми, секој исход на некому нема да му чини. Ако ова не било искомуницирано пред земачка, тогаш комуникацијата е главниот проблем, а тек потоа свекорот и свекрвата стануваат проблем. Многу мажи ги има ќе се увредат од прашањето "каде ќе живееме", "па како каде, па моите куќа имаат", а и многу жени ги има што немале избор поради бременост, и така во круг.

    Сум чула и за случај старите одат вдневна да спијат, за да ја отстапат спалната на младите, а другата соба била за ќерката, па сега ти гази ко на јајца за да влезеш в дневна за да не ги разбудиш ако станеш пред нив. Па ќе ги прежалам 12 илјади месечно и ќе си имам некој мир.

    Реално и сами двајца не е најидеално, ќе мора некој компромис за да функционираат двајца, ама како е со тројца, четворица да делиш живеалиште и да си ти "дојдената" снаа, не сакам ни да замислам. Може сите да се океј и фини луѓе, ама едно да правиш муабет, да ги знаеш ко луѓе и да ги почитуваш, а друго е да живееш со истите.
     
    На CameliaMiller, Noemi, MeowMeow и 11 други им се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.985
    Допаѓања:
    167.806
    Абеее си барат оправдание за нивната неспособност
    Какви кирии и бркања бре
    еве немора ќирија
    ајде кредит и стан земите
    цвццц не ви се заглавува а ?
    перите посрани гаќи тогаш
     
    Последна измена: 15 октомври 2023
    На CameliaMiller, Noemi, Калатеа и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Одат на сигурна варијанта. Сигурната варијанта е на веќе готово. Ништо во животот не е сигурно, за пет минути цел живот можи да ти се испоремети. Затоа вакви, калкулирани луѓе ми се смешни. Јас одам на сигурно, хаха, да, да, со среќа.
     
    На CameliaMiller, baby-star, spacegirl92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    19.802
    Пол:
    Женски
    Жими све кога ја читам темава, некогаш добивам впечаток дека не само што не правеле таков муабет, туку и изгледа ко мажи на тепка да бираат па кој им се падне, иди кај него дома и тоа е, немаш избор. И изненадени што леле деверот носел девојки или золвата неќела да си седи со нејзините, ко до вчера да не знаеле дека има мажов брат или сестра или дека нема слободен спрат. Си викам абе овие отишле ли кај маживе дома дур биле у врска?
    Не планирам сеа да паламудам ај засукајте ракавите, јасно ми е и со плати и кирии и инфлации и све каква е работата.
    Него ме чуди тоа што ко паднати од Марс се мажат/женат некаде.
    Знам жена што така на времето, се омажила без еднаш додека биле во врска да отиде таму. Млада, наивна не знаела што ја чека. Па после сите на куп живееле па пеколен однос од свекрвата па што не. После се развела, ѝ дошол паметот.
     
    На Калатеа, LiquidLuna, Smiley92 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.104
    Допаѓања:
    20.838
    Пол:
    Женски
    Мене киријата ми е посигурна отколку да живеам во куќа шо не е на маж ми/дечко ми/вереникот ми. Ма и да е негова. И питање е дали некогаш ќе биде негова.
    Другарка беше во брак 15г, цел спрат она го реновираше и на крај се разведоа, цел мебел и остана таму и плус е заглавена со кредити шо тој не сакаше да и помогне да ги исплатат. Сега друга жена си ужива во нејзиното. Ама затоа сега вика подобро ќе си седам цел живот по ќирии, во некои наместени станови, веќе ниту чаша не купувам таму кај шо не е мое, поарно за тие пари ќе се облечам барем облеката можам да си ја зеам со мене.
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, Mrs. right и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    2.673
    Пол:
    Женски
    Кога нема љубов и разбирање во бракот и у палата живејте џабе е.
    А таа млада наивна од дома така била воспитана ( време ти е да се мажиш и оп нашиот менталитет ја сопна)
    -Се што лета не се јаде.. пополека малку
     
    На Spicy Senorita и Anyshka им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    123.856
    Пол:
    Женски
    Што зборите, бе? :D
    На црно ако си, секако дека газдата лесно ќе те избрка, ама со договор не може лесно. И во договорот си се одредени условите.
    Тоа е поарно отколку да одиш кај свекорот, па после да офкаш оти кај него не е како кај татко ти дома. :rofl:
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.931
    Допаѓања:
    35.786
    Пол:
    Женски
    Не сакаат под кирија. Не сакаат да заглават со кредити. Е па, нека седат во заедница и нека трпат. Во моја куќа мои правила. Во туѓа куќа ќе си молчам.
     
    На CameliaMiller, Noemi, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    2.673
    Пол:
    Женски
    И мажот муле, чека од неговите да земат пензија сметки да платат
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.985
    Допаѓања:
    167.806
    Посигурно амин
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    123.856
    Пол:
    Женски
    Тој муле, жената наивна. :D
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.985
    Допаѓања:
    167.806
    Така е нека си седат со старите нека перат посрани гаќи и нека не се жалат
    Нека чекат да дојде први да стаса пензијата да оде свеки да плате сметки и да изпазаре а они ке купат еден прашок едно сирење и ке јадат банани колку е животот скап и како не останува ништо од платите
     
    На baby-star, Malesia, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Чим ние издржавме 4 години со една чиста плата со мало бебе па после уште едно може секој.
     
    На CameliaMiller и SummerGirl им се допаѓа ова.