1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.931
    Допаѓања:
    35.787
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека треба да се има осет. Не оправдувам влегување во собите, чепкање по работите. Ама не можеш да се жалиш што децата од деверот/золвата седат во двор. Ако мажот не те поддржува да заминете, се знае кое е решението. Јас не можам да бидам со маж кој не ме почитува.

    Пред извесно време се ожени брат на моја другарка. За да не заглавуваат, решија да живеат во заедница. Свекрвата јасно им ставила до знаење кој е нивен дел во куќата. Само кујната и купатилото им се заеднички. За мене тоа е фер. Секој да си го знае своето место.
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Абе сеа реално, ако купатило и кујна се заеднички, тогаш е заедница, немаат тие свое место, туку сите се на едно, само спијат во строго одредена соба.
     
    На Zumbulche, Noemi, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.985
    Допаѓања:
    167.806
    неееее бееее
    вас ви носеле ручек затоа сте издржале
    оооо тугоооооооооооооо
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.931
    Допаѓања:
    35.787
    Пол:
    Женски
    Мислев на одреден дел од куќата. Младите ја користат кујната само за готвење. За јадење си имаат каде. Дневната не е нивна. Кажано им е... Ако сакаат подобро, да си одат под кирија.
     
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.985
    Допаѓања:
    167.806
    нема теоретски шанси
    ја ни сум седела со свеки у заедница ни па утре здравје боже снаа зет ке седат со мене у заедница
    затоа посовреме се мисле да се има услови за живот
    За овој случај шо го кажуваш имам да кажам
    Корекно
     
    На Biljarkata и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Кило месо од кои 800 грама коски:D:D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.931
    Допаѓања:
    35.787
    Пол:
    Женски
    Имаше овде коментари од типот... Што ако не можат да се снајдат? Е па, секој може да се снајде ако сака. Ќе си ја стегнеш чергата за да имаш нешто свое. И нема да ти пречат свекор, свекрва и останати роднини.
     
  8. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Да не се правиме наивни, на Балканот бракот е статус симбол. Радоста трае неколку месеци, ако живеат во заедница. Ако се настрана, веројатно повеќе. И да треба ваков муабет, се согласувам. Ама во Македонија е таква напатеност да се најде маж, што се одбегнуваат непријатни теми. Оти ако ги отворат, знаат кој е одговорот. Тоа е исто непријатно како на пример да го прашаш дечкото зошто следиш цуци на Инста. Го знаеш одговорот, затоа и не прашуваш. Како велат Америве what you don't know can't hurt you. Друго, на многу им се кажува да се мажат (кој прв налета). Ама златниве мајки не ја кажуваат вистината за заедничкиот живот и за бракот како целост. Дека ако сакаш да опстои треба да се правиш дека не гледаш некои работи. Мајка ми ваква-таква со сите мани и недостатоци ми ја кажа вистината. Сега, не дека јас не сакам да се мажам во иднина, ама ја знам реалноста и не живеам во бајки. Другото го одбиваме на глупост.
     
    На *Amethyst*, LiquidLuna и Malesia им се допаѓа ова.
  9. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    6.276
    И ќирија да плаќаш и да тргаш настрана за свое да си купиш со македонска плата е просто невозможно.
    Настрана потребите за храна и сметки.
     
    На Martka, Harper, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Моментално во ваква економија, да, реално скоро па невозможно е.
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.985
    Допаѓања:
    167.806
    Па има триста опции
    Подигаш кредит и плакаш рата не кирија
    Оде еден партнер надвор од мк да спечале
    ехеее варијанти има многу
    нема само за тој шо неќе
    Ене ја Моник читајте ја со една плата и под кирија беше
     
    На Neda997, Biljarkata и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    6.276
    Јас за Моник не знам. Еве за мене ќе ти кажам. Земаме просечни плати со мм. Едната оди за кредит. Со другата живееме. Спратот ни го отстапија свекорот и свекрвата. Моите го реновираа нешто минимално.
    Скапана пара немавме на страна зошто ни се случија работи што не сме ни сонувале.
    Плус на ова да земам кредит за стан нема шанси.
    А мм да оди во странство без мене и детето нема шанси.
    Тоа за мене не е брак. Налет на пари и на се тогаш.
     
    На Martka, butterfly6223, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.931
    Допаѓања:
    35.787
    Пол:
    Женски
    А јас што да кажам? Со една плата плаќавме кирија. Маж ми одеше да работи приватно. Со тешки маки и со многу откажувања успеавме да имаме свое. Редовно плаќаме кредит. Сега сме во странство и побрзо го исплаќаме кредитот. Свекрвата еднаш ми рече - Куќава е ваша. Јас и реков - Ако е така, препишете ни ја. Аааа.. Не. Кога ќе умреме ќе ја поделите. Си знам јас што е мое.
     
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.786
    Пол:
    Женски
    А така лесно ако се одело во странство, секој ќе отидеше, еве мм 2x го одбија за Бг пасош, за виза аплициравме, доби термин, најде работодавач, и џабе, пак нешто најдоа да го одбијат, инаку не би седеле овде. Треба на црно да оди, и одел на ризик, ама ако го фатат ќе има забрана. И за мене тоа не е брак, тој таму, јас овде, бракот е помеѓу двајца, ај да не пишувам многу ќе ме нападнат да не се жалам, човек тука неможе да се пожали, незнам зошто е темава тогаш, на тие што им е супер има друга тема свекрви и снаи-задоволни. А и за станбено прашање има друга тема.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.794
    Допаѓања:
    12.282
    Пол:
    Женски
    А луѓе, мора ли секое семејство да има свој сопствен дом? Некако во Мк е луда замислата цел живот под кирија, а зошто? Еве пеколно ви е во заедница, единствен начин да си го најдете мирот е под кирија, две просечни плати ок, живејте под кирија, па здравје боже може среќата ќе ви се насмевне.
    Мразам споредби со странство ама ќе направам. Во Германија на пример становите се изгор скапи, кредити тешко се добиваат. Знаете ли колку млади живеат под кирија цел живот? И тоа празен стан ти даваат буквално без фасонка во него? Ама работат преку годината, шетаат, не дремат дома за врат да се фаќаат со свекрвата. Истото ќе дојде и кај нас, ете квадратот стигна 2000 евра, сигурно многу од нас нема никогаш да можат да си купат стан. И да можат, пак вашите деца нема да живеат со вас во заедница туку ќе одат и тие под кирија.
    Нема ништо срамно да живееш под кирија, не е дека не си успеал во животот.
     
    На Freckles., CameliaMiller, Zumbulche и 7 други им се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.985
    Допаѓања:
    167.806
    нека оде на Малта
    таму со мк пасош се оде
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Јас реално сум запрепастена од оваа тема, 100% од коментарите се против свекрвата, ни една не се погоди да напише еден таков збор за мајка и, и стварно не ми е јасно како може се на вас да не Ви чини? Ај една, две, три да пишат против свекрва, ама на сите да не им чини свекрвата?
    Плукате по нив, автоматски плукате по вашите мажи. И реално ме интересира дали вашите мажи ги коментираат вашите мајки, како вие што ги коментирате нивните?
     
    На Freckles., baby-star и carangigia им се допаѓа ова.
  18. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Темава е за проблеми помеѓу снаата и свекрвата ,прочитај има и тема за проблем со мајките ,па ќе видиш дека и од мајките се жалат .
     
    На *Amethyst* и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.104
    Допаѓања:
    20.838
    Пол:
    Женски
    Свекрвата никогаш неможе да ни биде на нас мајка, ниту пак мора да ја сакаме. А ти да не мислиш дека свекрва ти ќе те сака? Аха, да :D
     
    На *Amethyst*, spacegirl92, Erika.greeneyes и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не напишав да ја сакате свекрвата, нели?
    Напишав дека ме интересира дали и вашите мажи плукаат по вашите мајки, како вие што правете. Или може само тука на форумот сте силни, а си ќутите дома, и се правите дека се е супер, идеално:wasntme: