Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Аааа, нема шанси :!: ! Јас здравје Боже, ако бидам свекрва ќе бидам многу лоша. Мојата свекрва е предобра во однос на тоа каква јас би била! Навистина! Јатрва ми што не и‘ има кажано, што не и‘ има направено на свекрва ми, колку има свекрвата плачено заради неа, а и ден денес само да и‘ свирне снаата и свекрвата трча и тоа по пижами ако треба. Денес ќе и каже дека не знае да го чува детето, демек заради неа се разболело, а веќе утре, ако нема кој да го чува ќе ја викне и оваа трча. ААА :shake: не ќе може така со мене, не, не! Не знам да го чувам? Повели чувај си го! Не можам денес имам нешто испланирано, не можам утре, она ќе правам, ваму ќе одам, онде ќе одам... И чао маче! Она на мене... јас на закачалка ли сум? хм? Има да ме цени и да ми прави лице, ако има намера да користи бесплатни услуги од мене и тоа ти е. Не се шалам, навистина така размислувам. Треба да се биде човек и да се однесуваш човечки, ама тоа треба обострано. Не може ти кон мене да си кучка, а јас тебе да сум ти кутре, не-не!

    Настрана фризурата и други ситници, свекрва ми во овој контекст е предобра, дури и наивна. Во состојба е да изиграва и бришач за нозе само да помине време со внуците. Јас тоа не би можела, та дури ни за внуците.

    А што се однесува за прашањето на Трендафилка: пред да се земеме доаѓав само на кафе и благо, и таа беше префина со мене, како што е и ден денес со било кои гости кои ќе дојдат. Та дури не можам да верувам кога во некој од намуртените денови (кога на сите дома ни се лути) ќе дојде некој, она инстантно се менува: Се смее, прави муабет со сите, та дури и со домашните. :x
    :!: Не е исто да отидеш кај некого на гости, и да одиш да живееш со некого во негова куќа.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Јас моја свеки не ја познавав доволно, кратка врска имавме со мм пред да се земеме (година и пол).
    Ретко одев таму, почесто мм (тогаш дечко ми) доаѓаше кај мене отколку што одев јас кај нив дома, а кога ќе отидев секогаш беше фина, културна, се` со злато ми се обраќаше, внимаваше да сум нагостена како што треба (со кафенце, сокче, благичко)...да, да... го викаше мм од соба да ме понуди со нешто или таа ќе влезеше и ќе ме понудеше.

    Сега ми се обраќа со жено, што се смени и веќе не сум злато, не знам :wasntme:

    До душа знаев дека малку е терсене, сумљива ми беше и понатака во текот на врската и со некои свои постапки малку ми се виде чудна.
    Пример кога со мм кисневме на телефон влагаше во соба и му го земаше тел. демек многу сме збореле, неа и требал тел., или сметка голема ќе стигнела (а јас сум се јавила) :!: .
    Кој се сеќава на времето пред едно 7-8 год. имаше еден пакет на мак. телекомуник. -Кажи ми, кажи и за 3 ден. можеш да збориш 33 мин. Јас и мм имавме многу да си кажеме :wasntme: и за 6 ден. окапувавме еден саат на тел. Очигледно беше дека не беше за сметката, затоа што јас се јавував т.е. јас плаќав (од мојот студентски кредит донирав пари за тел сметка затоа што и татко ми се лутеше за огромните сметки :tmi: ), туку проблемот беше нешто друго. :?: Тие имаа друг пакет и за инает наш не сакаше да го смени, т.е. не му дозволуваше на стариот да го смени.
    Затоа па мм трошеше еден куп картици и секогаш, ама баш секогаш кога ќе имаше прилика (при пиење кафе) ми викаше- што толку зборите на тел., кратко само деца, кратко....скапи се сметките. Јас се смешкав и ништо не одговарав, си викав нека збори, што и` е друга работа. :lol: Изгледа работа и било секаде и секогаш да команда и сите да ги строи. Јас од сам старт покажав дека не може и мене да ме стави под команда и изгледа тука беше проблемот. :D

    Не се замарав многу, многу со неа затоа што никогаш не ни падна муабет дека ќе живееме заедно, секогаш се држев на дистанца и никогаш немав некоја блискост со неа. Кафе пиевме сите тројца, некои општи муабети и така.
    Всушност не ни сањав дека тука и со неа ќе живеам..... за жал така испадна работата и еве веќе и` се ближи крајот на нашата 4 год. скоро 5 год. (ако имаме среќа, ова пари) голгота. :D

    До душа ни сакав да ја запознаам (никогаш не сум била блиска со мајките на дечковците). Пред мм имав 3-4 год. врска и со таа жена не бев блиска, сметав дека нема потреба да се дружам и да бидам прва пријателка со идната ми свеки.

    Мене тие другарства ми се чудни, една моја другарка беше прва пријателка со мајката на дечко и`, заедно секаде одеа, на шопинг, по одмори, зимувања, свадби....чудим, чудим ....и еден ден кога другарка ми му раскина на дечкото, женава не можеше да се помири со фактот дека не се повеќе заедно и ја давеше на тел. да се смират.

    Едит-комплимент никогаш од неа не сум добила, ни за шминка, ни за фризура, никогаш за ништо не ме пофалила, може само така ќе ме загледа и ако се туфкам да ми рече-добро си бе, добра, што се замараш....освен за една свадба кога ми рече дека многу ми е убав фустанот....значи фустанот е многу убав, а не јас :P

    пак едит
    Потполно исто, потполно, за секунда се менува и веќе никому не му е лута, додека си заминат гостите де, после пак по старо, пак се лути. :x
     
    На Anyshka, midnight.flower, Agrona и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Потпис на оваа реченица :)
     
  4. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    лелее драги мои од нервози со овие нашиве свекрвишта ние ке си умреме пред нив... ;)

    Јас до сега не сум пишала за мојата ама еве сега морам...ми треба ваше мислење
    Значи вака ние живееме заедно со свеки скоро 3 год,она е лицемерна,буцкало,командант(ова со најголеми букви),лажга,измислувач на секакви работи,не разнесува и оговара кај сестрите и внуките од сестри,сака да ги држи синовите под контрола све да е по нејзино,без нејзе ништо не може да помине...
    Го буцка свекор ми против нас демек ние не сме ја почитувале,ќерка ми ја нема чувано ни 2 пати и не се ни замара со неа(ете внуче како внуче да и направи нешто за јадење,или да ја прошета,ама баш ништо)дома е како намќор,се е она во право,е сега следува најинтересното.....пред луѓе лизна мазна,бабина ќерка јас за нив живеам,се смее,како мислиш мајка ми....пред луѓето сака да биде најдобродушна,најдобра и сака да изиграва жртва (демек ја ова,јас она и божем целата куќа она ја држи,што нема врска)
    Незнам што жена ќе беше,го буцка свекор ми да и ја препишел куќата на неа и кој како ке заслужел така она ке поделела(ова случајно го слушнав една вечер,не ми било намера да прислушкувам,а да сум прислушкувала којзнае какви работи ке сум чула до сега :o )

    А не сме се карале ниту јас сум и дала повод за тоа нејзино понашање,едноставно таква е...
    Ако го начека мм на само одма го подбуцнува,му го пере мозокот.....
    Она има два сина и они цело време биле под нејзино влијание исто како и свекор ми,и сега женава не може да се помири со тоа дека синовите и се оженија и дека не може она да им го диктира животот.
    За се нешто вика "ех јас порано вака,јас порано така"
    Не може да се освести дека веќе не може да команда како она што сака...
    Сум пробала да не и се обраќам се додека она не ми се обрати,сум пробала да и одам по кеифот кафе да пиеме заедно,отварам некоја тема да си попраиме муабет,ама џабе.
    За мм не пишав...он е како што дува ветрот така,ако се спука со неа не и збори со месеци,ако е у добрите најдобри пријатели се не дава да се каже збор за неа(како Љубчо и Бранко се...кога се мразат се мразат како најголеми душмани,ама кога се у арните најдобри пријатели се)
     
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Вчера ја носев малава крв да и земат, и слушам една жена(свекрва) на една комшика зборува со друга жена и и вика: Оваа мојава тргна да оди накај град со детето па се врати , демек и се јавиле да оди на едно место да чисти, а другава и вика е како не во 10 саат не се јавуваат за чистење ке се јавеле порано и оваа вика, да бе знам јас она мене ќе ме лаже којзнае што и текнало... Jaс си имам работа ќе одам да шетам не можам неа дете да и чувам.
    Останав со подотворена уста и си се чудам, што уште нема да им текне на свекрививе :)
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.116
    Допаѓања:
    124.388
    Оф мори мајко :rofl:

    Svekrva na mladu snasku: 'ja kd stanu ujutro, pinu si edno kafe, pa drugo, a treko moze da ga piemo dokolko kitka mi e na desno uvo, a ako mi e na levo, idi begaj podaleko od mene'. na toj snaska vu vrati: 'a ja kd stanu, drmnu si ednu rakiju, pa drugu, pa i treku, pa bas me gajle na koe uvo ti e tebe kitka'.
     
    На Nati.P, Umbrella22, Agrona и 5 други им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.733
    Пол:
    Женски
    Малце офтопик, ај за снашка, туку што сум слушала мајка за родена ќерка да збори.
    Да ја колне, да ја пцуе, да збори со омраза за неа за нешто што не ја послушала ... и тоа пред влез во црква ... и тоа на празник ...

    И јас прво помислив за снаата збори, ама другава жена до неа што беше искоментира: „Де бе, не збори така, ќерка ти е.“

    Жени кои без некоја конкретна причина не ја прифаќаат снаата/зетот, се жени од кои очекувам истите зборови/дела да им бидат упатени и кон нивното дете. Не сакам да мешам посесивна особа и грижлива мајка. Лошата свекрва да била грижлива мајка, никогаш не би го натажувала својот син со вакви постапки.

    Дури и да е снаата крива, нека го употреби мозокот па сама нека се справи со неа. :devil: Нема потреба да си го малтретираш психички детето со зборови од типот на „кај ја најде/какви девојки си имал/за ништо не ја бива...“
     
    На Ethrnity, Agrona и 17mart им се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    дада и тоа плус сто вика ако мајката на своја керка и вика,да колне и се тоа па сто тоа за сната :^) знаЧи не е проблемот до снаите туку до свекрвите е проблемот :!: нека си знат дека не ги бидува за нисто де :D :D

    мама моја вика :!: мајка која го колне и пцуе детето таа и не е мајка...и да во право е :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Кога ова го прочитав што го напишала нашата Трендафилка се подзамислив и си реков интересноА може ли од прилика да споделите какви беа вашите свекрвите пред да се земете со мажот?еве јас трендафилче ке напишам
    Мојата свеки беше толку фина, питома,слаткоречива со мене многучесто не им одев во посета бидејки повеќе сакавме да шетаме,лудуваме,у#иваме,но кога ке бев отишла таа ми правеше палачинки итн
    што си мислев леле колку е добра,сега велам-од доброта ни буквата Д.лицемерност
    ММ ме предупреди дека е лицемерна и дека ништо не треба да и верувам,ама јас не послушав...потоа дојде брак и таа блесна во своето вистинско светло...насекаде се ширеше чад од омраза,убавини до крајност...се додека не ми пукна филмот....сега е така како што е...
    само за крај ке напишам никогаш немајте разговор со мајките на вашите момчиња ако дојде до брак ке за#алите за секој разговор со нив....покултурно е да не им одите на гости бидејки ке мислат дека сте многу самобендисани и подобро отколку тие да ве оцрнуваат.и никогаш својте проблеми со домашните да не ги делите со дечковците,кога ке станете сопру#ници се ке заборават,освен моментите кога ви било тешко и кога сте разговарале со нив демек тие биле рамо за плачење,а сега ке ве удрат по нос
    Свекрвите оние паметните не прават проблеми ни на синот сакав да ка#ам глупавите кокошки упс свекрви не ни прават само нас туку и на синот проблеми,ама бидејки се глупи не мо#ат да го согледаат тоа
     
    На vesne му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Си ја читкам темава редовно, онака ПРЕВЕНТИВНО :D , и ова ми упадна во око.
    Нели мажот, како сопруг, треба да е пријател, и љубовник, и рамо за плачење, и утеха и слично?
    Зошто да не споделуваме со нив? Ова го имам слушано и од други, затоа ми е многу чудно.
    Тој треба да ми биде поддршка во животот, а ако прави вака понатаму, значи или дефинитивно не е за мене, или е некој психопат.
     
    На Doozy и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Има вистина и во тоа. Бидејќи е off, еве во спојлер:
    Не за џабе носот стои меѓу двете очи, :!: велат едното око не му верувало на другото. Точно е дека за цврст брак треба пред се‘ меѓусебна доверба, разбирање и љубов. Но сепак можеби треба некои работи од дома (домашни проблеми, караници) да си ги задржиме за себе. Иако, најверојатно се‘ е индивидуално, сепак стои она американското: „имаш право да молчиш, се‘ што ќе кажеш може да се употреби против тебе (на суд)“.
    Јас и мажот ми сме во брак година и половина, сме имале и жешки караници за ова време, но ниту еднаш не употребил нешто што сум му кажала во доверба против мене, да ми префрли во афект, на пример, ниту пак јас сум му префрлила нему. А си имаме доста кажано во доверба. И мене мајка ми ме учеше од мала, дека проблемите од дома не се изнесуваат надвор, но ете тој ми беше и сеуште ми е најдобар пријател, и како таков, во него имам целосна доверба. Се надевам дека не сум погрешила за довербата. Времето ќе покаже.
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ќе одам малку офф топик, се надевам дека нема да ми биде избришано мислењето.

    MacaLove мене мајка ми на времето ми викаше -не се кажува се` на дечко, а кога се омажив свеки ми рече-не се кажува се` на маж.

    На времето кога бевме во врска со мм, не сум имала некои страшни семејни проблеми па да сум ги криела и не сум му ги кажувала.
    Проблемите ми биле како и на секој млад човек кој сака да шета, да излегува, да се дотера и сл.
    Татко ми беше построг родител и имав полициски час, исто така не ми дозволуваше да одам на било какво преноќување (дали кај другарка, дали кај дечко, нема одење по одмори заедно, викеднди и сл.) и да излегувам секој ден. Дозволено ми беше 2-3 пати неделно, еднаш преку недела и еден ден во текот на викендот (петок или сабота), со исклучок на родендени, матурски, апсолвентски забави и сл.
    Тоа ми биле најголеми проблеми, имав и финансиски со оглед на тоа дека ако сакаш да излезеш ти треба пари, а ние бевме дома со една плата, само татко ми работеше. Тоа ми биле најголеми проблеми и за тоа сум се жалела на дечко ми (сега мм).

    Но, кога се омажив, блискоста меѓу нас двајца уште повеќе се зголеми и до ден денес мм ми е најдобар пријател, се` му кажувам, буквално се`, а и тој мене. Се` делиме, сите проблеми ги споделуваме, еден на друг сме си рамо за плачење, утеха, подршка, еден со друг се штитиме и браниме во секоја ситуација....тој ми е се` она што еден пријател би требало да значи, прав вистински пријател на кој можеш да се потпреш секогаш во животот. Најголемата депресија и криза во животот кога останав без работа со негова помош ја пребродив, да не беше тој и неговото трпение и љубов кој знае во која институција ќе завршев. Навистина.

    Искрено немам блиски пријателки со кои можам отворено да разговарам за проблемите кои ги имам без при тоа или да бидам прекажана или да ме гледаат со сожалување, а реално само се ситат и не ми помагаат.
    За жал, полека полека сите си го покаажаа вистинското лице, дека со тебе се` се додека имаат некаква корист или додека им требаш, ако може нешто да им се помогне....не дај Боже да ги одбиеш или да си немоќен да помогнеш, одма те забораваат дека постоиш. :x

    Затоа и се зачленив тука и неретко тука си ја испуцувам лутината и споделувам на форумов работи кои само мм ги знае или мајка ми. А тука пишувам затоа што знам дека ќе добијам објективни, не пристрасни коментари кои можат да ми користат.

    Кога пред неколку год. седевме заедно на тераса јас, мм и свеки и кога при еден неврзан муабет и` кажавме дека се` споделуваме, ни се почуди како којзнае што да правиме. :^)
    Само рече-не се кажува се`, јас на свекор ти многу работи не сум му кажала, немало потреба да ги знае, ќе кажам на сестра ми, на мајка ми и до ден денес свекор ти појма нема за тоа.
    Рековме дека едноставно од сам почеток се` делиме и тоа си продолжи, таков ни е односот.

    Не викам дека се` ни било сјајно и дека нон стоп ни течело мед и млеко. Сме имале страшни караници, се случило да зборуваме строго формално и по цела недела, да спиеме свртени со грб и ни добро утро да не си кажуваме, да држиме лутина и да не попушта ниту еден од нас (и двајцата сме страшно тврдоглави и инаетливи) ама она што сум му кажала никогаш не било злоупотребено против никого, а посебно не кон мене и никогаш она што сум му го кажала во доверба не го прекажал (барем јас не сум слушнала дека е прекажано). Не сум ни помислила дека заради караницата би можел да сврти нешто против мене од она што сум кажала. :!:

    Имам потполна доверба во него, до сега не ме изневерил во никаква смисла на зборот и се надевам така и ќе биде и понатаму.

    Се зависи од човекот. Со текот на времето се гледа дали е добар човек или психопат. ;)
     
    На Mayyya, LilBaby, MacaLove и 9 други им се допаѓа ова.
  14. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    лолита многу се пронајдов во предходниот пост, освен проблемот со таткоти (јас немам)

    и јас ќе одам офтопик,
    потаму можеби и ние ќе размислуваме како нашите свекрви(и мене на неколку пати ми има речено не се кажува се на мажот) ама и јас од кога сум со него се сме делеле и неможам да замислам да ни е поинаку, и неможам да ги сватам тие луѓе што кријат работи од мажите, неможам да сватам како му функционира врската, денес јас ќе скријам едно па утре друго, другиден мажот ќе скрие нешто и што е тоа???? :^)
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.733
    Пол:
    Женски
    Во право си. Најголемата вистина која ја имам прочитано во подкатегоријава деновиве, според мене. Оној кој не сака да те повреди, не сака да те повреди ни кога молчиш, ниту пак кога му се исповедуваш. Значи со мм се караме понекогаш (нормално), но и покрај сите работи што ни` се случија, никогаш, ама баш никогаш тема на разговор не биле домашните проблеми на едниот/другиот. Си префрламе конкретно за тоа како едниот се однесувал кон другиот во одредена прилика, но и во најголем афект си постои границата наречена грижа кон другиот и тага за она што му се случило нему.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си го кажам проблемот со мојата свекрва to be за скоро. Добро, не е некој голем проблем ама за мене е ова ново незнам како да реагирам. Значи вака со дечко ми сме заедно повеќе од 10 години. Сите овие години јас одам кај него бар еднаш неделно и се е во ред, со мајка му сум била на блага дистанца по моја желба. Едноставно така ми беше по мирна главата, сметав дека нема потреба што многу да се здружувам пред време. Значи се културно и на место си било, општи разговори и секој си ја знаеше својата граница до каде. Е сега од пред некој месец купивме ние стан. На почетокот беа они зачудени зошто сме купиле, па таму имало место, па сега синот ли ќе се селел од дома, едиствениот :!: и така. За ова прашање си разговараше дечко ми. Тој инсистираше дека тоа си се негови родители, он ќе си разговара, јас да не се мешам. И навистина еве после некој месец си прифатија, сега нудат помош секаква, стално повторуваат ако нешто треба нив да им кажеме.
    Е сега што мене ми смета. Од пред месец дена женава си почна со една нова тактика со својот син. Односно мене ми шепка јас него да му кажам или да го натерам да направи или не направи нешто. Тој е човек кој не е мамин син, како мисли дека треба така прави и тешко подпаѓа под виланија (ниту под мое не подпаѓа) Конкретна ситуација-имаа некој семеен проблем со блиски роднини нешто за некоја делба таму. Незнам точно кој како, не ме интересира. И на моето прво одење кај нив она ми вика: те молам збори му да не реаѓира така, да не се нервира, да не избувнува пред чичко му :?: Втора ситуација: одам јас кај нив и она пазарела и заборавила да купи леб и сега не му вика него, туку мене ај те молам речи му со изговор дека сакаш нешто благо инаку мене нема да ме послуша и уште неколку такви ситуации.
    Прво незнам што и е поентата, дали сака да ми се доближи, второ несакам од него да кријам ништо. Посебно што збори мајка му и сега што да правам. Ич не ми се допаѓа ситуација со шушкање и шепкање, јас сум многу директен човек ама ај еве се воздржувам неколку недели да не ја оплескам работата уште не почната.
     
  17. MD.2Love

    MD.2Love Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    12
    зраво женски
    вчера на овие теми праев муабет со мм и ми вели вака ние се човек родио што је на лјудима погодио
    и усте ова порано кога одевме кај нашите свекрви ништо не ни сметаше одевме на гости седнуваш гостин станваш гостин бегаш гостин сега живејме со нив и ни е дома. буквално солта неа и стој тука тебе сакаш да ти стој тука оти мислиш дека така треба и е правилно и е по практично и ете оп кавга можиш да пресадиш дрвце година две три старо ама не и чинар стар 100 години ((20.....50) свекрва ) .
    сакам поке да пишам ама не можам оти мојава е тука само се плетка виде дека пишам нешто на компјутер и само се плетка сака да види шо со кој пишам госпо да чува е мене ова ме нервира со немам приватност некогаш едноставно ти треба простор ама тука нема ова е незина територија можама само да чекам оти ми иди период за преселба и кефој сум одвај чекам уште месец месец и пол :rofl: и куртулив
     
  18. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Морам да пишам и јас да си ја олеснам душата. Тешко ми е. Немам со кој да си кажам нешто вака. Моите се во друг град и далеку ми се и не сакам да ги нервирам да им кажувам. Со мм некогаш не можам да се разберам се нешто погрешно ме сфаќа. Еднаш ме разбира еднаш не. Веќе ни самата не знам што да правам. И се стегам, се стегам и душава ме боли. Значи свекрва ми не ја можам ама ИЧ. Се само се плетка таа како ќе каже мора да се слуша тоа, свекор ми е буквално безгласна буква, а човекот си е супер. Еве што имам заприметено кај неа што мене многу ми смета ама страшно ми смета тоа. И кога бевме во врска те едно-две на телефон еве ти ја, јесте да му е мајка ама тоа е па ептен претерано. Му ѕвонеше тогаш на секој пола саат и сега еве кога сме во брак. Ние ќе излезиме таа еве ти ја на телефон до кај сте кога ќе си дојдите, ај купете ми ова и ова :fubar: АЛООО излезени сме само што излеговме еве ти ја ѕрн ѕрн :worried:hock: И пред некој ден муабетов и е не се шета по куќи не се излегува :punch: И јас така лепо и фино и викам (значи ми дојде преку глава) епа кога си можеме млади сме ќе си шетаме зошто да не шетаме, шетај и ти ако ти се може, нас ни се може и ќе шетаме и оваа ни А ни Б не рече, направи некоја фаца. Прикрај сум со трпението, уште месец и нешто па да се качиме на горниот спрат да не ги гледам да ми шират со тоа золвиштето негативна енергија кога и да поминам покрај нив. Моите што можат помагаат и колку можат, дали парично дали нешто ќе ни подарат, овие со прст не помрднуваат, а гледаат дека се мачиме со кредити двајцата со просечни плати цел спрат од темел сами со мм направивме, а мм цел спрат сам го направи без ничија помош без мајстори. А свекрва ми само кука пари нема пари нема, а свекор ми зема пензија колку јас и мм двајцата заедно што земаме, а таа никогаш не работела во животот и кука. Епа кукачке стани работи нешто ?! Млада е уште може. Само се жали дека не и е добро да ја сожалуваат сите жив хипохондрик е и многу ме иритира тоа. Кога требало да работи НИШТО не работела, убаво и било свекор ми што и ја давал цела плата на госпоѓата. И денес кај неа се парите таа раководи со парите од свекор ми. Затоа јас ни денар повеќе нема да потрошам, ни да им купувам, ни јадење да им правам, ја мрзи да измие тоа золвиштето еден филџан. Само на шетање мисли, само да излезе да се облече и правец во град да скита. Друго ништо не ја интересира. Ни тоа дали некој дома е арен или не, баш и е галје. Не е мала има годинки, вика ни маж ја интересирало ни ништо сакала госпоѓицата да шетала и кариера да правела од мајка е да не се одделела. :fubar: Епа ци*ка нека и даде мајка е. И јас имам мајка ама дотолку не сум мајку му. Уффффффф :@ :@ :@

    Ќе ми извините ве молам. Разберете ме дека немам со кој муабет да направам. Вакви работи не се за пред секој. Другарките како другарки се нешто друго си додаваат си прават нивни варијанти, додаваат на шлагот јагода. А на моите да им кажам не можам да им кажам да не ги загрижувам. Уште еднаш простете за долгиот пост, само сакав да си ја олеснам душата.
    Сега подобро ми е малку :|
     
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.116
    Допаѓања:
    124.388
    Абе мила издржи таму уште малку барем на друг спрат ќе бидете.Да сте можеле што сте правеле спрат во нивната куќа барем еден стан да сте си купеле тоа ќе ви било нешто најдобро :(
    Нема што да им се замараш на коментарите,не им покажувај дека се нервираш,прави лице и свиркај си.Оти ако покажеш дека се нервираш уште толку ќе ти се качат на глава.Прави си тебе како ти одговара и ич да не ти е гајле,иако знам дека иритира.
    И најбитното од се-маж ти.Само тој е моќен ти џабе ќе си кинеш живци ,не си ти таа да ги исправа работите.Нека ги земе под свои раце така да никој да не смее веќе да ти се обрати така.
    А без маж ти тешко тебе,без негова подршка јас не ни помислувам на нешто.И ако тој е до тебе и те подржува ќе бидеш многу помирна и нема да им се замараш ;)
     
    На lolyta777, Agrona и tessie им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.733
    Пол:
    Женски
    Најпаметно нешто... вака вложиле во нешто што не е ни нивно како што треба...лекција за идните брачни парови на темава.
     
    На lolyta777 и Agrona им се допаѓа ова.