Јао изгледа да ви се црта треба. Да, знаеме дека не е легално да ме отепаат ама поарно нека најдат начин да умрам побрзо него да ме гледаат. Оти или можам сама да се гледам или не сакам да живеам.
Кога се зима кредит мора на се да се мисли дали може да се врати ,а за свадба е друго се планира се знае кога е свадбата ако имаат ќе одат или некој ако планира свадба ако нема планира кредит пред време или па не прави,јас лично за свадба не би зимала кредит ама има некои и за одмор зимаат важно на одмор а не е важно што живеат во две соби 3 генерации ,кога доаѓаат болести не се планира тоа,сега и многу млади се разболуваат,па цела заштеда оди по болници,па не се способни да работат,а за работа и јас работам и сопругот,ние немаме потреба од дополнителна работа,знам многу што работат по две работи и мажи и жени ама зависи и каква работа Ај некој работи градежништво од сабајле до вечер,и кога ќе работи втора работа ? Само да се кажело нешто, А да ве прашам еве купувате заеднички стан со сопругот,родителите ќе остарат и сакаат со вас и сопругот ако не е разбран и ги донесе,што ќе правите,ќе се разведете ли ? Зошто гледам темава вришти од ако имате свое ништо не ви можат,можат и тоа како ако сопругот не е разбран и не е одвоен од сукњата на мама . Па во една тема читав како на една членка золва и од друг град доаѓале секој викенд со сопругот и немирното дете а станот заеднички им бил купен,ако мажот дозволи се на неговите џабе сте во свое и одвоени од свекор и свекрва па и во друг град да се,еве моите доаѓаа скоро секој викенд ама сопругот пресече . Даа ви кажам мои блиски што се во странство се мајката на снаата оди таму и цела нејзина фамилија,од сопругот никој . Исто и на мојот сопруг братучедка му е во странство неколку пати беа мајка и,татко и,брат и и сестра и со се сопруг и деца,секако не наеднаш сите,а свекрва и што е сама никогаш нема отидено,еднаш за золва и кажа како да не ми потребала да доаѓа,па и таа е сестра на сопругот,значи само оваа има фамилија сопругот нема . И не мешајте свадби со болести,свадба се планира,болести не .
Тотална глупост и лудост. Може во моментот немаш за свое, ќе се снаоѓаш под кирија во гарсоњера ако треба. Ама ова според мене, ексик ми се и 200 квадрати ако раат на мозоков немам. Како некој што живее 2 години скроз сам, ни со моите, ако претходно и мислев дека постои можност за соживот во заедница, сега сум сигурна дека ни на мое име нема спрат да кревам никаде. Раатот нема цена, квадратите се небитни во споредба со него. Ама тоа сум јас. А да вложам на туѓо име, ни 10 денари, а не па цел спрат. Манчмелоу извини ама, и најздраво да живееш, постои нешто што се вика генетика, нешто што ќе наследиш и нема правила едноставно. Колку сакаш живеј здраво, доволно работев со болни луѓе за да видам како спортисти, непушачи, непијачи, внимавачи што јадат, се разболуваат и умираат од болести “резервирани“ за овие, што не се грижат сами за себе. А што се однесува до утепување, детето ќе си го пратиш во затвор ако те утепа. Прво ќе го истрауматизираш пошо е себично до коска да бараш такво нешто од било кого, а второ затоа што во Македонија не смееме ни од милосрдие да убиваме никого. Ако сопругот не е разбран, не треба да е сопруг. Не е баш тешка математика. Мајка бараш да живееш со некој што нема основна почит за жена му.
Се читаш вака што пишуваш? Најди си сама начин и отепај си се. Најлесно и бар никој нема да те носи на душа.
Епа тоа е точно јас пишав среќа што мојот не е таков ама еве се е ок и наеднаш старите неможат и сакаат со синот и снаата,синот не знае да пресече и значи треба да се разведе .
Значи да, зашто да останам со кој било ако немаме разбирање, ако се нервираме еден со друг, ако си се одмилиме еден на друг? Што е побогу бракот, било која врска впрочем, партнерство? Бојно поле?
За првото зборам за работи кои СЕ во твоја контрола. И да не пушиш можеш да добиеш рак ама не мораш да пушиш де, а да му трубиш на детето да те гледа. За генетика и остали фактори душата си ја имам измачено да ја научам, не се секирај. А за второто не мора ништо да прават, само нека не ме мачат за џабе демек со гледање, и себе да се мачат со тоа. Неќам живот кај што друг ме гледа.
Ако синот не знае да пресече, ќе пресече снаата. Ако синот е разбран, ќе си ја послуша жената, а ако не е , тогаш развод. Не треба уопште да се женат такви.
Тоа и ми беше поентата околу проблемот со девојката. Ако не те почитува и цени, таков маж не ти треба. Јас бев таа што прва пресече. Ми требаше период да го обработам маж ми. Да не се вразумеше, ќе го оставев. Не се срамам да пишам дека малку фалеше да се разведеме.
Па не треба да се женат мамини синчиња,ама еве читам кај некои снаата готвела и за старите,им перела,им чистела,на нозе биле не болни,а се уште се во брак,значи и на снаата и одговара штом незнае да пресече .
Ако и одговара нека си седи. Ама со новиве генерации, веќе нема да биде така, никоја веќе не трпи свекори и свекрви, подобро сите разведени отколку да гледат стари шо не се нивни.
Се надевам нема животот до толку да си поигра со себе, па да дојдеш во состојба да не можеш ни сама да се рокнеш. Свашта. Иначе другиве сите сакаат некој да ги гледа, важи.
@Angi266 Мене ме интересира зошто никаде не се спомнува твојот сопруг, кој тебе како негова жена и неговото дете треба да ве заштити и да ви овозможи приватност, кога веќе сте биле договорени на тоа? Нели тој треба да постави граници? Нели тој треба да разговара со сестра му, со родителите? Него не му смета тоа што сестра му ви го буди детето на секое влегување дома? Дефинитивно разбирам од каде произлегуваат твоите фрустрации, иако не ми се допаѓа начинот на кој комуницираш, сфаќам дека ти треба приватност и дека на овој начин не можеш да функционираш, не би можела ни јас. Прво удобноста на детето би ми била најважна, а потоа и се друго. Поделбата на имот нема ни да ја коментирам и да навлегувам бидејќи мое мислење е дека двете деца треба да добијат подеднакво без разлика на полот, ама еве вие сте имале некој договор кој требало да се испочитува. Не разбирам зошто не се среди собата на золвата, кога стигнало до една соба а би се решиле толку проблеми? Ама пак ќе кажам, каде е мажот ти во се ова? Постојано читам, золва, свекрва. Не ти се тие криви. Тие се онакви какви што се, не можеш да ги промениш. Сопругот е тој кој не сака домазет, не сака кирија, не сака кредит. Епа или обезбеди приватност која во случајот се постигнува лесно ( а не е кај сите така едноставно), или соберете парталите од таму и имајте мир.
Нема потреба од вакви "ќе видиш" замислени сценарија. Некои ставови не може да ми се сменат. Ако се мачам јас, барем други нека не се мачат за мене.
Ти нејќеш живот кајшто друг ќе те гледа...и автоматски значи нејќеш никого да гледаш...ама некој да ти го поклони живеалиштето, пошто си заслужила со тоа што те родиле Стигнавме значи до непопуларното мислење-старите да извршат колективна еутаназија, да направат место за младите
Јас неќам мене да ме гледаат, за другото нешто друго велев. Ќе ги гледам ако не сум подоле од бате оти сум се родила со таква. Иначе не. Значи не мора ништо да дадат. Ама ни бате да не добие ништо. Не би да кажувам приватни работи во темава ама доста болни зборови сум чула на темава така да си знам јас како ми е и зашто паламудам. Накратко само ќе речам дека да, имам луѓе во опкружување (не мора стриктно да се моите) за кои е помала срамота да ме тепа мажот него да земам дел од имотот. И други погадни работи кои не би ги спомнувала. И за она со еутаназија, да има такво нешто уште од сега би потпишала ако некогаш дојдам до некоја ептен тешка состојба, да ме еутаназираат. Ама нема па тоа е