1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.024
    Има, слободно пријави се во Швајцарија.

    Инаку и ние некое лично искуство имаме, па сега ако не соодветствува со твоето, не значи дека измислуваме. Лично кај мене, од едната страна сите деца подеднакво добија. По смртта, јер инаку требаше на улица да живеат баба ми и дедо ми, толку било имањето. Среќа па разумна фамилија сум имала, не паднале старите на терет на никого посебно, кога западнаа подеднакво се грижеа сите, и не се колеа- ај дајте ни сега, ни требаат пари за ова она, скап е животот. Нит снаи, нит домазети, ни свекрви, ни бакрачи.
     
    На Mnik, 1209, H.VAGA и 5 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Не реков дека ќе видиш, реков се надевам нема да видиш.
    Имај си ти став, ама човек квадриплегичар после мозочен удар тешко може сам да си скрати маки, а не од други да бара да му скратат.
    И не, никој не сака да е во таква ситуација, божемесачувај.

    Што се однесува на поделби, во моја фамилија уште од на баба ми времето ќерките добиваат исто што и синовите. Нема поделби по полови органи.
     
    На *Amethyst*, Pa8la и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    19.798
    Пол:
    Женски
    Па ова повеќе било фер отколку на ти синко цел спрат/стан тебе, ти ќерко иди кај маж ти ама ќе нѐ водиш ти ќерко по лекари кога ќе дојде ред.
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.024
    Апсолутно фер. Сите што ќе се мажат/женат, аус, еве ви пари толку, сакаш кола купувај, сакаш живеј со свекрва, сакаш под кирија, сакаш кредит. Повеќе нема. И сите среќни и весели. Ако ги земала ќерка да ги гледа (рачунај 30, 40 години по свадбата) алал да и е имотот на ќерката. Или на снаата. И никој немаше да се буни и такво сценарио да беше.
    Затоа е најбитно да воспиташ разумни деца и се да биде транспарентно и фер. И емпатија да се има, оти тој што паднал на 80 ти да му го бериш гајлето, некогаш тебе ти го барел гајлето, да бидеш тој човек што си денес.
     
    Последна измена: 16 октомври 2023
    На emiliana, *Amethyst*, Mnik и 6 други им се допаѓа ова.
  5. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.901
    Апропо муабетот ако мажињата се златни и разбрани кој ги воспитал така паметни кога овде се пишува дека 100 од 100 посто сите свекрви не чинат?
    Или на улица се растеа сами и воспитуваа?
    И доста со остала родбина, сестра, свекрва, золва, јатрва, единствено златниот маж кој дома не пофаќа ни едно пенкало, тој ви е само виновен!
    Другото само утеха.
     
    На Bezimenka90, emiliana, Spicy Senorita и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Моите имаа наследство од нивните родители и нешто во село ниви,продадоа и ни поделија под еднакво на мене,сестра ми и брат ми,ни рекоа еве ви пари што сакате купувајте,сакате патувајте,ние сите тројца си купивме стан,секако си додадовме и наши пари заштедени,нешто од свадба за внатрешно уредување,а куќата од моите се подели на три дела,ама додека се живи моите никој нема право на ништо,ниту да ги избркаме ниту да продадеме тоа после нив и сигурно нема во една куќа да седиме три фамилии,иако е голема на 2 спрата и поткровје,сигурно ќе ја продадеме и ќе си поделиме на три дела,добро се сложуваме и со снаата,и кога одиме на ручек кај моите сите сме гости,ама јас и сестра ми помагаме на мајка ми да раскренеме не и наредуваме на сната како некои иако и таа се понудила .
    А не тука цел форум е како куќата и припаѓа и на ќерката ама ќерката кога доаѓа на ручек кај мајка и е гостинка,а снаата измеќарка ма немој .
     
    На *Amethyst* и Zumbulche им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    19.798
    Пол:
    Женски
    Биљарке ја еднаш сум кажала и пак ќе кажам - со луѓе сум на принцип како ти мене, така ја тебе.

    И на баба му на дм сум ѝ помагала по дома не зашто утре очекувам нејзин дел туку зашто сега од свои внуци не ме дели и никогаш не сум чула закоравени ставови како она што го кажав погоре, баш напротив. Гледам како се однесува со мене кога ќе идам кај неа, просто да ја засакаш ко своја баба. Заслужила многу од мене едноставно.
    И упорно сте се запнале демек ако ве родиле не ви должат имот. Абе не сфаќате оти се работи за достоинство. Што се осеќаш ко гомно оти си женско ако те одвоиле ради таа причина, ама и родителите и комшиите очекуваат да ти е тоа најнормално. Нека не е имот, нека е друго ама преку имотот се гледа најчесто кое дете е отпадот. И таму каде само женското дете се учи на домаќински работи. Оти се почнува со ситници од типот девојчето дома да раскрене и да вари кафе, завршува со бркање кај мажот и оставање на имотот на синот.
     
    Последна измена: 16 октомври 2023
  8. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    А според тебе треба братот и сестрата кога ќе се омажат и оженат да си живеат во куќата кај што се родиле ?
     
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    19.798
    Пол:
    Женски
    Прашањево...
    Кој вика дека треба? Или не треба.
    Муабетот е да добијат еднакво. Или двајцата ич. После кај ќе живеат не знам. Не знам како две прости реченици не сфаќате.

    Ме чуди што сте олку изненаЃени што во Македонија имот претежно се дава на син.
     
  10. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    А вие што сте запнале давале на син,што давале,милостина?Ќе дадат спрат од куќа при тоа снаата и синот ќе го опремат скрос,од нова струја,нова вода,и мораат да ги слушаат инаку ќе им кажат каде се наоѓаат,и на крај очекуваат снаата да ги догледа,е не че мочи,еве на сопругот игла не му дале родителите,на золва ми се и помагаат,уште не и ја препишале куќата ама не би ме зачудило,ние си имаме ни куќа ме интересира ни стари да ги догледам,на ти синко спрат од куќа да бидеш до нас за утре кога ќе се ожениш да има снаа да ме догледа,е ваков е менталитетот,ужас,а свекрва ми кога имаше проблем со ногата сопругот (син и) ја носеше по доктори,не золва ми.Му кажа ајде синко па вие сте Скопје дада ти неможе оди на работа,а ние дома дремеме демек ко да не одиме на работа,ама ние сме луѓе,како да ја оставиме така,додека беше кај нас во Скопје золва ми не се ни јави да праша како е мајка и,свекрва ми на тоа викаше немала време,како бе за родена мајка да немаш време да кренеш телефон да прашаш како е незнам .
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.798
    Пол:
    Женски
    Абе не можеш секогаш на пола да пресечеш шо знам. Живот не е математика. Шо ако имам многу помалце од брат ми и знам дека ми е до таму плафонот иако се трудам. Да ми рече не сестро по пола само, ако имам јас, ти мачи се цел живот. Или обратно. Нас не воспитале да не мериме на кантар. Знаеме дека исто не сакаат. Знам дека утре да немам, брат ми прв ќе ми помогне и обратно. Не се мери се на вага...
     
    На *Amethyst*, Zumbulche, princess02 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    19.798
    Пол:
    Женски
    Они нека дадат од нивна страна еднакво, (или ич на двајцата) утре кој на кого ќе помага е веќе друго и меѓу себе ќе си се договарате.
    Некои не знаат дали братот ќе им помогне зашто луѓе се денес едно, утре друго.
     
    Последна измена: 16 октомври 2023
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    20.832
    Пол:
    Женски
    Абе ти супер шо имаш брат шо ќе ти помогне, на моја пријателка брат и , го зеде имотот, она се разведе и не сакаше да ја прими дома. А сам живее, нема жена и деца.
    Не се сите како брат ти.
     
  14. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Де се браќата монструми ги прикажувате,а сестрите цвеќиња за мирисање,мојата золва колку е алчна само парите и се во глава .
    Јас знам сестра што го остави братот без ништо,тој си беше Германија оваа со нејзините на нотар незнам каде направи на неа да и препишат,сите го советуваа да ги тужи не сакаше си се среди таму се ожени и има деца ама не дошол да ги види а сестрава откако остареа нејзините не ги однела на доктор .А има стан ај да нема си заработува и не живее кај нејзините ете за инат го направи тоа,е сега слушам нејзините барале од комшии нешто да им испазарат,да ги однесат на доктор . Ама не синот не им чини и снаата ете им ги ќерката и зетот .
     
    На *Amethyst*, felisitas и Adidas888 им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.783
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми се гледа за золвата, она да има, ама кога и треба нешто нас не бара. Малце и е куќа што и направија, секој ден ручек, сака повеќе и повеќе, а бе нека земе и куќа и се ако тоа и е задоволство.
    Јас си имам од моите, не ми треба повеќе, ми потребало нивно па да ми го преречат, чудо што дале на синовите, па намерно кревале спратови, за синот и снаата да живеат со нив, да можат да ја малтретираат снаата, да им слугува, па што ќе кажат комшиите ако не живеат со нив во иста куќа.
     
  16. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    20.832
    Пол:
    Женски
    Не само братот, туку и сестри и тетки и чичковци, сите се ненормални, крвта престанува каде почнува парата.
     
    На *Amethyst*, Pa8la, Aschenputtel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Кај мене мм, баба му го пораснала. Свекрва и на свеки. Дури и сама си кажува, не крие. Оставала деца со свекрва, одела по свадби, по кафиња, по комшики, спиел кај братучеди од 10 години, го оставале кај сака да оди, од 12 години дома за спиење и јадење си идел.
    80% од времето мм со баба му бил.
    Башка да не се правиме на мутави, на сите нас однесувањето од дома ни е? Не учиш ништо низ животот? Не се менуваш? Не попримаш однесување, знаење од околина, колеги, другарки? Да знаеш јас од каква средина доаѓам, со понашање и општо однос кон луѓе, кон финансии итн. ништо немам попримено од дома.
    Ако е за така татко ми никого не го трпеше, све он најпаметен беше, сите полоши од него, мрза белосветска беше, а јас најмногу (физички) личам на него, значи би требало и јас да сум иста? А баш сум контра на све.
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.783
    Пол:
    Женски
    Е ова колку е само точно, јас затоа на дистанца сум со сите, од на мм страната сите блиски, затоа вујковците негови исто за имот се испокараа и не зборат, ама свекрва ми за нејзините се ќе даде, па не тера и нас да сме блиски со сестра и и браќата, мене ништо не ми се.
    Глупа бев ги викав вујче+името, сега ако ги спомнам на име, свекрва ми и свекор ми "како така вујковци ти се", јас на тоа "не се на мајка ми браќа, колку што знам има еден брат и имам еден вујко", многу мразам откако ќе се омажиш автоматски роднините на мажот мора да ги викаш тетка, тетин, вујко, вујна, стрина, чичко.
     
    На ♡ Cinderella ♡, Mnik, Алек*** и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Јас не седам со старите аман, излези од тој твој опседнат круг. Но веќе не ги осудувам оние кои седат, т.е твоево е веќе вреѓање до степен на опседнатост, а не осуда.
    И не, не те научил животот ништо. Зелена тиква тотално.
    И не, не се тешам со тебе и твојот живот, ти мене не ми значиш ништо, ликче од форум.
    Се надевам и дека нема да баучиш на потешкиот начин.
     
    На Zumbulche, Emy867, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Феминизам е една работа, ова е друга работа.

    Не е ок да се дели женско дете по ниеден основ, сама сум рекла дека нема помизерно од тоа на синот да се даде, а на ќерката не.

    И нормално е да боли и да се лутиш ако те двојат од брат пошто си женско.

    Ама пак тоа "кога ќе паднат во кревет" не зависи само од поделба на имот, зависи од милион ситни и не баш ситни работи во животот.

    Ако те третирале како отпад цел живот, секако, ни јас не би им се замарала, нека ги гледа тој што не бил отпад. Ако не ги гледа добро, јебига.

    Ама ако имам добар однос цел живот и не ме третирале како отпад, да ми речат утепај ме, ќе помислам дека се ненормално себични и ќе ме повредат.
     
    На Emy867, *Amethyst* и Mnik им се допаѓа ова.