Сакаш совет или сакаш да јадеме гомна за золвата? Поима немам што сте се договарале пред брак, ама до овде до каде што прочитав. 1. Дали воопшто ти или маж ти ја седнавте на маса НЕА да и' кажете дека обврските мора да си ги поделите? Не може ни ти по неа, ни таа по тебе да чисти, а прашање е зошто маж ти не го спомнуваш, што е тој, фатен во рацете? 2. Ич не е нормално НИКОЈ да ми кажува колку ќе ми доаѓаат моите. Во мојата книга ако во ваква ситуација маж ми не ме одбрани, значи не треба со него ич да бидам, пошто не е маж, лигле е. 3. Нивни си се ѕидовите, ама пак маж ти треба да им рече да заќутат. Дур он им ќути ќе земаат се' повеќе сила. 4. Ич не ти чини твојот муабет за кога да се мажи золвата. Не' има на форумов 30+ што сме живееле со некој или живееме, или што живееме со родителите и нема право никој да ни каже кога и дали воопшто ќе се мажиме. 5. Решение на вас ви е според мене ако баш не сака никој да си оди, тој спрат што го имате на пола. Па секој по пример 40м2. Дали таа сама, а вие со 3 деца ќе живеете, не е ничив проблем. Не е решение да викаш кај и' е местото. Местото и' е кај што ќе речат мајка и' и татко и', пошто да, нивна е куќата. 6. Маж ти не сака домазет и тука уствари лежи зајакот. Немаш проблем ти со никого освен со него. Дур со него не си го средиш односот, сите ќе ти бидат криви. Ама во реалноста сама си го одбра за маж, не те омажија со сила нели? Еве јас кажувам дека нема да се мажам со маж што живее на спрат и слично со неговите, таман златни да се. Јас не сум златна и никого не сакам. Затоа со ред почни, прво со него, па кога со него ќе се договориш и ќе бидете вие двајца тим, за останатите е лесно.
Сите паметуваат и навредуваат, не дај Боже да им се во кожата на тие што си имаат мака, и со тоа "перете посрани гаќи" аман, ги направи на смртна постела, направи како сите да переме посрани гаќи, неее, не переме, ама ако дојде не дај Боже до тоа никој така не би си оставил свој родител, пишуваа кога членка се пожали како доаѓале нон стоп сестрата и родителите на мажот, па ја нападнаа дека фамилија му се и неможе да се откаже од нив, а сега друго пишуваат, да пресечат со сите, на дистанца само, па мажите ги прати во странство, налет таков брак. Жртва морало да се направи, жената тука, мажот во странство, па бракот е помеѓу двајца, таков одвоен живот кој сака не треба да се жени/мажи.
Љубовта и почитта е таа што ги поврзува луѓето. Утре и јас ќе имам снајка.Радо би им плаќала кирија(иаку изградивме голема куќа)само да немаме проблеми.Најсреќна би била двајцата да си имат партнери на место,и да си бидат среќни.И таа снајка е нечие дете,и штрк не ја донел.Ама оваа генерација на свекор,свекрва ,повеќе гледаат децата да си ги искористат.Чест на исклучоци.
Да не ја должам од памтивек, моментално живеам под кирија, не сум сигурна колку, да речеме 4 години. Втор стан ми е. Не сум имала ама никакви проблеми, во првиот ме нервираа премногу глупости што имаше во станот, затоа вториов го земав празен и мое се' си донесов. И постои договор преку агенција, е да, се плаќа солено, ама си раат и не смее ни да ти влезе ни да те брка некој. Се' додека уредно плаќаш сметки и кирија, еднаш или ни еднаш гледаш станодавач, пошто еве сега на сметка им префрлам, ќе ги видам здравје за 2 години да потпишеме анекс на договор. Ако сакаме да продолжиме де. Исто во договорот може да имаш и плус ставки што агенцијата не ги предвидела, во мојот случај чување на миленици, не мора да има, сакам да има. Исто и со ситни преправки (полица, шајка на ѕид.. итн). Не, не е најидеално живеењето под кирија, ама за мене е подобро од живеење со било кого, а сама сум. Со маж па уште помалку има логика да седам со уште 5 луѓе, само за да заштедам за некогаш. Животот е денес, а раатот нема цена. Ништо не ми вредат парите да створам што било некогаш во иднина, ако денес јас, маж ми, децата живееме во константен стрес и лутина. Не вреди. Со толку нервоза, што поради различни карактери, што поради фактот дека едноставно не е нормално да живеат ни 2 генерации под еден кров, ако децата се нели возрасни, тоа "некогаш" може нема да го доживеам. Колку и да ги сакам моите, уште повеќе ги сакам пошто се гледаме на кафе/ручек и не се чекаме сабајле за во вц. Ми се наоѓаат и им се наоѓам, ама на крај на ден и на почеток на ден, секој во својот дом. Иако немам имотен лист на станов, имам договор кој ме штити и не, не може сопственикот што сака да прави. На потежок начин научив дека ама за се' на светот, треба хартија. Ако не се согласам да заминам, не може ништо, освен да чека да истече договор. Анекс на договор се потпишува 2 месеци пред истек, ако има намера да не ти издава веќе, тогаш знаеш. За периодот на договорот не смее на никаков начин да располага со имотот, ниту да го продава.
И еве утре газдата пред истекување на договорот ти каже ќе го продава станот,кај ќе одиш со целиот мебел?Треба да бараш нов стан според мебелот,еве кујната како,можеби сега ти е во ге,новиот стан нема таков простор,и нова кујна ќе купиш?Имав другарка откако се омажи живееше под кирија,не дека свекрва и не им даваше кај неа,ама сопругот беше од село од внатрешноста она од Скопје,и мораа поради работата под кирија.Неможеше кујна да си направи по мерка,викаше утре ако одиме на друго место и ако не ми одговара,купи само гарнитура.И само ќе ги носат натака навака,потоа си купија плац и си направија куќа.Кога живееа под кирија јас знам колку трпеа за леб што се вика,па едно дете,па друго,колку пати им носев нешто за јадење,облека,сите им помагавме кој колку има,а двајцата работеа,сопругот две работи работеше и не се луксузираа,плус тогаш киријата беше поефтина,најдоа дел од куќа ефтино и голем простор,сега во Ѓорче е скапо не во Аеродром,Карпош,К.Вода,и сега ќе кажете немора во тие населби,зависи од работата,ако работи Пинтија а живее во Ѓорче?Не солете памет кој како сака нека си живее,ама тука читам родителите помагале со храна,сметки на некои,затоа не скокајте толку,не знаете со што се соочуваат луѓето,ти си сама колку што те читав,утре да имаш деца па да видиш колку имаат потреба.
Точно три пати се селев од еден до друг изнајмен стан со цел мебел, од кои два пати со дете. И, еве, жива сум. Сега живеам во сопствен стан купен на кредит. Ќе го исплаќам 20 години, ама подобро вака отколку да живеев со свекрва и свекор или со мајка ми... Раатот нема цена. Дали ќе јадам леб и сол е моја работа и моја одлука секако. Изговори секогаш може да се најдат за се и сешто, волја малку потешко. И уште ова, сите (тврдам) може да се снајдат ако не друго барем да живеат под кирија, сите!!! Прашањето е само кој колку е решителен и има желба за истото.
Ти ќе јадеш леб и сол,ама децата? Па за во школо имаат потреби,облека да им се купи, не судете многу,незнаете низ што поминуваат,ете не сакаат под кирија,нивно си е,зошто постои темава незнам кога неможат да се пожалат-темата е проблеми снаи и свекрви и си ги кажуваат,вие ли ќе им помогнете?Ајде оставете ги луѓето да си ја кажат маката,неможе никој да им помогне,ама им олеснува кога ќе се искажат.А и вие што немате проблем со свекрва што барате на темава,има и други теми,или да мудрувате и да им солите памет,ако имате совет дајте ако не ви одговара прескокнете немора зачини да ставате на секое,јас одамна си читам на форумов пред некој месец се зачленив,еднаш пишав да се издувам не да барам совет,одма сите а каде е маж ви? И не пишував само ве читав ама стварно претеравте веќе,колку сакате селете си се ваше право е,треба тие што се под кирија ние што не сме да им рипнеме ама како купете си ваше,ај не им буричкајте во џебот,секој си знае колку може да си дозволи .Си пишала дали ќе јадеш леб и сол е твоја работа и твоја одлука па и на другите е нивна одлука дали ќе живеат со свекрви,под кирија или ќе плаќаат кредит 20-30 години и ќе врзуваат крај со крај,од кај знаеш ти и другите што осудуваат дека живеат со свекрви,можеби за да соберат пари за учество за стан,сите богаташи сте тука и кирија плаќате и собирате за стан,епа и зависи што работите,неможат сите во администрација,мора некој и во конфекција,маркет,некои хигиеничари работат,по ресторани,па некои што се од многу помал град тешко се наоѓа работа,неможат сите во Скопје да дојдат.Сите сте јаки тука алал нека ви е .
@Pa8la сето тоа е во ред, ама не можеш да очекуваш да тече мед и млеко ако си во заедница. И кај мене одреден период не беше совршено, ама и тоа го средив. Тоа е предноста кога си на свое. Зошто не си зготвила, зошто цвеќињата не си ги навадила, зошто не си ја исчистила кујната.... Сето ова мораш да го трпиш затоа што ти дале покрив над глава. А во свое ако сте не си должна да трпиш. Се си има предности и маани.
Ама знам дека сето ова е точно,еве јас не сум живеела во заедница,кога одиме викенд кај свекрва ми јас одвај издржувам па кога доаѓаа и они кај нас се обидуваа да се мешаат,ама пресековме,знам како е јас 2 дена одвај ќе ги истрпам а не повеќе,и мајка ми дека блиску живее ама ретко доаѓа на саат два па одвај и неа ќе ја истрпам а не свекрва,јас сум навикната сама ама неможам да им се мешам на другите што да прават тие си знаат колку можат да си дозволат,тука си ги искажуваат маките а не уште толку да ги осудуваат што живеат во заедница.Пријателка земаа кредит за стан со сопругот,солидни плати имаат ама се борат за дете,4 неуспешни инвитра,па тоа колку пари исподадоа,одвај им остануваат за рата за кредиот па сметки да платат ако се сами имаат потреба од се,па едно се расипало па друго има многу давачки низ дома не е само купи стан и толку .
Toа е живот... нормален живот. На сите тоа ни се случува, или ни се случило во одреден период. Непланирани трошоци, недостиг на пари за месецот итн. Не е изговор, нармален тек е... и секој треба да очекува дека се нема да оди по планот, ама не тоа и да не спречува во животот. Падни - стани, продолжи, и така се во круг.
Не зборев за преку агенција, туку за директен договор со сопственикот, па макар и на нотар да направите. Овака, како што рече, е плус трошок. А, повторно и тоа не е животно решение. Јас под кирија поминав повеќе од 8 години. Сменив неколку стана. Различни сопственици, различни услови, различни правила. И кај сите каде што бев, го имав истото чувство, дека ова не е мое, и е краткорочно решение. Од друга страна, си се пресметав дека ако сум под кирија, сонот за сопствено живеалиште ми се поместува за толку години, колку што мене ми е неприфатливо. Затоа реков дека јаре и паре нема и киријата е последниот избор кој би го направил. Ама тоа е моја лична одлука базирана на мојата лична ситуација, затоа што она што го викаат: "Не дај боже да ти се случи", мене ми се случи, па ми се промени размислувањето што го имав претходно. Може да не ми се случеше, уште ќе бев на истиот став. Ама, ако некого му е дојдено нож до коска, нека си направи математика, и ако му одговара под кирија, слободно нека оди. Нема ништо подобро од душевен мир. Работата е што како и да се одлучи, треба да се даде некоја жртва во животот за да се постигне целта. Освен, секако, ако мама и тате не ти обезбедиле живеалиште, и ти го поклониле.
Нормално, тоа и јас зборувам. Сите не' градат искуствата кои ги стекнуваме низ животот, па така и ставовите ни се менуваат. Пред години на форумов јас пишував дека нема да живеам под кирија, имавме заштедено со бившиот, купивме плац, плативме не знам колку веќе ни сама за се' можно од маркици до проект, на крај заглави во општина се' и мислам дека нервно попуштив тој период. Го продадовме плацот, со заработка. Ама дали таа заработка мене ми ги врати нервите што ги изгубив? Не. Така почнавме да живееме заедно и пошто немавме каде, почнавме под кирија да живееме. Иако не сум со него, вистински раат (и финансиска мака) видов сама. Ама денес не што живеам под кирија, наредниве 30 години така ќе живеам, ама тоа што го поминав за таа куќа, за која нормално, ќе требаше и кредит да се земе, не мал, не гледам зошто да го преживувам пак. Ич не се осеќам "во туѓо", се' е мое од мебел до лажиче, имам договор кој да, кошта, ама ме штити од било какви испади. И пораат не сум била никогаш, затоа по себе знам. Чисто како пример, баба ми живее во "мое", па или вујко ми после нека си го откупи или што сакаат нека прават со мајка ми, јас нема да живеам таму, пак попрво под кирија ќе живеам. Знаеш зошто? Овде сум на 100% чисто и не треба со никој за ништо да се договарам и да правам компромиси. Со вујко, вујна, братучетка, нејзин маж - ќе треба. Иако се посебни спратови надворешно одвоени. Сеедно. И пази, прекрасно живеам со сите нив, да не се разбереме погрешно. Како дете на золвата не сум се осетила никогаш вишак ни во делот на золвата, ни во нивниот. Напротив. И сакам така да остане, така да живееме и да се сакаме. Раатот е најскап, ама за мене лично - најважен. Кујна има во сите празни станови, барем во повеќето. Селење со мебел не е толку трагично, најмуваш комбе и се селиш. Е сега дур спакуваш ствари од шкафови, да, напорно е малце. Сама се селев со мебел и апарати и свашта, еве жива сум. Останатово немам намера да го коментирам, јас сум јас и само за себе можам да зборувам.
Ама нема освен, само првата реченица е аксиома. Обезбедено живеалиште е и спрат од куќа, во најголем број случаи толку се можностите. И посебен спрат нека е, пак ќе ја платиш цената, или ќе ја поднесеш жртвата што се вика-живот со свекрва. (мада не е само свекрва, може да е и свекор, девер, деца од чукунтетка ју нејм ит).И со најдобри намери да се сите, близината и неусогласените очекувања прават проблеми. Оваа очекувала ручек да праи, или да не праи, или некој да понуди помош, или да даде не побаран совет, ехее, неконечна е листата. Па и посебен стан да е, ако ти е дадено, некој некогаш може да си земе за право да се меша, оти со тоа што ти дале, те купиле. Или може да се разберете како луѓе, или не може. А пошто многу често не може, затоа е темава толкава. Од друга страна нема тема (или не сум забележала) проблеми со киријата или кредитот. Што не значи дека проблеми нема. Ама јас лично полесно се носам со свои јасни одговорности и способности, отколку натегање-јас тебе, ти мене. Во секој случај, се си има цена/ или жртва, само ти одбираш која и каква си спремен да платиш.
Арно ме потсети. На сите ќе им дојдат супер + парите што ги даваат за кредит/кирија, да биле богаши, немало стан на кредит 30 години да купуваат. Се' на светот има своја цена, па и кај нашите родители, ако овде е темата свекрви. И секогаш исто читам - мајка ми не е лоша свекрва Не е, оти ти е мајка, и така во круг. Секоја и секој од нас се и добри и лоши, ама кога не си дишеме во врат e полесно.
Изгледа не си прочитала убаво,има многу членки што пишале кога би имале брат мајка им би била лоша свекрва,ама не,читате тоа што ви одговара,има тема проблем со мајка ми,па види дека и од мајките се жалат .
Фала Паола, одамна ја читам темава, веројатно и ти, а? Јас имам пишано среќа што мајка ми син нема А ја обожавам инаку, ѕвер мајка имам по сите стандарди. Ама пошто ми е мајка кога ќе ми помине граница и' кажувам и ич уво не ми чуе, еве ти во твој стан, со помош на твоите купен, не можеш да ги отераш свекор и свекрва, а јас под кирија можам на мајка ми да и' кажам да не доаѓа и и' кажувам ако не сум расположена за гости. Зошто е така, што мислиш?
Јаки се сите тука,ем под кирии ем пари на страна за станбен кредит,им влегуваат во приватноста на луѓето,па кога ќе прочитам немажени па колку скокаат тоа чудо е,пишуваа членки како заглавиле па нивните им купувале храна и им плаќале сметки,нека не мудруваат се сами дека постигнале,25 години имаат сами стан купиле,а бе ајде,од колку години почнале да работат,од 10 . Па и јас на мајка ми се и кажувам ако нешто се меша . Ги отеравМе заедно со сопругот,ич не се секирај,ете не доаѓаат веќе . Сега и јас така правам,не доаѓајте не сакам гости и толку .
Јас на пример не велам дека татко ми е ок, а свекорот и свекрвата не чинат. Татко ми понекогаш е ко зајадлива свекрва, глупости може да му сметаат, сета среќа живее во иста куќа со помирниот зет и сестра ми. Со мојов се учкур и гаќи, ама кога мм го фали татко ми му велам го фалиш оти не живеете заедно, да живеете заедно досега скарани ќе бевте.