Абе тука кога реков дека сум одела пешки за да не ме носи дм со нејзина кола ме направија будала. Јас барем уште од сега одбивам беспотребна помош од будуќа. За ситници зборам. И иако сме со години заедно, не се понашам слободно пред неа дома. И дури и да ни помогне она утре и спрат да ни препише, пак нема да сум слободна зашто не знам сега или утре како ќе ни го извади тоа низ нос. Оти ќе сум прашувала дали да се бањам. Абе смејте се, шо да ви кажам. Досега не ми зборела за ништо ама не знам во иднина. Вака раат да сум. Оти најмногу ама најмногу нешто што мразам кај човек е да ми вади низ нос работи кои сам ги направил. Затоа не барам ништо
Тих тих само изговорииии Разберите само дистанца е спасот Работите на тоа да може да имате дистанца и нема да имате проблеми Да сте независни ,да неможе да ти рече ја ти дадов соба,кревет,бањарка И построго со мажите ,не вие да сте поголеми мажи од нив
Сплеткарења ќе имаш ако луѓето се сплеткатори. Ама ако не ги гледаш секој ден, нема да ти се мешаат кај да стои солта или како да го облечеш детето или кога ти дошле гости и зошто или или или... Значи еден раат така битен. Само реков дека се има цена. За кредитите и кириите сигурно има друга тема, да не ја разводнуваме
Апсолутно мора на дистанца да си. Да ги почитуваш, секако да ама премногу блиски, лигавења и остали работи не е на добро. Зашо не секогаш го покажуваат правото лице луѓето и може да дојде ден кога како што викаш се низ нос ќе ти извади. Зависи све до личноста и нејзиниот карактер каков е. Ако е лош подмукол карактер, ако не прифаќаш помош, ќе те етикетира ко дива, дека се инаетиш, дека не ја поштуваш, дигната и се занесуваш, а ако и се лигавиш и си блиска ептен може па да рече, се наметнуваш, се праиш главна, и замачкуваш очи па после кај синчето да се жали и ете ти проблеми. Со такви никако не си, они од секоја ситница се способни да напраат да произлезе конфликт. Затоа само дистанца, не буквално да ги игнорираш и тотално ладна да си туку суптилно држи си растојание и постави си граници. Ама љубезноста, почитта и коректниот однос најбитни се и мора да ги има.
Вие шо викате дека уште ви досадуват иако сте на дистанца и живеете одделно, абе ржнете им маме им ебем, кога незнае вашиот маж мочкото, тогаш вие спротивставете се. Чии родители сакат нека бидат, абе избркајте ги, кога ќе се јават дигнете и кажете им да не ви звонат на вас повеќе. Ма нека се лутат бре, уште поубаво ќе биде кога нема да ви зборат. Таквите лоши снаи повеќе се ценети, верувајте.
Баш така. Свекрвата има страв од јатрва ми. Збор не смее да и рече. Си доби убава лекција од неа. Јатрва ми вика - Баш ми е гајле дали ќе ми збори или не. Мораше некој да и го покаже местото.
Абе знам јасно ми е, кога бев во првиот брак, се и помагав на мајка му на бившиот, маси, алишта абе шо и неам дадено, ногата ја скрши јас трчав, за на крај пак да ме оговара со ќерка и, ни роденден не ми честиташе, замисли доаѓаше за роденденот и го гушкаше син и на него му честиташе а јас имав роденден. Ама затоа другата снаа не ја погледнуваше, не и даваше ни внукот да си го види, мораше месец дена пред тоа да се најави за да оди да го види внукот и тоа само на сиктер кафе. Е за таа снаа најубаво се збореше. А оваа новава свекрва, кога звони не и ни дигам. Мм знае дека намерно не и дигам, ама он барем разбран е, се разбравме од почетокот дека јас нема да гледам стари и нема шо да ги титрам. И најинтересно е шо сега се сменија местата. И мм има брат со жена и деца, е таа жена му многу е мирна и им оди по газот, и кога ќе се јават старите на мм, абе се најлошо за неа. Она грејната, ми вика арно си направи ти, го зеде маж ти и да те нема од тука, не смеат ни а да кажат за тебе а јас мора да ги трпам, да ги носам по болници па и да ме оговарат накрај.
Браво за ова така треба за неразбрани па и моите да се ако се мешаат и досаѓаат,ќе ми вртат да ме прашуваат што имаме ручек,а бе прашајте добри ли сте и чао,јадете си таму што си сакате нема да умреме за јадење .
Уште поубаво ако не збори,мојава мака нема,колку и да и викаш џабе,колешка па се жали нејзината не и зборела месец за ич ништо,па не и се качувала горе,друга колешка и вика па ти плачи,треба да се радуваш,како мојата да беше таква да не ми збори супер би било .
@Adidas888 даа, тие таквите "лошите" секад најубаво си поминуваат у животот, ко непишано правило да е. Дури после замисли и ко стравопочит и старите да имаат, не им е сеедно тогаш. Знам такви случаеви. Колку е добро и океј тоа не знам ама па ако решението е тоа за да се постават граници и да не смее више да им се мешаат старите за се у бракот, може и оправдано е. Само пак со усул да биде, да не ја претерува и снаата, да си го знае местото ама и да успее да ги скроти старите, а и мажот кој е недораснат и се понаша ко мало дете. Е тоа е права жена и вака и брак може да се сочува и здравје, и психа и се да е во ред и со нив и со децата ако ги имаат. Стварно старите поише ќе ја поштуваат коа си знаат со кој си имаат работа, коа ќе им даде до знаење дека не може да го вртат цело семејство како сакаат. За восхит и почит се овие жени. Со некои луѓе мора најверојатно да изиграваш џандар, зашо не се разбираат поинаку. Многу сум против вакви екстра доминантни карактери и не ги сакам баш ама штом не се разбираат, ќе мора на нивен јазик за да сфатат. А тоа шо не и дигаш на телефон, ти си знаеш најдобро, твоја работа ама треба сепак да ја почитуваш, мајка е на маж ти. Секако не мислам ја, муабети да си праите ко другарки. Туку здраво, како си, шо си и чао, од куртоазија најобична шо се вика.
Абе не дека не и дигам ич, и дигам само еднаш во две недели и си праиме обичен муабет, ама она осеќа дека ја држам на дистанца и затоа не пробува со филмови. Отпочетокот знаеа да кажат оваа е дива, не не сака, ама замолчија кога видоа дека јас иам повеќе сила и дека не се замарам со нив. Знаат дека ако кажат нешто, право војна ќе биде, ама за тоа мора да го пофалам и мм, и он не се замара многу со нив.
За се е виновен мажот, тој како ќе се постави, ама зависи и од карактерот, ние со мм сме многу различни, јас можам се да отерам у пм, и мои и негови, мм е некако помек, гледам и со другарите е таков, јас тие другарки што гледав дека се од корист и ме бараат само за потреба сите ги откачив, подобро 2-3 да имам ама барем знам дека во било кое време се тука за мене и јас за нив, а не само тие кога имаат потреба од мене и обратно.
Баш така. Ниту ми дошле без да ми се јават дали може, ниту па јас сум отишла ненајавена. Ако на таа адреса "живеам" А за поставување граници што сте збореле, луѓе не сме ни "лоши" ни "диви" ќерки/снаи, нормално е сите да имаат граници. Не само ние кон нив, и тие кон нас.
И мојата знае да праи вака на почетокот криво ми беше ,не јасно шо сум и направила за така. Е сега после 4 г сфатив дека тоа е чиста манипулација ништо повеќе ,од ништо никако не збори ,демек да се замислам што сум направила па да и се лижакам не знам што. Е ама нече мочи ,уствари и пред да сфатам дека манипулација тера јас ја оставав да и помине ама размислував кај е проблемот. Е сега веќе ни тоа
Нема поголем ред флег кај некоја личност од silent treatment. Мајка, свекрва, маж, другарка... со човек што не е способен да седне на маса и да ти образложи за што е лут, нема што да садиш краставици, сите криви ќе никнат. Ти во твоја ситуација најпаметно од се' правиш што ја сметаш за инвентар. Пошто си редок пример кај што стварно свекрвата нема 2 чисти.
А па ти засекирај се зошто не ти збори хаха. И јас така кога бев на дистанца со нив кога седевме таму па зошто не сум се симнувала доле, и кога ќе ја сретнев во двор ако и кажев "добар ден" од култура, вртеше глава, ааа многу ми е гајле, па се жалела на мм кога не беше во мкд не сум се симнувала, па заедно да сме ручале, да, за тоа направивме нова кујна посебно од нив за да ми бројат залци, и кај нив мора да има некои комшии баш на ручек, јас така не сум навикната, болни паднаа кога почнавме посебно да јадеме, па и свекор ми (втората свекрва, богата сум си, си имам две свекрви хаха), на мм му велеше како така сами јадеме ауууу, они очекуваа да им слугува, е тешко. Се уште неможат да се помират што не им се погоди снаата (да им биде слугинка).
Не е лоша и подмукла ама пишував еднаш како ме искара што сум тргнала сама и од памет сум ја извадила. Стварно е небезбедно кај нив навечер ама не очекував драми да направи. А дм па ми вика и ја не сум будала по темни улици и со кучиња и свашта да те оставам сама да идеш. И...никако не иде. Значи имам стварно океј муабет со неа и све. Ама некогаш не знам дали е во ред да прифаќам помош зашто не знам кога ќе ѝ текне да ми го плесне тоа. Е неќам па ни на едно awkward здраво да сме ако си е фина. Барем јас не сакам правење лице со сила и глумење убав однос. Или си имаме муабет или на тотална дистанца сме.
За кирија или кредит префрлете се во соодветната тема. https://forum.femina.mk/threads/Стан-под-кирија-или-цел-живот-кредити.29941/
Можеби мајчински и заштитнички е настроена кон тебе и да има добра намера па стварно да се загрижила и исплашила. Знаеш, ради туѓи лоши искуства кои ги има милијарда, и самите не препознаваме искрена добрина и не јаде црвот, се сомневаме дали навистина ни мислат добро. Е сеа драми ако праела и тоа не баш океј, можела на помирен начин да ја изрази загриженоста ама различни сме, некој е посмирен, некој драматизира и театрален е, а може добра душа да има. Сепак нели ја познаваш одамна како што рече, ваљда си ја запознала подобро ама да, коа ќе си у брак и ако и влезеш у куќа, па и ако сами живеете со маж ти, многу подобро ќе ја запознаеш каква всушност е, вака друго е у врска и неспоредливо е секако.