1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски

    Абе види не дека ми е сосем инвентар ,знам да исклучам напати пошо збори по тебе и вергла цело време то шо намислила па ама еве моментално не ми збори не знам ни зошто ни се трудам да прозбори ни па да дознаам сакам шо и е проблемот.
    А реално ,три работи треба да ми поштова и ќе живее со мене боље отколку со ќерка и и син и.

    Инаку да апсолутно е голем ред флаг.
    Порано да се мислев се чудев,враќав филм ,сега сум ќефој ,камо да потрае си велам :rofl:
     
    На VDT2906, *Amethyst*, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Беше золва ми на гости викендов со зетот и внукот. Скара правевме ,нормално цел ден останаа. И се јавува свеки (заедница значи седи во соба и и се јавува) ајде бе шо направивте ,уште ли ќе седите ? Женава исклучи телефон и стана одма замина.
    Умрев од срам ,и реков само може да мислиш јас сум и рекла дека ми сметате ,ама ја знаеш мислам доволно.
     
    На *Amethyst*, CameliaMiller и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.783
    Пол:
    Женски
    Kaко така свеки да не седи со вас?
    Чудно, мојава и мои гости кога доаѓале, мој братучед со жена му или пријатели наши па ни се тупнувала, а не па золва ми (ќерка и) и зетот да дојдат, значи твојава има осет, не седи со млади хаха.
     
    На *Amethyst*, steela.honey, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Седеше ,ама кога дојдоа уште двајца другари на мм стана. Не поминуваме и ние без неа :drunk:
     
    На SummerGirl и Anyshka им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.783
    Пол:
    Женски
    Ах, многу пропуштила.
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Леле, ова со silent treatment што сте го пишале...
    Јас со вакви емоционално неразумни луѓе кратам контакт.
    Најлошата сорта на луѓе, реално. Посебно кога не си направил ама баш ништо лошо.
    После нив, полоши се тие што откажуваат планови во последен момент.
     
    На VDT2906, *Amethyst*, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    И јас знам доста што им одат старите по 3 месеци, ама овие ја што ги знам одат внуците да ги чуваат. Јака им душа на жениве што можат да седат со нив во исти стан по 3 месеци. Па после другите стари одат и така во круг. Никогаш сами. Разбирам дека можеби е потребна помош, ама нон стоп да имам некој, па ќе барам дневни престои чуда, барем 6 месеци во годината да сме сами, ако неможат повеќе од тоа.
     
    На VDT2906, CameliaMiller, Pa8la и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.984
    Допаѓања:
    167.800
    Едните 3 месеци другите 3
    Па уште еднаш ке се свртат и поминала една година
    На втората ке се остават
    Треба да се пуштат младите сами да ја видат маката и зортот така се зближуваат стануваат себични за себе и својата фамилија што и треба да е така и си ја гледаат фамилијата
    Посилни се поблиски се мажот и жената и имаат ок брак
    Вака демек да им помогнат ,не, ке им го расипат бракот
     
    На butterfly6223, Gosh, VDT2906 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Не две. Со години. Едно дур да порасне, друго исто дур порасне и оп годините летнале. Им чувале деца за да можеле и двајцата да работат. Поарно 1 година дома ќе седам без работа и ќе поуживаме сами, одколку нон стоп некој да ми се мота дома.

    Ама јаки бракови, издржливи. :lol:
    Кај мене мајка ми една недела беше, вриев, чекав да си оди, не па 3 месеци да седи.
     
    На VDT2906, *Amethyst*, Chantal и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Искрено ни до 40 дена не би викнала ни мајка ни свекрва.
     
    На VDT2906, *Amethyst*, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.994
    Пол:
    Женски
    Точно, и да префрлаат после години и години. До ден денес, јас и брат ми возрасни, а бабите мои и префрлаат на мајка ми за тоа кога не чувале како мали "еее да не бев јас што ќе правеше, ја ранев, и мењав пелени, ја успивав". Вакви реченици пред мене безброј пати.

    Подобро сами и долг кон никого.
     
    На VDT2906, *Amethyst*, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.783
    Пол:
    Женски
    Па затоа и сакаат да чуваат внуци, за потоа да се фалат и да пререкуваат, подобро сами.
    Па 2 баби кога чуваат тоа е трагедија, свекрвата сака главна да е во се, на мм братучед сега има близнаци, бабиве ќе се испотепаат која повеќе да ги чува, таму мајката на снаата е главна, и се договориле 2 недели таа, 2 свекрвата, налет такво чување да неможат на раат да се.
     
    На VDT2906, *Amethyst*, spacegirl92 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.503
    Пол:
    Женски
    Јас па знам една снаа што не се одделува од свекор и свекрва. Во иста куќа живеат, ама одделени се. Овие не можат да дишат од неа и децата, не смеат од дома да мрднат. По цел ден од сабајле до вечер се заедно. Никако не можам да разберам млада особа од 25г да седе цел ден со свекор и свекрва. Ако не се они, мајка ѝ и татко ѝ се кај неа, обавезно мора да има некој.
     
    На *Amethyst*, spacegirl92, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    Има и такви случаеви, да. Познавам и јас.

    Е овие не живеат во иста куќа, скроз одвоени си се младите ама нејзините пак се цело време со неа, зетот и децата, па и свекорот и свекрвата и помагаат максимално.

    И после самостојност, независност демек. :?:

    И ја не го разбирам тоа, приватност да не сакаат, сами да си се ама очигледно не им смета.
    Баш на ваквите требало да им се погоди среќата да живеат у заедница па да ги видам тогаш ама они си ја имале привилегијата да си се однапред обезбедени од мама и тато и тоа не им е доволно па треба овие да им слугуваат, стариве. Убаво си ја наредиле.
     
    На spacegirl92, Гладиоли и Anyshka им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.783
    Пол:
    Женски
    И јас не ги разбирам тие што не сакаат сами да си се, тие што живеат во заедница или во иста куќа а посебен спрат да имаат услови што подалеку ќе отидат, овие што живеат посебно, па и во различен град не сакаат сами, де на снаата родителите се таму, де свекор и свекрва, стварно неможам да ги разберам. Па налет такво помагање кога неможам раат да сум и кога тогаш ќе префрлат, јас не сакам некој да ми се плетка пред нозе, зад нозе па ни мајка ни свекрва.
     
    На *Amethyst* и Mrs. right им се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    Очигледно они си го прифатиле тоа единствено ради тоа што им помагаат, и околу чистење, готвење, пазарење и пунење фрижидер, чување на внуци па и да им префрлат, од едно влегува од друго излегува, има луѓе шо ич ама ич не се замараат кој шо кажал.

    Дури па ко шо се меки старите уште може лом да ги напраат, ни криви ни дужни, и покрај се.

    Има многу неблагодарни луѓе, што ич не им чуе ни за свои родители.

    Тука старите се криви пак и никој друг што дозволиле ваков однос, а овие нормално си користат дур можат.

    Секакви случаеви ги има, тоа страшно е.
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.783
    Пол:
    Женски
    Ех им завидувам на таквите, блазеси им, и јас сакам да сум таква ама неможам од едно уво да ми влегува од друго да ми излегува, не сакам никој да ми се плетка околу кујна, па и нигде. Ама за безобразни свекор и свекрва такви треба, да видат какви снаи има, ем да им чистат, фрижидер да полнат, ручек да им прават, сметки да им плаќаат, внуци да чуваат и пак не им чинат, знам и јас вакви и на крај снаата ќе им се развика. А не некои мирни снаи па ја малтретираат свекорот и свекрвата таа да им слугува и пак не им чини снаата.
    Секакви ги има.
     
    Последна измена: 18 октомври 2023
    На VDT2906, *Amethyst*, Гладиоли и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Нормално дека ќе се браниш и се согласувам дека прави да е комплицирано нешто што може да е едноставно. Многу ме потсеќа на баба ми по татко, само што неа па ептен ја строеа, и пошто не можеше на децата, на внуците дрндаше. Ама имаше и страв од татко ми многу, што уствари и ја држеше под контрола. Иначе според неа за корка леб трпеше ;)

    Страв во смисла дека ќе ја остави сама со себе, не да се плаши дека нешто ќе и' направи. А не дека немала пари, од дедо ми пензија земаше, тој во Југославија инженер бил, што значи не е дека ради пари и' требал, туку ради немање свој живот.
     
    На *Amethyst* и Осе им се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Исто ,глава сечам ако не снема било под кирија или странство ќе падне болна.
    Ама мм не сфаќа а она знае дека не би си заминал од дома.
    Еве малата ми се навикна во градинка си оди ,пак она ја зима за да не седела ,,гладна со чистачката" до 5. И си кажува детето вчера
    ,,Уште малку ќе идам во градинка после ќе си седам домче со баба "
    Таа ова сама нема да го смисли и го кажал некој.
    Користење на детето за да ми каже нешто ме исклучува ,коментирањето кој како е облечен ,кој кај бил. Испрашување на ќерка ми кај сме биле шо сме правеле. И сл работи знаат да ме исклучат исто и мајка ми ко ќе дојде ќе се тупне не станува (ова порано неколку пати и префрлив веќе не се повтори ) ама пример мм пример излегуваше од дома да не остави сами она си дремеше. И така се некои ситници рецимо ама уствари ко ќе отвориш поширока слика се проблеми.

    Инаку неа да ја прашаш јас сум ко гостинка дома ,она се праи нели :drunk:
     
    На VDT2906, *Amethyst*, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    5.125
    Пол:
    Женски
    @Осе , се изнамачив да те означам.
    Тој што си е така научен и преку 3 градови, па и држави да е ќе најде начин да се меша.

    Моја пријателка е во иста куќа со свекрвата. Имаат заеднички ручек во викенд кога се сите слободни. Дури и за кафе на телефон, се канат буквално, нема ни лутење, ни ништо ако едната или другата одбие. Влегување, шетање, по спратови е незамисливо за нив.
    Пријателката, цел месец ги чуваше внуците од сестра тука, свекрвата што е најнормално еднаш не се замеша и не праша, за што и како, или да искоментира гужва прават, трошоци прават. Ние кога одиме, ако е во двор ќе не поздрави, качување на муабет ни под разно.

    Од друга страна моја свекрва, знае од нигде никаде, да дојди со сосетки или нејзини пријателки кај нас на спратот. Демек тетка Х, носи подарок или сака да го види бебето. Ај што може немам ништо да ги почестам во моментот без најава, може и не ми е средено како што сакам јас дома. 100 пати е зборувано и пак истото. Тоа што нели си седи со гостите, таа и ги донесла, нека седи.

    Инаку, да бар за твоето дете сигурно има научено од баба такви работи. Имам еден куп примери околу мене, кај што слушам на што се внуците се научени.

    Не го пишувам нештото за совети или коментари од типот, станете, заминете настрана и сл, туку да доловам ситуации што се реални. Заминувањето е следен чекор и упорно работам на него и ќе биде. Не преку ноќ ама ќе биде.
     
    На VDT2906, *Amethyst*, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.