Aaa па како така сваќата сама да ја остави, неможе така па што ќе каже сваќата (мајка ти во случајов), исто и мојава кога седевме таму, многу ретко доаѓаше мајка ми, и нормално од Скопје во друг град неможе да си оди за саат-два, а пример мм не бил во мкд, оваа ќе седнеше со нас, никако сами да не оставеше, може имам муабет со мајка ми, испи кафе и остави не, ама нее мора со нас, баш си правевме муабет со комшика, ми вели a бе они такви се демек ако си отиде ќе кажат ете не седеше со нас, таков менталитет имаат. Уште не здивнала мајка ми, ќафе не сме се напиле, наредува што ручек да направам (компири и месо, само тоа и прави свекрва ми за гости), а мајка ми па не е по месото, јас и велев "ааа мајка ми дошла јас сега ќе готвам, ќе одиме во ресторан", и стварно ќе отидеме за да си направиме муабет на раат. И не е важно на кого е куќата, треба основна култура да се има, па и кога не бев мажена кога ми доаѓале другарки мајка ми не седеше со нас, ќе се поздравеше и толку, си седевме во мојата соба, исто и кај другарки кога одев мајките нивни не седеле со нас.
Точно, исто и на татко ми братучед што живее тука блиску кај мајка ми, на синот цел спрат му го направија уште пред свадба, еден ден не живееле во заедница, свекрвата готви за сите, ама синот се симнува и зима за горе, посебно си јадат, децата веќе пораснаа тие ако се симнат, се свекрвата им прави зимници, и кај нив обратно ќеркава мажена доаѓа и помага, а снаата не. Буквално како во зграда да живеат. А братучед мој живее во Шведска, незнам колку пати таму оди баба му (на жена му мајка), и во се се мешала, и за детето.
Која си има осет има, која нема како мојата џабе. (И дома и пред народ надвор од дома). И колку пати се едно исто фино културно ќе и кажам џабе дрндало во се да се замеша. Ама и маж ми е крив и нагодува
@Miss_S Е тешка сум за означување Е тоа го ветуваше мојава. Ќе помагам ако побарате ,за другото си имам соба таму ќе си седам. Шипинки. Додека беше бебе ќерката посебно ,абе се некои правила глупи ,па за се коментар итн... А овие како пријателка ти што ја кажуваш светски луѓе, од збор и со памет. Од срце им дале. Кога не бев мажена ,толкава приватност имав со ова овде нема споредба никаква. Исто мајка ми е од друг град иде на спиење. Да можам да се вратам
Боже сачувај. Следно заклучи врата на спратот ама озбилно. Со вакви ликови мораш да се спуштиш на нивно ниво, со збор нема да те разбере никогаш.
Јас навистина и искрено разбирам дека во странство е многу потешко од тука со деца. Не викам дека помош не е добредојдена. Ама алал им вера на жени со нерви да ги издржиш богами години. Та свои, та негови. Иначе и баба ми истово го прави. И ден денес. И свекрва ми знае да кажува како она децава во маалово ги пораснала. Иделе бабите со нив, а она "по цел ден си играла". Мм ми вика остај ја, си прави филмови. Уствари бабиве на кафе кога ќе дојделе по 1 саат со внуците, оваа си играла со нив. Е сега, можам да замислам што ќе му кажува на син ми кога ќе порасне, за 3те месеци кога имаше малиов 2 години, што ми го чуваше по 3 саати, некогаш ни толку.
Жени, мајки... олабавете се со свекрвиве и што сакаат нека прават, терајте си го ќеифот секогаш! Непотребно е да се замарате што ќе каже сега или за 10 год на синот ваш баба му, него баш ич нема да му биде гајле, а не треба ни вас. Не си губете нерви со глупости, уживајтени терајѕе си по ваше, кој што сака нека збори, вашиот збор глејте да е последен кога се разботи за вашето семејство. Ништо не е поважно од вашето ментално и психичко здравје, чувајте си го и нр обрнувајтр вниманир на било какви работи со свекрвата, игнорирањето е најдобрата работа и одмазда што може да ја напраите, не сте свесни колку ги иритира да ги стаите нс игнор, да сте лабави и опуштени, да не се замарате за нивните трачо сељачки муабети и што би било кога би било! Што сака нека биде. Терајте по ваше и секое добро!
@Mumoftwo30 има работи кои не се трпат. Никој не е должен да го понижуваат. Мое дете, мои правила. За јадење јас одлучувам, а не она. А не да ме потценува дека не знам да хранам дете. Ќутев и трпев, ама веќе не можев. Од искуство.. Од старт само дрско со нив. За да имаат стравопочит. Ене ја сега... Треба прво да праша дали смее да дојде.
Не и го оставај да ти го чува тогаш, не трпи понижување, не трпи нервоза, ско не ти одговара пресели се, оди под кирија, купи свое живеалиште, никој не е поважен од тебе и твоето семејство, и тоа е тоа.
Јас од старт не живеам со неа. Можеби требаше во минато време да пишувам. Во свое кога си ќе реагираш како што сакаш. Факт е дека и кога не си во заедница може да има проблеми. Еден период ми беше криво што не сака да ги чува децата, ама после сфатив дека подобро е да се држам на страна. Искрено.. Се иритирам кога ќе прочитам дека некоја членка има проблеми слични како моите. Ова што го пишуваме нека биде лекција за идните невести. Да знаат со што може да се соочат кога ќе се омажат.
Види ама мажот дома не ги гледа така работите, на нив овие им се родители и он не знае за поинаку на него му се нормални родители он мисли дека така треба затоа што неговата мајка не му е мајка еден ден. Па следува тоа оди докажи му на мажот (искарај го прво него), а свекрвите за нас се најмалку битни ама за мажот не е така. Можеш да и забраниш да му дава чоколадо на детето, да можеш. Ама син и вика нека му даде кејф и е.
И јас имав голем проблем со тоа и уште не успеав да го решам. Со милом зборев не слушаа, на крај силом им го зимав од раце и пак прават така. Патем не им го оставам никогаш да го чуваат туку во тие 10 мин што го гледаат мора нешто да му бутнат во уста што не дозволувам (скришум).
Ма јад кога сум во свое живеалиште лично мор стекнато, не постои човек што може да ми каже што и како да правам! Што сакам ќе правам, а свекрвата може што сака да збори, не допира до мене негативен коментар од никого, баш ми е гајле. Јас се замарав на почеток вака за се, на крај се оболев психички, ама сопругот секогаш бил на моја страна, така да мажулињата прво опрајте си ги, па после за свекрвите зборете, а иначе збор негативен од свеквра ми "није ме дотакнуо" баш и не се замарам што и како кажале сите, и нека се меша колку сака, мојот збор за мое дете е последен, она може само да си збори, а јас да си терам по свое. И толку.
Ме потсети на една случка, кај ми текна Мене баба ми по мајка ме има чувано за викенди, како мала, баба ми по татко живееше со нас па технички не. Најјако беше еден муабет кога ми сврте, да речеме 10 години сум имала, тогаш ми беше чудно ама не препрашав, сега ми е пресмешно колку и' било неарно Односно, делени со сметки со баба ми биле отсекогаш (2 третини моите, 1 третина баба ми) и она ми кажува дека кога сум се родила рекла (цитирам): НЕ! Нема да се дели на четири! Ако треба ЈАС ќе плаќам за Камелија!!! Секако дека не се случило никогаш, ама да, си лажеше и колку ме чувала, и дека била "главна баба", сва среќа никој 2% не ја рецкаше па си дрндаше сама со себе
Добро ,кога ќе сватите ,дека таков калибар на луѓе се такви.И да се преселите ако не покажете СТОП до овде..ќе ве срушат и вас и све.Оти се пореметени.Разбран човек, се разбира ,прост не.
Па што сака нека праи, ич не ме интересира, во мој дом јас си кажувам правила, гајле ми е што ќе се мешаат, јас и ММ си правиме договор, јас се земав со него а не со цела негова фамилија.
А Ама некои тоа не го сфаќаат. Па така, во пакет со маж ти иде и цела негова фамилија. И се осмелуваат да ти кажуваат што да правиш.
Се е тоа изводливо кога маж ти се однесува како маж и сопруг. Мојот уште не може да сфати дека сме посебна фамилија, а и дали некогаш ќе сфати…