Конечно некој да си кажи реално кој е проблемот. И во врска и во брак, најчесто тие се проблемот. Јас сфатив дека пораснав, кога почнав да го дешифрирам тоа нивното токсично однесување. И верувај, полесно е откако ќе сфатиш иако си себекритичен, дека не бил до тебе проблемот. Ако можи една посебна тема, како едукација како да се однесуваат со девојка/жена би било супер.
Има некоја случка кај нас со снаа и свекрва? Сме пропуштиле нешто ние од социјални мрежи изолираните?
Цел интернет гори има и на вести. Од пита во која имало опасен пестицид се затруле 3 од кој една жена починува, другата и мажот се во тешка состојба. Снаа, свекрва и син.
Свекрвата била дементна. Да не се вадат работите од контекст. Нема ваљда намерно и сама да се затрови.
Јас знаете ли како замислувам дека било? Свекрвата иста како мојата и од комшии ѓубрето го чува, па од сите ѓубриња две лажици брашно да не се фрла ќе го изедеме и оп ете пита направила од све бело што има по дома ставила (ама стварно така изветреана ставила и од тоа отровот)
Мене најиритантното прашање ми е што за ручек? од било која постара особа. Сфаќам дека е уз муабет, спонтано ама некако мислам дека провлекува многу осудувања како за празен муабет. или си го доживувам така дека ретко готвам комплицирани јадења
Па не, прашуваат зошто те проценуваат колку си домаќинка. Да не слушнат само дека некој прави пире и супа од кеса или акончесто се купува од надвор.
Пред некоја недела (мислам дека пред 2 беше) се јавува свекрвата на маж ми. Јас и он во тој момент лежевме во детската соба. Он на едниот, јас на другиот кревет. Си муабетат и она го прашува - Што прави снаата. Он и вика - Лежи. И она му вика - Па нека земе нека исчисти. Маж ми и рече - Прееска чистеше. Ејјјјј.. До каде оди простаклукот на некои особи.
Ако оваа тема не стигне до 65.000 страни,ништо немаме направено Имам свекрва и золва не ме сакале од никогаш,причина НЕ ЗНАМ нивно си е тоа,доста е почит да се има,што подалеку тоа подобро
Да не испадне дека само ја фалам мојата, ќе се пожалам од нешто, малце ме иритира во последно време што стално оди по мене и ја проверува водата за бањање и миење на син ми Мислам кога се дешава да е кај нас на спрат ова, онака секако ние го бањаме и миеме. И ќе речее а жешка водава, јас ќе си притрајам и ќе си го измијам и така секој ден
Уфф оваа мојата се проверува по мене дури и кога го пресоблекувам му го гледа да не било потпарено а да не зборам дај му вода, покриј го, јадеше ли, облечи го, соблечи го, ми смени ли памперс ај за внукот па и за синот замисли да сум го нудела сок, компот така ќе пиел или за јадење ако сум правела ќе јадел пр:грашак (син и ) кој да и каже што да и каже среќа не сме многу заедно па син и го гњави по телефон, јас барем така се научив да ја игнорирам