Нема врска тоа дали готвиш комплицирани јадења, и мене најмногу ме нервира тоа прашање, може денот некој ќе го помине со леб и маргарин, како тоа прашуваат стварно незнам, мене освен свекрва ми ме прашуваше и стрина на мм секој ден, и кажав дека јадеме по ресторани.
Мојава и леб и маргарин да и направам благодарна ќе е, никогаш не ми нашла маана на јадење, секогаш кажува фала и многу е убаво, што и да качам секогаш има комплименти, ако речам денес не готвам ќе рече е добро де ќе јадеме јајца. За тоа никогаш маана не нашла, па ни јас фала богу, ако зготват благодарна сум што ме одмениле тој ден, макар и пржени јајца биле.
За да добиеш идеја се прашува дај идеја што да правам за ручек а не што ќе правиш . Или ако некоја направила нешто вкусно и го пробам ќе и побарам рецепт . А не секој ден да прашувам што имаат за ручек и да им се мешам во кујна .
Еј ова мајка ми го праи, ужасно ме нервира, ужасно. Што е тоа? Што ти треба? Што се случило? Водата е топла, водата е ладна, не е облечено, не си ти облечена, не е мти облечен, не е баткото облечен, ладно е, промаја е, недајбоже да ме види без папучи, крај! Утрово страшно се скаравме, страшно, мора се она да контролира и имаш забораила да затвори тегла со маслинки во фриз убаво и јас сабајле се напраив лом, спремна за на работа, у фустан, по мене тече вода од маслинки...
Жени во години нема шанси да ги опраиш па ти колку сакаш нервирај се. Само треба да се научиш да не се замараш и да не и придаваш значење на ништо и подруго ќее. И јас имам такви маки со мајка ми ама јас не и се замарам ама скроз ич. Ама подруго е мајка и свекрва посекако.
Не можам да се редактирам на мојава само се и е ладно. Се. Најжешката вода да е она ладна ќе рече. Холахопки и облекла вчера ,,тенки се де "
Баба ми има 81г, татко ми 55г. Татко ми си лежи на тросед, баба доаѓа на гости, лупи краставица и му става парчиња во уста ама таква е, не е љуби га мајка туку за сите е таква. Да ни зготви, да ни исчисти, двор да среди, цел живот за сите гледа освен за неа. Ама пак глетката како рани син од 55г е
Мојата кога беше син ми бебушка ме тераше да го покривам со ќебенце, долги ракави, чорапи на 40 степени. Ние двајцата скоро во ликвидна форма бевме од топло, она мислела така. Виде, не виде, неколку пати кога диаѓаше така подзборнуваше, после прекина.
Mojava odvaj se tripi , so dusa cekam da si odime doma oti stvarno ne otru so gluposti. Oti seker jadite, oti sol, ne gazirano, ne kafe ova ke vi se sluci ne ona me umre luge dotovo. Vakvi bolrsti onakvi bolesti. Dete oti pijalo gazirano oti ova jadelo, oti ona. Abe cel den samo za to zboruva, samo cita za zdravje bolesti, samo emisii za toa gleda. Poludev znaci.
Леле.. На мене ми правеше проблеми за водата. Не требало да пиеме вода додека јадеме. Она така правела. И храната требало да се јаде топла. А онаа храна што се замрзнува можела да стои со месеци во таква состојба. Хорор
Изгледа мојава е изрод, со сила ни става благо со шербет (баклава, тулумби), а знае дека ниту јас, ниту мм не јадеме толку благо, па со сила газиран сок ќе ни стави, а ние никаков не пиеме, ако праша мм дали има ладна вода, таа вади сок, му вели "што ќе ти вода, еве сок напиј се". Па најсмешно ми е кога ќе купат свиња и не тера да јадеме такво залоено месо и чварки, а не јадеме чварки, па свинска глава ццц. Кај нас обратно е, тие се си јадат, имаат и висок притисок и холестерол, на свекор ми му забраниле мрсно, ама пак си јадат.
И нас така ни велеше свеки топла храна само, колку пати додека бевме во заедница ќе го тргнам тенџерето од рингла да се олади малце, без да знаев ќе уклучи пак рингла, колку пати јазик сум изгорела.
А да знаеш како имам повраќано од тоа што госпоѓата не води евиденција колку време храната и стои замрзната. Откако се најадовме, одам во кујна да ги однесам чиниите. Го видов и пакувањето од храната. Со 2 месеца поминат рок. И после следеше тоа што следеше.
Ова за водата и не е некоја бабина деветина. Ко одевме на училиште на ручек, од некоја причина, не ни даваа да пиеме вода уз ручек, деновиве као по малку да почнува да ми станува јасно, зошто.