Свекрвите и снаите – проблеми

Discussion in 'Брак' started by zdravkova, Dec 1, 2009.

  1. Agrona

    Agrona Популарен член

    Joined:
    Dec 21, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    1,713
    Gender:
    Female
    Сакавме да земеме стан, но веќе спратот беше горе кренат карабина беше и со мм немавме доволно кеш да купиме стан. Правевме муабет да земеме за овие што ги даваа за брачни парови, ама после испадна дека ќе треба да отплаќаме кредит 30 години + камата (мислам дека така нешто беше да не грешам). :( И никако не ни се склопија коцките. И јас сакав/м верувајте. Од дното на моето срце и душа сакав да одиме во стан САМИ. Ама ете, животот е таков. Ќе мора да издржам уште малку. Арно што спратото горе е со посебни скали, посебен двор се посебно ни е струја, вода СЕ. Девојки ве разбирам се што сакате да ми кажете, и ви благодарам на поддршката на некој начин. Но, ќе мора да се идржи уште малку.
     
    Anyshka likes this.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    Не знам, така си помислив затоа што вие башка и го опремате и средувате, а има наместени станови низ Скопјево. Сепак, вие си знаете најдобро како ви било. :) Ви посакувам среќа што поскоро да се одделите.

    А золва ти е виновна затоа што лошо се однесува со тебе, а не затоа што си избрала да не се мажи и сл. Најдобронамерно ти кажувам затоа што сум била золва, сум била од другата страна и знам колку е тешко и колку боли во куќа во која си се родил да се чувствуваш постојано притиснат од снаата со таква атмосфера и такви муабети.

    Те молам не ме сфаќај погрешно :hug: , многу те почитувам како лик, oд сам почеток ми остави многу убав впечаток, но сакав на ова да ти укажам: за да си олесниш себеси, гледај што помалку до тебе да допира она што семејството на мт го прави со нивните животи. Враќај на коментарите со иста мера, но никогаш не размислувај за личниот живот на некој од членовите на тоа семејство. Неизбежно ќе си развиеш некои надежи кои ќе те прават понетрпелива и понесреќна, а за тоа нема да можеш директно да ги обвиниш нив затоа што животите не им оделе во насока на тие претпоставки (пр. мажењето на золва ти). Како золва ми еднаш што ме “плашеше“ „Еее, ако ти сметам вака, што ќе праиме ако се разведам и дојдам со децата?“ И јас на тоа и` одговарам „Ако со сите си ваква каква што си со мене, домашните ќе си ја одморат малце главата“, уз смеење нормално.

    И после и` додавам „Ја не можам да си остварам мои животни планови до крај, се` нешто ќе ме изненади, за твојот живот ќе мислам како ќе ти се одвива, шо си ласкаш бре девојче! Шо сакаш праи.“ Јас сум се мажела за брат и`, не за неа и сум очекувала во ситуација која нема да биде удобна за нас, тој да ме поддржи и заедно да бараме чаре, a да се јадосувам и нервирам зошто некој вака/така живее, не. Свекрва ми домаќинка ли била? Сум против тоа? Ќе гледам јас да не бидам таква. Друго, апсолутно не ме интересира. Да не гледав така на работите, одамна ќе се испокарав со сите и немаше да бидам во вакви односи и немаше во конфликтот што го имав со золва ми никој јасно да види дали сум јас виновна или таа и наместо вистината, ќе си ја гледаа госпожата како жртва система :D .
     
    Li0ness and Agrona like this.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,972
    Likes Received:
    4,101
    Агрона, како што ти не сакаш некој ред да ти води дали треба да шеташ и сл. работи, и ти не треба да и водиш на золвата ред дали и колку шета, скита и е мрзлива по дома, или дали свекрвата треба да работи или да си ужива со пензијата на мажот и'. Тоа си се нивни одлуки, навики, и тебе не треба да те занимаат. Како што таа знае да приговори за шетање пример, ете ти си знаела да и одговориш како треба, па уште неколку вакви одговори и веројатно ќе престане да коментира, ако веќе толку се нервираш за повремени коментари. Само мавни си од главата тоа да го анализираш нивниот начин на живот, дали е правилен или не, дали треба повеќе да работат или да даваат, оти вистина не е твоја работа. Ќе си се одделиш уште малку па скроз ќе си раат.
     
  4. Agrona

    Agrona Популарен член

    Joined:
    Dec 21, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    1,713
    Gender:
    Female
    tessie, eli25 и MSkorpionka убаво си пишавте. Ќе се потрудам да применам нешто што ми пишавте. Секакви совети (добронамерни) се добредојдени од ваша страна, сакам кога некој ќе ми каже нешто убаво да применам или кога ќе ме "искара" (може и јас некогаш ја претерувам, но од пуста нервоза од моја уста се ќе излезе, а тоа треба да го контролирам). Не се лутам tessie уживај без галје потполно те разбирам ;) Ви благодарам девојки уште еднаш. ;) :hai: :inlove:
     
    MSkorpionka and tessie like this.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,840
    Likes Received:
    101,402
    Gender:
    Female
    Агрона не чини свекрва ти што се меша во се.Ама за тоа твојот сопруг е крив,тој треба да и каже до каде може да оди и која и е границата.Е сега не работела,ти верувам,ама таков е животот во зедница.Уште малку ќе имаш свое катче па размислувај во тој правец.А од измиен филџан драга моја не паѓа ничија круна.Кога можеш изми ги садовите, кога не заврти им грб. 8)
    Можеби е подобро што не ти помагаат ,зашто утре ќе кажеш-да,тоа ние си го направиве.А баш ме интересира која ги плаќа сметките за режија,или сметаш дека тоа не е помош?
    Извини,не сакам да те навредам,само сакам да ги погледнеш работите од друг агол.Мило ми е што размислувате за осамостојување ,радувај се на тоа.Насочи ја енергијата кон тоа.А золвата остави ја нека си го тера животот како што сака.Таа воопшто не е твој проблем.Си имаш ти твое сонце што треба да те грее.
     
    Agrona likes this.
  6. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    1,005
    Likes Received:
    771
    Gender:
    Female
    неможам да сватам како тоа 5-6 или 10 години си со човек и се е во ред и кога ќе се мажиш почнуваат проблемите со свекрвата и оп мажот е тој што не чини, а како тоа чинел до пред месец дена.
    по мое и мажот како и жената е жртва.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    Абе ja мислам дека како што си имаме посебно, пољубезно лице за сите други гости, веројатно така свекрвите правеле и со девојките пред да станат снаи. Шознам, мене само тоа ми држи вода..
     
    stetoskop, Li0ness and stefi23m like this.
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    7,698
    Likes Received:
    19,882
    Gender:
    Female
    па можеби за некои работи и мажот е жртва како жената :!: ама за некои работи не целосно..
    бидејки па сепак е маж мајката нека се потруди за семејството(сопругата и децата) па и да немат деца веке е сопруг и мора да се грижи за сопругата...
    можеби до некаде е жртва не дека не ама пак мора малце и он да биде подготвен и да не дојде до жртва работата :^) ами нели мажот е глава на кујЧата е па ајде нека биде така а не само кога им одговара нив :!: не го викам само за еден сопруг ова туку и за сите па и за мојот :emo:
     
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    1,005
    Likes Received:
    771
    Gender:
    Female
    мажот е глава ама жената е вратот.... :D :D :D :D
    а свеки како свеки е врат и за сопствениот маж и за синчето (ако е мамина маза)
    ако не, свеки од почеток ќе си го знај местото и нема ни да покушава да се меша....
     
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    7,698
    Likes Received:
    19,882
    Gender:
    Female
    :D :D
    па види тоа за свекрвите ете едноставно јас не ги разбирам :!: нели и тие биле на насе место и знат како е,приватност и се тоа сто сакаме со саканиот,,,добро де ама ние не сме свекрвите па да знаеме сто они не разбират кај нас :!: сакам да кажам дека биле како нас и знаат како е нека не се прават сега свекрви па незнам сто :^) а за мажот е глава а жената врат-доволно е да сопругот и сопругата заедно бидат и двете па кој сака нека им се меса заедно ке надминат се :)
     
    stefi23m likes this.
  11. tufica

    tufica Активен член

    Joined:
    Nov 11, 2012
    Messages:
    28
    Likes Received:
    10
    ајде и јас да го кажам тоа што ме мачи, мажена сум 3 месеци и имаме 2 неделно бебенце, се додека да дојде бебчето на свет се беше океј во врска со свекрва ми, се почитувавме, седевме заедно, а сега се стана пекол... се почна уште од болницата, кога лежев, таа дојде, јас имам големи болки во градите од цицањето, брадавиците ми беа крвави, имав гној, го доев и веќе неможев да издражам и го тргнав на бебчето за малце да ми се одморат, таа почна да ми дере, да ми ја фајќа градата и да ме тера да го дојам и после тоа цело време ми ја држеше градата... тоа беше само почеток, после тоа почна да се меша во се, се сакаше детето да биде во неа, нон стоп беше во нашата соба, јас и мм почнавме да се караме секој ден, дури ми доаѓа и да си одам, и врвот беше вчера, кога дојде таа и ми рече дека јас не сум била добра мајка, не сум се грижела за детето, дека плачело, а јас сум си седела на фб, дека не сум се замарала со него, и тоа го преќутив, доаѓа мм и ме прашува што е работата јас му раскажувам, вели добро, беше од моја страна, дојде мајка му со цел да решиме, мм и рече дека не треба да се меша толку, дека треба јас сама да се учам на се, а дека кога ќе ми притреба помош, ќе ја викнам, таа се налути и рече дека веќе нема да влегува кај нас во соба, дека ако плаче, нека плаче, дека нема да се замара... вечерта кога го бајнавме таа не дојде, беше лута, и после тоа мм и го однесе да го види бебето, таа почнала да плаче, после тоа мм дојде и почна да ми зборува како дека и јас претерувам, дека таа е постара, па требало да ја почитувам, дека требало да биде како и таа ќе каже, не само јас, дека и таа требала да биде со детето, а таа по цели денови беше со бебето, јас не можев на почетокот да дојдам на ред да го фатам :@ почнав да се нервирам уште толку, па како може кога му зборувам јас да биде од моја страна, да така е, а кога ќе ја види мајка му, право се менува, и јас сум крива... јас само не сакам таа да ми го гледа детето, не сакам да ми се меша во врска со бебето... ве молам за некој совет, што и како да постапам :worried:
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    Таа плаче пошто и` било речено да не се меша за детето, а ти што си

    - тазе родилка, ем доилка,
    - те болат и крвават брадавиците секој ден,
    - имаш маж кого треба да го послушаш за ова/она,
    - се грижиш за бебушот а си во (се`уште нежна) состојба
    - и како шлаг на тортата свекрвата ти писка и става чили сос во блага манџа.

    Мене мм такво нешто да ми кажеше за 2-3 солзички на свекрвата, јас ќе му ги набројав горенаведените работи и ќе му речев: „Ако таа треба да плаче, ја треба да рикам и да мавам све што ми дојде пред очи.“

    Мора сериозен муабет со мт на темава. Не е работава тој да трча со шамивче по таа која ќе заплаче у моментот, туку да ја одмери ситуацијата и на тој кој не е во право да му укаже (независно дали си тоа ти или свекрвата).

    Греота била? На жена во таква состојба и` вика дека не била добра мајка. Јас разбирам помош и ценам и си имам кажано дека ме нервираат луѓе кои не знаат да ја ценат и си гракаат без потреба од шо немаат друга работа, ама ова нејзиново е стварно посебно. Да ти ја влече градата кон бебето, па нормална ли е физички да те напаѓа воопшто а згора во таква состојба? Демек ти си машината за внучето, поголема вредност немаш, а? Eксик нека е таква помош со ќотек шо се вели. Го виде ли мт тоа како те влечела? Што вели тој на тоа? Како дозволува таков однос?

    По се` изгледа свекрва ти е од оние, да ми простиш на зборов, затуцаните кои се арни со снаата додека се роди внучето живо и здраво па после им е колатерална штета. Мислев толку ограничени особи денешно време има само во Македонски народни приказни, но реалноста е поинаква.
     
    lolyta777, Annath and Agrona like this.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342
    Како бре да ти ја фаќа градата и цело време да ти ја држи :$ јас би и залепила шамар :) :lol:

    Малку сте во хаос по дома од новиот член во семејството, ама со тек на време ќе се средат работите. Ти мајче дигни малку глас таму и кажи си дека ако ти треба помош ќе си побараш. Свеки е само загрижена и испаничена зошто плаче толку бебето а заборавила како било со нејзините деца па бистри политика и фаќа поени на солзи (демек туго боже внукот нема да си го видам, а овој твојот па уште и го однел во соба на видување :tmi: . Можеби е смешно ама повеќе е жално), соли памет и се прави дека се знае.
    Ти како мајка ја поставуваш границата до каде може да оди околу чувањето на бебето а на мт објасни му дека не сакаш да ти се меша, ако ти треба помош ќе ја побараш, дали од неа дали од педијатар или некоја друга мајка, небитно, а тој ќе мора успешно да балансира меѓу вас двете зошто очигледно знае со кого си има работа.
     
    lolyta777, karenin, elena.mak and 2 others like this.
  14. tufica

    tufica Активен член

    Joined:
    Nov 11, 2012
    Messages:
    28
    Likes Received:
    10
    не го виде, но му реков и тој само и рекол, веќе тоа се нема повторено, но прави други проблеми сега, ете вчера ми рече и да не го дојам детето лежејќи. туку да седнам јас и реков не сакам и таа кога излезе на мајка и, беа двете заедно во соба и рече ете гледаш се не сака, се нешто не сака... а јас сум правена царски и полесно ми е да дојдам лежејќи... не знам што да правам веќе, ете денес е среќна, се смири со син и, и пак јас сум таа што со маж и се нема, што е скарана, овие 2 недели секој ден е така, веќе не можам да издржам... не знам можеби треба да почнам и да се карам со нејзе, можеби подобро ќе е тогаш, ако не, богами тогаш ќе станам и ќе си одам, му реков на татко ми се, тој ми е единствената подршка... не знам веќе што да правам...
     
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Joined:
    Oct 30, 2010
    Messages:
    1,057
    Likes Received:
    1,821
    Пробај колку можеш да игнорираш се околу тебе, освен бебето. Знам дека е тоа скоро неизводливо, ама послушај паталец :) . Веројатно сега сите се малку под стрес додека се навикнете на бебето, ама и ти си и тоа не е оправдание свекрвата да се однесува како поголемо бебе од бебето. И патем, си имаш ти за кого да се секираш ако плаче, а тоа сигурно не е свекрвата. Има некои родители кога ќе станат баба и дедо и тој ум што го имале како да им ветрее. Мене на пр. свекор ми (јас си имам мака со свекорот, не си свекрвата :) ) кога се породив со првото, ако се пожалев дека сум преморена толку злобно ми велеше „Ако ти пречи, дај ни го нас, ние ќе си го гледаме, тебе само на доење ќе ти го носам“... :fubar: Прво, не вели „ако си уморна“ туку „ако ти пречи“, демек сум го родила и сега ми пречи мене моето сопствено бебе, второ „дај ни го нас“ како „еве имаш вишок тенџере, дај ни го нас“... И леле многу, многу се нервирав како може некој таков да биде. И после сфаќаш дека секој може да биде секаков и дека тоа во секој случај не е мој проблем. Си има една книга со многу убав наслов -„Како се калеше челикот“... И луѓето така се калат, полека, животот, проблемите, искуствата, се не преобразува и стануваме позрели, постабилни... Така што, пробај да не се секираш, и тоа ќе помине, ќе научиш некои работи за себе, за сопругот, за свекрвата, ќе научиш кој и што ти е најважно во животот и најважно од се-ќе научиш дека навистина не вреди за секого да се нервираш. А за такви како свекрва ти, кои се знаат, цело време кажувај „Лекарот така ми рече“ ;) . Зошто доиш легната? -Лекарот така ми рече (во болница така ми река), зошто така го држиш бебето-така ми кажаа во болница... Јас ги бркав сите од соба кога дојам (ако ми се бутаа во спална) или си одев во друга соба ако беа на гости и им викав „Во болница ми рекоа никој освен маж ми не смее да биде со мене кога дојам, тоа е интимна работа...“ Љубезно, но отворено и да не оставаш место за приговор. Се ќе се среди, пробај што повеќе да си уживаш во бебето.
     
  16. Agrona

    Agrona Популарен член

    Joined:
    Dec 21, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    1,713
    Gender:
    Female
    Како да станеш и да си одиш ?! НИКАКО тоа. Зошто? Тоа е твоја куќа и ќе и с'снеш на свеки малку. Не смее така да прави ама ете прави (за жал и се може). Теси убаво си пиша. Послушај некој од тука што ќе ти пише. Не избрзувај. Те разбирам сега тазе породена + тоа свекрвиштето ти виси над глава и тешко ти е. И јас си имам проблеми со свеки, и мојата не е нешто поарна, се нешто се меша. Но, твојава е бетер дефинитивно од бетер имало побетер (за жал) :( Како бе може така да ти ја држе градата да те тера да го доиш бебушот ?! :fubar: Со кој памет е таа жена ејјјј !!! СТРАШНО !!! Јас не знам што би направила ако би се нашла во таква ситуација. Ма навистина не знам, но сега онака ми иде мене пример да сум на твое место онака убаво и фино би ја пуштила сирената моја (устата) би ја направила пуздер/лом да не речам. Има пред сите таму да направам да не знае што да писне да рече. Ама ај, и јас да не зборувам многу така сега, не знам што ме чека мене во иднина. И јас проблеми си имам со моето свекрвиште. Од што сум толку добра и фина (од финска) си ќутам само АТЕР за мм, само атер и атер и веќе и тој атер на глава ми се качи. Блазе некој што галје немаат со свеки, што ќе им дојде на уста тоа им го плескаат, тууу камо јас да можам таква да станам што лесно и убаво на душичкава ќе ми биде. Изгледа ќе мора да почнеме заби да си покажуваме. Мислам РЕДНО ВРЕМЕ Е !!!
     
    slavica999 likes this.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    Море по таков физички контакт во таква состојба, не знам дали само на муабет би останала мојата реакција.

    Се извинувам што сум малце поемотивна но како може бре некој така да се однесува со жена во деликатна состојба низ којашто госпожата самата поминала пред 20-30 години. Јас што никогаш не сум била бремена и плус снаа ми се` што ми правеше (имам пишувано), кога сум била кај моите кога ќе седела и таа таму (инаку си е на горниот спрат, ама додека беше бремена почесто долу седеше за да ако има потреба не се симнува по скали по стопати), како сум трчала (ќе речеш гостин), ама сум си викала „Таа е сега побеспомошна од мене, ќе и` преќутам што и да ми рече, кога ќе зајакне ќе и` возвраќам на ударите како што знам.“ Па перничето да го поднаместам, па и барам некои си таму витамини специјални низ цел град (да, да, кога бев гостинка кај моите).

    Значи мајка да ми утепал некој, кога е беспомошен, болен или во нежна состојба не го чепкам. Абе на глава нека ми се качи ако сака, не пак ако си е океј. Мене ми пречи на моменти што мм стана избувлив последниве години, ама барем не би седел мирно во ваква ситуација никому. Како би и` било кога ќе и` клекне газот да нема кој чаша вода да и` даде и уште дури и да ја мава ако не слуша?

    Мажот е тој кој треба да ги постави границите. За ситници и мм слабо завземал страна затоа што сака колку што е можно помирно да се помине животот, но кога биле сериозни проблеми во прашање, прв бил кој не гледал ни мајка, татко (а уверена сум ако некогаш јас згрешам, ни жена).

    Треба прво со него да разговараш, да му укажеш дека мора секогаш да те брани, освен доколку самата нешто направиш погрешно. Јас во таква ситуација, таа мајка не би ја гледала веќе никогаш со исти очи, а не само по еден ден, две-три солзички и едно „нема више“ да ја прегрнам ко ништо да не било, а маж ми да излезе лошиот. Не е само свекрвата крива, не. Мора да си расчистиш со мажот во врска со тоа како треба да се постави со тебе. Доколку не е расположен да те заштитува, нема поента да седиш во тој брак, затоа што тука веќе не ја гледам толку силно вината на мајка му колку што ја гледам неговата.

    A бракот не е забавиште, туку дел од животот кој бара многу сериозен пристап, трпение, љубов, како и период кој носи многу предизвици. И како ќе се преброди сето тоа без поддршка од партнерот?
     
    Agrona, slavica999 and lolyta777 like this.
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Joined:
    Feb 21, 2013
    Messages:
    582
    Likes Received:
    3,417
    Пред се мисли на млекото.Од толку проблеми со градите па плус и те нервираат можеш да го загубиш млекото.Би те советувала во посебна просторија да си го доиш бебчето и нека ти е живо и здраво.Заедно со сопругот да се советувате со педијатар.Поминав низ нешто слично на ова.Ме тераше да пијам еден горчлив чај за градите.Добро де може не и била лоша намерата ама сепак докторот рече дека чаевите може да го загорчат млекото и кога тоа го слушна мм не и дозволуваше да се меша. За тоа можам да го пофалам, и сум благодарна .Ние двајцата се гриживме за бебето и никој друг .Старите доагаа само да и се радуваат.Значи доење само мајка и бебе и тоа во посебна просторија.Така ке се опуштиш. Полека но сугурно доењето ке ти преставува задоволство а не вистинско мачење.Градите ке се средат со тек на време и со полезни совети од лекар .Посета на педијатар исклучиво со маж ти.
     
    tessie and Agrona like this.
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2012
    Messages:
    1,670
    Likes Received:
    11,529
    Има значи некој специјален вид на жени, кои веднаш забораваат што поминале кога некој друг проаѓа низ истото. А ако нели се пожалиш не дај Боже, одма ќе почнат- ееееее, а да знаеш јас бремена кога бев, па вака, па така, ова ништо не е... Не два, дваесет и два аршини имаат. Гледај си го ти бебето мила, и баш да ти е гајле што ќе каже дотичната. Понапред некој те советуваше да кажеш дека докторот рекол да нема присутни додека доиш, тоа ќе да ти е најпаметно! Јас уште од сега ги масирам така, затоа што какви се не планови прават золва ми и свекрва ми. Ние имавме блиски сусрет од трет вид затоа што несакав да прифатам не ни знам што беше од кинеска продавница. Што сум се замислувала јас, кралица?! Ај да е за мене, чудо големо. Ама на бебето неродено да правиш планови какви глупости од кинеска продавница ќе му купуваш, на едното единствено внуче сега за сега, епа оди удри си ја главата. Башка кажавме со мм дека не сакаме да купува никој ништо сега толку рано - една работа, а друга дека не сакаме да купуваат глупости, најдобро е да се советуваат со нас што сме замислиле и што сакаме. Не сметам дека е срамота, истото и на мајка ми и го кажав, и нормално не се налути. Вика нормално, вие си знаете што сакате, јас имам толку и толку пари, одберете и ќе одиме да купиме. Крај. Исто и сите други блиски кои кажаа дека сакаат да купат по нешто корисно, ама сами одберете си. Самите така си рекоа! А кокошкиве, нема што вие да кажете, ние знаеме. Па знајте за ваши деца, за нашето ние најдобро си знаеме. Се фаќам на моменти како сум безобразна до коска, ама тоа е само одговор на дотичните. Вадат од мене некој човек кој не го сакам, одвратно е. Носам дома слики од ехо, како вчерашен весник ги гледаат. Луѓе што не знаат да се радуваат, чудо. Можеби и јас многу барам? Можеби радоста на мајка ми не е точна, можеби така треба како кип да се прифаќаат работите? Не ми е гајле за материјалната глупост што некој сака или не сака да ја купи или што и да е, туку непочитувањето и незаинтересираноста. Неможеш ти родителите да ги множиш со нула. Многу сум лута, одвај се справувам со глупостиве. Не се поднесувам намрштена, јас сум ведра личност. Ми фали ведрината. Ајде ќе истрпам јуначки уште месец дена, и крај на тоа поглавје. Со Господ напред само, со памет да си отидеме од таму! ;(
     
    imelda, simply-red, Agrona and 2 others like this.
  20. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Joined:
    Oct 31, 2012
    Messages:
    559
    Likes Received:
    218
    тоа е најдобро ресение ако имате мозности сто по далеку толку подобро ,еве јас со мојава две улици не делат и пак знае да ме изнервира секој ат кога ке ја видам исто како сто каза мојата имењаЧка елена.мк како сто велат старите усте нероден петко капа му кројат таа сакала да му ја купи колиЧката ама не од каде јас сто сакам и каква сакам туку таа од каде ке нареди,е извини драга ама тоа немозе јас му казав на мм или јас ке ја изберам или не треба да ми ја купува! исто и за името свекор ми усте сега поЧна да си го вика по неговото име,а усте ни полот не му го знаеме на бебнцето,ама еден ден ми пукна филмот и му казав нема подновување имиња лутете се колку сакате и од тогас :x ние не зависиме од нив не ни помагаат со нисто усте ке ни земат ако имаме а не да ни дадат и затоа нема да ги слусам ке си правам како мене ми е добро :) јас науЧив од етрва ми таа е овде повеке време и недозволува да и наредуваат и да и диктираат им врака во лице и еве повеке ја поЧитуваат од сите ,знаЧи тоа е лекот,сега и јас така поЧнав па ке видиме :D
     
    Anyshka and Agrona like this.