Леле за у тоалет муабетот, фала богу не иде по мене у тоалет арно ама знае кога она е таму или да не се заклучи или со отворена врата да си врши работа и она и ќерка и Еднаш пререков пошто реално гадна ми е сликата, и ми вика де бе жени сме Кажав на мм и од тогаш некако ја немам начекано со отворена врата да моча
Аууу па и кај мене и двајцата, шо имало врска како од сега нивно чедо сум била. А они така пред своите деца не правеле ама сега пред снаата
Добро вечер и поздрав до сите, ја следам темава и би сакала да добијам мислења за мојот случај. Со свекрва ми не живееме заедно, не можам баш да се пожалам, посебно живееме во стан со маж ми, некогаш знае да ми иде на живци меѓутоа ништо страшно, наводно '' проблемов'' почна од како останав бремена и дознавме дека е машко, маж ми со убаво ме праша за името, му реков не знам, не сум размислувала и навистина не сум, ама неговиот предлог мислам ми го крена притисокот 200, он го има изгубено татко му уште на 16 години, бил добар човек итн, па ми предложи т. е не беше предлог туку директно ми рече е, па ќе се вика како татко ми што се викаше!!!!!!!!!!!! значи со сета почит ама татко му имаше старо име значи не сакам ни да ви кажам како се викаше, сега додека пишувам се нервирам, како на дете да му дадам такво старо име????? А маж ми и свекрвата имаат убави имиња, ама пак ќе кажам го немам запознаено човекот го почитувам и се тоа и ми е жал што не е помеѓу живите ама на дете да давам такво старо име кое што не ни постои веќе не знам еве, му реков нема шанси сакам модерно име или некое што е по ок, згора на се, дознала и свекрвата и рекла супер, може како маж ми што се викаше, уште толку се изнервирав јас на дете не давам име од 5ти век!!!! Мислам дека и ќе го изгубам од нервози, како со убаво пробав, очигледно не биваше како да кажам појасно дека старо име НЕ САКАМ???! Му кажав со убаво може да се договориме, тој ете ти не знаеш што ти е сега проблем јас кога предложив, па уште и свекрвата може може, не се замарам многу со неа, не живееме блиску, ама маж ми ме изненади, решен е тоа име, се извинувам за долгата објава, можеби некому е смешно ама јас изгубив живци да ми дава некој име на дете, што нема врска со денешните, јас не знам како да постапам??? Разбирам дека бил поврзан со татко му можеби и му значел, сепак родител, ама што е многу, многу е, најмалце е што сакам да сум дрска и така сфатена ама, превише ми е.
Смислете верзија од името која ќе ви се допаѓа на двајцата, или првата буква нека е иста нешто така, компромис да постигнете. Немаш проблеми со свекрвата, разговарај си со сопругот.
Нека помага кумата/кумот (јас со мојата сум блиска па би можела) компромис старо ново име (ако е димитар-димитриј)
Дај му предлог модерна верзија од името да биде или ако нема тогаш на истата буква што почнува името. Многу се нервирам кога ќе запнат да обновуваат имиња.
Па на некој начин и му кројат.. Замисли Стојанче го крстат, име ко име ама за жал секогаш ќе се најде некое дете да го задева за името. Треба децата да ги учиме да не обрнуваат внимание на такви работи, јас пред децата многу внимавам да не искоментирам нешто што утре он ќе го запамети и може да исмева некое дете мислејќи дека така треба зошто слушнал од дома. Ама денешниве генерации на родители и деца се повеќе се...коса ми се крева кога некогаш ќе слушнам деца од 6 7 год колку моево што све не зборат.
Мене ова ми падна во очи Некој да давал име на твоето дете? Тој некој е твојот сопруг и татко на детето. Има исто право како тебе да даде име.
Димитар е убаво име, преубаво е во споредба со ова, стари имиња, не ги потценувам ниту исмевам имиња, ама што е превише, превише е, во 21 век да дадам име на дете Русомир? Еве, не знам дали е до мене, ама попрво би умрела одколку тоа да се случи, не знам како него му е сеедно без разлика што е и кој е, ја нема шанси да дозволам, но, секако ќе се најде некоја средина да ми се допадне и на двајцата, само ме изненади што ми рече дека ништо не сум ценела и се сум сакала по мое, буквално ја испаднав крива, а на некои што им спомнал за имево уште рекле еј па супер, ма немам зборови, уште толку се изнервирав, како и да е Благодарам на сите за коментарите
Winter-girl02 Пробај да играш на карта дека му ја разбираш желбата за името, ама дека името нема да го дигне од гроб татко му, дека татко му ке живее во крвта на потомството... Мислам, додади уште нешто срцепатално, за да пробаш да го разубедиш. На почетокот, и сите четворица (свекорот/вата, мм и сестра му) имаа став за тоа дека убаво е да се “подигне“ име на некој си у фамилија, па сестра му се удараше у гради како детето ке го крстела по нејзини свекор и свекрва Јас уште од тогаш си стоев на свое, едино што можам да прифатам е само прва буква и толку, па да видиш како легнаа на брашо сите па мм уште одкога дозна дека сум бремена спомна за име на дете што ни прва буква не е иста со на татко му (а не оти имаат старовремски имиња). Така да не се нервирај, пробај тактички и на емоции да го фатиш. Реално Русомир ни на хрчак не би ставила име а не на дете.
Леле.... И јас имав проблеми за името на првото дете. Уште пред да го дознаеме полот, свекрвата одма си кажа дека ако е женско треба по неа да го крстиме. Не се согласивме и двајцата. Јас и реков дека ако е женско ќе го крстиме по мајка ми (почината е). Не дека така ќе направевме. Сакав да и ја видам реакцијата. Одма коментари зошто така. Се одело по татковска линија. Ама ништо. И двете се машки.
Види и јас не сакам подновување на име, среќа и старите наши не сакаа, името да старовремско е, ама и ја разбирам желбата на маж ти да има име како покојниот татко. Сепак компромис мора да има, ти го носиш тоа дете, дел од тебе е и ти си мајка, не може он сам да одлучи за името, или сосема некое трето на кое ќе се согласите и двајцата или нешто модернизирана верзија од ова, речи му дека до таму си спремна да идеш повеќе од тоа не. Кажи дека името е старо и дека детето ќе биде најверојатно исмевано поради него, детето секако ќе најдат прекар како да го викаат кога ќе порасне па никој нема ниту да го знае по вистинското име( детето и само ако го мрази името ќе најде прекар) На крсј крајот речи му ова дете не избра само да се роди, ние сме должни да му дадеме удобен живот, а со тоа име ќе има проблеми и детето не е должно ради наши желби да страда во животот. Смирено објасни го ова вака и ќе видиш реакција.
Искрено еве татко ми е починат ,јас немам срце да му се обратам на било кој со тоа име не па секој ден да го галам ,гледам и слично. Мислам физички ќерка ми личи на него и мило ми е ,ама исто име не знам не би можела ,нека е чудно колку сака. Инаку најдобро мислам дека е да го фатиш на емоции како шо пишаа.
Дедо ми покоен (на мајка ми татко), уште многу одамна велеше име на починат не се ставало. И татко ми е починат па здравје кога ќе имаме деца не би го ставила неговото име.
Нејзиното име тешко да се преправи во машка верзија. Уште од времето останало тоа имиња да се даваат по свекорот и свекрвата. Поарно по татко ми да крстев. Е тогаш фацата ќе и беше Нивно презиме носат децата. И уште се бунеше. Дали има некоја снаа задоволна од свекрвата?