Ова со имињава е преглупо. И јас порано така размислував, демек убаво е да се вика на некој драг починат, за да се врати името во фамилијата, да не ти недостига да викнеш по некого со истото име. Сега сум на мислење дека баш подобро е по жив некој да се крсти детето за да му се направи чест на живиот и да се израдува, ако толку веќе сакаме да крстиме дете на некого. Умрениот демек ќе знае дека детето е крстено на него? Мене свекорот ми е починат, ако сака мажот ми би крстила дете по него без проблем. Ама само ако мажот ми сака, а други ако налагаат само ќе си сонуваат, оти ќе ме фати инает- не сакам мешање за вакви работи ни под разно. Се знае кој бира име: мајката и таткото. Другите дале имиња ко требало, нас не крстиле и доволно им е.
Ехее се вртка по некоја тука, ама во погрешна тема каде што е толку за неверување кога ќе прочитам нешто убаво
Истово го кажува и мајка ми. Име по починат не се става. Она вика ќе давате име по дедовци баби со тешки судбини, дајте му име по некој цар, цар да стане. Реално, Русомир стварно е неубаво име, ете Роберт, некоја скратена верзија ако веќе толку запнал. Јес да денеска се претера со имињава, не знаеме кај тераме ама да упропастиш дете со такво име.. греота е. Такво малечко душичка бебе слатко и трт, Русомир.
И кога ќе викнеме по детето, ќе се свртат и дедото/бабата, ќе незнаат по кого викаме. Секогаш сум била против, кај нас во фамилија никој не носи име на дедо/баба, еее уште тоа време кога биле позаостанати, ама очигледно сега бетер се. И сите тетки и вујко живееле посебно, а не сега како што сакаат некои во заедница. Уште не сме излегле од 18-ти век.
Или па може одредена модерна верзија. Го разбирам и маж ти, те разбирам и тебе. Мене не би ми било проблем искрено, освен ако не е некое ептен незнам старо, па да нема некоја модификација. Имаме во комшии дедото беше Мате, внуков по него Матеј. Лани се роди детенце кај едни роднини, дедото Милутин, внучето Михаил го крстија. Едит: Сега прочитав како се вика свекор ти. Вистина може да го дадеш Владимир ко предлог. Мене ми се свиѓа тоа име, не е ни старомодно, баш е убаво.
Баш денес бев кај баба ми и одкога почина татко ми, на средниот брат му се роди машко дете и си го крстија Павел. Баба ми ми кажува како брат ми и се јавил и и рекол еве шетаме со Павел, оваа му рекла тој за мене не е Павел, туку е Стојан, што му фалеше на името Стојан, да го крстевте по татко ти, нели ти е срам. ова со ставање имиња на деца, се невидени стресови искрено. Сите имаат мислење, сите мислат имаат право да кажат, сите се мешаат....
Леле луѓе не сме 5ти век, ставајте модерни имиња баталете се од стари имиња, нивното поминало, сега е нашето време, тогаш за тогаш, сега за сега. Има многу имиња, може да се најде едно што ќе се свиѓа на жената и мажот, другите се небитни.
Ne znam Kako mozi koga ti ne se soglasivas toj da kazuva deka taka ke se vika Kako da ste dogovorile,a ti Vikas ne. I normalno e da ne sakas taka da se vika, koga e starecko ime. Reci mu ne po tatko ti na tatko mi ke se vika ili postrasni na dedomi jas mnogu si gi sakam, da vidime so ke misli..
Извини ама ко вицотека е муабетов И тоа е генезата на шпанските имиња-Павел Стојан Миле Тодоровски Петков- и сите среќни
Золва ми двете деца 10 и 4 години на свекорот и на свекрвата...старовремски А односот меѓу нив катастрофален само кавги дома Таа од почеток мама тато ги вика,децата на нива ама џабе
А сите тие треба да одлучуваат за името на детето? Што се нема да прочитам. Мајката кој ја прашува. Битна е свекрвата. Таа се знае. Таа е најпаметна.
Дајте му го тоа име ако маж ти сака синот да му страда ради булинг. Ќе го утепуваат со дофрлања дека е Русин или Бугарин поради името. Колку и да бил добар човек свекор ти, тоа не го менува фактот дека името е лошо. Почит се покажува и на други начини. Не мора со име. Еве ти опции. 1. Пробај со компромис. Да му почнува името со истата прва буква. Роберт, ко што ти предложи членка. 2. Половичен компромис. Името да го содржи зборот мир. Предлогот на другата членка, Владимир, е ок. Може и да се зезаш дека ти сакаш да биде Властимир (ама да не те примети одма). Да види како е кога некој запнува. Ем го има мир, ем можеби ќе биде на власт ко возрасен. Премиерот на мама, речи (името и судбината демек). За 1 и 2 можеби ќе можат да ти помогнат кумовите, ако ги имате одредено. Да ти помогнат со маж ти. 3. Закани му се на маж ти дека ќе го оставиш ако продолжи со неговото. Делува премногу, ама на братучетка моја ѝ успеа заканава.
Па сега ние млади ,неискусни како тоа знаеме повеќе За друго беше ова ,за име не сум ни кажала не па прашала ,до последно не се знаеше кое ќе па дозна навечерта откако се породив
Свеки моја и нејзинава јатрва ги крстиле децата по имињата на од мажите родителите. А пази добро свекор и свекрвата уште живи им биле. И кога виксле по децава кој да се сврти детето или свекорот/свекрвата. Јас одма им кажав дека според мене тоа е чиста глупост исто име да се стави. Голема чест сте им правеле хахах без навреда спрема некој ама мене многу заостанато ми делува тоа. Значи се едни исти имиња треба да се вртат во фамилија. Јас кога останав бремена и девојче дека често прашуваа што име ќе биде јас и мм не им кажувавме. Она може мислеше по неа ќе биде името хахахаха аха ок.
Кога се родила сестра ми, татко ми сакал да ја крстат по неговата баба,моја прабаба ама толку прастаро име мислам не постои. И тогаш тетка ми,Бог да ја прости се побунила му рекла на татко ми нема шанси да и ставиш такво старо име. Па ај не по баба му туку по мајка му, мојата баба, ок баба ми имаше баш убаво име модерно сега ама и баба ми се побунила рекла нема шанси дете да носи мое име може нека биде првата буква како мојата ама мое име не. Ова пред 40+ години. Моето име ми го дала сестра ми а на брат ми по дедо ми, кумата си рекла од старт не прифакам друго име ќе се вика како дедото. Среќа па дедо ми имаше убаво име,старо и баш ретко ама убаво Е ја коа останав трудна уште не знаевме дали е машко или женско,свекрва ми,Бод да ја прости, тогаш ко на шала рече "овде кај нас ако е женско се става име по бабата" т.е нејзе. Ќерка ми носи име по дедо и,секор ми, и тоа беше желба на маж ми ама и мене премногу ми се допадна името па затоа се согласив. Е сега другово ако биде машко ќе биде борба за името, пошто маж ми сака старо име и е од тој тип луѓе што сакаат имињата да идат по дедовците и прадедовците