@Emotional123 плус ко што не е Русија баш омилена во моментов... @Winter-girl02 ми текна на две-три ситуации за кои имам слушнато, исти ко твојава. "Проблемот" е решен така што името (на пример од дедото) станало презиме на детето. Пример дедото се викал Крсте, детето се презива Крстески.
Рака на срце моиве свекор и свекрва не напињаа за име, затоа стринки тетки прашуваа дали ќе се вика посебно првото по свекорот. Добиваа одговор не ќе си го крстиме ние како сакаме. И да бараа свекориве да се крстат деца по нив не би прифатила макар на глава стоеле, прво што ( тоа подоцна го увидов) воопшто не заслужуваат, второ и двајцата имаат баш стари имиња. Имињата на маж ми и деверов се по таткото и дедото на свекоров, деверов имал среќа па има класично име, затоа маж си го мрази името и ден денес.
Мене ова свекрва ми ми го рече еднаш, ако имала внука сакала да се вика и презива по дедото, лупам Јана Јанева. Само ја прашав дали он ќе ја прави, па ќе биде негова, и зошто она на мм не му дала име од свекор и? Уште еднаш не и текна да го каже ова.
Камо мојата да е таква. Мојата си има навика да си преспива кај мене или да доаѓа на целодневна зашто од толку што е мрза ја мрзи и да си оди. Па така ми се јави пред некој ден ‘Дали ќе ти сметам да дојдам на 2-3 дена да поседам, да ве видам таман и ќе ти помогнам со децата?’ И сега во некој нормален свет јас би требало да речам Да, сметаш ама пошо сум многу фина секако дека реков ‘Таман работа, дојди’. И така, ако денот ми почнуваше во 6.30 сама на тераса на раат да го испијам кафето пред да станат децата, сега одма скока по мене и ми го почнува денот со црна хроника, понегативно здравје. Доручекот ми се поместува во 10 зашто се нуди она да го спреми и само се влечка. Ручекот го почнува и се шушка пола саат додека не ми здосади и да преземам. Од умор ме мрзи да пишувам колку е некултурна и без осет, три пати ја прашав кога ќе си оди, и кажувам дека не ми треба и на женава не и текнува. До вечер чекам, утре ѕвонам кај мм да и каже. Што е до нејзе, можеме по цел ден да си пиеме кафиња, да си раскажуваме турски серии и да збориме за црна хроника. Со хроникава и јас не знам што е, жената обожава да ја чита
Надвор ос темата ама имам колешка што кажува 24/7 црна хроника и ми е многу крипи....прв пат во живот видов тоа, полошо нема
Jas I velam AJ dosta tie pak ke dojdis, ke te zemime. Sega ne ja ni vikam, Ne mozam uste doma taka da se odnesuva, tamu ko ke pojdime se custvuvam ko so sila da ne vika, vleguvas, sedis ko da ne si dobredojdena, Jadis a nesto te stega ke se zadavis I nisto da ne zbornis oti te prekiniva so nesto kolku da ne te slusa. Ke mu spomnam na soprugot za ova, jas taka da odam tamu a bara nasekoe da odime I Da ne se custvuvam prijatno I raskomoteno vo domot. Pa za so da odam ne se ni blisku.
Не можам повеќе вака морам да се олеснам. Секој ден нешто се случува ми пререкуваат секој ден за било што и му пренесувам на маж ми, он со мене се кара секој ден зошто не можел више мене да ме поднесе, не можел да слуша више такви работи, поубаво више да не се ни гледал со мене секој збор ми бил за неговите. А од нив се устручава, не ми превраќа ептен ретко, јас сама почесто им враќам (морам сама да се бранам). Кога е лут он на нив нешто за него што му е на ум му преречат е тогаш збори вакви се такви се ќе си одам од тука и така натаму...
Леле жени јас ако не пукнам од овие, не знам кој ќе пукне. Беше малиот кај нив и научено има дека ако плаче од нив све добива и еве веќе 1 година секој пат е иста песна, кога ќе го пуштам кај нив да поседи пример 1-2 саати, да го видат и кога ќе го земам он почнува да плаче. ама ова го прави намерно, зошто плаче дур да излеземе низ врата (10 секунди) и прекинува. И овие како ме гледаат, ко на мајка дете да и одземам. Седат и ме гледаат ко мулиња буквално, ни а ни б. Смачено ми е значи ко вештерка да ме гледаат само зошто треба да го избањам детето, навечерам, да го легнам. Значи смачено ми е да ме гледаат како лош човек. 100 пати е кажано едно исто, они буквално ми се рогачат со прекор, демек што го земаш. Во овие моменти ми иде да им ја акнам, нај искрено и на двајцата. Никако човек не е. Да не им го даваш да го гледаат, не чиниш, им го даваш да го гледаат, не чиниш зошто го земаш. Значи јас детево мое не треба ни за спиење да го земам, да им го предадам нив и да ги пишам старатели. Чадам, значи чадааааааам!!!! Може не е којзнае каков проблем, ама кога едново исто се повторува нонстоп ова не е нормално.
Значи не сум единствена што се напна од свекрвата денеска Спојлер: Да си раскажам своето Денес, мм ми нарача карбонара да направам, а золва ми иде од раб на ручек во 12ч и сега си планирам 11:30 да си почнам со ручекот. Газдарицава во 11ч, како да не, па ќерка ми кога ке јаде, кога ке било готово викам не е проблем (чиниш кокошките за јајца да снесат ке треба да ги чекам) и пошто така, си ја почнав карбонарата многу порано порано и бидна, со мм си јадевме топла карбонара а они си ја чекаа золва ми да дојде у 12:10 да ручаат ладно јадење. Реално, изладена карбонара за ништо не е, ама ако им е @princess02 јас порано се наоѓав во скоро слична ситуација само не беше толку крут мм со тие зборови, туку беше у стил “де бе што толку ти направиле, што толку се случи, што толку мајка ми” У тие моменти му објаснував и му укажував дека он да е на мое место нема да ги трпи. Вечерва исто настана к*ршлус со него и мајка му, и знам во очи му гледам дека ме разбира како се осеќам. Нешто што го кажав денеска оти ми прекурчи да ми се меша и у едно јадење кога да го спремам, му реков “Први постабилни финансии, и јас од тука излевам со или без тебе! Да не биде после дека не сум ти кажала и дека зад грб ти прам работи. На што добив одговор дека ке го решиме прашањево со одделување. Така и ти, кажи до каде ти е границата и дека не си дужна да трпиш никој. Да ми беше паметов пред една година, кога овој мојов не ги гледаше работите ко што треба, ке си заминев без проблем. @Mnik целосно право имаш на тоа да си го земеш дететото кога ти мислиш дека треба. Тоа што се без осет нека не ти прави грижа на совест дека не си добра мајка.
А демек ако им кажеш граници, овие готово, колена ќе почне да им играат. Што дека мм мене и пред нив ме поддржува и карано се има со нив, овие од инает прават пак по нивно. Значи ко дете мало ко ќе му речеш не скокај, тоа те гледа во очи и скока. Значи а мм не е тука, они се други луѓе, а мм е тука они цвеќиња се. А знаат дека све му кажувам, знаат и упорни се.
Покасно видов дека си се едитирала. Да, во право си, ама преку глава ми е, да ме прават лош човек пред моето дете, а они најдобри на цел свет, демек они повеќе од мене го сакаат. 1000 пати за истово е разговарано, те прават будала, а во очи те гледаат. Или не сфаќаат или така им чини. Ама ќе да е второто. Да си ја чукнат главата малку зошто золва ми и годинава ко лани не им го пушти детето на 2 месеци да седи со нив, ама нема тоа е, не се менуваат.
@Mnik уште поупорна биди ти, чим не се разбираат од арно. Од утре ко ке си го зимаш детето одкај нив ладнокрвна биди, буквално како да не се присутни. Ако ти преречат речи дека си мајка и ти имаш право да поминеш време со детето и излези си. Со такви не можеш на крај да излезеш поготово ако играш на карта на финоќа.
Јас искрено дојдов да се испукам само, ама фала на совет,добредојден е. Со овие гнаси све имаме пробано. Буквално 2 недели е ок, после све по старо. Едно 2 години не го гледаа ни еднаш неделно, ама маж ми омекна во тој дел, демек греота се, внуче им е, све јас разбирам, ама тоа што ме газат кога го нема, зошто едно пола година не им има урлано, неможам да им го опростам. 2/3 пати годишно треба да има голема расправија за да ќутат. Ја сум крива што го спречив пред 1 месец, демек ај да нема урлање, ама следна глупост му ѕвонам на мм пред нив и им давам телефон да ги среди. Нема со овие со убаво разбирање. Излегува дека расправии ги хранат, трето нема.
Снаата од небо паднала, нема родители, ама кај нив знаеш како е-и син, и ќерка да се главни. Вчера баш свекор ми и кажа на золва ми "ќерко не попуштај, да знаат дека ние сме главни", бре мајката, и ќерката сакаат да е главна, иако е снаа и таа, и како баба и дедо се тие главни, золвата со свекор и не се ни гледаат, и децата ги научила така, фамилијата на татко им (дедото, чичкото, тетката) да не ги сакаат.
Вечното натегање, кој е побитен, кој е главен. Кај сум се родила бре. Што мора некој да е главен, што се битни родители ја незнам. Децата си се решиле да се венчаат, да живеат заедно, што сме битни ние бре ко родители, што има да се натегаме кој е побитен, болести разни, чудо.
Овој свекорти будала. Јас еднаш низ општ муабет им кажав на од мсжот ми неговите. Викам кога двајца се сакаат како јас и трпе(името на мм) и се во брак само ние сме битни вие а исто и моите сте споредни и не сте битни дали вие мене ме сакате или не сакате или дали моите го сакаат или не сакаат мм. Воопшто не е битно тоа. Си молчеа.
Мене нешто друго ме интересира еве како вашите да речам ве воспитувале ви кажувале за бракот а како од мажот ви неговите. Пошто наидов на чудни мислења од нив, си викам цел живот вака го труеле маж ми. Добро што излегол нормален. Еве пример да не биде само со моите општо со другарки,колешки со сите што сум зборувала бил ставот дека двајца кога стапуваат во брак на прво место е жената/мажот и децата. Си имаш свој живот. Тоа не значи дека треба рпдителите да ги отпишеш од живите ама си ја гледаш прво својата куќа и нормално се знае за кого треба да мислиш најпрво. Е арно ама ваква тема кога се отворала пред овие од мм, секогаш правеле кисела фаца и одма коментари од типот стариот живот не се заборава, сите си имаат свое место. Демек сите се на исто рамниште. Ова сега кога се работи за синот нивни нели. Демек јас снаата да не им го украдам па нон стоп такви коментари. Еднаш не слушнав од нив да релат дека тоа е нормално и дека јас и ќерка ми сме му се на мм сега. Туку напротив пред мене имаше коментари од типот дека не треба да се заборави стариот бунар бла бла. Не треба да се дозволело жената да ги скара браќа, сестри и остала фамилија. Ниту еднаш немаше коментар дека кога ќе се ожениш/омажиш прво си гледаш своето семејство па после за братот сестрата секој си има веќе свое семејство. Не знам, јас сум ненормална или овие не можат да прифатат мм дека веќе има свое семејство и затоа кажуваат вакви коментари.
^Мајка ми секогаш не учела дека до пред брак ние сме си примарно семејство, откако ќе стапиш во брак, примарно семејство е новооформеното. Нели и на школо така не учеа, јас,мама, тато. бато сме потесно семејство, дедо и баба се пошироко. Со тој мајндсет сме јас и брат ми израснати. Ми се чини дека бар во Македонија скоро секогаш од машката страна се тие муабети ние сме една куќа, сите заедно, па паѓање во несвест ако снајка живее на десет метри подалеку од свекрвата, а не на спратот горе изграден уште синот кога имал една година.
Не знам јас мислам дека до луѓето е. И моите еве јас сум од женската страна. Ама брат ми е од машката и него истото му го велат.