Слушни ме сега. Од сабајле кога ќе станеш ќе си кажеш една реченица во глава и ако треба 100 пати во денот (буквално) ќе си ја повториш и во себе и на глас, а ако треба и на другите. Се додека не почнеш да веруваш ама навистина да веруваш во тоа. Отпосле и другите тоа ќе го сфатат, зашто директно и индиректно ќе се однесуваш на тој начин и ќе испраќаш такви знаци во околината. Ама пред се ти навистина да веруваш во тоа и така да постапуваш. ЗА МОЕ ДЕТЕ, ЈАС КАЖУВАМ КОГА, ШТО И КАКО ЌЕ СЕ ПОСТАПИ И НЕМА НА НИКОЈ ДА СЕ ПРАВДАМ. Крај, точка, закон. Не прифаќаш ништо да се каже после ова. За твоето дете, твојот збор е последен, игнорираш се останато и не ти е гајле што рекла или искоментирала свекрва ти. Не само свекрва, луѓе околу тебе минимум 15 имаш со кој се гледаш, контактираш итн во секојдневието. Секој може и има право да каже што сака, твое е колку ќе прифатиш и ќе дозволиш да ти влијаат. И кај мене кога се роди ќерка ми имало коментари и за храна, и за градинка, и за тоа колку време проаѓа со баба дедо, и за тоа кога заспива навечер итн итн. Јас прво во мојата глава разграничив, а после и со околината. Сега сум раат. Не дека сега нема коментари, од било кој, за било што, само сега не допира апсолутно ништо до мене кога се работи за моето дете. Јас кажувам и точка. Очекувањата на свекрва ти се нејзина работа, тоа нема врска со тебе, остави она сама да се справува со нејзиниот "неуспех." Ти немаш обврска да се правдаш и да ја тешиш.
Ништо од бивша свеки не можеше да ме допре како од своја крв што поситни работи ме допреле Луѓето ќе се однесуваат со вас онака како што ќе им дозволите, а со мене ни мајка ми не може да се однесува како што таа сака. Секој со својот карактер, на крајот. Баш ме интересира која свекрва ќе ми каже дете по неа да крштевам, пример од последниве страни. Мислам, може да каже, а можам јас и побезобразна да бидам и така. Точно, ама синот ако не знае да ги пресече и не му е јасно што е примарно семејство, до него е, а и до таа што таков го трпи искрено.
Да се надоврзам само на муабетов од погоре на Камелија. (не знам зошто, не можам да тагнувам) Имам уште една мантра која си ја кажував секое сабајле. Само Господ и сега ќерка ми може да ме натераат да направам нешто што не го сакам. За мм може да размислам. Свекрва да ми каже дете како да крстам. Се чудам на некои постови да ви кажам, коса ми се крева.
Баш така. Единствено си должна према она што си го родила, према никој друг жртва. Маж да ми кажува, свекрва, мајка, стринка.... абе ај сите у пм и нека се сликаат. Тие јасно ми е зошто замараат, него жениве зошто ги трпат не ми е јасно.
Алелуја. Ова е одговорот за речиси секој муабет во темава, а би рекла и за повеќето ситуации во животот.
Kolku prekrasno kazana e tvojata prva recenica.AMIN Ништо од бивша свеки не можеше да ме допре како од своја крв што поситни работи ме допреле .
Страшно! Јас би ја избркала на фин начин, ама ајде па мајка да ти е па ке и речеш, а не па некоја што до вчера не си ја познавала, ке ти ремети мир, е од ваквите жени си патиме, ние не чиниме снаите, они се фини и на крај фино заебуваат животи.
Или можеби нема свој живот? штом внуците и се опсесија,до таму да се прави мајка, викаат не е болест се што боли
Мојава пак обратно. Демек немала таа помош од свекрва и ѝ било претешко, па сега да се најдела во се што може за детето. Кажано и е колку ни треба помош и до каде ама нема разбирање. Дури и кога местевме креветче во спална, моравме некои рокади на мебелот да правиме за да собери се, па имаше коментар ако кај нас нема место, кај неа секогаш може бебе да спие. Не само што не спие бебе со неа, туку и дружбата и е минимална.
во темава колку и да мислам дека се имав прочитано, разни искуства слушнато ,секогаш нешто одново ме фрапира бебе да спие со неа, очигледно знаат дека се неуспех на тема мајчинство, па сеа си лечат комплекси со внуците, ко што пиша членката.
Лошото е што ваквите ко мојава, тоа си го имаат замислено како помош. Мене ми е комплетно на игнор со тие такви размислувања и коментари ама во нејзините очи и мозок претпоставувам делува вака. Јас ќе земам бебе да спие со мене, синот и снаата раат ќе си спијат, може пак и второ ќе направат
Имам пишувано дека мојата свекрва немала свекрва. И затоа е научена да прави што сака. Само што наполнила 18 години се омажила за свекорот. Он ќутел како мисир. Ама и неизживеана е. Нема пријателки, никаде не излегува. И очигледно криво и е за нас помодерните снаи. Убаво реков јас.. Тоа е лечење комплекси.
Луѓе се изнафрлав торти, благи пити, колачи, а ако има нешто што највеќе ме боли е фрлање храна. Од дома од мала ме имаат научено да не фрлам, жал ми е. Свекрвава има дијабет ама и огромна пасија кон правење благо, па пошто не може да јаде самата цело време нас ни дава за дома да јадеме. Туку што еве фрлив цела тепсија што ни мувлоса. Јас не јадам благо речиси ич, а мм не може сам да изеде количина благо колку за фамилија од 5 души. И има мм сто пати кажано да намали со давање ама џабе. Утре и дете ќе имаме, не сакам да го товам со благо, а којзнае колку ќе праќа тек тогаш. Чаре некое, како да и кажам без да се навреди, може ако јас и кажам ќе послуша. Или да си мувлосуваат и да си фрлам едноставно...
Да и јас слушам и ден денес муабети, ко демек на смеење "ајде бабе со мене ќе си спиеш". Јас веќе игнорирам, зошто досадна е. Децата нејзини од 3 години сами спиеле во соба, мојов 5 годишен со неа.
Абе каква помош, тоа се манипулации, се што прави е за да испадне добра, и да се упикува и најверојатно да си има занимација ,многу вакви случаи имам видено во поблиско опкружување.
Ама не мора да е свеки. Не знам некоја мисла ми е општо во животов, можеби е карактер, може некој што не ми е битен мајка да ми пцуе и како низ прозор да го гледам. Зошто би ме повредило нешто од некој што не ми е ништо? Мајки се на мажите, точно, нивни мајки. Не е моја мајка. Од мојата може да ме боли. Од некој/а таму не може, пошто ќе ја екскомуницирам, 6 пати нека е мајка на мажот. Тој да е маж нема да дозволи да дојдеме до ситуација таква, а ако не е маж и тој у пм. Секогаш решението лежи во заземање за себе, што ви можат реално? Ама баш ништо. И знам дека развод е не-не на темава, ама ако сум со маж што тој прво не ме почитува, џабе е да очекувам било кој друг да има почит за мене. И не знам зошто на крај краева да поминам живот со некој со кого ќе се мразиме. И обратно да е, баш чекам да видам кој зет ќе трпи вакви глупоштии, и која жена ќе дозволи вакви ексцеси на свои родители.
Zdravo devojkii, ajde i jas da raskazam za mojata svekrvaa.. a pocetkot bese srce uste koga bevme decko i devojka razni podaroci za rodenden, parfemi nakit. Sakase da odam kaj niv na gosti da ostanuvam no decko mi e drug tip ne sakase takvi raboti i moze i podobro sto bese taka. Od koga se zemavme pocnaa da nastanuvaat problemi sto jas gi primetuvav kaj nejze ednostavno se smeni preku nok, kafe mnogu retko pievme zaedno, se porodivv... deteto ona celo vreme go drzese go oblekuvase ajde ne obrnuvav vnimanie na toa, sega dojde 1 godinka i bukvalno preku den doaga kaj nas posle rabota mene toa mi prece iskreno nemam nekoja pomos od nejzee.. Koga sme izlezeni saka se vo nejze da go drzi, ke stanam jas da go prosetam trca po mene sedi ti, jas da go prosetam znaci toa me vagja od kontakt samo vo nejzinite race da bide. Ednostavno go osekam toa cuvstvo od nea kako da saka samo nea da ja gleda, da ja bara... i mnogu mi pagja tesko. Mu rekov na maz mi da razgovara so nea deka taka ne e ubavo da go zemuva od race deteto sepak jas sum majka ke i go dadam ne i go zemuvam.. mnogu mi e nekako cudna bi rekla kako opsednata i so nas i so noeto dete.
Opsednata so deteto. A zosto sekoj den doaga kaj vas Bez pricina I zosto so nea se setate? Kazi mu na soprugot vaka deka te premoruva, ti treba odmor ne mozes sekoj den so nea da se zamaras, Ako ima potreba ke ja viknite, reci mu nervoza mi stvara, deka sakas sama da si so deteto. Vie ke pojdite ko ke sakate. Ami zamisli penzioner da e od sabajle ke ti se nacrta cel den kaj vas mozi I za spijanje. Moras da postavis granica. Jas i vikam drug pat ke dojdis, ne mozime Sega imame rabota, no barem se javuva I prasuva Dali da dojde, ne taka da mi se tupni. I za da posedi Saka. Jas I velam samo potamu, potamu, vistina ke ja zemam nekogas no Sega ne mozam, si imam rabota. Nekogas I ke lazam so da pram, nekam vlice da I velam ne sakam da idis I velam ke odime vamu tamu onamu I vistina samo se setame Ako ostani vreme za starive ke se pojdi Ako ne toe.
Епа да ти кажам дој си од работа,свари си кафе, стави си ги розовите наочари и на игнор ставија. Јас изгледа имам способност да игнорирам небитни луѓе. Од едно влегло во друго излегло. Како што разбрав не живеете заедно,ако е така уште подобро. Јас со мојата само недела се гледаме и тоа ако е убаво времето во двор ја среќавам. Или ако се качи кај мене. До 4 сум јас на раб. си идам и немам многу време со неа да се замарам дали ме погледнала накриво или рекла нешто. А и она исто. Игнор му е решението, ама треба да се таков човек што не става се на срце. Чувајте се себеси првин и вашето здравје.