Имаше една членка, пиша дека дури биле во врска со маж и, кога одела на гости кај него во соба, влегувала мајка му без да тропни или се вртела во ходник. Ако е ова вистина, значи се стварно со дијагноза. Ама, ама, ако видиш еднаш дека е така, не одиш повеќе во таа куќа. Ќе одите кај тебе, или изнајмувате крај-краева. Нема да ме убеди некој дека не се гледа и не се насетува нештово во врска.
Не се работи само за мешање има луѓе со напорен карактер без разлика не само свекрви општо постојат такви луѓе. Што се наметнуваат. Сега лесно е да збориме за другата страна. Ама еве да се работеше за нашите мајки каква таква сепак родител ти е. Не значи дека ако си купила свој стан и сега веќе нема врата да и отвориш или слушалка нема да и креваш. Можеш и да ги одбиваш еднаш два пати ама не може нон стоп. Треба да има некоја средина. Ни секој ден да ти се тупкаат ама па и не еднаш годишно. Свекрва ми пример не ми се меша у браков со мм ама е терсене карактер наметлива е и едноставно не ја можам. Ама сепак мајка му е на мм. Не можам да се правам дека не постои се додека не ми згрешила нешто лично.
Во право си, ама не е секогаш до мажите. Во мојов случај што веќе да им рече мм? Што нема речено, колку пати има урлано, џабе. Они може не се толку лоши, ама што од инает, што од немање попаметна работа, што од мака дека не е по нивно, се напорни. Еве во мојов случај немаш што да им правиш, освен да се трудиш што помал контакт и да ги игнорираш, ако нејќам да не има по телевизии, ударна вест.
Колку шо можеш за мајка ти, толку и за неа. Колку сака мајка ти нека е напорна, нема да и отвориш врата да ти дојде на гости? Барем 2 пати неделно нема да кренеш слушалка? И сигурна сум дека ќе те праша и што има ново и што сте ручале и ако ти го види детето поголо од тоа што она очекува да не е, ќе ти рече. Значи да не контактираш ич и да не отвараш врата, треба екстремен случај да е, не е битно дали твоја или негова.
Ова и е животна желба откако е родена ќерка ми а повлеченото во последно ,само тешко некако @Mnik многу слични ситуации имаме ,можно е и мене да ме читаат по телевизии
Ама тоа се нормални односи, не знам зошто не би имале воопшто контакт. Но, кога прават проблеми, им ставаш граници, засекогаш. Јас од мајка ми не очекувам да се смени и суштински да разбере, не па од некој/а друга. Ама затоа ставаш вечно граници и си штитиш мир, неважно чија мајка е во прашање.
Точно, ама некои што не се разбрани ни граници ни ништо не помагаат. Еве пример ние сега не седиме со нив, замараат секој викенд да одиме таму, аха да, наместо да прошетаме негде за викенд јас нив ќе ги трпам, едвај чекав да се откачам од нив и да бидам подалеку, пак се мешаат. Месец ипол скоро што не сме отишле готово мислиш светот се распаднал, а и тие дојдоа кај нас, значи се видовме, им велам а да сме во странство како ќе се гледаме. Тоа е тоа сепак му се родители на мм, и да сакаме неможеме да прекинеме контакт. Истото важи и за мене, и со мајка ми се расправам за некои работи ама неможам да ја сменам. Само разликата е што ние жените им кажуваме на нашите родители што ни смета, мажите малце поретко.
Извини, ама тоа што посакуваат да ве видат за време на викенд, поготово ако месец дена не сте се виделе, не е ниту лошо ниту мешање (во што?). Е сеа ти што не ги поднесуваш, друго е. Јас пример со задоволство се гледаме со нашите секој викенд ако сите можеме. Дур се живи, ќе издвојувам најмногу време што можам за нив.
Ок е за викенд, ама не секој викенд. Тоа е претерано. Додека бевме во Мк му кажав на маж ми дека не мислам секој викенд нив да ги пречекувам. Сакам да си излезам со него и децата. И моите не ги толерирам.
2x беа кај нас за тој месец, ние што не сме отишле, ама и пред тоа одевме или секој викенд или секој втор, тие сакаат секој, и колата ни беше на поправка, па ја продадовме, додека најдеме друга помина време, а и се видовме значи за тој месец ипол, епа сега и ние си имаме обврски, неможеме со нив да седиме, а тие што се во странство и што не се гледаат? Па ако сака толку да не види, зошто вика комшии и роднини секојпат кога ќе отидеме? Јас си ги знам какви се и затоа не ми се седи со нив. Се заморувам таму психички.
Ако се вратиме наназад, дали они пречекувале свекрви секој викенд или секој своја работа си гледал? И за мене е премногу секој викенд, секое слободно време да поминувам со родители
Леле.. И јас го имав истиот проблем. Ако отидевме кај нив обавезно имаше гости. Доаѓаа ненајавени, а она ги примаше. А демек сакала да не види. @Malesia свекрва ми немала свекрва. А за неа е нормално некој секој ден да ти доаѓа на гости. Еднаш и реков - Кај мене гости секој ден нема. Оттогаш ништо не рекла.
Па некој викенд сакаме да одиме негде сами да прошетаме, а бе од една страна кажуваат да одиме под кирија, тоа било нивно, ако живееме посебно нема да се мешаат, сега па секој викенд да се гледаме, и мешање е кога ќе им кажеме дека не одиме а тие да напнуваат, па кога ќе отидеме да ни кажува кај да одиме на гости кај нејзини роднини (сестра, братучедки нејзини). Може сме слаби со финансии, сепак трошок е и во најблискиот град да отидеш (ова како пример го пишав). Може ни излегле дополнителни трошкови, а бе лесно е да се каже и да се суди. Не заслужиле да ги погледнам, ама ајде, некои работи ги прогледав низ прсти поради мм, сепак му се родители какви и да се и неможеме да прекинеме контакт.
Jas edno vreme go prekinav kontaktot so nea, Sega ispadna nesto eve pak mu odime, glumi ludilo, znam deka glumi no eve soprugot Saka da se odi mozi I od nekoi pricini treba, no def Ako jas se prasuvam kaj taa Zena ne e poveke za odenje, nikogas ne ni trebase no Sega to e so e, ke vidime Kako ke se vrtat rabotite. Ako prodolzi so gluposti I jas ke prodolzam da ja izbegnuvam, nemam namera zdravjevo da si go rusam zaradi nea.
Zavaisi so ke se slucuva za vreme na toj vikendot so niv,na kakvi gluposti ke naletas da gi pravat nikoj ne e dolzen da gi trpi, Ako e se vo red ke odis zosto da ne, Ako ne se nemam namera da trosam vreme I energija za da si dojdam doma iznervirana.
Еве и со мајка ми иако сме кај неа па не се гледаме секој викенд. Ние си одиме негде, таа со оди со пријателки, секој со свои обврски.
Ova so go prajme nie I go pravevme za niv odamna, nikoj ne go praj. Tie porano nikoj ne gledale, ne pa da mu odele nasekoe, se znae Slava Edna's dva pati godisno, Sega ne znam so ocekuvaat..
А бе пишуваа игнор, дистанца, па незнам што, сега секој викенд ауу. Беа на дистанца, џабе, што е до мене не заслужиле прагот да им го пречекорам, ама ете поради мм, сепак родители му се. Тие што немале проблеми со свекрви солат памет. Па кога не бев мажена моите со денови не ме гледаа, ќе се гледам секој викенд со свекор и свекрва, како па да не, едвај чекам викенд да дојде да одморам психички, ќе ми го замараат мозокот.
Еве сега Понеделникот неработен ден дека, золва ми беше и зетот со децата, тие секој ден се таму, ок еве сестра му е, не собрала фамилијарно, леле кога надојдоа сестра и, зет и, стрина на мм, чичко и уште 2 пара комшии, ми се стемни, па кога почнаа со непотребни прашања, ми се идеше да си станам, ама стварно многу приватни прашања ми поставуваа. Во заедница кога живеевме секој ден комшии, гости трпев па и сега.