Сепак се родители на маж и. И тој ако сака да се гледа со нив ќе се гледа. Колку таа да не ги поднесува.
Е ова...А бе само синовите имаат родители, сестри, браќа, ние снаите немаме. И со мм пред да се ожени не се гледале со месеци, сега им текнало, работел во странство, не се ни слушале, и во мкд кога доаѓал повеќе бил со другари отколку со нив. Па не било тупнување ако дојдат да седат 3 месеци, ама ние снаите сме се тупнале. Советуваат да се одвоиме, па ако се одвоиме зошто да не дојдат, нека дојдат, ама не нон стоп, па зошто тогаш да се одвоиме ако нон стоп сме заедно. Па мажите ги направија мамини синчиња, неодвоени од сукњата на мама, а сега зошто да не се гледаме секој викенд, двојни аршини.
Нормално дека не, никој никому не смее тоа да дозволува. Абе не е нормално, барем за мене не е, ниедна екстрема. Од брцање у фиоки до негледање со месеци. Ама тоа секако во здрави семејства и здрави односи го нема. А за седење со месеци по странство, не знам за сите, за две што ми се блиски, едната другарка, едната прва братучетка. На братучетка ми свекрва и' ни еднаш не и' дошла на поседок со месеци (а во иста земја се, иако далеку), додека и мајка и' и тетките и' одат и седат, вистина и она сака да одат. Ама ете со маж и' нема проблем, а за кај свекрва и' они одат, таа ете не им доаѓа. Кај другаркава и нејзините и неговите одат на поседоци - повторно - она и маж и' сакаат да им доаѓаат и родители и браќа/сестри. Од кај знаеш дека снаата не е лигла што сите и' сметаат? Ниеден однос не е до толку еднонасочен
Абе не мора секогаш еден да пречекува, еднаш старите ќе дојдат кај младите, друг пат обратно, трет пат надвор на ручек или кафе. Па и не мора да е на викенд, може и преку недела, било кога. А и не мора секоја недела де. Муабетот ми е дека не е за жалење родителите да посакуваат да ве видат, сосема нормално е и убаво е. Еден ден ќе ги нема и нема веќе да ве бараат.
Тоа е за инает на снаата. Па да видиш кое глумење е пред народ. Они се грижат за синчињата златни. Можеби снаата нема да му направи ручек на синчето, па ете ја свекрвата на помош. И моите имаат осет. Не доаѓаа секој ден и прашуваа секогаш дали може да дојдат.
И мене не ми е нормално тоа гледање постојано ,пишувате кога ќе се омажам и оженат примарно семејство се мажот ,жената и децата сега па не гледање со родителите со месеци не било нормално ,еве ако се од далечен град треба секој викенд ли да одиме ,како да немаме ние свој живот и обврски ,па мајка ми живее во близина па не се гледаме секој викенд ,некогаш и еднаш два пати во месецот ,а свекрва ми и свекор ми од друг град доаѓаа секој викенд е на што личи тоа ,па може еве сме се договориле да одиме негде за викенд и кога го напишав тоа да се испукам одма рипнаа тука па каде бил маж ми да им кажел . Па ако сме биле во свое немало да се мешаат ,читам колку ги напаѓаат членките што живеат во заедница , еве станот е наш ,па пак си дозволија да се мешаат што за ручек што за децата ,инаку и ние одиме кај нив ама неможеме секој викенд ,и ние си имаме свој живот и обврски па и со деца не е лесно поготово со бебе да се мкнеме ние секој викенд таму ,некогаш сакаме да прошетаме ,кога одиме таму цела нивна роднина доаѓа да не види ,мене тоа ми е замор .А тие како што пиша една членка не се ни гледале со нивните свекор и свекрва .И јас познавам пријатели каде што на снаата сите роднини и доаѓаат а на синот не ,ние во странство да сме и да дојдат моите пред нив болни ќе легнат .
Ако, се си има граници на нормала. Мојава сака да доаѓа да проверува по дома како го чувам син и, мој ручек никогаш не би јадела (ние со таквите свекрви се разбираме, а ни пола саат не ја сакам дома ако ме прашуваш мене)
Видете луѓе, карактер си е карактер и на 5000+ км да сте ќе најдат начин да се мешаат. Еве пример мајка ми е таков карактер да ако си зацрта нешто мора да се направи, па и на глава ќе застани. Од обична работа како видела фустанче за бебе пример некаде, 100 пати ќе се јави да ми кажи дека видела, да одам и јас да го видам, па дали сум била, и на крај ако треба и ќе го купи ама нејзе и е зацртано дека треба да се има нештото и толку. Свекрва пак, не прифаќа НЕ, се што прави, требало, не требало нејзе и е замислено дека помага. Критика нормално не прифаќа. Ако речеме не чини ручекот, одма е навредена, ако речеме не ни требаш, можеме сами, одма е навредена, како бескорисна била во куќата. Е тука сопругот "паѓа" на нејзината драма и попушта. Мене ми се сите на игнор ама ако ептен нема излез и барам некоја обврска од типот да се занимава со цвеќиња или да испегла алишта од бебе или што и да е, за мир по дома. И најново бидејќи почувуваат бебе по некој час додека се приберам од работа имаш од свекрвата ова - Мамо, ние се покакаВМЕ - Мамо, ние ја изедоВМЕ цела каша - Мамо, ние спиеВМЕ И само земам дете и си влегувам во друга соба, толку од муабетите. Така да што помалку се замарате, толку подобро. Ако не сте вработени и било каква работа е спас или поголем социјален живот или курс, теретана, аеробик, што било, само помалку заедничко време.
Исто како мојава, кога ќе направела нешто мм ако и кажал дека не е вкусно оваа се лути, баш сега кога бевме во неделата правела сукано за золва ми и зетот во петокот (ние само тогаш ако искористиме нешто, не ни сакам да ни прави), и неделата не беа тука му се јавила на мм дека ни оставила, мм зема тоа камен тврдо, потоа дојдоа и свекрва ми се качи горе, ми вели да го стоплам, било од петокот правено, и мм на зафрканција и кажа дека ние сме како кучиња тоа што останало, леле оваа кога се налути, па како така зборел, притисок и кренал, а таа не ми крева притисок пример ако имам останато ручек од претходниот ден ми кажала да го фрлам да сме јаделе од нејзиното, а ние толку мрсно не јадеме, многу мрсно прави и тоа со свинска маст. Мене ми се лоши од тоа, еднаш мекици правеше со свинска маст, надвор ги пржеше, отварам балконска врата мириса и на мм му кажав некој чварки топи мириса, а таа мекици да пржела, и мм зема, јас приметив дека се со свинска маст, и кажав, таа ме излажа дека не се и кога си купив за јадење се налути, се навредила зошто нејзино јадење не сум јадела.
Ќе ти кажам нешто кое во моментов нема да оди во прилог на тие што се тим снаа. Од блиска фамилија имам пример, каде братот после женење не им честита роденден на мајка, татко, сестра. Не ги перцепира, па за возврат ни тие него, изгледа. Не знам колку се гледаат и слушаат, ама знам дека е суштински да одржуваш некој каков-таков контакт оти тие луѓе ти се потребни. Рецимо, ќе правиш крштевка. Само роднините на жената ќе ги каниш? Тоа е веќе лудило и за потсмев. Не ми се јасни мене многу работи овде, ама гледам дека е напревар за вниманието на мажот. Мене ми е сурово да се издели некој од фамилија, која му давала се, само ради тоа дека таа личност се оженила/омажила. Овде е веќе прашање на воспитание и една општа лична култура. Убаво пиша една членка погоре, тие луѓе еден ден ќе ги нема, ќе ти биди криво зошто си ги шутнал така, без осет. Многу егоцентричност на темава, многу самољубие и само ние сме во право. Тоа не води никаде. Чесен човек си признава дека греши.
Јас па мислам дека од машката страна сакаат главни да се ,се нивни роднини канат и на крштевки и на родендени за деца барем во моја околина сите се главни од машката страна ,многу малце знам каде што родителите на снаата се мешаат ,има и такви не викам не ,ама еве тие што правеле крштевка само родителите биле на снаата на роденден на внуче ,а не и како од машка страна стринки ,тетки ,вујковци ,вујни ,што снаата нема тетки ,стринки ,вујковци ,вујни ? Или нека не доаѓаат и на сопругот вујковци ,стринки ,тетки или и од двете страни .Баш сега свекрва ми беше на прв роденден од сестра син правеше за дете ,нас не не поканија ,ги поканиле вујковците ,вујните ,тетките од машка страна ,а од на снаата само родителите нејзини и сестра и ,епа неможе така да двојат ,или сите или никој ,само родителите ,брат , сестра и кум ако е така .Имаше членка еднаш пишала свекрва и и рекла сестрата на сопругот била главна тетка а на снаата сестра или брат какви се ,споредна тетка и спореден вујко ?
@Pa8la , свекрвата моја е главна баба за внучето од синот, ама лошото е што сака да е и главна баба за внучето од ќерката. За неа баба по татко е главна, освен што кај ќерката бабата по татко често е во странство, па во тој случај бабата по мајка е главна таму значи свекрвава моја на двете страни конци сака да држи. Да се разбереме, ни сум делела моја и негова страна ни ништо. И од кај мене сите ги почитувам, одам кај што сум поканета, ги викам и од кај него. Е со тоа што од кај мене дружбите се многу поголеми и само што ќе се спомни роденден, именден, свадба, крштевка по автоматизам се знае дека си поканет и одиш освен некоја непредвидена ситуација. Од негова страна баш свекрвата била таа што направила раздор и буквално луѓето се чудат кога ќе се јавам да ги поканам за некој повод. И, да баш ради мене и сопругот доаѓаат да ни направат чест нас, а не на свекрвата. Значи доаѓа роденден на бебе, ако ја канам мојата тетка и неговата добива покана.
Оти чудно ова негледање со месеци? Мислам нели свекрвите вас не ви се ништо, не ви се фамилија, барем така рековте. Со синот надвор на едно кафе да се видат, со вас што мора, не ви се ништо во животот. Не гледам причина зашто би сметало.
Како би имале контрола тогаш? Да пропуштат нешто, тоа свекрвиштето да не ги оговара. Не, не, не, за мене ова не е нормално.
Ние се уште немаме деца, золва ми има веќе се големи, свекрвата и свекорот се главни кај ќерката, кога и да одат на одмор или негде на викенд свекрва ми оди таму кај нив да излуфтира, си има клуч, а свекорот на золва ми нема, не го рецкаат него, него го покануваат само за родендени на децата, исто како мене и мм, никогаш не не викнале на кафе, не па на ручек, ама затоа свекрва ми правеше буцки, му велеше на мм да ги викаме на ручек, па една му е сестра, па уште ми кажува мене свекрва ми месо да сум идпекла повеќе, биле многу по месото, ај јас да одам негде на гости и да наредам што да ми зготват, ако не јадам нешто, салата ќе јадам. Е ама затоа золва ми го скара мажот нејзин со татко му (кој иде само на родендени на децата), тоа од срам што ќе кажат другите, со брат му и сестра му исто ги скара и не зборат, не ни одат кај нив, па дури и збореше пред мене на децата лоши работи за чичко им и тетка им, и децата не сакаат да одат кај нив. Кога и го кажав ова на свекрва ми дека ги скарала сите, добив одговор дека заслужиле. Исто золва ми е поблиска со роднините на свекрва ми дури и со на свекрва ми братучедки, а со на свекор ми брат што и е чичко и сестра на свекор ми што и е тетка не се ни гледа со нив.
Исто и кај мене, они сакаа да видат главни баба и дедо на моите деца ама се зафркнала ,исто е баба и мајка ми и свекрва ми и тетка и сестра ми и золва ми . Кај золва ми исто они се главни сегде сакаат да се и кај син и кај ќерка кај нас не им успеа тоа . За крштевки сите ги поканивме и на сопругот тетки и вујковци и мои ,кога дојде за прв роденден на првото дете свекрва ми ми кажа само сестра и да сум ја поканила е како така ќе двојам или сите или никој и свекор ми има сестри . А и што се мешаат ,млади си каниме .И золва ми сестра и на свекрва ми ја поканува само . Тоа наредба од свекрва ми е .
А бе пишувавте маж што се гледа нон стоп со мајка му е мамин син и не се одвоил од сукњата на мама ,сега па сами да се гледале . Аха тебе те читав дека со дечко не ти било нормално да одите по свадби заедно епа и откако ќе се омажиш одете секој посебно кај свои роднини .Баш немажените многу рипате ,омажете се па тогаш кажете оп ,и кај пишаа со месеци не се гледале ,пишаа за тој месец свекорот и свекрвата биле кај нив незнам што ви е чудно ,па трошкови се да одиш во друг град од каде им ја знаете финансиската состојба ,може штедат за нешто . Ете и моите свекор и свекрва доаѓаат кај нас ама неможе секој викенд на што личи тоа да немаме приватност ,и ние одиме кога можеме ,од една страна викате да се одвоиме нема да се мешаат ете ние се одвоивме па пак ни се мешаат ,сега пресековме . Значи ние снаите на туѓо сме кај свекрвите а свекрвите можат кога сакаат да доаѓаат ,и кај нас се на туѓо станот не ни го купиле тие .
Додека беше маж ми во странство не доаѓаа. Убавина. Не ми е проблем свекорот да доаѓа. Многу е фин. Можеш фин муабет да си направиш. Не се ни меша. Ама она е буцкалото.
И мм додека беше во странство кога седевме таму раат си бев, и ако ме викнеш на кафе и кога ќе ја одбиев се лутеше, нека и стои. Ама еве не ми е проблем да испиеме едно кафе, ама ме вика кога има собрано комшики, па што има да седам со нив. Кај мене двајцата се буцкало, само свекор ми што се кажува во лице и што треба и што не треба, свекрва ми демек се прави фина, а со мм шуш буш зад грб.