Па назад сами пишувате вас не ви се ништо свекрвите, зошто да се гледаат со вас де? Исто имаше мислења не било нормално негледање со месеци. Другото не додавај драми да бидеш со сила у право. За негледање зборев зашто сметало, не за гледање. Читај убаво.
Незнам кој додава драми . Па ништо не ни се де свекрвите ,исто како што ништо не им се и нашите мајки на мажите ,и секој посебно ќе си се гледа по твое ,секој со својата мајка Епа значи кога ќе дојде свекрва ми јас да си излезам од сопствениот стан за да се види со син и .
Јао жено. Ај пак ќе прашам, општо, не тебе. Зошто не ви е нормално воопшто да не се гледате со свекрвата? Која воопшто би сакала да се гледа со свекрва? Мислам ваљда повеќето сонуваат за маж што нема да сака ич да се гледа со мајка му
Jaooo жено што се однесува до мене воопшто не сакам да ја гледам е како тогаш ќе си ги види синот и внуците ај кажи ако пример внуците се се уште бебиња и цицаат ,треба ли на свекрвите туку така да ги оставиме и тие да ги дојат . Бог да чува си значи немам коментар .Омажи се па тогаш кажувај кој со кого да се гледа .И свекрва ми и свекор ми доаѓаат кај нас кај да одам јас ,да си излезам од станот и детето и бебето да ги оставам така . И сопругот значи треба да оди сам со децата кај нив според тебе .
Па тогаш не мораше да го одговориш прашањето кое беше зашто е проблем НЕГЛЕДАЊЕ, а не ГЛЕДАЊЕ. Ај убав ден. Иначе и јас коа ќе се мажам неќам да се гледам со неа ич. Затоа прашувам што е толку чудно.
А ти кога ќе се омажиш сама ќе одиш кај мајка ти, а мажот ти сам кај неговата мајка? А деца кога ќе имате како? Едното ти ќе го земеш, другото маж ти. И еве децата не сакаат без тебе, нема да си ги видат внуците затоа што свекрва ти не ти е ништо и нема потреба да се гледаш со неа? Па и мајка ти кога ќе се омажиш на маж ти ништо нема да му биде, значи сама ќе одиш кај твоите бидејќи не му се ништо на маж ти? Оф лелеее.
Како ќе го изведеш тоа да не се гледаш со неа ич? И зошто на пример? Како би го видела твоето бебе пример што е родено пред 5 дена, освен да дојде дома кај тебе, исто ко мајка ти што би дошла? Претерувате по малку свесни сте? И јас мојата не ја сакам и што се однесува до мене ич не мора да ја гледам, ама тоа би значело да и скратам да си го гледа внучето, а не сум до толку безвезна.
И кога ќе иде мајка и на гости, маж и ќе го измаршира од дома на 4/5 саати, па ако е жената од некој друг град и сака да поседи 2/3 дена, ќе го сиктероса него кај мајка му. Кои филмови си ги живеат децава.
Еве јас зборував за редовно гледање, па ќе одговорам од таа перспектива: сакам да се гледам со свекрва ми. Не зборам дека не е нормално да не сакаш, ако не ја сакаш личноста или нешто лошо ти има направено. Ама ако личноста е сосема океј, зошто не би се гледал со неа? Ме интересира причината и психологијата позади неа. Од секогаш сум сакала маж близок со своите, едноставно убава ми е таа фамилијарна блискост и делење на време и спомени.
Значи вака, јас пишав дека месец, месец ипол скоро не сме отишле таму, ама за тој месец свекрва ми и свекор ми беа кај нас, значи се видовме, и според членката јас требаше да си отидам негде од куќата на мајка ми, мајка ми и така не беше тука последниот пат кога беа, кога ќе дојдат свекрва ми и свекор ми значи мајка ми треба да излезе од нејзината куќа. Еве и мајка ми доаѓала таму да ме види мене, и свекор ми и свекрва ми требало да си отидат од нивната куќа. И јас не сакам многу дружење помеѓу мои и негови, ама ете некогаш мора, неможе па воопшто да не се видат. И на мајка ми ништо не и се. А пишав зошто не сме отишле толку време, сепак тие дојдоа да се видиме, свекрвата ништо не ми е, ама му е мајка на мм. Драми направија демек до месеци не сме се виделе. Пред тоа одевме ако не секоја недела, секоја втора, сега таква ни е ситуацијата, кога можеме одиме, сега викендов бевме таму, они беа пред тоа, ама се нервирам зошто свекрва ми не напнуваше да одиме секоја недела, колата ни беше на мајстор, а и си имаме свои обврски.
И пријателите (ако ги имате) и соседите и колегите и сите останати луѓе на планетава ништо не ви се. Се дружите со некој друг освен со мажот? Или нема потреба пошто ништо не ви се, шо има вие да трошите време на нив.
Ај да не цитирам башка. Не реков дека очи неќам да ѝ видам ама она на ручече на кафенце не сакам, барем не сакам гледање без потреба. Само ептен по потреба. Нека дојде ама нит кафе нит ручек, нит муабет, партнерот тоа нека прави. И други луѓе не сакам да ги служам па не значи дека ги мразам. За внуче здравје ќе видиме, ама нели јас ќе одлучам дали ќе го гледа, исто како вас. Времето што ќе го потрошиме јас и партнерот на други да го имаме за нас подобро.