1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    19.828
    Пол:
    Женски
    Сега имаме одличен однос, верувај, сум пишувала. И ме почитува и све.
    Можеш да ми најдеш мислења.
    Ама во врска сме сега, затоа, дм со неа живее.
    Брак е нели друго.
     
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Епа зошто би го менувала односот после брак?
     
    На Emy867 и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.404
    Допаѓања:
    2.674
    Пол:
    Женски
    Убаво, држи си се до тој став не ти е погрешен. Од старт сечи да не ти се меша после во манџите. А видување се знае ок е неделен ручек да дојде на гости да биде гостинка а не душкало, боцкало, сезнајка.
     
    На JustBeautiful и Anyshka им се допаѓа ова.
  4. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Се има :D
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.404
    Допаѓања:
    2.674
    Пол:
    Женски
    Затоа што она ќе го смени ќе се повампири :devil: (еве јас од искуство кажувам)
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Ќе си се здосадите и ќе почните да си се карате, така почесто. Ти требаат и други луѓе во животот.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.404
    Допаѓања:
    2.674
    Пол:
    Женски
    Свекрва ли и треба? Да видиш што е карање,расправии и немири со мажот. Пријатели, друштво, роднини од се по малку
     
    На *Amethyst*, moonlight-girl.55, Erika.greeneyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Таа рече никој не и требал. Ни пријатели, ни ништо. Знам и други со ваков став, резултатот е ист.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.228
    @Spicy Senorita тоа сакам и да кажам. Прва тргам од себе дека и јас имам карактер што еве не секому може да одговара. Има жалби дека не биле заинтересирани - јас прва ќе кажам дека не прашувам како се. Очекувам сами да ми кажат ако имаат проблем за кој можам да помогнам (општо за сите важи). Што значи дека би била "незаинтересирана" золва/снаа/свекрва, како што сум "незаинтересирана" ќерка. Мајка ми не е човек на кој можам да му тажам пример дека свекрва ми ме замара и да и' прераскажувам, таа ќе бара решение на проблемот, таква е. Нема шанси да седи со мене и да оговара фамилија на партнер мој, како што во живот ја немам слушнато лош збор за од татко ми фамилија, па и своја да каже. Оди решава проблем (екскомуницира или решава во 4 очи) и крај.

    Е има луѓе што суштински не сакаат да си решат проблем, туку сакаат да туфкаат, или уште поглупаво, сакаат да воспитуваат други луѓе :) Не можеш да смениш никого, можеш отворено да кажеш што ти смета, ако не се разберете нема да комуницирате. Ама одење во крајности да биде "по мое" (имало немало запршка, како се пружиле алиштата и слични глупости) не вредат да си го ебаам мозоков.
    И сама си кажувам пошто јас сум прва што сака да е по мое, тешко би живеела со некого, макар и да морам со моите пак. Не се тие лоши, јас не сум толерантна, а некогаш е најтешко и да си признаеш дека можеби до тебе е, а не до другите.

    Како што реков, ниеден однос не е до толку еднонасочен, како што на мајка ми карактер не можам да променам, уште помалку можам на некој друг.
     
    На Осе, *Amethyst*, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.404
    Допаѓања:
    2.674
    Пол:
    Женски
    Само така се искажува, бидејќи е млада :)
     
    На Spicy Senorita му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.228
    Во нормални, нетоксични семејства, постои примарно семејство (маж и жена и деца ако имаат) и блиска фамилија (нивни родители и браќа/сестри). Кога сите имаат свој живот за гледање, со ќеиф се гледаат со останатите, не со омраза и драми. Прифаќаат дека секој човек е различен и не пробуваат да го моделираат по свое.

    Овде се проблем 90% двете страни, двете страни имаат нереални очекувања.
    А почит немаат - суштинска почит, не е почит "мамо" да и' викам оти така е редот, ама во себе да не ја поднесувам. Или снаата за синот не чини, оти тој со златен ташак е роден. Итн.

    И да, не може свекрвата да ми е ништо, ама ако имам нормален однос со него, ќе прифатам дека е дел од него, дека го родила и дека и' е дете, како што јас сум на мајка ми и си ја сакам.

    Ама за се' ова да функционира треба да се воспитаме да не пливаме во малограѓанштина, а тоа извира како од стари, така и од млади.

    Какви глупости ќе прочиташ, од "главни баби" до знаење детали за односот со золви, девери. Не знам ни зошто треба да ми биде гајле каков однос има деверот/золвата со мајка им, како е тоа мој проблем.
     
    На 1209, *Amethyst*, Annora и 6 други им се допаѓа ова.
  12. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Ова ми е прејако, да знаете дека има и вакви
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    19.828
    Пол:
    Женски
    Шо знам бе Каме, у други случаеви секогаш се лупате во гради оти во свој дом ти одлучуваш, оти никој не е должен (нели фамозната реченица) да ве кани дома, дека не се должни родителите да дозволат на баба и дедо да видат внуче и дека не мора да даваш објаснување зошто и како.
    Нели пак да повториме, нЕ сЕ ДоЛжНи.
    Е и јас не сум.

    Иначе нит ја мразам, нит ќе му забранувам на либе да ја гледа, боже сачувај.
    Али после некои работи досега, колку помалку гледање со фамилии, толку подобро.
    Додуша или ич или често. Али ако е често, нека е од мерак.
     
    Последна измена: 28 октомври 2023
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.803
    Пол:
    Женски
    За ова си во право до некаде, и јас тоа го мислам, од една страна пишуваа да не се живее во заедница, да се оди под кирија или да се купи свое и нема да се мешала свекрвата, па како жената и мажот и децата доколку ги имаат се примарно семејство, сега зошто не гледање со месеци, па еве ако сме во странство како ќе се гледаме? И јас пишав ние не сме отишле скоро месец ипол, ама ете тие дојдоа и се видовме, што е тоа секоја недела гледање. Па има некои и во иста куќа живеат па не се гледаат по месец, а не во друг град да се, секој си има свои обврски, па некои работат и во 3 смени, за викенди, значи такво време е дојдено, а и тие не се гледале со нивни свекрви и свекори. Па и моите со на мајка ми нејзините тоа време па не се гледаа секоја недела, со на татко ми живееа во ист двор.
    Значи и свое да се купи мора свекрвата да се трпи. Пишуваа за да не трпите свекрва одете си од таму, сме се тупнале, а кога пишав и да одиме во Германија ќе ни се тупнат 3 месеци, ме нападнаа, како така сум пишала, а истите пишаа ние снаите сме им се тупнале на свекрвите, а свекрвите ако дојдат во наше не се тупнуваат, свекрвите се закон.
     
    На *Amethyst*, Zumbulche, Angi266 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Ама ти си кажуваш искрено, сама велиш јас имам таков и таков карактер. Јас еднаш овде не слушнав да речат, барем еднаш и јас згрешив, не требаше да се омажам толку брзо или да живеам во иста куќа. Значи да бидиме реални, пред да се омажат на ништо не биле присилени. Нема да ме убеди некој дека не ги виделе маните и недостатоците. И да, има примитивно однесување, секако. Ама кажи ми на што личи да велиш на золва не и треба дел од имот, нека си се мажи. Па се прегледуваат за поклони, кој-како живеел. Абе изгледа се трпат и си лицемерат, а зад грб се најлошо. Јас ова го мразам, не можам вакво нешто. Луѓево треба да се научат да живеат сами пред брак, да видат дали оди, да видат мака. Друго, што ме фрапираше, оти свекрвата не готвела. Човече, после 18 години, мојата мајка ниту ми зготвила, ниту ми исчистила, ниту ми испрала и не сум очекувала да го прави тоа. Пред тоа признавам не знаев се да готвам, само обични јадења, ама бев самостојна, сама решавав проблеми. Таа кариера бркаше, само два дена се гледавме во неделата. Зошто толку се очекува од други луѓе кои патем пензионери се. Нема никогаш да сфатам, дел си се галени од дома и се осеќа и преку тастатура.
     
    На H.VAGA и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Епа и оваа сакаше да биде главна баба, поглавна да биде во животот на детево и од мене
    Друга баба ко да нема детево
    Па сега од главна баба ич не го гледа внучето
    Многу полетување не е на арно
     
    Последна измена: 28 октомври 2023
    На Watermelon96, *Amethyst*, Zumbulche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Па и мене ова ми беше муабетот ама не ме разбра ама не се сложувам со свекрва воопшто да не се гледаш сепак му е мајка на сопругот .А тоа што пиша дека се лупале во гради во свој дом сами си одлучуваме се сложувам со тебе а сега пишуваат како тоа негледање со свекор и свекрва го сфаќаат трагично ,и јас погрешно те разбрав за тоа не прочитав убаво за негледање со нив ама колку и да сакаме неможеме да не се гледаме сакаат син да видат и внуци па сигурно јас нема да бегам од сопствен стан поради нив ,што се однесува до мене ич не сакам да ги гледам .
     
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    19.828
    Пол:
    Женски
    Уште ова само.
    Не бев јас таа што прва реков не ви е ништо свекрвата, поназад беше таков муабет, да не го барам мислењето.
    Оти све е тоа нели, само мажот ти е семејство, све друго е небитно. Епа нека е небитно де, тоа велам.
    А после еј па зашто неќете да ја гледате. Крај не се наоѓа у муабетиве.
     
  19. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    А бе свекрвата не ни е ништо ама неможеме да не се гледаме ич .
    И јас би сакала така ама не е можно сепак е мајка на сопругот и баба на децата мене не ми е ништо ама на сопругот му е мајка и на децата баба .
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.228
    @Munchmallow20 па токму тоа е нормален однос, не е лупање во гради.
    Ние создаваме свое ново семејство, нашите родители имаат свој живот кој не подразбира дека сме само ние центар на универзумот.

    Не е лупање во гради на страна живеење, туку рецепт за подобар однос со потесна фамилија. Оти јас како готвам може на свекрвата и' се гади, како мајка ми пружа алишта, а јас сакам во сушара, како не знам што веќе ситници кои не се ситници кога делиш животен простор со некого.

    Живеење на страна не значи дека не ги сакаш луѓето :D Мислам пошто не живеам со моите не ги сакам или? Само полесно и јас и тие си организираме свој живот по наша волја, пошто сме сите возрасни и сите имаме замисла како треба да ни изгледа сопствениот живот, што не секогаш се поклопува.

    И со мерак се гледам искрено, и ми доаѓаат и одам, не беше различно ни додека живеев со бившиот - сакавме да си одиме. Пошто ги сакам, едноставно. И сакам да сме си дел од животот едни на други. И се надевам на таков маж, што ќе има добар и здрав однос со родители.
     
    На *Amethyst*, Malesia и Biljarkata им се допаѓа ова.