Па и тоа што не се гледаме често со родителите не значи дека не ги сакаме ,тие што се во странство не си ги сакаат родителите дека не се гледаат ? А стварно се лупавте во гради како што кажа членката дека ако живеете во свој стан или куќа никој нема право да ви доаѓа кога сака а сега драма направивте зошто не се гледаме со нив ,крајот не ви се наоѓа .И јас не ја подржувам членката за тоа што пиша дека свекрвата не ни е ништо и не треба да се гледаме сепак е мајка на сопругот и баба на децата ама нормално е да се има некој ред не кога ќе им текне да доаѓаат ,нели кога си имаме свое ние кажуваме правила ,како што снаите им се тупнувале на свекрвите по ваше така и свекрвите ни се тупнуваат на нас . Нели немаме право кај свекрвите дека тоа не е наше ,епа какво право имаат свекрвите во наше ?
Ete nie godini ne se gledavme, ona se pravese luda Kako toa sto go pravi nema vrska pred mene na otvoreno muabetot so nea, e Sega odluciv sansi nema da I odam pri sto ne mu branev nego koga Saka da si odi, no ne I odese ni toj, retko koga. E sega normalen covek so ne pravi nisto loso ke se zbuni, ke reca Kako doagavte Sega ne doagavte poveke, nesto da ne zgresiv. Ona kaj luda uste poluda se praj. Prekina da ne vika samo po nekoe prasanje kolku da ne ispadni epten zabegana Kako e vnuceto, Kako ste onaka radi reda prasanje. Ako se ponasase Kako so treba I nekoj da ne I odi poveke a dosega odel ke bese cudno se. Ona mi zgresi mnogu I ne priznava I ne priznava. Inaet. No ispadna situacija kaj so Sega eve morame da odime I ajde jas odam, ona uste ne priznava so zgresila I mislam deka pravi samo lice, ke kaze vremeto koga povtorno ke pocni so glupostite nejzini da me nervira. Samo Eden primer ke spomnam so go praese imase mnogu takvi raboti da ne navleguvam da cepka vo nos I da mi go Gali detevo samo pred moi oci, znaci ne slucajno da buta vo nos gledajki vo mene I skrisno zad soprugov da mi go faka deteto na lice na glava I me gleda Kako ke izreagiram. Zedov da go brisam, gledam so mi praj deka pred soprugov se pravi Kako da toa nema vrska, znaci ona mene me praj budala. Dali taa Zena zasluzuva da I odam? Toa e samo Eden primer od se.
Или не знаете да читате Не, не смееме да си одиме кога сакаме. Ни јас кај моите, ни тие кај мене. Се јавуваме и се прашуваме дали сме слободни. Исто беше и со фамилија на бившиот, ненајавени и кога сакаме не се оди, и обратно. Туку немате поима што е здрав однос и постоење граници, тоа е работата.
Тоа е едно, друго велев јас. Зошто негледање со месеци значи дека не ги сакаш? Зошто ако не сакам да ја викам свекре на кафе, ручеци, муабети со месеци, значи дека не ја сакам. Нели мој дом е, сакам ќе ја викнам, сакам не? Зошто да се објаснувам? Да, баш зашто ќе си имаме свој живот, сами ќе одлучиме со кого ќе се гледаме и нема што да ни бара некој објаснувања нели? Или мора да ја викнеш иначе ја мразиш. И јас сум инаку за фамилијарни собирања и сѐ тоа ама ко што реков, некои работи до денес ме научиле дека ретко каде стварно си прифатен од фамилијата на партнер, онака вистински (не за мене, други случаи) па она смеење и правење фин со сила неќам. Повремено или ич. Ради реда, само оти мајка му била на партнерот, баба била на внучето не. Ако мене не ме прифатила, дома нема да ми стапне и внуче нема со очи да види. Еднаш ако некој пројал лајна за снаа/зет, доволно е. Мразам лицемерие премногу.
Ако не го прифаќа партнерот, да. Над тебе пишав зошто би правела така. Барем он нема што да ѝ прави муабет, не му е ништо на него.
Неписмена сум Фамилијата на бившиот ика, не ја извади од уста А бе и јас мразам лицемерие и не би сакала да се гледам со свекрва ама како што пишав мајка му е на сопругот и кога ќе дојде треба да излезам значи ,а за негледање внуче не одлучуваш само ти тоа дете ќе е и на сопругот ,еве како ќе им забраниш да гледаат внуче ако сопругот сака да го гледаат ?
Нема да дојде. А партнерот ако ме почитува, на моја страна ќе биде. Ако знае дека не сум НАЈприфатена од нејзина страна нема ни он да ја почитува. Пролае ли еднаш за мене, макар и пред 100 години да било за глупост, толку, или јас или она. Нека си се гледаат надвор крај крајова.
Лелее @Munchmallow20 ти ќе ја строиш свекрвата, нема да смее да писне. Шала на страна , за лоши свекрви што гледаат само како да ти напакостат и ниту ги интересира среќата на нивни сопствени деца, вака и треба, баш вака заслужуваат. А ако е добра, фина, културна, коректна, тогаш заслужува респект и максимално да ја почитуваш ама пак со поставување на тие ебани граници, за да не дојде до момент па да го искористи тоа и да почне да мрчи и да се меша кај шо не и место. Само, убаво ти кажаа и поискусните, дека ништо не моеш да знаеш дека ќе биде вака и вака, и од сеа да планираш дека точно така ќе се понашаш во дадена ситуација. Прво нели, треба да се искуси на своја кожа директно па да знаеш како ќе изреагираш дури тогаш. Има време, уживај уште дур моеш. А за трпење ексцеси нечиви никако, затоа граници само и мирна глава.
И јас сум таква еднаш човек да ми згреши и толку нема да го гледам со исти очи ама во некои ситуации мора да се попушти не целосно ама ќе бидеме на дистанца ,не скрос да не правиме муабет . Ама до негде и те разбирам ,очигледно членките незнаат какви покварени родители има што гледаат за свој гз извинете на израз ,комшија еден сакаше да реновира и татко му не му дозволил ,му рекол ако не ти чини ене ти ја вратата ,го избркал ,отиде да живее од кај што е жена му во помал град под кирија и не доаѓаа некое време потоа почнаа на две недели па само за празници сега татко му пак му пререкол нешто и еве две години не стапнале ни тој ни деца ,си отидоа сега странство без да се видат со неговите .Јас викам браво за него си испочитувал жена и деца .Страници наназад пишуваа како родителите не се должни да ни дадат ништо а сега зошто не сме се гледале секој викенд ,па и ние не сме должни . И за викенди си имаме обврски ,преку недела на работа немаме време за ништо ,за викенд куп работа ,деца кој спрема за во школо па домашно ,кој за во градинка па да се зачисти по дома ,преку недела се брзински ,и сега треба да си оставиме обврски за да се видиме со свекрва .Ок е немам против да не се гледаме ама секој викенд не мора ,и моите живеат во близина па не се гледам секој викенд а не ќе одам во друг град .А скрос да не се гледаме со свекрва е невозможно .И јас сум за тоа ако ни згрешила да не се гледаме ама мајка му е на сопругот и сите викаат ако не ја почитувам нема ни тој мајка ми ама секој по заслуга ако му згрешиле моите немора да ги почитува . И членки што имаа проблеми ги советуваа да ја игнорираат да не и прават муабет а сега па зошто тоа така да не се гледале ,не ги разбирам ,пишуваа дури и со нивни роднини што им згрешиле расчистиле сега испаѓа само со свекрва неможе мора да ја трпиме па и да ни згрешила .
Па до негде и во право е, имаше многу членки што пишуваа дека и со нивните родители биле скарани и не се гледале, стварно има лоши родители што гледаат да им наштетат на децата, и што ќе ми се такви, заслужуваат ли да се гледаме? Што ги буцкаат синовите да се караат со жените, и да, сега ќе пишат мажот ако те почитува нема да го дозволи тоа, ама очигледно не знаат какви злобни свекрви има, не лоши туки злобни, различно е, едно е да си лош за лошите (и јас сум таква), друго е да си злобен да им наштетуваш на другите. Мојата свекрва не заслужила ни добар ден да и кажам, ама ајде поради мм прогледувам низ прсти, само до кога незнам, сум му кажала и на мм ако мајка ми му згреши нека не ја почитува, и тука ме советуваа да бидам на дистанца, сега зошто негледање со месеци ауууу. А пишав дека ние не отидовме, за тој месец тие дојдоа, незнам што е толку трагично па и со месеци да не се гледаме, постојат телефони, порано немало па и тие не се гледале со нивните свекор и свекрва. Еве ако одиме во странство? А да, пишаа ќе дојдат, и нема тоа да биде тупнување, ама затоа снаата им се тупнале во нивната куќа, да, снаата сама дошла и немала каде да оди па им се тупнала, ама свекрвата може да им се тупне на снаата и синот во странство 3 месеци. Ај да не пишувам многу со тупнување, ќе ме распнат тука, зошто сум го гледала тоа како тупнување, родители му биле, па и јас сум му жена, тој мене ме одбрал за животен сопатник и ме донел таму, не сум се тупнала, па зошто постои брак, нека си седат дома со родителите, сестрите и браќата. Па имаше и за браќа и сестри расправии, како на братот му оставиле се, на сестрата ништо, за имот се расправаат, а тука се удираат во гради за фамилијарни вредности. Двојни аршини колку сакаш.
Не мораш да се објаснуваш за апсолутно ништо во животот. Ако не сакаш. Ако сметаш дека не треба. Буквално никој не рече дека НЕ ЈА САКАШ свекрвата ако редовно не се гледаш. Јас бев таа што праша зошто намерно не би се гледал со неа ако ти е добра личност. Дали е само затоа што ја има улогата свекрва? Или нема врска, таква си со сите луѓе, не се гледаш многу многу со никој освен со дечкото? Нормално, секој одлучува со кого ќе се гледа и колку ќе се гледа, и ако не сакаш, не мораш никому да објаснуваш зошто е тоа така. Не, не ја мразиш ако не ја викаш. Само ако намерно избегаваш да ја гледаш, ваљда не ти е човек по твој ќејф за дружење, и ваљда сметаш дека не си должна намерно почесто да издвојуваш време за неа само затоа што е мајка на твојот сопруг (кога ќе биде). А ако имате сосема добар однос и имаш добро мислење за неа, и намерно избегаваш да ја гледаш; ако жената те праша зошто е тоа така дали згрешила нешто, ете се запраша зошто не сакаш да ја гледаш, што ќе и' одговориш? Имаш траума од туѓи случаеви и се плашиш тебе исто да не ти се деси, и тоа те насочува да се однесуваш на одреден начин. Ама ти си знаеш како ти годи. Иначе, апсолутно можеш да живееш одлично со луѓето кои му се крвно сродство на сопругот, убаво да си поминувате, да се смеете, да уживате. И никој да не се прави фин на сила. Да не е така, дефинитивно ни јас не би сакала да се гледаме и не би учествувала во циркус. Ама не се плаши, пробај прво, види како тебе ќе ти биде за разлика од други. Само имај на ум дека апсолутно сите луѓе имаат маани и дека ќе прават нешто што нема да ти се допаѓа, ама тоа не значи дека тебе лично намерно ти го прават зошто тебе не те сакаат. Едноставно маани се во прашање. Свекрвата е и ништо, е и фамилија. Ако гледаме по крвно сродство, ни сопругот не ни е ништо, сами сме си го избрале. Но реалноста е дека свекрвата ти е фамилија со самото тоа што е мајка на маж ти. Сакале признаеме и не, тоа е факт. А уште повеќе ако е баба на твоите деца. Е сеа може како доста членови тука да го занемаруваш тој факт, ама тоа нема да смени дека сепак ти е фамилија, не по крвно сродство, туку по брак со нејзиниот син. Секако, тоа не значи дека по дифолт апсолутно мораш да имаш добар однос со неа. Исто како што не значи дека мора да имаш добар однос и со својата мајка. Секој со свое искуство си прави како му годи. Според тебе, што значи да не те прифати? И што сметаш дека е јадење лајна? На пример, ако намерно ја избегаваш и она саркастично каже нешто во стилот на не сум доволно добра за да Манчмелоу си потроши време на мене, хехе? Ќе се налутиш и ќе ја отпишеш? Или повеќе е потребно за тоа? Забелешка до сите: ако правиме муабет за нешто конкретно, не значи дека ве распнуваме. Исто така, правиме муабет базиран на моменталниот муабет, не може да очекувате дека сè што сте пишале некогаш сме го прочитале и запамтиле и дека ви ја знаеме цела приказна. Чил.
Свекрвата, ја земаш за роднина кога се венчаш во црква. Кај нас на венчавката попот збореше за свекрвата: нова уште една мајка. Треба да ја сакаш како ќерка нешто такви ствари (јас уште тогаш изненадена) не знаев а па не ни очекував дека попот кажува такви ствари (Дали збореше така од што ја виде намуртена или религиозно е тоа така не знам) Напротив јас имам читано книга издадена од некој од нашите манастири, содржината кажува дека женското дете се дели од мајката и машкото се дели од мајката семејство се само сопружниците. (Светото тајно писмо? Нешто така мислам за насловот, не успејав да ви ја најдам)
Не зборувам од религиозен аспект. Да, сопружниците формираат своја фамилија, која пошироко се разграничува и со останатите роднини, со тоа што од тие останати роднини родителите се најблиски род. Фамилијарно дрво.
Буквално последната реченица ти објаснува дека ако некој за некого јаде лајна, не станува збор за здрав однос. Лицемерие не спаѓа во здрав однос. За однос општо, требаат две страни. Е ако тебе длабоко те повреди што свекрва ти не ти дала исто голема бовча како на јатрва ти, а неа ја повреди што не ја викаш "мамо", никогаш нема нормален однос да имате, пошто со себе имате прво проблем, а не една со друга. @Pa8la нормално, не ќе зборам за на другарка ми фамилијата, туку за онаа која е мое искуство. И не знаете да читате, поточно, не разбирате што читате.
Да, ама не се мажиш за негови родители, ниту он за твои. Ама оди докажи им дека кога ќе влезе дома е исто што и сестрата, братот. Роднини- гости во твојот дом
Многу пати на фб ми излегуваат свештени лица било поп, оџа...понекогаш ги слушам нивните совети или тоа што е запишано во нивните свети книги. И сите за бракот имаат кажано исто. " Брак е помеѓу мажот и жената" тие двајца со децата кој ги имаат и ќе ги имаат се семејство. Сите други се споредни улоги. Во бракот се само двајца...тоа не значи дека родителите, браќата сестрите не треба да се почитуваат и да се отфрлат, но бракот е исклучиво помеѓу двајца и никој друг. Сите одлуки во бракот ги носат сопружниците и никој не треба да се меша и да наметнува. Совет ако побараат можат другите да дадат но не и да инсистираат тоа да биде по нивно.
Да, и јас тоа кажав. Младите си се своја главна фамилија сами за себе, меѓутоа и роднините остануваат и стануваат дел од фамилијата. Свекрвата ти е фамилија, но не примарна, не иста на ниво како сопругот и децата. А тоа значи дека во еден дом носат одлуки само членови на примарно семејство (сопруга, сопруг, деца).