Шала на страна и кај нас вакви закони треба да има, за да можат семејствата да функционираат како господ рекол
Баба му на пример ја сакам ко своја иако да, не ми е сродство. Со неа не би имала проблем, знам. И сама ми кажува дел од нас си, пред да умрам вика најголема желба ми е да дочекам да се земете. И со мајка му сум имала убав однос досега ама како негова девојка. Намерно не спомнуваме со дм пред неа теми како брак и снаи и свекрви и мажење оти не знаеме како би реагирала. Дури и утре да дојде ред да ете се осамостоиме и ме запроси, шубе би ми било да ѝ кажеме. Не зашто ме мрази туку пак ќе повторам, не знам дали стварно ме прифаќа или само зашто нема друг избор, нели она ради мир у кучи. Така да сега сме само во врска и ништо повеќе. Брак за во иднина како тема не постои пред неа. За јадење лајна мислев да збори за тебе упорно дека си глуп, неспособен, мрза, грд, па како се облекуваш па не знам ти што и истото го збори за луѓе по тебе, а после иде кафе да пие со тебе. Не ти се свиѓам? Па не ми иди дома бе. Ако ме праша зошто онака јас прво искрено ќе ја прашам што мисли за мене и што мислела отсекогаш. И после ќе одлучам Едит Да и јас имам маани, и она. Ама едно е да прифатиш и да се помириш со тоа, друго е да го повтараш и лаеш зашто е некој таков. Целосно да ме прифати е да ме прифати таква каква што сум. Да ѝ е сосем океј ако неќам некои работи да правам или сакам место да вика Абе оваа манчмало многу ваква таква, не знае ич да се облекува или ау каква е грда или Ау која неспособна снаа имам итн. Да, вакви работи се може ситници ама едноставно ако не ѝ чинам до степен да ме претставува во најлошо светло, нека си држи дистанца.
Истово го имам слушнато за Грците. Изгледа медитерански менталитет е ист секаде. Мајкиве ќе речат, исто си ги сакаме двете деца. Ама знаеме дека тоа не е вистина, златно синче, а ќерката обично лоша.
Таква си со сите луѓе, не се гледаш многу многу со никој освен со дечкото? Оф, ова е огромен проблем овде во МК. Женскиот ум подразбира дека ако си во озбилна врска, треба да се предадеш целосно и не ти треба никој друг, ти и дечкото, ти и мажот. Нека поминат години, ќе сфатиш каква фатална грешка си направила. Јас ваква грешка направив во првата врска, ама никогаш повеќе. Затоа не сфаќаат и се караат кога им пишеш дека не се во право. Можеби сум била во иста ситуација, можеби иста грешка сум направила, па ти пишувам дека натаму одиш. Ама џабе, женски ум не се менува.
Па и не морате пред неа/со неа да разговарате за брак, шо знам, нормално е тие планови да си ги чувате за себе. Ама не е шубе утре кога ќе те запроси да ја известите за новоста. Син и' се мажи, она станува свекрва. Реално нормално е луѓето се трудат околу саканите да бидат пољубезни и повнимателни да не напраат нешто што би ги повредило. Тоа не е лицемерие, туку е грижа. А дали стварно те прифаќа или не, најубаво можеш да дознаеш со комуникација. Плус, осеќаш ваљда. Ау, ова е непочитување на посебно ниво. Посекако никој не треба да трпи вреѓање од никого на планетава.
Ништо, секој учи од сопствено искуство изгледа. Само по некоја година да не се сврти приказната. Не да навредам некого, ама голема напатеност владее тука за маж/дечко. До степен на лудило, да отфрлиш се оти дечко си фатила. Да ја третираш мајката како свекрва, а не си ни запросена. Многу чуден народ сме.
Скроз си во право за ова. Никогаш не треба некој друг, кој и да е, да го направиш центарот на твојот свет. Оти една ден ќе се претвори во црна дупка и ќе зажалиш. И јас низ истото минав. И никад више. Гајле ми е само за мене. Ете, јас не дигам телефони и не отварам врати на свекрви веќе, и многу поубаво ми е. Ми е гајле чии родители биле.
Obicno koga ste vo vrska svekrvive se pravat od fini najfini. Ako mu vlezes vo familija mu go gledas vistinakoto lice. Ova imajte si go na um sekogas bilo taka. I si zemat na sila da se mesaat vo vasiot brak, vo vospituvanje na vasite deca , vo finansii so da kupite I Kako.
Мојата свекрва индиректно си кажа дека треба на неа да и ја даваме заштедата. Јас не знам што е со луѓево?
Кажав еднаш и пак ќе кажам. Додек бил ерген синчево бил неспособен да чува пари и мајка му му водела сметка. А неспособен маж само неспособна жена може да го земе, па автоматски сега и снаата е неспособна и мора и за двајцата да води сметки Ова е логиката на свекрвата.
Oh Lele. Kaj nas pak obratno so pari ne podlazuva. Trebni mi se to parite od nea. Celo vreme stoi na toa da vidite so vi kupiv I samo lupa pari a nema oset za toa Kako so nas da se ponasa.
Па зборам дека и кога ќе ме запроси ќе ни биде шубе да кажеме. Ќе се израдува ли, нема ли, ќе праи проблеми, ќе се преправа...немаме појма. Еднаш баба му ми кажува пред неа демек на шала оваа свекрва ти вака така и мене срам ми падна кога така ја кажа пред мене. Знаеш општо ми е незгодно да знае дека некогаш ќе ѝ бидам снаа. Чудно малце знам, не дека е падната од Марс и скоро 7 години идеме ама некако избегавам баш зашто не знам дали ѝ е мило ако утре се земеме или се надева оти ќе раскинеме во меѓувреме. Океј ама ако пролае пред некој друг, а дознаам, многу повеќе ќе ме повреди.
По мое, имаш чудни стравови што нема поента да ги мислиш. Не си видовита. Ќе видиш како ќе биде тогаш кога ќе биди. А ваљда после 7 години имаш насетено отприлика дали веројатно ќе биде позитивна или негативна реакција. Се сложувам.