А на последната венчавка во црква кај што јас присуствував, попот прво на младите им кажа дека се сега ново семејство и тоа е најважно, тие двајца меѓу себе и децата што ќе ги родат. Потоа се обрати на нивните родители и им кажа дека децата се секогаш деца, но сега тие се во брак кој е света тајна и е само меѓу нив двајца. Не е до религијата, до поповите изгледа е
А ова се твои лични несигурности во себе. Мене мојата во очи ми имаше кажано уште не знам, првите 2-3 години што не и' се допаѓа, јас и' одговорив дека ич не мора да и' се допаѓа, случајно сме си една на друга во животот и единствено мораме да се почитуваме. Не знам зошто треба да ти биде гајле дали мајка му те сака за снаа или твоите го сакаат за зет. Вие да имате разбирачка е прво, а на родителот секогаш ќе му биде најдобро и најмило сопственото дете, тоа е нормално.
Пишував, еве пак ќе пишам кај нас обратно е, ќерката (золва ми) е златна, мм е 13-то прасе. Само за да им сработи нешто, а зетот златен само за на маса е.
Исто и попов го кажа на мојата венчавка, посебно ми беше мило што попов е пријател на стариве и што баш тој им кажа.
Па ко што кажав, ако ме прифаќа да знаеме утре кога ќе ме запроси да ѝ кажеме и на свадба да дојде ако правиме. Ако не ме прифаќа да не ѝ кажуваме ништо и да не иде ич. Или да знам дали дома да ја канам, дали и внуче да ѝ дозволувам да гледа. Нека изгледа тумач ама или ми ги прифаќаш маните, или неќам очи да ти видам. Барем во близина те неќам. Или снаата не чини ама дај внучето да го гледам што немаше да го има без таа снаа. Аха, мало сутра. Зборење лошо за некого пред други ама глумење фин во лице не е почит. Мислам ебати почитта ако пред другите ме спушта подолу од лајно.
Точно така, засакај се првобитно сам себе, па за да те сакаат и другите. Луѓе кои се несигурно во себе обично и погрешно сфаќаат дела и зборови, се понашаат како цел свет против нив да е. А во реалноста, се е тоа само проекција.
Јас ја имав оваа мака и борба за име. За жал никој , па ни моите родители не ме поддржаа и сега детево носи име што јас неможам ни да го изговорам , а камо ли да му викнам по име. Детето е крстено по свекор ми ,кој не заслужува ни буква камо ли име. Кога дигнав бунт дека и татко ми е жив и тој заслужува име сите ме нападнаа . Татко ми ќе беше задоволен и со буква .Името на детето и не е толку лошо , ама не ми е име за дете , незнам мало дете да се вика така . Не попуштај и стави си граници уште на старт. Да си знаат и баби и дедовци кај им е местото . Тие имале свои деца и си ги крстиле како сакале. Ова со името ми предизвика сериозни проблеми - плачење секогаш кога ќе чујам некој да го викне по име, депресија ,одбивност спрема сопругот и сите околу него. Доколку кога ќе порасне ми каже дека не си го сака името , јас ќе му бидам најголема поддршка за да се смени.
И што ќе збори пред другите за тебе? Или што ќе мисли? Све нај? Значи не збориме за рандом луѓе што не ги сакаме, туку ете снаи, зетовци за кои неизбежно ќе мораш некогаш да искажеш мислење или во живо да се сретнеш и да глумиш фин или да не глумиш. Нормално ќе ја прашаат за мене и што ќе рече, супер е да, ептен ја сакаме. Или не? Ако ме неќе де. Или дека сум ваква, таква никаква.
Леле, левел слободно време Ако мајка ти те прифаќа каква што си, супер, ако не, никому ништо. Во брак влегуваш со човек што те прифаќа, барем во даден момент од времето. Се друго е екстра и без тоа се живее. Е да, предуслов за ова е да бидете самостојни, физички, финансиски, во спротивно може да биде комплицирано. Инаку, меѓу секои две живи битија постои динамика на однос, може денес да сте со некого ок, утре да се расипе тоа, од кој што рекол, кој што мислел, кој што разбрал- и ова важи и за мајки и за сопрузи и за свекрви...така што, глејте во брак главната брачна динамика да е ок и без интерференции од околината, се друго е небитно, колку подалеку, толку понебитно.
Ок де. Ако не ме прифаќа, не ме. Ама да си знам за после да знам како да се однесувам да не бидам после лошата. Ако ме прифаќа, ќе дојде на свадба и ќе види внуче. Ако не, нема. Од тој аспект сакам да знам. Не планирам да ја гледам ако ме неќе.
Како бе давате имиња по свекор, по тарко, по свекрва по мајка? Уште со такви работи се забављате? Кој го носи 9 месеци? Кој го направил? Кој ќе го расте? Малограѓанштина левел 1000000000.
E ne mozis Sega od Sega da znajs. Od kaj da te prifaka koga ne te poznava. I so e bitno da te prifati, za nea li ke se mazis? Se zamaras so nebitni raboti.
Ќе ја прашам. Или некако ќе дознаам. Иначе се знаеме више одамна сега. И да, не е битно, не се мажам со неа. Ама пак ќе повторам ќе мора да иде на свадба или ќе сака да гледа внуче. А не сакам ако ме неќе и она. Како она, така и јас. И никому ништо.
@Munchmallow20 то за свекрва се мажиш? И извини ама дали те сака или не и каква е она со тебе не можеш да забраниш да гледа внуче зашто тоа дете е и на синот нејзин. Јеби га со него си го правела. Така да освен ако мажот ти не е дебил да и брани на мајка му внуче да си гледа зашто на невестата не и прави метании, тогаш ќе си имаш непотребни кавги и натегања во идниот брак. Ако дојде до тоа де зашто на нероден Петко капа му кроиш.
Pa ne mora ni svadba da prajs nisto ne e moralno.Sakas I go davas da go gleda, sakas odite ,sakas ne, zavisi Kako ke se pokazi. Ama so ke ja prasas? Me sakas za snaa ili ne me sakas, so ke ti reci Ako te Saka sin mi I jas te sakam, so ne mora da znaci deka ke bide taka ama sakam da ti kazam ne e toa tolku bitno, kolku so e bitno soprugot da te Saka I pocituva.
Епа синот нека ѝ роди внуче и нека си го гледа него. Иначе и моите би им забранила да го видат ако партнерот не го прифаќаат. А он ако ме цени, сам ќе ѝ забрани да го гледа внучето ако она ме неќе. Нели јас треба да сум му на прво место Инаку му го имам кажано ова и се согласува и он. Пак ќе повторам, неќам лицемерие.
Ako go Saka sinot I vnuceto pa I so snata treba da se ima nekoe razbiranje ne zivotot da I go praj pekol. Zosto da go gleda ili ne gleda deteto? Pa ne padna toa od nebo, majkata go nosi vo stomakot. I ne treba nikogo da gleda Ako so majkata ne se potrudi da ima Dobri odnosi Ako ne se potrudi da ja Saka.
Jas ne I davav dolgo vreme da go gleda zatoa sto prvo mu pravese losi raboti na deteto moe I mene licno, so pricina si zasluzila. I ne zalev za to. Sega e smenata kolku ke vidime, Ako prodolzi so istoto nikade sin mi nema da znae deka ima uste Edna baba.
Тука има и друго прашање За да те сака она запрашај се =Дали ти ја сакаш неа? Не Нели??? Значи нема потреба од сакање само треба поштовање