можно е и тоа ама поштено е се по пола и сметки по пола и пазарлак по пола Едит да се едитирам И кирија по пола да не заборавам
Попот во црква треба да праша "дали ја прифаќате оваа жена за свекрва", потоа неа "дали ја прифаќате оваа жена за снаа" хаха. Како да се мажиме за свекрвите испаѓа.
Мене ми е многу мило што младите девојки се залагаат за себеси и што воопшто обрнуваат внимание на ваквите теми, бидејќи од истите може многу да се научи. Супер е што се интересираат и читаат за односите помеѓу свекрвите и снаите, за во иднина да знаат да пресечат од старт онаму каде што треба. Меѓутоа да не се лажеме, факт е дека никој не знае во каква ситуација ќе се најдe во иднина и дали ќе изреагира баш онака како што замислил. Сметам дека колку и да сакате да се оттргнете од свекрвите или да немате никаква комуникација, нема да успеете и не е ни правилно така да биде. Секако тоа зависи од многу фактори, има секакви ситуации и исклучоци, сум читала се и сешто на темава и дефинитивно некаде е сосема оправдано. Ама не можеме да зборуваме однапред, ниту треба, бидејќи може да имате пристојна свекрва, која секако ќе прави грешки, исто како што прават и вашите мајки, што не е причина за воопшто да не се гледате и да не комуницирате или да му забраните да ги гледа вашите деца. Не заборавајте дека сопругот го боли исто како што би ве болело и вас ако ви каже дека не сака вашата мајка да си ги гледа внуците од некоја причина. Пак ќе кажам има секакви исклучоци со свекрви кои навистина не заслужиле. Ама многу често на темава има и проблеми кои се "природни". Различни луѓе, различни карактери, ненамерни грешки, ама многу е полесно нив да им се замери, бидејќи со ваш родител може и да се искарате и утре никој тоа да не го памeти, ама со свекрва би се памeтело и тоа како, и од нејзина и од ваша страна. И сосема е нормално. Затоа јас лично практикувам се што ми смета да се решава преку сопругот. Не сакам, не сум се замерила досега ниту тоа го планирам. Живеам во иста куќа, различни спратови, во кои сме одделени комплетно. Нема нарушување на приватност, влегување кога ќе се посака, нема заеднички ручеци, кафиња на секојдневно ниво. Секоја средба се договара како со секој друг, по телефон. Значи имам тотална комоција во својот дел и за тоа голема заслуга има баш оваа тема која ме подготви на многу работи навремено да ги спречам за подоцна да немам никакви проблеми. Така да, супер е што помладите девојки ја читаат темата со намера да практикуваат голем дел од советите кои се даваат тука, само не секоја свекрва е иста, затоа немојте да им пресудите предвреме
Vo zaednicko ziveenjw kolku i da meris nemozes da premeris so svekrvata.Kolku i da e dobra ili losa se javuva generaciskiot jaz i toa e toa. Jas skoro 9 godini bev pod kirii, od skoro vo svoe ama mirot nemoze da se kupi so pari. Nitu imam blizok odnos nitu laden odnos, tuku normalen na nivo na pocituvanje. Krupni raboti se resavaat preku soprugot, daleku ziveeme ama se gledame od koi 1 mesec godisno sme zaedno celo vreme sega zaradi sin mi ova vreme ke go zgolemam oti sakam sin mi da ima kvalitetno vremw so baba i dedo i da ima spomeni .Nitu tie se mesaat nitu nie vo nesto, momentalno ni e potrebna pomos okolu deteto samo rekoa kazete kako i kolkh ke se organizirame. I jas i taa si imame odredeni bubacki. ama koga jas koga taa ke prekutime i toa e...Bitno e od pocetok da gi postavis rabotite, a i mazot da e toj sto ke pomogne vo resavanje na problemite ako postojat. I jas eden den ke sum svekrva, pa kojznae sto ke vikaat za mene. Da se razbereme svekrva nikkgas nemozes da sakas kako majka, ama ako postoi volja od dvete strani moze da se ima razbiranje i pocituvanje.
Па ако некој ме вреѓа, нормално дека не може да ми биде дел од животот. Почит ти текнува? Реков взаемна почит. Почит подразбира и кога не ти се допаѓа нешто кај некого, нормално не може се да ти се допаѓа, да не го замараш да го промени истото оти тебе не ти се допаѓа. Не може да ѝ се допаѓа се на свекрва ти кај тебе, не може ни тебе се кај неа. Мислам баш се ти се допаѓа кај твоите? Оти мене не. А верувам и на нив не сум им идеална
Devojce normalno deka mu e pobitna mama i tato roditeli se,posle ako se omazis imaj sreka decata da mu bidat najbitni.So ova ide avtomatski i zenata potocno familijata sto ja ima.Ne bi da nabrojuvam imase vaka clenki i pred tebe,sto uletuvaa vo tema so naslov PROBLEM,uste nemazeni,ama nikoj realno ne znae sto go ceka vo zivot.Cukni vo drvo i kazi si skraja bile problemi od mene i uzivaj.
Не значи ако не ми се допаѓа свекрвата дека не треба да ги гледа децата. Ама она не ги гледа од причини кои веќе ги напишав погоре. Кратко и јасно - Не и одам по газот. На мажите треба да им е јасно едно нешто... Кога ќе си основаат семејство жената и децата се на прво место. Нормално дека мајката е побитна од жената, ама не смеат да дозволат да им се меша во бракот и околу воспитувањето на децата. Сите одлуки треба да ги донесат заедно со жената, а не мамичка да ја прашуваат. Чекај да ја прашам мајка ми како да го облечеме детево.
Само со едно не се согласувам од пишаново, тоа е болдираното. Не, не е нормално. Не треба воопшто на кантар да се става, мајка или жена. Уреден син ми да се ожени, ни на крај памет не ми е да мерам која е побитна. Нормално, мајка те пораснала, те изгледала и се со ред и нормално дека е една од најбитните личности во животот, ама кога ќе се ожени не очекувам јас да сум најбитна. Очекувам жена му и децата да му се пред се. Тогаш ќе знам дека правилно сум постапила.
Како бе мајката побитна? Не реков да ја плука својата мајка, но љубовта кон жената е едно, а кон мајката друго.
Како тоа побитна? Секоја си има свое место и тоа е тоа. Работата е кога свекрвата се пика на место на жената, уште у кревет да му се бутне фали. А има и обратни ситуации. Тука настануваат проблеми.
Еве на пример.. Јас не сакам да комуницира со неа. Затоа што ми има згрешено. Ама не може заради мене он да прекине контакти со неа.
Побитна е затоа што го родила. Нормално е да комуницира. Ама во граници на нормала. Нема сигурно да му забранам да оди да ја види мајка му затоа што на мене не ми одговара. Во однос на имињата за деца.. На мене ми се мешаше за презиме. Она да одредела.
Грев е за дететето да расте само со една баба,бидејќи другата не ми се допаѓа,себично е да се мисли само за себе.
Ај да си го исправам мислењето. Да речеме битна е мајката. Искрено.. Не сум од оние снаи што ги оддалечуваат мажите од фамилијата. Јас да се прашувам, ќе биде поинаку. А за гледање на внучињата, немам право да забранам. Тие се и деца на маж ми. И да сака да ги гледа, моиве не сакаат неа да ја гледаат.
Љубовта кон мајка и кон сопруга е различна. Нема потреба ни да се споредува. Сопругата со децата се примарно семејство, приоритет. И во тој круг се донесуваат сите одлуки кои ги засегаат нив. Не знам зошто воопшто дозволувате да слушате нечие мислење за нешто што ве засега само вас. Да. Децата секогаш најубавите спомени од детство ги имаат со бабите и дедовците. Во случајот не и скратуваш само неа туку и на сопственото дете. Ама секако, не по секоја цена. Ако во ретки случаи несоодветно го гледа детето или не е безбедно со неа, тогаш се знае.
Грев е возрасни особи да се понашаат како деца и со тоа да му го трујат умот на детето. Мајката-баба ти е ваква. Бабата-мајка ти е онаква. Итн. Детето Ама тоа е, емоционална зрелост -нула.