1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    И тоа Ангел а и заблудата дека доколку им извлечат некоја пара, ќе успеат да им наплатат за она психолошки што го доживеале од нив, демек ќе ги насамарат. Значи имам сретнато у животов многу со такви размислувања. Нема тоа да се случи, само уште повеќе ќе потонат во очите на другите (дури и на мажот што е најкатастрофалното). После кога ќе се смени односот, се лутат. Епа нема тука место за лутење.

    Помош, излегување во пресрет, е човечки и убав гест кој секој треба да го почитува. Но не и изнудува. :!:
     
  2. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    За односите со свекор ,свекрва нема да дискутирам ти сизнаеш најубаво каква ви е ситуацијата
    али за тоа дека чуваш памперси у канта у кујна кај што се готви и јаде да стојат мочки и гомна па макар од бебе со тоа богами и ич не се согласувам
    Убаво ти рекол свекорот дека мирисаат па и се лутиш :!: па на ова жешко време па мирисаат бре жено што не им е место у кујна не им е
    јас свакам дека може немаш услови за до вц да отидеш ама поарно надвор у кесе пред врата да стојат одколку у кујна
    извини однапред не те напаѓам него ти кажувам дека у ситуацијава не си права ич а не па коа ке си дојде маж ти изморен од работа да го буцкаш и да се кара со нив
    и запомнете сите дека кога волот риел земјата на главата му се качувала
     
    На Anyshka, midnight.flower, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  3. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    имам пишивано предходно дека со свекрва ми немаме добар однос и решивме да се поделиме,и се поделивме ама нејзиниот газ ненаситен јас да сум и месела леб и реков поделени сме сами си готви сама си меси повеке не сум ти слуга како порано таа по комшии јас дете да гледам јадење перење еве и сеа сама нека си се снаога како што знае и умее,само си замислувам како ли им било ко јас не сум била тука дали некоја комшивка и готвела,или оваа мисли дека јас сум должна да и чистам по дома и да и домакинувам и во нејзиниот спрат и во мојот деф таму.А и најновото е на сите има кажувала и лелекала детето не сум и го давала да го види што немам таква намера иако треба да и се забрани по тоа што го учеше мамо да ја вика.али тоа е тоа со низок просек на интелигенција ко е сама со детето само го шета а ме види мене одма кажи колку ја сакаш баба кажи сине баба колку ја сакаш ај гушни сине баба и ова детево мамо та мамо и оваа почна да му се дере и ко и викнав јас викам роди па му се дери ако сакаш да те викаат мамо и бабо ме разбра ли нареден пат ако му се дереш на детето нема да го видиш,а син ми дури се расплака оваа што се раздра зашто викал мамо ко ме виде.и таа ова не е мајка ти да и се понашаш како сакаш оти ја ко ке ти ја свиткам една и јас тука зоврев и и реков слушај мори мифко ти мене ме удри ко бев трудна потоа пак ме удри ко беше детето родено простив е сеа удри ме и ова не е син ти да ти прости ко ке ти ја треснам една ко жаба на зидо има да се сплескаш.и оваа се симна и замислете плака сум ја тепала на свекор ми овај доага и ми вика викам оди доведи ја ја да и кажам како се тепа доведи ја и овој ама ја удри ли викам абе што јас ке ја ударам она од господ ударена до немај каде и тој ко и се симна лом се изнаправија.оваа одипо дворот и само брмчи,едно време ме виде и фана луѓе почна да ме мава со влечки и една комшивка ја виде и и вика порано свекрвати ти беше крива и комшиите сеа снаати ли е крива што си ти ненормална,јас на тоа само ваква останав :o и си влегов внатре.али нареден пат ке има чочеци само нека ме удри има мајчиното млеко да го плука.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на муабетов...поклоните,услугите имаат две лица а,можеби и повеќе.Некогаш и не мора нештото да биде изнудено,кога нешто не е дадено искрено и од срце,туку даваме само поради поради тоа што ќе речат другите и да видат колку сме биле вредни, добри и лажно благородни..Џабе е се таков поклон не ми ни треба! Пример со мојот бивш свекор кој поради фактот што ете успеал да изгради куќи за синовите во едно друго време со подобри услови за живот од денешните не пропушташе прилика да потенцира скоро во секој муабет колку тој бил способен,вреден а,другите се недомаќини.Епа ќе си ги соберам парталите и заминувам ете му ја сега куќата ако сака и на оној свет нека ја носи!Не е работата во куќата и големите дворови кога нема човечки однос и разбирање...кога на површина избива нечија себичност и суета.
     
  5. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на муабетов...поклоните,услугите имаат две лица а,можеби и повеќе.Некогаш и не мора нештото да биде изнудено,кога нешто не е дадено искрено и од срце,туку даваме само поради поради тоа што ќе речат другите и да видат колку сме биле вредни, добри и лажно благородни..Џабе е се таков поклон не ми ни треба! Пример со мојот бивш свекор кој поради фактот што ете успеал да изгради куќи за синовите во едно друго време со подобри услови за живот од денешните не пропушташе прилика да потенцира скоро во секој муабет колку тој бил способен,вреден а,другите се недомаќини.Епа ќе си ги соберам парталите и заминувам ете му ја сега куќата ако сака и на оној свет нека ја носи!Не е работата во куќата и големите дворови кога нема човечки однос и разбирање...кога на површина избива нечија себичност и суета.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Извини вака,ама како дозволувате да толку навлезете во една безизлезна ситуација,па и уште да се тепате со свекрвата???
    Добро ти имаш маж??
    Ова е стварно нешто многу страшно и лошо и не знам ако таа е таква како ти прво можеш да го поднесуваш сето тоа,а да не кажеш на родителите твои,а како второ каде е во целата ситуација кога ќе се тепачките твојот маж?
    Јас мислам дека здраво семејство со здрави навики и меѓусебна толеранција не се гради на ваков начин,со тепачки во никој случај :swear:
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.221
    Допаѓања:
    107.455
    Пол:
    Женски
    Така некако му иде драга, со тоа што не знам што ли мислат грото од девојките кога се мажат, дека се мажат за куќа, за стан, за имот, за пари и за луксуз, не бе драга се мажиш за човек од крв и месо кого под дифолт го сакаш и гол и облечен во армани одело, добро ја повеќе го сакам гол :tmi:
    На страна шалите, сфатете дека онолку колку ќе пружите толку ќе добиете, ако сакате куќа и имот, прашајте ги мама и тато дома дали имаат да ве испратат со исто толку од дома, па да има од кај и што да барате. Ние живееме со неговите, мајка му се грижи за мене како за сопствено дете, живееме во една соба која е опремена со старите елементи од мојата детска соба, изгледа треба да тропнам со тупаница на маса да донесе кревет на вода, да ми направи еден гардеробер до месечина и да ги избрка неговите веднаш од дома, да не ми се плеткаат, што има сеа родители, модители... Според прикаскиве најдобро би било мажите наши да се од дом, без фамилија, со брдо пари и малку наглупи... Такви ги нема, ги немало ни во приказните на браќата Грим, и неговите принцови имале принцези.
    Милички, научете се да живеете со она со што ве благословил Бог, за повеќе спотнете си ги газињата малку, заработете си па перчете се, и со ова не алудирам на никого, велам таква треба да биде секаде ситуацијата. А овие приказни каде се делите во две ипол соби , каде свекрва и снаа се тепаат, каде трудна снаа премолчува удар и мутав маж на тоа не вика ништо... немам коментар, мене вакво нешто нема никад да ми се деси, повеќе се почитувам себеси од што ми е битна реакцијата на околината ;)
     
    На zalosna, girl1985, midnight.flower и 14 други им се допаѓа ова.
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Хахаха Ангел ме насмеа,посебно со делот за мажите да се од дом,со многу пари и малку наглупи хихихиии :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На tessie и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  9. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    [​IMG]
     
    На soco и tessie им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Секоја чест. Тема на филозофија во задните 300 страни разработена во неколку збора.
    Браво Ангел, ме погоди у срце. :bow:

    Според мене и ова спаѓа во изнудената поддршка. Само овојпат изнудена од другите. А од тоа што е изнудено, од било која страна, не се надевам мнoгу.
     
    На AngelOfArh и baby-star им се допаѓа ова.
  11. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    јас знам дека не се за во куња тоа на мене ми е јасно зато и пишав дека го вадиме брзо ѓубрето кога има во него памперс, а кога можиме ги иставаме надвор нормално т.е ги фрламе одма. А и плус да ти кажам што се има во куња ке се чудиш, памперсот на мало бебе е ништо. Почнувајќи од прлав веш, облека за перење и смрдливи чорапи и тие не се за во куња ама ете таму седат. ( со тоа што се нашите пак затворени во корпа за алишта, а нивните во легенче). И да му сметаат кога после два ипол месеци кога нема таа друга причина да најди сега тоа му смета, оти се истаде што е наше и се одели сега нема ништо што да прави, оти одма не кажа на почетокот деца не ви чини ова тука да го фрлате или свекорми а не она дека сега му рече, мада ја имам неа видено како фрла влошка во канта :swear: ( а предходно со мм се договаравме да купиме уште едно такво канте дури и помалечко и да го ставиме на некаде позгодно место, сега ке излези како да се правдам ама нека јас моето да си го кажам како што е! ) И во ред тоа ете ми го рече шо ми рече значи чим се ослободев ке го фрлев ѓубрето, а не тие на таков подмолен и никаков начина да ја вадат корпата од таму што притоа не чепкаат наши работи.
    А на мм не го боцкам ама ич да ти кажам, ниту го имам боцкано до сега, нито пак тој е тип на човек кој би слушал жена не за такви работи, него сам си гледа и сам си слуша како неговата мајка постапува и вреџа, а и си ја виде корпата надвор и се изнервира оти мене да ми викат се а не на него кога тој ке фрла. И тој ми има речено ако ти направат нешто или ако ти речат мене да ми кажиш јас ако треба ке се расправам со нив ти да не се расправаш. И она е таа која почна на мм да не му прави муабет и да меша баби и жаби!
     
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    HEV и овој профил да не ти го провалиле лошите другачки?? :?:
    Неџла и Еленика како се :D

    Изгледа не можеш да одолееш да пишуваш на темава иако сега нели нормално ќе излезе некоја другарка ти го открила пассот и пишува глупости иако ти нели имаш прекрасен живот со родителите на сопругот, барем од профил на профил да ја менуваш приказната, се истата си ја повторуваш, треба нов профил-нова приказна ;)

    Проста свекрва, попроста снаа а бебево вундеркид уште од 4 месеци збори |(

    П.С Не изигрувам детектив, мислам не треба многу памет да имаш па да видиш дека сите три исти стил на пишување, исти проблеми.......толку проѕирно, толку очигледно :x
     
    На irena.1, mimiiiii и tessie им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.652
    Допаѓања:
    161.695
    Темава ми е пример за простотулок, параноја и неизживеаност...
    Толку прости изрази, толку прости непостоечки проблеми, страшно...
    Стварно да не ви е во кожа човек штом преокупација ви се свекрвите.
    А она со памперсот у кујна,мислам што да кажам,ај еве, кажете?! Од бебе било,брзо си ја празниме корпата,мала е. Кој фрла бре каки во кујна?! Па ти као мајка мењаш пелена за оно да биде чисто,ама што ако кога така речи под нос им ја ставаш на сите. ВО КУЈНА БЕ,ВО КУЈНА!
    А тепачките пак... Леле,леле!
    Свекрвата чаша вода не им давала, кафе не им варела. Леле во кој век живеете еманципирани жени?! Темава е еден совршен пример зошто оние кутри жени не требале да се борат за правата на жените.
    Па вие сте попрости од вашите свекрви!
    Темава стана лудница!
     
    На soco, B.Bulka, mila89 и 33 други им се допаѓа ова.
  14. optimistka23

    optimistka23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    56
     
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Долго време ве следам и неможам а да не кажам дека сум изненадена од вашиот однос.Вие сте млади, образовани, современи.Треба да сте задоволни од она што го имате.Ми се чини целото незадоволство од бракот им го истурате на нив.Тие не се виновни , ако куката е мала, ако нема тоалет, ако не е средена со модерен намештај...
    Ставете се на ниво место кога тие го израснале вашиот маж.Немало памреси, перални , па дури ни вода..Некои немале ни кров над глава,почнале од нула.
    Тие биле нечии снаи,( тоа секогаш да ви биде на ум) многу добро ве разбираат, и ако вие го мислите спротивното.
    Добро нели се свесни дека ако страда снаата , страда и синот?
    Нели сите сакаме мир и хармонија во куката ?
    Нели сакаме помош?Се жалиме оти работиме се сами и кога ке добиеме помош не чини. :!:
    Замислете низ што се не поминале да вас ви го овозможат тоа што го поседувате.Е сега кој колку бил во можност толку успеал.Тоа не треба да ви смета туку напротив да продолжете заедно со нив да создавате, а вие се делете ...Во ред е ако нема услови за да живеете заедно,ама кога има подрудете се да останете заедно.Помош секому е добредојдена, само ако знаете да ја цените таа се зголемува.
    Што мислите дека на сите во заедница и тече мед и млеко.Не, тие само остануваат присебни во некои ситуации и се обидуваат да создаваат за себе и за идните генерации.

    Кога веке сте се оделиле, и сте под ист кров и тој истиот е пак нивни, затоа толерирајте.
    Тие се стари, изнемоштени,прегазени од возот наречен живот.
    Утре може ке се најдете на тој ист воз, со истите тие куфери.
    Заслужуваат барем малку почит по сите морални и Божији закони.
     
    На ilipili, lunicka, Abeja и 12 други им се допаѓа ова.
  16. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    алал да ти е моме многу си паметна нели?!?!?! па како бре човек можеш да препознаеш кој е кој бркај раб и те молам не коментирај на моите постови затоа што гледам дека сакаш бидеш мн интересна а ни најмалку не си во поглед на споредба со тие профили немам ни појма и не ме занима што и како е само те молам а дали некој има памет или не нема потреба ако сака да коментира нека коментира а ако не нема потреба,како прво не ме споредувај со психоделие а и терај раб а и ти кажав дека многу од фем ме знаат и знаат како стојат раб и слободно можат да кажат дали сум јас таа или не,а и некои приказни може и да се слични и од др проф па јас може и цел форум го држам.дај молим те бркај раб :*
     
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Ајде за заклучиме значи , во секоја приказна овде секогаш се споменува мажот , ако он не е на ваша страна и е мамино галениче се паѓа во вода.
    Јас со свекрвами веќе не ни разговарам , не можам да и правам лице и да и се умилкувам кога едноставно ми се ГАДИ од сите работи кои што ги има направено.
    Тоа што кога се породив не ми се ни јави да ме слушне да ми честита или било што.
    Тоа што проба да ми го растури бракот , кажувајќи ми за бившите на мм , а при тоа не знаејќи дека син и ја слуша и дека лом ја напрви.
    Тоа што кога и да отидевме на гости кај нив, секогаш се обидуваше да ме направи лоша или било што само да ме буцка за да се изнервирам, ама и тоа не успеа ( да е жива и здрава Lolyta777 ,од нејзе научив да мавам златен ИГНОР) ајде се тоа нека се заборави ,
    АМА !
    Тоа што не дојде внучето да си го види туку отиде во друга држава , и тоа што толку многу го посрамоти мм, го натера да плаче како мало дете - Тоа никогаш нема да и го простам. Ете затоа одлучив дека воопшто не сакам да комуницирам со нејзе. Во принцип сакам луѓе од кои што можам да научам нешто , сакам да се надополнам , но нејзните глупи и селски муабети не ме интересираат воопшто.
    Не сакам да се сетам на деновите кога замина, само јас си знам како му беше на мм - тоа за него дојде како гром од ведро небо.
    Никогаш не сум му забранила да зборува со нејзе или било што , само не сакам да се нервира за личност која според мене не вреди. На крај целата вистина излезе на виделина.

    Еве една случка од пред некој ден: Женава сериозно си се има доста задолжено на многу места, е арно ама тие луѓе доаѓаат и му досаѓаат на мм. Мм ми вика пиши и порака , се што си земала да си врати и да не ми досаѓаат на мене.(бидејќи мм е од друг град и различно зборува најверојатно свати дека јас сум пишала) Од таму дотичнава се избацува со порака : Хххх е мој син и тоа засекогаш ќе остане така, јас знам дека он не ми ја пишал оваа порака, јас се што сум направила сум направила за него .... иии бла бла бла . Ете ова е за мене умоболен човек , што знам љубоморна ли е што сум со син и или што и е поима си немам , го убедив мм да не се расправа. Не вреди и не вреди! Тоа е тоа.

    Затоа женички малце по релаксирано и без нервози , уживајте си во бременоста и во заедничките мигови со сопругот. Јас пре би да излезам на прошетка надвор со мм и ќерками отколку да се замарам со глупи муабети за кои не вреди да се троши време.
     
    На anule88, HEV и H.e.L.e.N им се допаѓа ова.
  18. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Вчера ги седнавме на маса, и официјално им кажавме дека на крајот на септември се селиме во наш стан. Дека нема да престанеме комплетно да ги помагаме, ама дека нема да можеме до тој степен, собираме пари за бебето, мебел и реновирање и така. Ова нормално го кажавме на многу фин и нормален начин, со што некако пробавме да им дадеме на знаење дека треба било каква работа да пробаат барем да најдат, затоа што и ние не сме семоќни, пред Нова Година уште еден член ни доаѓа, не сме толку моќни. Реакцијата беше колеж. Како не не собирало во толкав стан, како тоа се ни сметало, не сме биле кадарни едни родители/свекор и свекрва да истрпиме, и така натаму. Лом не направија, само на себе сме мислеле себичњаци, на цедило сме ги оставале. Знаете како изеагиравме со мм? Е вака ко Јуник... Мислам дека ниту изразот на лицето не ми се промени од што баш ми беше гајле. Да дојде некој да ми каже јас се селам, ама ќе продолжам да те поддржувам затоа што знам дека немаш, само те молам потруди се и ти да ми помогнеш, така што ќе најдеш барем малку, нема даму ги ископам очите. Игнор, игнор, игнор, и ајде чао пријатно. Рамно една година од лани од Јуни, уште 3 и пол месеци, доста е. Се од себе дадовме, не бива. Не велам воопшто дека само во нив е проблемот, баш напротив! Главниот проблем е во мене, што не сум кадарна да не се изнервирам, што незнам да не исправам кривини, што сум од дома воспитана со отворени карти да играм. Тоа не вреди ни пет пари во оваа куќа, јас имам сериозен проблем со тоа. Незнам да оставам само да се среди што и да е. Не сум спиена со денови од среќа, не ми се верува дека конечно успеавме да се избориме за една мала наша фамилиичка од два и пол луѓе! :rofl: Сега ништо веќе неможе да ми ја расипе среќата! :inlove:
     
    На irena.1, Agrona, anule88 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    Кој како сака нека каже ама дефинитивно е најдобро секој брачен пар да си живее посебно! тоа е спокој за секое семејство. е сега ако се нема услови :( Мое мислење е дека родителите треба да бидат среќни кога децата сакаат да си живеат во свој дом, се отвора уште една врата,уште еден дом што се вели кај што можат да бидат добредојдени родителите ако барем малку имаат рационално размислување. Иако јас мислам дека родителите се тие на кои им треба повеќе да се сами,во потивка средина :rofl: посебно кога ќе стигне внучето :rofl:
     
    На lolyta777, HEV, ikame и 5 други им се допаѓа ова.
  20. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Ах и јас ставам на игнор, ама не ми успева да не се изнервирам кога гледам што му прави на мм. Искрено да ви кажам замене ама ич не ми е гајле дали зборала, незборала, сакала или сл. ама многу ми е жал за мм оти стварно беше поврзан многу со мајка му и кога неа му требаше подршка и помош тој беше тука за неа, а кога него му требаше мајка таа му го сврте грбот како наводно тој ме слушал мене. Па и нормално дека ке се разбираме и почитуваме кога сме веке маж и жена и сме едно семејство неможи да биди секогаш под закрило на неговата мајка кога веќе се женал. За жал многу тоа не го сваќаат. И јас исто како уник никогаш нема да и простам што не си го има видено внучето (а јас за разлика од уник живеам во иста куќа), на секоја расправија со мм му наговара како он ме слушал мене и ке страдал со тоа што ме слушал, (како еден родител кога го гледа сам дома не му има понудено ниту јадење, ниту пиење, а зимата дури и не му ги испра алиштата (сето тоа кога јас небев присутна дома)), а и исто така што ги меша моите родители, што тие немаат ама баш никаква врска, ниту некогаш се замешале во нешто. И знам и тоа и господ ми е сведок дека никогаш не му имав згрешено ништо, ниту преречено, па ниту скарано за нешто, сето тоа почна кога почна мм да се договара со мене за се и сешто,што е и нормално нели, а не си ја прашуваше мајка му!