Јас немам забрането да го гледа (сеуште) ама ако видам да дигне рака, или да прави бизарни работи како на золвами децата што ги чуваше ич не е грев. И не и оставам дете, да го гледа. Спомени да прави со разумни баба и дедо, а не трауми
Како така да забрани? Ама и не ме чуди. За баба ја сметаат бабата по татко. Другата баба не вреди. И на мене ми кажуваше свекрвата да не доаѓа никој од моја страна. Ама со оглед на тоа што она беше таа која беше кај нас на гости, јас и терав инает. Си доаѓаа гости. Не знам што е со луѓево. Некои си придаваат преголемо значење.
Па сеа ако е без причина, т.е ако бабава не направила некоја будалаштина, тогаш да, грев, греота, безобразлук.
Ти бе не си нејзина, твоето дете не е нејзино, него твое, твојот сопруг е твој сопруг. Јас не би седела ни минута да ми става некој забрани
Мојата ми рече јас сум главна баба, и реков ааа мајка ми е опасна жена нема шанси пред неа да си главна. А сега јас сум главна. (За моментот)
Исто и мое свекрвче се прави "главна баба" уште па и зборела по роднини само она баба била. Љубоморна е на мајка ми зошто кога ќе дојде децава и се радуваат и цело време се со неа, идиоткава не разбира дека е така зошто децава не ја гледаат мајка ми како неа секој ден. Ама пусто просто женче, пред некој ден почна нешто со тоа и јас сум баба и реков моја и на син ти добра воља е дали ќе ги гледаш не само ти и мајка ми и било кој. Законски ти немаш никакво право. Инаку ако е вакво катил женче како свекрвчево ич не е грев да не ги гледа.
Во нашиот град, бабата по татко на еден начин се истакнува како поглавна со тоа што внуците ја именуваат со "мајче" (не кај сите ама во голем број на случаи), а таа по мајка со "бабо". Сакаше и нашата така ама не и успеа. Се знае, ако едната е баба, исто е и другата. И да, недај може да и живете под кров, тогаш автоматски таа самата си го дава приматот на поглавна/побитна баба.
Свекрвиве никако да сфатат , дека еднаш ко ке ти забодат нож во леѓа, залудни им се сите обиди да те придобијат, ке пробаат преку синот , ама џабе е се, затоа треба многу ум, како и што се прави од двете страни, а не после вака така, па тек внучиња кога ке дојдат , една кавга и ги решаваш да немаат никаков пристап до тебе и дете ама ајде, они мислат дека вечно ке им трае глуматаи додека они си мислеа , ти им ја скрои капата.
Zavisi Dali mu zgresila I na deteto I kolku ti zgresila tebe, Dali vo celiot toj proces I deteto Strada. Togas isto taka e grev I na majkata da I go unistis zivotot, zatoa sto za deteto e najbitno da ima zdrava I silna majka so se grizi za nego Bez stres I nervozi za negovo Dobro. Najbitna e majkata so e so deteto sekoj den.
Zabranata znaci ne si zasluzila da I go gledas deteto na majkata, posto ne ja gledas celata slika deka na dete mu treba majka, a ti taa majka ne ja postuvas. Ne za inaet da ne go gleda, tuku koga ke dojde toa prasanja oni Sami so nivnoto odnesuvanje koe gi preminuva granicite na normala, I normalno ponasanje si gi zatvorile portite do sinot, snata I vnuceto. Sami se vinovni, nikoj ne e vinoven za nivnata situacija. I ne mozat da recea jas samo si go sakam sinot I vnuceto, nie sme semejstvo I odime vo paket.
Ostaj luge da ne pisuvam kakvi raboti mi praese, go pominav toj proces, mnogu e bolno, zavrsiv so toa sin mi bese Mal I zavisese samo od mene, Edna majka da se plasi za zivotot na svoeto dete.. Ne prasuvajte za grev na babata grevota na majkata I bebeto se pobitni. Sekoj da si gleda so e najdobro za vaseto bebe.
Штом ти правиш нервози на родителите на детето, внучето свесно или не свесно според мене ни внучето не си го сакаш. А остај па што се дрзна оти нели цела куќа е нејзина да кажува кој колку и дали може или не може да го гледа МОЕТО дете, нели кога идат кај мене гости се понашаше како кај неа да идат и и сметаше Никаков директен конфликт нема со другата баба така она кажа да не доаѓале оти не можело они да го гледаат повеќе Штом така ти во куќата нема да го гледаш ич Ако е грев нека е
У таков случај по неколку пати ке идам на гости кај моите, ако треба и ке преспивам. Нека проба да ти пререче нешто, ке и ја затнеш муцката. Него, како мт изреагира на таа забрана?
Od strana da pises I ti izgleda nerazumno da ima zabrani, istoto bi go pisala I jas verojatno da ne se najdev no takva situacija. Znaes do Kade da toleriras. Ko ke slusnite ej sin mu ne idi, kerka mu vnuceto ne go gledaat, da znaete nekoj Salam ja pokakal rabotata. Ne e nisto tuku taka I za dzabe.
Па пререче и шо одам по толку саати с она волку го гледала внучето Мислам сТрамота На што и одговорив дека може да забрани да дојде некој оти упорно потенцираше дека се е нејзино, но за жал не може да забрани да одам некаде и на крај автогол си даде со забраната, сега она ич не го гледа во куќата што и е, а другите со саати хаха Мм прво ми пренесе, после имаше расправа и со нив неуспешна. Тоа не можеш со сила да му ставиш на некој нешто во глава, а и што би се рекло се учи теле, а не вол
Angi266 У тој случај продужи си со темпото, и оди си кај твоите да си го гледаат внуот кога ке посакаат. Таа нека си коментира до сабајле ако сака ич не ја фермај. Доста често налетувам на еден цитат кој ке го парафразирам “кога дете ке реши да прекине однос со родител, секогаш детето се окривува наместо да се запрашаат што е тоа што направил родителот за да детето ја донесе таа одлука.“
Жено жал ми е за тебе,ќе се израболиш од волку проблеми со тек на време,омразата и презирот некад ќе пукне,се собира со месеци и години.Може да дојде време да изгубиш нерви ,и психички да заболиш и физички , се додека се оправаш со на мажот неговите.Тебе никој не те штити во таа куќа,ни маж,ни твоите. И се заради тој спрат што е на свекор и свекрва,мислам и дека немаш ни работа ни сопствени приходи,единствено -половина твое,пола на маж ти е детето.Тажно.
Ќе ми пререче што идам кај мајка ми, а таа не дозволува да доаѓа. Земам и со се деца идам кај мајка ми после ела нека повели да дојде. Забегани се ова свекрвиштана 90% како божем снаата сурогат им е нивно е детето што таа ќе го роди.
Уште ова само ќе кажам и толку Проблем е ако она ме мрази за банални причини. Тогаш не можам да ја почитувам. На пример вика ич не ја сакам манчмало, не знае да готви, кај ја најде мојот кај се запусти. А друго е да рече - абе готвење не ѝ оди нешто ама многу е мила вака. Значи тоа "ама" е клучното. Во првиот случај не можам да ја почитувам. Па нека крши глава. А дека сум размислувала претходно, епа голем дел од проблемите се оти се пушта мозок на пасење цела врска и тек коа се зимаат о леле мајко, не знаат во што се впуштиле. Вака си ги редам сите до една опции, па што ќе биде ако вака, што ако така, ако биде ова што, ако биде она што. Не дека однапред све ќе предвидиш ама барем немај очекувања, све нека е можно. И за све имам прашања и одговори.