1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.806
    Пол:
    Женски
    Ова го немало ни во времето на баба ми, да кажувала баба ми по татко дека она е главна баба, двете баби ни биле исто баби, не сме ги двоеле, иако баба ми по татко беше терсен.
    Свекрва ми е главна кај золва ми.
    Сегде сака да е главна.
     
    На VDT2906, Осе и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.139
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам дека мајката е побитна. Како за мажот. Така и за жената.
    Еве јас мажена сум.
    И на прво место ми се мм и детето. После останатите.
    Мислам дека така треба да биде кај секој брачен партнер.
    @Mnik @Black girl (y) ми се допаднаа вашите мислења.

    Баш сега брзо гледав едно свештено лице на фб ми искочи зборуваше за бракот.
    Дека бракот е заедница само помеѓу двајца маж и жена, децата не. Пошто обврска е децата да ги гледаш пораснеш и после да ги пуштиш да си бидат самостојни. На крајот пак останувате вие двајца постојано еден до друг. Утре и нашите деца ќе си го посветуваат времето најпрво на нивните деца и маж/жена.
    Па после на останатите.
     
    На *Amethyst*, VDT2906, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.806
    Пол:
    Женски
    Колку е само ова точно дека бракот е помеѓу двајца, децата ќе пораснат, ќе си се омажат/оженат и ќе си имаат свое гнездо, и тоа дека брат/сестра едни се, жени може повеќе, а на крајот жената останува покрај мажот до крај, ни братот, ни сестрата (си имаат свои фамилии).
    Покрај татко ми мајка ми остана, мајка ми го негуваше, не сестра му (тетка ми). Незнам како е тешко да се сфати, брат за брат, сестра за сестра, родители за родители, жена за жена, и родителите еден ден ќе ги нема. Како жената сакаат да се откаже од нејзини родители, како што пиша членката погоре свекрвата и бранела да доаѓаат нејзините, куќата била нејзина, значи ако отидат под кирија членката треба да и забрани на свекрвата да доаѓа да ги види внучето и синот дека тие ќе плаќаат кирија, па тоа со имињата на деца е катастрофа, ќе ми кажува некој име на дете, како па да не, ниту јас не се викам по баба ми, ниту па таа сакала да се викам како неа тоа време, а не сега што сакаат име по нив, па и родителите на снаата се баба и дедо, кај нивно презиме, па и име, во кој век се заглавени незнам.
     
    Последна измена: 30 октомври 2023
    На *Amethyst*, VDT2906, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.139
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Женски
    Снаата е фабрика за раѓање деца според свекрвите најверојатно.
    Па уште кога ќе слушнам не ја сакам снаата а внучето го сакам. Е како може тоа кога внучето излегло од снаата сакала или не свекрвата, дел е од снаата. И на тоа има одговор па дел е и од синот. Затоа.
    И за ваков случај имам слушнато.
     
    На *Amethyst*, VDT2906, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.139
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Женски
    Исто во изјавата кажуваше дека треба да се одбере значи брачен партнер со кој ќе имаме разбирање и љубов. Не само да се земе некој колку да не останеме сами или да ја продолжиме лозата. Пошто како што кажа ти децата кога ќе се оженат/омажат ќе си имаат свој живот. Секогаш ние ќе си бидеме еден на друг поддршка и во болест на стари години.
    А ако нема љубов и се земаат онака брачните парови најголема грешка е потоа што немаат соживот со мажот/жената и се посветуваат целосно на децата.
    Па наместо на стари години маж жена да си шетаат да си се посветат еден на друг,тие се мешаат во животите на нивните деца и ете проблеми. Нивниот живот само околу децата се врти до тој степен што нивниот живот станува монотон.
    Често од постари колешки слушав ее откако ќе родиш дете само за детето се живее мажот кој го шиша. Им се чудев на мозоците.
     
    На *Amethyst*, MeowMeow, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.112
    Допаѓања:
    20.890
    Пол:
    Женски
    Тука е крив патријахатот кај нас. Обично на жената кога ќе се венча и ќе роди дете и се вика да ќути, да трпи, да го остај на раат мажот оти он е маж , и да се посвети на децата. Да не се замара шо прави он, каде и да оди пак кај жена му ќе дојде да си легне. Е од тоа си патиме. Затоа во постари години, во Мк, мажите се навикнати само во кафани или пред маалската продавница да пијат, или се во кладилници, или трчат по други жени, а жената се научила да трпи, цел живот да готви и чисти и со децата да се замара, и нормално нема друг живот освен децата па ќе се меша кога ќе пораснат. Колку стари парови маж и жена, баба и дедо имате видено во Мк да се шетат заедно а? Јас ниеден
    Дури знам баби шо цел живот едвај чекале дедото да умре па да проживеат малку, да рашетат.
     
    На *Amethyst*, MeowMeow, VDT2906 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.404
    Допаѓања:
    2.674
    Пол:
    Женски
    Полека полека и ова се искоренува, младите веќе се мењаат на подобро. Никој никого не трпи вака.
     
    На Luna91, Mazegin, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.139
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Женски
    Па ова пензионериве само по кладилнициве се вртат.
    Од немање друга работа а премногу слободно време затоа свекрвите се мешаат кај децата, немаат свој живот.
    Чест на исклучоци.
    Сум видела баби и дедовци сеуште се држат за рака како дечко и девојка или под рака, и стварно убаво изгледа да видиш и на стари години дека сеуште постои љубов меѓу нив. Но за жал вакви има мнооогу ретко.
     
    На *Amethyst*, VDT2906, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.404
    Допаѓања:
    2.674
    Пол:
    Женски
    Ама тие така цел живот си уживаат во животот. Еден со друг. Оди види ја моја свеќи како никогаш да немала маж, свекор како да немал жена. И сега останаа сами не можат да се поднесат и се мешаат во брак и на син и на ќерка
     
    На *Amethyst*, VDT2906, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  10. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    Чуден е муабетот и начинот што си замислија дека јас сум таа што не им дава кеш пари.
    Неможат да прифатат дека синот е тој што не остава пари кеш на маса, ако гледам реално ние двајцата месечно повеќе придонесуваме од таа сума што ја побараа, мене поубаво ќе ми беше еве ти пари па нека одат да пазарат наместо ние да одиме по маркети
     
    На *Amethyst*, Осе, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    За жал и во врски е вака, се и сешто трпат. Пред неколку години, бев на собир од работа, не знаев дека една колешка и колега се уствари пар. Нема да повторам како и се обрати, со кој збор, ама нејзиниот начин на одговор беше блед поглед и игнорирање како ништо да не се случило. Еднаш разговарав со мајка ми на темава, која патем имаше оштри расправии со татко ми во минатото. И реков, ако дозволиш еднаш да те навреди маж, со погрдни зборови, тој нема да запре. Ми рече, од кај знаеш што ќе ти се случи во иднина, зарем веднаш ќе бегаш од него, заради збор. И се зачудив на паметот. Искрена да бидам, таа и татко ми не беа еден за друг. И вината е во двајцата и во него и во неа. Ама пуст менталитет, да не останиш сам/а. Кога бевме мали, ни велеа за вас го живееме животот. Како така бе? И чиста вистина, пензионериве не се поднесуваат меѓу себе, чест на ретки исклучоци. Баба ми била ваква, во брак со дедо ми се трпела. И неверства и пијанства, се. И таа ја научила се да трпи за да одржи брак. Некои од нив, ако видат карактеристики од таткото, изразени кај син/ќерка, почнуваат да се поставуваат непријателски кон тоа дете, само заради тоа што ги потсетува на партнерот кој потајно го мразат. Се и сешто има, брак не по секоја цена.
     
    На Luna91, *Amethyst*, H.VAGA и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.806
    Пол:
    Женски
    Јас сум видела повеќе пензионери да се држат за рака отколку млади.
     
    На Осе и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  13. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Да, како кај мене што е очигледно дека не се сакаме, ама внучињата се сакале повеќе од своите деца. Да сум доживеела, па ќе сум кажувала.
    Да,кога ќе живееш цел живот за тоа да чуваш внуци на старост, ко свекрва ти твоја што правела со твоите, секако дека така ќе мислиш. Забегани
     
    На *Amethyst*, Anyshka и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  14. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ова е точно. Свекрва ми лани го учеше свекор ми постелина да мести, можеш да замислиш? На 65 години да незнаеш чаршав да оптегнеш и навлака на перница да смениш. Кога биле мм и золва ми мали, кога ќе плачеле, господинот си одел во друга соба да спие. Од работа во кафана. Ден денес они двајца не се излезени негде да прошетаат. Одат на пазарење, по доктори и по гости за имендени. Толку.
    Уште свеки како нешто смешно и нормално го кажува тоа дека он не ги гледал децата дур пораснале, нормално било да го нема таткото, што ќе им правел он.
    Значи разбирам да се растени во такво време и тие биле околностите. Ама не разбирам да ти е тоа прифатливо кај синот на мајка, а зетот да ти е мерак што све работи. Мм застанал да исмука, смешно и е, зет и и мие тањири и чува деца, аааа јас за ххх (золва ми) не се секирам, зетот ми е превреден.
    Никогаш нема да заборавам како се напна за молитвата на 40 дена кога одевме во црква. Жената го крена носот зошто мм ќе одел со мене, она, свекрва и' и детето си оделе, што барал мажот. Абе да си викаш зар е можно женава до волку да е будала.
     
    На Harper, *Amethyst*, MeowMeow и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.806
    Пол:
    Женски
    Ехеее, и зетов пушта машини, брише прозори, прашина, ручек прави, и тоа е ок, ама не е ок е синчето тоа да го прави. Мм пред да оди на работа сам си прави кафе, и свекор ми еднаш пререче како тоа тој да вари кафе, требало јас, а зетот што се прави ок е.
     
    На *Amethyst*, VDT2906, Erika.greeneyes и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Туку, по фб денес и вчера ми се врти статија дека во Италија судот ќе забранел мажите над 40 години да живеат со родителите.
    И коментарите одоздола сигурна сум дека повеќето ги имате прочитано ама дел од нив беа во стилот:
    Младо девојче од околу 20тина години - Сакаат да ги уништат семејните вредности, старите да живеат по домови, да ги растурат фамилиите.
    Постара жена (претп. свекрва) - Неможам да се помирам со тоа дека младите не сакаат да живеат со своите родители.
    Друга постара жена - Тоа се тие западњачки вредности, се растураат фамилиите.
    Постар чичко - За страмота, сакате да одделите деца од своите родители.
    И фактички преку овие 60тина коментари, можете да сфатите што све им се врти во глава на нашите "опседнати" свекрви и свекори, да не ги изоставам и мајки и татковци на жената, зошто и од нив доста ги има.
     
    На *Amethyst*, jacqueline.s, VDT2906 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми кога и е многу криво, а не сака да покаже, вика "цел на мене е". :rofl:
    а уствари е таков зошто живеел под кирии во средно и 2 години после тоа. Да живеел со неа, не сакам да мислам каков ќе бил. Детево мое кога е со нив не го оставаат чашата вода сам да си ја земе од маса. 5 години има, она седнува да го храни.
     
    На *Amethyst*, Осе, Zumbulche и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    33.806
    Пол:
    Женски
    И мм среќа што повеќе работел во странство, да бил повеќе со нив кој знае каков ќе беше (македонски менталитет), каде што мажот ништо не треба да фати по дома, од работа на маса и на кревет.
    На золва ми децата ништо не фаќаат, големи се 17 и 19-20 години (свекрва ми ги израснала и ги воспитала).
    Баш вчера бевме, надвор седевме, децата внатре лом направиле како мали деца.
     
    На Осе, Erika.greeneyes и Mnik им се допаѓа ова.
  19. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.404
    Допаѓања:
    2.674
    Пол:
    Женски
    Аи аи јас мислев на поарно идеме, а види каква била работава :?:
     
    На *Amethyst*, Mnik, Erika.greeneyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.404
    Допаѓања:
    2.674
    Пол:
    Женски
    Кај мене обратно, зетот ич не фаќа ништо а маж ми помага, па го рендаат ама џабе сега жена му го воспитува.]:)
     
    На Erika.greeneyes и Anyshka им се допаѓа ова.