Ова така правеа една држава ама незнам која, дали Холандија ли, Шведска ли, Норвешка ли.... таму нема презимиња како кај нас, таму презимето го праат од името на таткото или мајката. И да ти кажам така е многу поубаво, нема људби како кај нас, или да се јаша снаата додека не роди машко дете оти машкото го продолжува фамозното презиме.
Ок сето тоа ама еве пак значи по името на таткото ќе се презива, ако живее со татко или пак може да се бира, дали по мајка дали по татко? Ако луѓето не е се ок и се кавгаџии пак ќе искочат драми од сето тоа. А и проблеми не им праат шо имаат различно презиме од родителите? Пример во институции, коа патуваат и слично. За она па мислењено за продужување на лозата ми се темни. И шо ако нема машко дете, толку више, крај на свет. Затуцани глупави сфаќања, срамота е уште да ги има ама ги има. Не се искоренува тоа.
Па ете тие што не советуваа по на страна од нив да одиме, ете сме и пак ме замараат, одвај чекав да се тргнеме, а не секој викенд да одиме. Ние имаме спрат и сакам горе да си седам, јас да си зготвам и да си јадеме посебно, со нив само кафе и толку или еден ден да ручаме заедно, тие сакаат и доручек и ручек заедно, кога сум таму напната сум. Се нешто ме боли кога сум таму. Па кога ќе викнат некои роднини и комшии, е бевБог да чува се. Минатиот викенд бришам од надвор ролетните, доле беше стрина на мм и комшики нејзини, свекрва ми излезе надвор, ме праша за кафе, ја одбив, ми се налути, многу ми е гајле. А јас цел ден не пиев кафе, нешто желудникот ме болеше, само таму кога сум ме боли, ми се врти, мм ме праша уште сабајле кога стана дали да ми направи, му кажав дека не сакам тешко ми е нешто, ми се лошеше, си направи за него, јас си чистев, и вечерта свекрва ми му пререче зошто не пиел кафе со неа, па она си пиеше со стрина му на мм и комшиките, што ќе прави мм со нив.
Кога има со кого да го пие кафето, комшии, стринки тетки шо те замара и тебе и мм. Мораш да се вадиш некако, цел живот да се правдаш зошто со нив не јадиш, не седиш секој ден. Да се немало обзир и за твоето време. Речи и ако слезам ќе пиеме кафе ако не нема. Нека не те очекува и само да те бара.. Зафатена си сум, си имам работа. Оти нема да прекини никогаш
Мојава нема со кого тро е греотичка, со никој да не се живеело пу пи, ни еден комшија само ги оговара и вика посилно да ја чујат, со погрдни зборови. Ко не напрајла некои релации со луѓе, за секојдневна комуникација пошто човек ко човек со некој мора да зборни, сега нас само не бара. Па не сме ние врсници, а и нема некој муабет, освен за болести.
Што се однесува за имиња по баба/дедо моја школска другарка се викаше по баба и Драгица, кога имала 10 години ја преместиле во Даниела, ние не и верувавме, другиот ден ни донесе извод и документ што се прекрстила. Ај пак првата буква ја има.
Па и он кога одиме таму не седи многу со нив, повеќе горе седи. Инаку претрес детален ќе ми направи свекрвица, мм многу не се замара дали е заклучено или не, и така ќе ги остави дневната и спалната, јас и дневната и спалната ги заклучувам, вентилите во кујна зошто лани ни се поплави и сега ги исклучувам вентилите, и да имаат клуч од надворешна врата во ходник што ќе прегледува, уствари и таму имам плакар со јакни, ама во спалната и на гаќите ќе имаме детален преглед. Ај барем ќе знам какви гаќи имам хаха. Може и горе да си се преселат и да си користи наши работи. Од внатрешните врати има само еден клуч, нема резерва.
Воопшто не е нова мода. 30 години имам и јас имам друго презиме од моите изведено од името на дедо ми. И да, многу си го сакам затоа што е уникатно и ретко за разлика од тоа на моите.
Мене пред неколку години, ми се случи нешто многу чудно, со еден дечко со кого бев во врска, ама не сакав да биди официјално врска, оти не ми беше сигурен. Работеше во Германија и знаеш стандард муабет, ау ти со такво образование, веднаш ќе се снајдеш. Не знам што ми текна, почнав хипотетички да му поставувам прашања, што би било кога би живееле заедно таму. На прашањето за миење садови и готвење, ми рече тоа ти ќе си го правиш, кај мене дома мајка ми се прави (ако точно сакате да знаете кој ги прави дебили). Го погледнав со прашалници, ама ништо не му одговорив. Јас во јавност не правам сцени, се враќам дома и одлучувам. После тоа ни ме виде, ни ме слушна. Ама ден-денес не можам тој безобразлук да го сфатам. Да правиш измеќар од некого, кој е еднаков со тебе во секоја смисла. Ама, јас сум растена со брат и знам која е реалноста и како се гледани. Брат ми да не поминеше неколку години во странство сам, ништо немаше да знае. Како трчаше мајка ми по него, значи не е љубомора, не беше нормално. Затоа ми падна жал за некои девојчиња овде кои заминале во странство да живеат и работат без да си ги проверат дечковците и мажите. Само да не се јави пак овој со Југословенскава застава, да ги брани мажите и да ми кажи дека сум лажела.
Па и мм да не живееше во странство немаше ништо да знае, не дека немало да сака да работи по дома, туку свекрва ми ќе го направеше таков, што вари кафе сам па знаат да преречат, или кога чисти риба како така тој да чисти, по заостанати се од баба ми, дедо ми и переше на рака, и машина знаеше да пушти и ручек да направи, овие се толку заостанати, ама зетот што прави се по дома не е срамота, а синот кафе да свари било срамота. Еднаш им реков "а кога беше во странство кој му чистеше, кој, кој ручек му правеше, кој го переше". Ама ете сега жена имал, и по нивно се жената треба. Брат ми сам си се научи се, поубаво готвеше и од мајка ми и од мене.
Арно шо си го остаила, од такви мажи пролив ме фаќа, ем сакат сметки по пола, ем жената само да чисти и готви а они да не фаќат ништо. Ама арно, ќе си дојде и тој во Мк да си бара жена пошо странкињите такви како него не ни погледнуват. Па криво им е зошто нашите девојки трчат по странците а не сакат да си земат балкански / македонски лингур.
Па шо ви велам дека на време се прават вакви муабети, за живеење, за делење обврски дома, за родители колку се битни и небитни и тако даље. Да не биде после изненаѓени оти золвата не го оставала спратот или деверот женски си носел. Ко појма да немале оти мажот има брат или сестра и дека такви работи се очекувани и до негде нормални. И да, пак, све може да се смени ама ваљда не сте цело време параноични за секоја ситница ради тоа, него некои работи ви се барем 80% сигурни. Ко така ај ич да не се мажиш, јер што ако сте пример 10 години во врска, исто ко да не се познавате испаѓа.
Муабет е едно, пракса е друго. Дефинитивно најдобро е за секој пар најпрво да живее заедно некоја година, така најдобро ќе видиш и каков е партнерот, и како функционирате ко пар, па дури и како вашите родители се однесуваат.
И тоа де. Ама ако ми рече дека јас као женско треба сама све да правам, пресекувам од одма. Или ако не сака посебно од мајка му да биде. Нема да чекам тек после да дознаам оти е мамин син.
Абе вистина е, за се треба муабет. Ама реално без навреда, твоите хипотези беа како во иднина твојата свекрва не би те сакала и дали ќе те оговарала. Мене тоа смешно и небитно ми е. И имам кажано, не за живеење во иста куќа, дури и спрат да е, ете. За тоа хипотетички муабет не ми треба, ама сакам да знам дали е самостоен и дали знае да се грижи сам за себе. Овде во МК, ова е реален проблем. @Adidas888 ако не сите, еве да не генерализирам, глупо е, ама голем дел од овие што работат во Германија и идат во МК да бараат женски, стварно си имаат некој проблем.
Развод, јебига. Ама за некои работи пример дали има сестра или брат или нема знам уште од сега, или па рецимо деца од бивша жена, магично нема да никнат тогаш. Па да дојдам да се жалам оти золвата не ни го оставала спратот или посветувал внимание на децата.
Три блиски личности ми потврдиле дека после брак, мажите им се смениле. Не знам зошто е ова вака. Можеби е чувство на сигурност, не знам. Веројатно истото се случува и кај жени...
Се менат после раѓањето на децата. Мајката нормално ќе почне да мисли на бебето, пелени, плачкии, неспиени ноќи, па и ако нема помош, до ништо друго нема да и биде дојдено, а мажот си мисли дека он пак треба да биде центарот на универзумот. И кога ќе видат дека вниманието на жената е свртено кон бебето, полудуват, побудалуват, ги фаќа нов пубертет, незнам како да го наречам, наместо да помогнат околу бебето.