Па не зборев за сите туку за тие така шо праат. Еве мојот бивши маж беше таков. А мојот сегашен е друг, има и разбирање, знае и обврските да си ги заврши околу детето.
Не, не живееме во слога и не ни беше убаво мислам на мене не ми беше убаво, се додека не се прели чашата со сите сплетки и нервози што ги направија престанав да комуницирам со мајка му и татко му. И од почетокот па се до ден денешен мене не ми е битно колку и што пазарам, пари се печалат денес ги имаш утре ги немаш, ама тоа што го доживеав од нив до последно нема да им го заборавам и простам.
Многу се менуваат ,се менуваат и жените. Прво пошто се земаме здраво за готово. После мажите во однос на бебињата знаат да се испрпаат па да избегнуваат со ,,еве мајка ми нека ти помогне " некои ќе признаат дека е од став некои нема. Мајките нивни ако се ко моја свеки се знај како помагаат ама ко ќе му се побуниш ете проблем ти за се маана наоѓаш ,некој можи и ќе застани на твојата страна ама нема доволно граница да стави и така
Тогаш е најдобро да се преселите од таму, мирот ви е најбитен и за без пари да ве остават да седите и две пари да не му давате се да е од нив, мирот е најбитен!
Мирот е најбитен, ама еве и ти не седиш заедно, па пак ве замараат да одите секој викенд, исто и нас. Пак немаме мир од нив.
Не е исто, ами да седиме дома заедно сите, вака моја куќа мои правила, кога сакам спијам, кога сакам јадам, кој сакам иди сакам не иди, ами да ми се меша секој ден со детето, и со поголемово( мм)и со помалово јас тоа не можам да го издржам. Ама ни мм не ја можи секој ден се карат кој ќе ги слуша. Затоа реков ако се сложни и пари да оставаш и плус да му дадеш за се што ќе ти помага. Сестра ми има свекрва душа човек Во куката живееле на почеток 5 фамилии. Ова сестра ми ко си појде таму. Замисли 5 сите на по еден спрат. Мешаници невидени. Ама па луѓево мирни сите. Бабата си почина, чичкото се исели сега се братот тука и стариве и сестра ми. Свекрвата се помага многу добра мила жена, ненаметлива,душата за нив си ја дава, проблеми никогаш немале, пари не се гледале кој шо купил, колку потрошил, зет ми му даваше многу пари кога имаа потреба, старите тоа што го правеа и за со деца гледање и сите пари да му ги дадеш малку беа. Сите се во мир и слога. Ама па ова ако го нема и беспари да ти го дава некој ела седи со некој шо не можиш да се разбереш.
А, едно прашање вака, за свекрвите со кои нема разбирачка. Имаат тие нешто работа, хоби, или како? Од кај им толку слободно време- да знам и јас кај да си купам
Јас и не познавам жена што е среќна во заедница. Еве тетка ми е свекрва, жива нервозна е, снаа ми не се замара, децата како да не се нејзина одговорност, братучет ми не е тука, тетка ми и тетин ми зимаат деца од школо/градинка, она си иде дома си јаде, си легнува да спие, 2 саати во денот ако фати да ги види децата, а од 14h е дома. На моја другарка брат и и снаа и, имаат спрат во истата куќа со родителиве, овие нејќат да си го средат спратот, снаава ни алиштата од своето бебе не ги пере. Свекрва и и збори оваа аха добро и толку, пак исто. Имам тетка од мајка, свекрва и не пофаќа да си ги испере гаќите. Све тетка ми прави дома. Си иде од работа, ни ручек ни ништо. Само на маживе им е многу гајле. Нив све им е сеедно. И не ми е јасно, како некои луѓе неможат во мир да живеат. Све сакаат по нивно да е и таму кај што не им е место. Да можам да им влезам во мозокот на еден ден само
На мојава на пример, животен сон и е внуци да чува на старост. Ваљда затоа нема разбирачка, зошто она мислеше хоби ќе и е моето дете. 24 часа мајка-баба. Ко некоја опсесија му доаѓа нештово. Ни книги чита, ни оди негде, нити гледа нешто посебно. Сем вести и турски серии и по 3 кафиња со комшиките во денот.
Мојава е панзионерка ,ко дојдов шеташе со здружението ,секој ден пешачење со пријателка, шиеше за комшии ,пријатели пошо шнајдерка. Како се породив се заборави ,жими на еден одмор уште оди. Инаку не може од ,,детето " мисли на ќерка ми ,на сите така им вика.
Лани, еднаш во двор мм го караше детево и оваа слушна, дојде и му вика" што му правите вака за греота" и мм ко што е лев и вика" оди мафни се таму, која си ти да се мешаш", му вика" ја сум мајка". она ваљда сакаше да каже демек мајка му е на мм, имала право да се меша, ама звучеше поинаку, мм кога и се пушти, лом ја напрај, после ми вика" ја слушна колку е будала"
Јас и сестра ми имаме презиме од името на дедо ми. Незнам моите што размислувале или како ги командале тогаш. Не сте свесни кои проблеми за докажување родителство сме имале. Особено дека преку име на татко ми користевме некои работи, патувања и слично. Секогаш во новчник носев извод на родени.
На свекрвица не и верувам ни трошка од она што го глуми дека многу не сака, ни има направено многу лоши работи. Сега последно ко бев велеше детево да не е почудено, од тогаш само се разболува. Не верувам во тоа дека може лошо ни мисли цело време да се разбереме не верувам во такви работи, ама ме замислува за момент нејзиното однесување. Вака е од ко почнавме таму да одиме. Дај вразумете ме дека не е можно...
Во пензија е, а и нешто пред пензија нема работено. Нема работа освен турски серии и вести. (И оди да ја видиш)
Уфф и јас се осеќам така со оваа мојата, поточно за нејадењето на детето, она се готви она се го нуди цело време и е тоа муабет. Зошто не јаде? Боже боже шо ќе правиме, леле леле не сум видела дете да не јаде. А помало му даваше каши и цело време ајде ајде уште малку ајде ајде (ама будала јас) -и мислам цела енергија околу јадењето она ја одзима