Не сте нормални, паѓам по земја од смеење @VDT2906 на мој другар, роднините од Србија му се презиваат Дркич Ама не изнасмеа со ова Факич
Понекад само коа ќе ми дојде. Да се позезаме малце, да олабават жениве мозок од свекрвиштата, Адидас е крива шо спомна за фамозното презиме и после инспирација колку сакаш. Верувам дека постои, какви све не презимиња има, да не ти се верува дури.
Исто така покрај името, порано давале презиме и според занимање (Ковачевски, пример). Денес ни е чудно дека имаме фамилијарни презимиња, меѓутоа порано не било организирано како денес. Исто за жените било сеедно реално како се презиваат, ако маж и' е Трпе, таа е Трпеица, па макар Петкана се викала Ова е уште застапено во делови од западна Македонија.
А ова го добило името зашо селаните се дупеле во долот? Во долниот дол, може има и горен и долен. Ама овие гарант биле скриени во долниот, во приватна интимна атмосфера. Па може некоја улава свекрва им долетала, ги прекинала младите и ете ти беља работа.
Не ми е чудно воопшто, знам многу родители едно презиме, деца друго. Другарка со сестра и има различно. Златаровски, Гајдаџиев, Бозаџиев.
Хахаха, доста веќе, стомак ме боли од смеење. Дека трпела многу од Трпета хаха. Пример мажот ако се викал Стојан, жената Стојојца или Стојаница, Павле-Павлејца.
Јас веројатно за последен пат ке си олеснам душа тука, оти сфатив дека работите нема никад да се сменат. Пладнево, имавме разговор јас, маж ми и свекор ми. Маж ми повеќе молчеше ама затоа јас можев да си кажам како стојат работите од мој аспект и свекор ми да си каже како стојат раб од нивни аспект. Си реков јасно дека не можам да живеам со карактер како што е свекрва ми и дека не можам да ја прифатам. Они мојата дистанцираност ја гледаат како не сакање и непочит на што кажав дека јас така се справувам со луѓе наместо да се карам. На крај муабетот се сведе за одделување, за прв пат отворено си кажав пред него дека “да, сакам да се одделам, да живеам сама со мм каде што никој нема да ми команда”. Му реков дека не гледам причина утре да зимам појака плата јас и мм со неговата да не се одделиме, на што он си кажа дека тогаш многу да не сме очекувале помош, он бил тука за нас да помогнел. Реков јасно дека си сакам свое каде што ке си имам свои правила. Неговото беше “не сум растена у заедница и затоа не знам колку може убаво искуство да било”. Тоа е. Мм си искоментира дека сега за сега немало финансиска можност, за леб ке сме трпеле и не знам што. Ко си влеговме во соба му кажав (што и искрено го мислам), дека при прва финансиска стабилност си заминувам од заедницава без него. ( не ми одговори ништо, само очи му се насолзија и се сврте) И ова навистина го мислам. Се знам самата, и знам дека еден ден оваа идеја ке ја направам реалност, очигледно без него. Срце ми се кине, ама тоа ке биде најдобро за мене и за детето. И се што ке реплицирате имате право, јасно ми е се, оти работите ги гледам исто како и вие, мене само ми треба малку повеќе финансиска сигурност што значи време е во прашање. Се одјавувам од пишување лични искуства на темава оти нема смисла кога раб нема да се сменат.
Многу ми е жал шо ти се случува ова. Дали можеше некако да ги кажеш пред нив кои се вистинските проблеми кој ги прави? Зошто ти со дете да си одиш кога проблем има свекрвата и со неа треба да се разговара, да проба да го смени начинот на кој се понаша со тебе? Која е таа да те команда? И ти имаш право и ти си дел од таа заедница, ако не те почитува тебе и твоето мислење па кај е тука сопругот со неа да се разбери? Тој е највеќе виновен, нема шо ти со неа да се караш и да губиш време и живци. Му кажуваш него и тој нека се расправа со неа, ако треба и за најмала ситница, кажи му дека ти пукна филмот од тоа каква е таа. Не можеш заради стариве ти да си го растуриш бракот, ами и со детенце си. Тие арно си се држат вие не сте согласни со твојот. Стари се некој ден ќе ги снема вие за вас тројца треба да му ја мислите. Нека зборува со неа, за се што ти прави тоа да прекини под итно оти ќе си одите.
@Lisandra проблемот е што жената си е таква со сите. Не е само со мене, буквално со сите во фамилија е таква. Денеска си кажав отворено се што ми пречи, на што добив одговор дека таква била не само кон мене него кон сите, не можела да се смени. Мојот одговор беше дека и јас сум таква каква што сум и дека мојата дистанца е одговор на нејзино однесување. Џабе е со неа, таа е иста со сите нема како да се смени и посебно да биде со мене. Маж ми не верувам дека утре кога би имала и јас појака плата дека ке крене рачна и ке реши да си замине. Јас веќе во мојата глава сум решена, ако сфати во целиот тој процес дека е подобро за нас да се одделиме тогаш добредојден е, ако не тогаш тоа е тоа, до таму било.
А, извини, што му е уствари проблемот на мажот ти? (Може сме дискутирале, сум забораила). Што е толкава трагедија да се живее само со жена и дете, и што е толкава лепота да живее со мајка и татко цел живот? Тоа коментарот-не си растена во заедница, да ја знаеш лепотата- од свекорот или од маж ти беше?
@Adidas888 јави се на рецепција, и кажи го презимето (првата буква барем), и мене ме стави во мисла, ќе неможам да заспијам хаха. А за Факич, нели имаше Сабина Факич.
Јас ќе ти реплицирам само поради тоа што не веруваш во маж ти, на мажите им треба рецептот да ја сварат секоја ситуација па и оваа вашата (убаво си му нацртала) верувај заедно ќе си ги спакувате куферите) секое добро и не биди тажна, ти си храбра жена.