Па Адидас, како да не владее male loneliness. Знам дека сите сте овде мажени ама дали имате вака поим како се понашаат пред и за време на дејт. Такви игри, такви манипулации, несигурност прикривање, што ме тера да помислам дека имитираат женски манири. Кој нив воопшто да ги трпи, на кои едина мотивација да излезат со женска е за да се омрсат. Ајде не се сите такви, ама голем дел од нив запловени се во многу матни води. И која маченица да ги трпи и зошто? Мама нека ги трпи. Женскиов пол кај нас споро ама почна да се буди.
Да, после свадбата се променуваат, како некој ѓавол да влегол или излегол од нив. Ама верувај, помалку ќе те боли кога знаеш дека си пробал со некој и не ти успеало, без да живееш со неговите во заедница и да трпиш тортури, од кои патем ќе се оболиш некој ден отколку ем него да го трпиш ем неговите, ем се оболуваш од трпење и молчење. Јас закачив автоимуна болест откако го оставив бившиот. Никогаш нема да си простам колку сум го трпела и него и болниот му татко и ненормалната му мајка. Абе Адидас будало една, сега живеј си со болеста до крајот на животот.
А бе се променуваат затоа што си мислеле си нашле снаа (слугинка за цел живот), е арно ама кога снаата ќе покаже заби тогаш се почнува, сакаат снаа послушна, кој ќе им ќути ќе си трпи.
Епа затоа што подалеку. Ма не ти се ништо тебе бе нема шо да ги трпиш. А иначе за тебе, арно сте се тргнале од таму, треба да си ги земеш сите работо од таа куќа и никогаш да не се вратиш кај таа вештерка. И убеди си го маж ти да не се враќате. И немора ни да одиш кај неа, нека си оди тој сам на гости.
Обично на куќни слави се собира цела фамилија. И кога ќе почнат тоа старите баби дедовци со муабетите за нас младите ми се повраќа. Како ние младите не сме знаеле да го живееме животот сме сакале сами да седиме ни по гости не сме оделе. Тие што убаво живееле полна куќа луѓе. Па на гости кај комшии, колеги, фамилија. Сме се тепале за странство ние младите, од три четири деца старите сами дома седеле. Од толку деца ниедно на крај. За што ги гледале они децата. Сами да седат на старост. И јас им викам па вие раѓавте за да имате кој да ве гледа. Епа за што ми велат. Па такви ко вас поарно ич да не раѓале им реков. Од тоа што читам овде и од секојдневието што гледам и слушам ми се зголемува одбивност спрема овие постариве генерации. Ради овие заостанати размислувања.
Во таква држава сме шо ни на старите не му е убаво да останат сами, оти на крај нема кој да ги гледа шо не значи дека ние треба да ги гледаме, да ги помагаме да ама во склоп на времето шо го имаме, не ни можеме кога имаат најмногу потреба ние нив да ги изгледаме, прво е време,второ па и се нема пари да бараш жени за помагање. Старските домови се такви како шо се и во повеќето не се за пуштање. Немаме убави старски домови, стариве се исплашени таму да седат од тоа што и стварно не чинат. Кога гледаат таму побрзо да ги умрат. Нема решение околу овај проблем како шо го имате решено во многу држави, каде старските домови се цели комплекси, се води хигиена има изобилство од храна, едноставно во странство му е добро на старите и се задоволни, затоа нема толкав притисок на младите да останат во заедница.
Зависи каде, во помалите градови уште тераат слави по 3 дена-Ивкова слава. Па свекрва ми и нас не напнуваше па и се уште не напнува да одиме кај нивни роднини, цела недела пред слава замара.
Мене маШ ми бараа на бившо раб. место Обавезно ме прашуваа мажена ли сум, деца имам лЕ Ејјјјј еден дедо цар. Ме знаеа по име пациентите, и дедово ми вика: ти Камелијче мажена ли си? Му викам дедо Петре, не сум. Ми вика - е оти? Оти дечкото нејќе да ме земе му викам Царов: баба Трпана (жена му) умре ептен сега пред 2 месеци, да направи година па еве јас ќе те земам да не седиш така! @Spicy Senorita и да знаеш во право си. Не знам колку години имаш, јас на 30+ и прв пат сингл после средно, не можам да си поверувам што токмаци се. Како бре вакви за маж да ги земам еве не знам
Јас и за нивна слава не одам, се погодуваше баш тогаш мм да е во странство и јас си одев кај мајка ми. Колку бев глупа првите години си се чудам самата, 2 недела пред слава правев кифли и многу работи. За денот на славата ќе надојдеа куп гости, свекор ми прв гостин, не ни помагаше, не ни пречекуваше/испраќаше гости, велеше имал снаа. Откако ќе си отидеа гостите сама миев садови до 3 сабајле на рака (немавме машина тогаш, уште седевме заедно), после откако се освестив не чинам, многу ми е гајле. Свекор ми пред сите гости знаеше да ми пререче нешто, да ме навреди и понижи пред сите. Другиот ден исто, гости што не дошле, а стрина на мм и золва ми доаѓаа уште во 9 сабајле на појадок, уште нерасонети што се вика, уште садовите што сум ги измила не сме ги средиле, они ете ти ги, па пак миј. До вечер незнам уште колку доаѓаа. Ете ако е на золва ми куќата како што велеа некои членки, а снаата била дојдена таму, зошто тогаш золвата си доаѓа на гости, а од снаата се очекува се да спрема, па нели таа куќа не е нејзина? Затоа сега не ни одам, свекрва ми знаеше да рече тоа било и наша слава, да, ќе биде наша кога ние ќе си поканиме наши гости и кога нема да се мешаат што ќе ставам на маса. И јас колку што знам додека таткото (свекор ми) е жив не се превзема слава, а и јас сакам друга слава, знам многу во иста куќа таткото слави една, синот друга слава. Исто комшика кога почина свекор и, свекрва и им кажала неможела да слави, и тогаш синот (мажот на комшиката) и кажал "ок, ние ќе превземе ама ние ќе си поканиме наши гости, а комшиките и роднините викни си ги другиот ден) и така испадна.
И ние имаме различни слави, прашавме дури и во црква дека сме во иста куќа, ни рекоа тоа не е никаков проблем. Ако сте поделени може слободно да си славите друга слава. Е јас кога дојдов уште куќата не им беше осветена, а живеат многу години овде. Само што го средивме спратот си викнавме поп и освети само кај нас. Свекрва ми после си го викаше за кај нив доле. За гости, моите и неговите ги каниме на ручек, вечерта си каниме млади, кумови, другари...