Ние дека во иста куќа не можам да не одам и они така викаа демек ова и наша слава е ама маж ми бидејќи многу ќути јас им реков во името и на двајцата чим не си викаме пријатели и мои роднини не е наша слава нивна си е. Ако можам ќе помогнам нешто, ако немам други обврски Ама јас пак не можам да сум таква лоша па секогаш им помагам и пак не чинам
Леле јас пред да го запознаам мм си мислев нема да се омажам. Башка кај што работев, кога ќе ги видев овие што имаат женски дека молкнат други, ми идеше да ги удавам. И мене не ми се верува со какви излегував. Од 27 годишен дечко што на полноќ ми ѕвонеше да го вратам дома, зошто го мрзело да си иде пешки, до 26 годишен дечко што ме викна сам на кафе, па излезе ај бе ќе седнеме во кафанче некое, на крај да ми ја подаде мене фискалната "ај ти части, сега зема плата". и кога ќе си помислам дека овие се сега нечии мажи имаме во комшии овде еден, мм им местеше струја, ја отидов да видам што имаат направено, синот на комшиката (неженет) не знаеше смукалката кај се пушта. Мајка му тука си стои и се смее. 36 годишен е. Па после неженет, епа неженет.
А па овие кои верници се, слават посна слава свекор ми си јаде мрсно, а мене ќе ми кажуваат не чинело друга слава. Знам дека може посебни слави, ние сме поделени со се. Пример знам братучед на мм си го зема именденот за слава, кога ја направија куќата викнаа поп да им ја освети и им кажал можело именденот, ама дека е во пости посна трпеза да биде, а тие иако беше во пости си спремаа мрсно. Па не е само да се слави колку да се каже. Исто и јас планирам на мм именденот, во Скопје се поканува за именден, во помалите градови порано сите доаѓале, е сега младиве го искорениа тоа и си покануваат млади, само кај свекрвиве мои не се искоренува, мм во странство оваа си вика нејзини гости за именден на мм, ок, нека викне ама толку да спрема, може да ги почасти со кафе, сок, благо. Полани и јас не бев во мкд и таму кај што бевме си викнавме на мм 2-3 ца пријатели со жените, тие си викнале гости таму тетки, стринки, вујни, што сакаат нека прават да не ме замараат мене. И Среда и Петок ако се падне и да е мрсно се спрема посно, овие не разбираат.
Леле ова со славиве еј. Истава мака ја имав, дур не се искарав со свекрва ми зошто се обидуваше да ми ја наметне нивната, демек она неможела да спрема, ја да сум превземела. А за таа слава идат само нејзините сестри, внуците нивни, мајка ми ако се погоди тука и тетка ми што ми е единствена блиску и она ја слави, значи никој мој. И јас и реков (поточно се под-дерував) дека ако сака јас да превземам, ќе си правиме горе и само ние 5 души ќе си ја славиме, т. е. ние во куќава. И она на ова ми врати - дур сум жива, мене од сестрите и внуците, нема да ме одделите. ја и реков никој не те одделува, што сакаш прави, ама јас да правам и спремам само за твои, што сигурно се 500 еур секоја година, немам намера. п Плус именден на малиов што си славиме. Ќе живеам ја цела година за слави и имендени.
Те читав лани и си велев оваа исто како мојата. Славата нивна и на мм именденот се месец разлика. А никогаш за именденот на мм не отишла во црква да запали свеќа, и тогаш се носи погача, само да слават не е важно како. Дедо ми по татко имаше 2 куќни слави, едната баш на мајка ми именденот, и откако почина моите си славеа со нивни гости, а и дедо ми додека славеше доаѓаа и на мајка ми роднини, сега ја читам членката погоре не смееле нејзини роднини, како бе така, а да им спрема смее. Мајка ми не славела именден, ниту татко ми, 2 слави имаа уште имендени, татко ми па незнам колку имендени имаше. Сега мајка ми си спрема онака за нас, си оди во црква и носи погача, татко ми е починат не и е до слави. Оваа година славата баш за именденот нејзин јас ја однесов погачата во црква, мајка ми неможеше, ме праша попот дали е за слава или именден, јас му кажав за слава, сепак куќна слава е. А свекрва ми ми велеше за именден не се носело погача, многу знае.
Свекрва ми правеше слава, не во град кај шо живеат него во селото нивно. Еднаш ме викнаа јас пресно мажена си мислев на гости одам Ко почна да ме заповедува боже мили, мести реди лажици вилушки бриши со крпа да свртеле, чинии клавај ручек знајте како е на село, па дали било чисто од сабајле појдовме јас прв пат таму цапав, да метиш, да бришеш прозори, а во село има многу работа и да нејќеш ќе се најди. Ме однесе од сабајле и морав и јас да вклучам. Ај нешто да фатам па испадна повеќе работа од шо мислев, јас слави никогаш немам чекано и не знаев ни кај е ни шо, сто пати прашував за работите. Вечерта почнаа гостиве да идат , цело село луѓе, јас пречекува појма немам кој се, муабети на маса од типот невестава знајте од кој е шо е, умрев од страм. Вечерта миев чинии, полнев вода од бунар и носев во то кујничето летно, топлев плакнев, пак оди наполни мијај носи реди. Душата ми ја извадија. Тоа одење беше еднаш и никогаш појќе. Си најдував рачки да не одиме Дома слави не прајме само именден.
Овие моиве освен дома што имаат куќна слава, и во селото нивно има 2 селски слави и таму си слават. Првата година бев, и дека тазе снаа одевме по гости од куќа на куќа, јас така се заморував психички, па доаѓаа од околните села, ако нема место тој што дошол прв станува да седнат другите, па одевме на друго место, ааа си велев ова не е за мене. Па другата година свекорот ми кажа жените седеле дома и пречекувале гости, а мажите оделе по куќи на слава, јас му кажав дека не сум муслиманка па тоа да го применувам, така знам прават муслиманите за Бајрам, жените дома пречекуваат гости, мажите и децата одат по гости, и толку беше, веќе не им отидов на селска слава, па вртеа на мм да сме оделе, среќа и тој не е по такви работи Исто знам и за Тетово така правеле за Велигден, жените дома, мажите и децата оделе носеле јајца по куќи. Затоа за Велигден одиме негде на викенд, не ми е проблем да спремам за наши гости, ама за нивни веќе не спремам.
Леле кај спомнавме слави, сега мојава се видовме надвор и ми вика во Среда е Митровден, да одите кај тие и тие ќе треба, ја и викам не почнувај и годинава ко лани, речи му на син ти. И си се тргна и мислам дека го најдов чарето - Игнорирање му е мајката бре. Собиравме лисја со малиот за да ги лепи на листови, ама кај неа е црешата и под неа куп листови и таму собиравме, оваа излезена на тераса и вика од таму: Земи метла замети. Ја се направив дека не ја слушам и оваа виде не виде си влезе. ете мирот кај се криел.
Е ова и јас го имам слушано. И што излегува, во која ќука да седнеш маж нема ( домаќин што се вика) саде жени. Мажите по куќу други. Мислам логика никаква.
Среќа моиве немаат кај кого за Митровден. Леле истата мојава, не тера да одиме по слави кај далечни роднини нивни, јас веќе не одам кај тетки мои, не кај непознати. Кога мм не бил тука, многу полесно ги откачував, сега тука и е ќе не замара и за нивната, офф бе само негде странство, ама еве не ни излегуваат документи, ќе морам да го терам мм да раб на црно 3 месеци хаха, да поминат славите, Нова година, Бадник, Божик. Лани што убаво беше Германија баш за нивната слава, потоа јас отидов за Нова година и таму си теравме и Бадник. А да ве прашам за Бадник како правите? Ќе кажете далеку е, ама ќе дојде додека трепнеме. Ние кога седевме во заедница нормално заедно правевме адет, откако ја направивме кујната и дневната се одделивме, друго не ни беше направено на спратот, ама му кажав на мм ако чекам се да направиме скрос уште долго ќе седиме во заедница, и така тогаш јас си спремав за Бадник за нас само. А пред неколку дена бевме доле и мм и кажа на свекрва ми прво доле ќе одиме, па горе ние ќе си правиме адет, леле кога се налути, па да ни кажува како ние сме биле една куќа, среќа свекор ми што не беше дома, инаку две свекрви хаос ќе беше. Потоа ми кажа јас горе да спремам па они ќе дошле, јас и кажав НЕ, дека сакам еднаш сами да си бидеме, ете доле ќе се симнеме ако толку сакаат, после другите години си бевме странство и раат на душа и мир во куќа. Дај Боже и оваа година негде да отидеме, не ми е тешко да спремам, со душа го чекам тој празник и со љубов спремам, ама тие ми кажуваат што да направам и ставам на маса. Мразам наредби. И со кого ќе наздрават другиве мажи кога домаќинот го нема, кога оди и он по слави кај други. @Adidas888 неее како така, па тие им се комшии, братучеди на мажите, такво нешто нема шанси (зборови на свекрвица). А колку познавам жената со прв братучед на мажот или комшија, и обратно.
Ова е многу глупа логика. Баш тогаш може жената да се изебе со комшијата или братучед му . Ова изгледа во на жените полза им е измислено. Да променат малку. Не се јаде секој ден грав
Има шанси , вистина Така испаѓа домаќинката по ербап она е главна значи чим дома останува да наздравува за славата Леле муабетов Ние кога се оодделивме беше пред Нова година, значи свекрва ми се симнаа доле. Ај заедно демек Бадник ама свекор ми по забегано човече немам видено. Уште кога беше здрав не беше здрав јас стално им викав. Од омилен празник што ми беше ми се одмилуваше ради него. Две години само со нив толку. Сами со мажот ми одлучивме нема раат доле, ние горе ќе си правиме . И толку беше. Без драми.
И мене не ми се веруваше кога слушнав, а инаку имам слушнато за Велигден така правеле порано во Тетово, сега незнам, жената пречекувала дома, а мажите и децата оделе по куќи со јајца и си разменувале. И тоа ми нема логика.
И прилеп така... Ама више скоро па и не... Се подистребува Сите гледаат да шетаат, да си одат на гости, да си излезат со пријатели Одат на парувања Сепак е празник...нели Убаво е и да се видиш со блиските Ама со најблиските (мајка,татко, сестри, браќа) Јајца ќе збираме сеа по сите роднини... Па уште и да збираме, да не сум вклучена оти сум жена Па и јас сакам да шетам бре
Знам за Прилеп, комшика кажуваше за золва и, ама тоа порано било за именден можело и 100 души да поминат и не се канело, ордевери имало, немало тањир пред секого, ама сега и тоа искорениле помладите. И тоа за Велигден што пиша ај браќа сестри, ама кај свекрва ми цела војска доаѓаа (кумашините, сестра, браќа, внуци/внуки од сестра со се жени и деца, на свекор ми брат со фамилија, па ете и брат на свекор ми има 3 деца од кои 2 се мажени со деца и нека си ги пречекуваат. И очекуваа јас да спремам и да ги служам, е сега одиме негде. А и се знае кај родители се оди, мене тоа ми е психички замор да одам по куќи, и за Прочка моите оделе само кај баба ми и дедо ми (на мајка ми родители, дека од друг град), кај дедо ми по татко дека во иста куќа доаѓаа тетките. И најмногу мразам сум се предала и негде кога ќе ми кажат земи па земи.
Имам една комшика нон стоп се жали од снаата, не чистела, не метела, шетала, последно рече абе она мојана само едно кромидче ставила во манџата, добро бре се прај манџа со едно кромидче
Од тие јаки запршки си го расипав желудникот, и јас кога правев ручек мојава знаеше да стави уште една запршка, е сега нека си јадат сами. Или ако ставев пилешко, знаеше да додаде свинско мрсно, според свекор ми пилешкото не било месо, само такво залоено со бело, ем сакаат од снаата да готви, ем маани наоѓаат, нека си готват сега за нив. Јас сега не ставам запршка, ми смета, заради нив ставав малце, сега пасирам или блендирам компир и морков и густо е.