Јас на тавче гравче не ставам запршка, го варам (првата вода ја фрлам), ставам кромид во варењето, потоа во тавче малце масло, црвен пипер и го ставам гравчето, тоа е како запршка, ама не ставам брашно. Свекрва ми пола тавче масло, плива во мрсно.
Читам често постови на социјалните мрежи пр: Синот/ Ќерката не сакаат да конктактираат со нас, ние све им дадовме. Снаата не не почитува итн И читаш подоле коментари: Срам да им е си ги исчувал и сега да те остават, Мајка и татко не се оставаат какви сака нека се, Срам да им биде мајчиното млеко, Кармата ќе ги стигне.... И тука го гледаш менталитетот на луѓево тие се тие родители кој се мешаат во животот и бракот на своите деца, си ги делат своите деца според тоа машко, женско, мешање во брак кавги... Не разбираат дека за дете да напушти родител и да не сака никаков контакт со нив треба јака причина. Ама старите никогаш нема да признаат дека нешто згрешиле и секогаш ќе изиграваат жртви, а децата неблагодарни.
Што да очекуваш кога се пред телевизор, и си гледаат турски серии. (Мојава се кажува филмови, од тоа што гледала, од други што им се случувало) одма нечива случка е наша измислена. Како да и замерам кога мислам дека тоа е психичка/душевна болест. Се си има последици, а и зависи од "децата" некои се самостални ама еве на родителите тоа им смета, па мислат до снаата е! Она го сврте син и! А и нека си мисли дека е така, што сака нека си само подалеку од мене!
Исто све јас сум крива јас сум го учела маж ми божем он дете е, а не возрасен маж. Не може да се помири што никој не ја есапи. Не ја есапи зошто сака сегде нос да пика и све она знае и многу се прави паметна.
Они сезнајковци се, они се најпаметни оди докажи им нешто тешко тебе. Па нормално некој да ми уништува брак секој ден да ми прави караници заради чистење или зошто ова ваму си стаил тоа таму, да чистиш двор ова она, како го раниш детето, како го чуваш детето, зошто во градинка го носиш, зошто дома го чуваш, зошто дома седиш и така натаму па кој сака нека е родител, брат/сестра ќе се оддалечам и ќе сведам контакт на минимум.
Тие сопствените деца не си ги сакаат, ене ги по темине уште такви заради социјален статус се мажеле/женеле. Вие овде се чудите оти вас не ве сакале. Да беше мажот ви ерген мислиш ќе го тинтраа толку? Не бе душо, по комшии ќе го оговараа дека неженет останал и ќе му бараа невеста каква-таква. Свекорот и свекрвата можи се лоши, ама тие дома што ги имате мајка и татко, сигурно не се бисери. Јас си знам по моиве какви глупости имаат кажано. Малце себекритичност.
Па овие го оговараа маж ми цело време мислеа нема да се ожени зошто "стар" се женел 31 година... па викале ќе остане како вујко му, вујко му на 50 се ожени.
Да, ама се уште не сфаќаат која е разликата, ајде по 1.000000 пат, на свои родители можеш се да им кажеш и нема да ти го памтат тоа, со свекор и свекрва не е така, има да ти го памтат цел живот и да те удираат по нос. За да имаат слугинка хаха (нивно мислење), ама тешко тоа.
Па како неженет да остане? Па кој ќе го пере? Внучиња за нивните комплекси да си ги лечат на нив, од каде? Кој ќе ги изгледа на старост? Што ќе речат комшиите, само за него не се најде жена. сакаш уште причини или доволно е? Кога ќе размислиш подлабоко, снаата уствари скроз е споредна, синот е битен да не е сам, они е битно ручек да не прават, комшиите да не зборат....
Да не го зборат дека не е домаќин и затоа никоја не го сакала А он недомаќин у секоја смисла на зборот
Еден комшија на свекрва ми и рекол мм останал неженет на 25 години, цццц, луда работа. Па овој маж комшијата бетер од жена, истиот што ме прашуваше дали свекрва ми ја викам мамо.
Како се однесувате до сверквата после кавга? Јас денеска прв пат дојдов до конфликт со неа, во собата бевме јас со мажот ми, моите родители и таа... Не беше ниту директен конфликт со нејзе, туку си зборевме со мм дека иднина нема во државава, сите бегаат, дека не исклучуваме како можност и ние да си заминеме некогаш и тн тн. Буквално општо, ние ниту сме со намера за селење ниту ништо. Едноставно разочарани од државава... Да напоменам дека до мм живееме во Ск, а родителите ни се во друг град. Бевме на викенд до дома. Леле женава како да мислиш рековме дека утре се селиме. Кога се опна на мм дека ќе умрела, ќе умира, каде била таа во планот, дека демек мм си знае уште од одамна дека не смее никаде да оди да живее. Ми вика мене си имаш ти мајка и татко твои, за тебе нека ти гледаат, мене ме ни е гајле за тебе. Син ми не смее никаде да оди. Мм и вика ако решиме, нема тебе сигурно да те прашам. Оваа уште толку се запали. Кога виде дека тој и вика така, на мене се сврте уште толку. Почна да ми се дере, да ме навредува. Ми вика ако сакате и уште утре разведете се, гајле ми е. Син ми не оди никаде. Стана ќе си одела. Инаку кај моите бевме(кога си одиме секој спие по дома). Па пак ми се дере, јас почнав да плачам. Мм на неа да и вика леле општ хаос. Моите не знаат што да кажат, останаа со подзинати усти. Свекрвата почна да вика дека јас сум крива, од мене била изнервирана, јас незнам каква сум била, што сум чекала да раѓа , нз што. Оди накај врата и се дере. Мм по неа за да ја носи дома, а и моите по неа. Татко ми и вика "Сите сме во собава цело време, ништо не ти рече ќерка ми на тебе. Нема зошто вака да реагираш". И така мм ја однесе. Па се врати и си заминавме за Ск. И сега јас како да се однесувам до таа жена? Не сакам да го нервирам сопругот, стварно е добар многу и не заслужува драми вакви. Ама женава е без контрола. Не знае до кога и се границите нејзини. Како вие останувате во контакт после кавга? Не можам да ја смислам да седнам на маса со неа после тие навреди, а знам дека мм би го повредило тоа
Не остануваме После ова, би и залепила една преку муцка, после една и на маж ми што ќути и така. Шала на страна, никаков контакт после ова.
Погоди што. Ја погодивте најсензитивната тема за стари луѓе кај нас. Ако го решиш ова сподели рецепт, тукушто пишав поназад дека просперитети се уништени ради “непуштање од постарите”. И не е тајна дека ќе си далеку од омилена ако си со една нога за надвор.
Ма каков контакт бре! Ти треба да бидеш пресреќна што таа си го покажала правото лице пред сите. Штом употребува такви зборови значи дека е полна со омраза и оваа ситуација и тоа како ти оди во полза за да прекинеш контакт со неа. Маж ти ќе те разбере. Опседнати се со синовите и мислат дека цел живот тие се оние кои треба да командуваат. Според мене, не постои свекрва која не ја мрази снаата. Само некои се попаметни и умеат да си ја држат муцката затворена. Значи стварно ме нервира темава и разно разните случки кои ги пишувате. И најмногу ме иритира кога им ќутите, има да ја срамнам со земја! Таа ќе плаче а јас ќе се смејам. Нема тој филм да го гледа да ми расипува мир некоја небитна бабетина.