@LadyR , прво комплетно несоодветно и некултурно од нејзина страна во домот на твоите родители така да се однесува. За ова твојот сопруг треба да си разговара со неа. Друго јас би ја игнорирала комплетно. Што би се рекло само "службен разговор" ако веќе мора да се гледате.
@LadyR само понастрана од такви. Јас со свекрвата само службено комуницирам. Прво, заради постапките нејзини. Второ, затоа што ме има навредено. Морам да комуницирам заради маж ми. Да не е он, чао пријатно.
Не ти треба контакт со неа. А во случај ако имате контакт, гледи кога маж ти нема да биде со вас да и кажеш "се ќе направам за да го носам син ти во странство хаха". И гледи како се нервира, како и се качува притисокот. Може и ќе умре навреме од нервози па ќе се спасиш
Да, за ова си во право. Имам чичко се пресели во Германија, леле дедо ми драми, драми, па стан имал во Велес, па нивите од мајка му така ќе седеле, па детето го одделил од сите, а детето 17 годишно. за свеки и свекор на темава муабет не ми се прави. Еднаш мојава пред стрина му на мм како ми се испонаша, демек "дур не родиш ти второ, јас да ти го израснам, нигде вие не одите". мм ја слушна и викаше демек "вас ќе ве прашаме". ама нормално ко и секоја втора снаа, јас сум крива, јас сум го натерала мм, зошто пред 15 години мм еднаш рекол дека нејќе да си оди он од државава. и така, ја нека сум крива, за што не сум па и за ова
@LadyR Баш вака, јас скоро година ипол функционирам вака. Знае да ме прашува за внуците нешто, одговарам кратко, јасно и нема друга непотребна конверзација. После добра кавга и навреди јас нема шанси да се вратам на стариот однос, таков ми е карактерот, мм ме знае, немам никаков проблем со него, повеќе од ова знае дека нема да добие од мене. Не сум човек што може да прави лице. И вака функционираме како што кажав година ипол скоро две. Искрејно одлично ми е мене. Се што сака и ја интересира си збори/прашува со син и, мене не ме замара за непотребни работи.Само формален однос, од чиста почит спрема мм.
Ти тоа што планираш исполниси го и не кажувај на никого.Прави си како тебе ти одговара без да знае свекрва ти. И пред да одите во странство само оди поздрави се и тогаш соопштете им дека си заминувате. Ако почнеш со неа да споделуваш се што планирате, никад нема да заминете од мк. Истиот проблем го имав јас, ама среќа и маж ми сакаше да си оди од тука и не ја фермаше. Да почнам да ти кажувам се што проблеми имам јас со неа, 2 дена можам да зборувам. Само едно заклучив таквите мајки не ги сакаат своите синови, а па не да не сакаат и почитуваат нас. Таквите мајки гледаат само за себе и околината што ќе рече. Така да игнор само и терај си по твое.
Тука секогаш се активира синдромот " ако го игнорираш проблемот и не рзговараш за него, не постои" од страна на постарите. А додека ние снааите сакаме да разговараме за проблемите што ги имаме. Ти си во многу добра ситуација што не си неа во исто живеалиште, па не мора да се спрепнувате на врата. А за тоа како да се остане во контакт едноставно никако. Сите сте биле сведоци на драмата , имаш целосна слобода да не разговараш со неа. Само му кажуваш на маж ти дека повеќе не сакаш муабет и тоа е. Или ти директно неа ако те побара.
Леле муабетов, мислам јес дека не ни се омилени свекрвите ама ова што е многу, многу е. Освен ако не беше саркастична.
Најсмешно е што општо беше муабетот, ние не сме ниту решени ниту сме разговарале за тоа. Чат-пат ќе си речеме дека во Македонија за нашата деца здравје Боже иднината е лоша, зошто сме тука уште и слично. Можам да замислам ако стварно решиме, жената што се' ќе прави. Го фаќа мм на слаби точки, бидејќи сам е тој, брат како дете има починат. И таа почнува да му збори за тоа, колку е напатена и изгорена жена, болна демек, за умирање и тн. Ние еднаш месечно си одиме за викенд, и одевме до моите, до неговите, до пријатели некои и толку е времето. Да напоменам дека си спијам дома бидејќи таа не дава спалната во која никој не спие да си ја средиме ние за нас. Епа кога не дава, и јас не спијам кај нив како да биде, и си спијам дома кога си одам. Мм спие кај него... Сега мислам таа да очекува да и се јавам и извинам бидејќи сум јас снаата и помладата. Незнам, за мм ми е единствено жал. И не сакам него да го нервирам. А знам дека ако веќе пример не одам кај нив, нема да му е сеедно нему.
Абе остај неа, туку кажи шо планираш ти со твојот маж? Засекогаш да си спиете посебно? Ти кај твоите, он кај неговите? Зошто не одите под кирија? Каков брак е овој??
Пишав погоре. Ние не живееме во ист град со нашите родители. Си имаме наш стан, сами си живееме. Ова е кога одиме еднаш на месец време кај нашите.
Јас не гледам кај е проблемот ако еднаш во месецот секој си спие кај своите родители. Каква кирија бре? Читате не дочитувате. @LadyR не мислам дека треба да се јавиш и да се извиниш во никој случај. Недозволиво е вакво однесување буквално без причина. Првпат се случува? Нека разговара сопругот со неа.
Многу е нејасно напишан тој дел, изгледа не сум разбрала. Епа ако живеат одделно, тогаш и не треба да се замара со неа. Игнор само. Не треба контакт.
Истата ја имам, верувај. До душа 90% такви се стариве кај нас. Безброј пати имам пишано овде, сигурна сум дека уште ќе пишувам, зошто издувен вентил ми е темава, нејќам да ја зборам пред луѓе што ја знаат. Значи само игнорирање и што помалку комуникација. Не дека нема да буцка, не дека нема да имаш нервози со неа, дур е жива, ама некако мора да сфатиме дека тие се такви, сакаш нејќеш, мајки им се на нашите мажи,пак сакаш нејќеш, мора да ја гледаш. Знам дека е стрес и нервоза, јас ради неа аксиозност имам. Буквално ради неа. И знам дека ќе ја имам дур е она жива. Тоа е. Колку толку научив да се справувам со неа. До душа ја сум доста оштра, ама она наоѓа начин и време и место да буцка и да провоцира. Ама ја си го терам моето. Зошто она освен провокациите ништо друго и не може. Пак по мое си е све и пак кога ќе легнам вечер на перница, ќе си спијам мирно. Она не спие мирно од што е отровна. Не јас.
До овој степен прв пат. Инаку секое одење таму муабетите се исти- бебе, зошто не раѓаш, зошто за по факс не сум се заангажирала да работам, зошто друго работам (инаку работам друго, не по струка, и топ ми е, мм е програмер и мојата плата е дупло поголема од неговата), ја прашувале луѓето и срам и било дека др работам, зошто сум поправена (ми имаат вага извадено да сум се мерела). Ама од едно уво влегува, од друго излегува ми беше. Мм и пред мене ќе им се развика, и знам дека и на само им кажува да престанат да замараат. Ама не функционира тоа кај женава. Џабе што тој се расправа милион пати со нив.