Па ни тоа штом е таква безобразна. Мојава па сака да одиме во странство, незнам зошто, свекор ми не сака демек сме имале куќа. Свекрва ми сака во странство да одиме, а се бунат што седиме сега во Скопје, е ај најди им нзс. И само му врти на мм да одиме секој викенд таму, среќа овој не бевме, мирен викенд без нервози беше, многу напнуваат со нивни муабети.
Никогаш нема да разберам зошто до толку си дозволуваат. Како реагира сопругот на овие коментари? За мене не е прифатливо на секоја посета да слушам вакви муабети. Или ќе биди пристојна ако сака да имаме контакт или веќе немам потреба да ја гледам, нели? Знам дека и на мажите тешко им паѓаат овие ситуации, ама на крај негов родител е, или ќе ја доведе во ред или воопшто повеќе не ја посетувај, нека си оди сам. Која е поентата што се гледате, ако секое гледање ви завршува со нервози?
До кога снаата да балансира односи со свекор-свекрва поради мажот? Абе што ми е гајле мене за нив? Мали деца ли се? Мрднати ли се? Јас да им го чувам односот? Они што не мислат? После нивното прво замешување во брак и во животот на снаата му кажав на маж ми, моиве очи да не ги видат во моја близина, не постојам, жена за нив немаш и тоа е тоа. Внуче кај нив па во никој случај. Ако му одговара добро, ако не нека си оди кај нив. Од мене толку. Што има јас да се секирам за нивниот однос кога самите не мислат на своето дете?
Е така де. Шо сме ние должни да се расправаме со нив? Да им се умилкуваме и да преќутуваме? Нека се гонат таму, они сопствениот син не си го сакат чим така праат а не па снаата да ја сакат. Кој сака нека ги расправа, не е снаата должна.
Браво за ова, така де, што има ние снаите поради мажот да ги трпиме, негови родители нека си ги трпи, што сум должна јас. И јас не правам лице, свекрвата еднаш ми рече наместо лице да сум им направела, и кажав не сум таква за да правам лице, кажувам се што имам, па нека се лутат, не ме интересира. А бе не прифаќаат игнор, и на дистанца кога биле, му се жалеле на мм како муабет не сум им правела, нека се жалат ако немаат попаметна работа, незнам стварно што им е, ем сакаат со нив да седиме, ем прават кавги.
Затоа јас реков дека треба да си безобразен од старт. Ама ние сме виновни што на почетокот молчиме, а они така земаат залет. Нивниот однос не ме интересира се додека не ми се меша во бракот.
Пишувавме дека живеењето одделно е решение, па еве и поретко гледање нека е, дојде членката и со тоа и со еднаш месечно гледање, па пак без раат и ни ги урна сите тези
Ама не е од едно уво влегува од друго излегува само се лажете така нервозата и гневот е присутен се додека односите ви се токсични. Прво нема шо ти да си имаш работа со неа, второ не е маж ми и зборува она си тера по старо или нека ја седне и објасни дека до тука е и контакти и се ке заврши од негова страна или ке те почитува барем не мора ништо повеке.
Знаеш како ке се однесуваш? КАКО ДА УМРЕЛА Ако сега попуштиш ке бидеш третирана и јавана како магарица На маж ти ке кажиш дека после ова она не постое за тебе Ке прекинеш секаква комуникација со неа за крај света
Имаш голема среќа што се испонашала така пред сите да и го видат лицето, да знаат сите со каква си имаат/имаш работа. Се надевам маж ти те одбранил и после ова и ги покажал границите, ако не го направил тоа ти на него треба да му покажеш заби (ја на твое место така да ве избламира сите (тебе највеќе) пред твои родители не би ја погледнала више во лице исто како да не постои).
Баш така. Тие што прават раздор во бракот на синот тие не си го сакаат сопственото дете. Јас барем гледам тука кај мене тоа е страшна работа. Синот за машки работи да им средува па и женски они да не мрднат газ, ако одбие најлош на свет е, ако се кара со снаата нешто најсреќни на свет се ама скраја да е ако се скара ќерката со зетот пропаѓа светот.
Јас одамна зборам дека и на друг континент да си они ќе ти го расипат раатот и преку еден видео повик.
Дефинитивно можат! Себични луѓе, кои се хранат со злоба. Тие ниту роденото дете не си го сакаат штом му прават кавги во бракот. Не пак снаата или било кој друг...
Ти го прочитав оригиналниот пост. Не сум ничија снаа, ама она што сакам да ти кажам е дека пишаното е слика и прилика на меѓучовечките односи во Македонија. Мене ми делува дека имала напад на љубомора, онака одеднаш. Растена сум со еден себичен, а друг нормален родител. Како црно и бело за баланс, и можам 100% да ти потврдам дека дел од токсичните мајки (бумери), на ист начин си се однесуваат и кон сопствените деца (машко/женско без разлика). Впрочем, истите затоа бегаат или кратат контакт.
Со неа нема да се однесуваш никако, бидејќи ќе прекинеш контакт секаков. Фино и културно на маж ти ќе му кажеш дека ти со мајка му после тој скандал прекинуваш секаква комуникација. Него му е мајка, ако смета дека таквиот однос нејзин према тебе дали собрани сите или на само е во ред, нека си иде слободно, дека ти немаш апсолутно никаква потреба да се гледаш или комуницираш. Маж ти треба да и објасни до каде се границите и да го прекинел тој скандал што она го направила уште кога почнала да драми. Настрана тоа што се случило во минатото и изгубила дете, тоа на никој Господ да не даде, ама ова дете што е живо и здраво треба да има нормален живот, а не да го манипулира и фаќа на сентименталост. Да била мајка ми на местото на мајка ти или јас на твое имаше да се добие една лепенка од десна рака по муцка. Пиши и ти благодарам за се до сега, ова што е случи е најдобра причина да заминеме од тука.
Ова не е за контакт, па ни најмал. Овде сечеш и бришеш. Јака ти душа што и ова до сеа си го поминала само со игнорирање, да ми рече се срами кога ќе ја прашале зошто не работам по струка таа вагата што ја чува да те мери ќе ја најде where the sun don’t shine. Секој мора да си ја заслужи почитта. Тоа е двострана улица, ако само едната страна почитува не е доволно. Девојки и жени, ценете самите себе повеќе. Заслужувате многу повеќе. Мажите на страна, ако се реални ќе знаат дека нема што ни формално нит неформално со родител што нема п од почит кон неговата избраничка. Вакви просеравања од испади, вакво земање за право не смее никој да си дозволи. И нема такво нешто ко - таква е таа. Со добро ако не разбира, заедно со маж ја ставате на дистанца за да и го покажете местото. Се дур поминувате со игнорирање на испадите, само ќе си земаат на сила.
Па и пази се дрзнала иу пред нејзините родители да се понаша Имам керка и син Утре вака на керка ми некој пред мене да и се изпонаша има да го грабнам со двете раци да го задавам Да не рипнете и снаа ке имам недај боже ваква свекрва да бидам одма Господ нека ме земе
Читам и не ми се верува зарем е ова можно? Вака да ти се испонаша ем пред маж ти па и пред твоите и тоа на туѓ терен. Од каде олкава храброст? Нешто друго ми забоде очи твоите и маж ти па уште не ја потбрале убаво, како можеле да дозволат вака да ти изназбори? Па маж ти уште по неа отишол да ја однесе дома. Те нашле тебе. Ем тебе ќе те вреѓа а он како диреторка ќе ја вози дома. Ај сиктер. Не мајка,што сака нека биде.
Моите не се луѓе кои се караат, нема да се спуштат на нејзино ниво сигурно. Ќе настане така само поголем хаос. Еве денес мм ми вика дека не сака да си оди веќе, барем неколку месеци. Јас кога сакам да си одам, да не го терам и него да дојде. Јасно му е и нему каква личност е мајка му. Освен максимално дистанцирање, изгледа друга солуција нема...