Ич да не се замараш шо ќе мислат за тебе некои шо не ти се ништо. Оди си насмеана. И никако да не си се извинила.
Епа ќе си одиш насмеана ,ќе седнеш шо подалеку од неа ,ако сакаш поздрави се од култура и освен тоа воопшто не разговарај со неа ,ако направи пак инцидент како што ти пиша Камелија пат под нозе .
Не велам дека такви не постојат, туку повеќе во смисла нема да го земам тоа за еден вид “оправдување” за да и ги трпам срањата. Не морам ништо да трпам, нит заради маж ми, најмалку пак заради себе. На себе си, си должам да ми е убаво. Види, тие расправања и урлања се токму тоа што таа го сака. Таа изнудена реакција од вас, значи дека таа на некој начин има влијание и тоа и полни его. Не конкретно само за тебе. Кај сите е така. Реакцијата е одговор на влијанието што свекрвата го има. Ете и сама си видела дека кога изостанува реакција тогаш таа губи. Затоа златна дистанца. На секој можен левел. Клуч и чао пријатно. Да ме извреѓа така, нема да ми види деца. Еднаш и јас мислев дека баби и дедовци, па спомени, па блах блах блах, па курци и палци. Како па да не. Ти да знаеш дека баба ти ја рендала мајка ти на дневна база и го поебала секојдневието и психата низ пола живот ќе сакаш да се дружиш и спомени да праиш со неа само дека ти е баба? Апсолутно не. Ако за мене маж и деца се примарно семејство, за децата мама и тато се и сите други ќе ја имаат таа привилегија да им бидат во близина исклучиво по заслуга. Има деца што немаат баби и дедовци од многу причини, не се живи, живеат во странство па тие деца пак имаат спомени и не се нешто поназад од другите. Со вакви баби што не знаат јазик зад заби да си чуваат, што немаат граница во нивното однесување, ниту почит, нема ни простор за спомени со внуци. И тоа нема врска со бездушна или лоша, туку со себе сакање и себе почит. Тоа е нешто што се прави за себе, зошто животот поминува и подобро да помине во убави работи отколку анксиозно и во нервози.
Пред год и некој месец имав језива кавга со неа и со золва ми, за жал никој не беше присутен, што све не ми изнакажаа. Имам и дел од снимки оти еден ден планирам да му покажам на мм колку навистина ме сакала мајка му. После тоа комуникација исклучиво како цитираната членка подолу. А пази што е интересно, што сами се прават жртви и не знаат или не им одговара да признаат зошто се на дистанца. Свекор ми пред една недела вели плачела оваа мојава од мене оти не сум и одговарала на прашања и оти сум ја игнорирала и не сум седела со неа да пијам кафе и да прошетам. Што си сеат тоа ке си жнеат. Кога имав разговор со свекор ми пред една недела и си кажав каков однос и карактер има жена му, овој на тоа ми одговори “знам, јасно ми е, ама ти сепак извини и се, со добро гледај со неа“
Верувај, не е трагедија во животот да останиш немажена ама да имаш среќен живот. Трагедија е да се створи семејство со некомпактибилен партнер. Бар јас лично така си размислувам.
Јас незнам што им паѓа толку тешко што ги игнорираме, а не се прашуваат зошто е тоа така, тие се безгрешни, ништо не ни згрешиле. Исто мојава болна легнува ако сум на дистанца, па му вртела на мм кога не беше во мкд, па го прашувала што ми згрешиле што не сум седела со нив, што има јас да седам со нив и да пијам кафе по цели денови, па кога си направивме посебно кујна уште се лутеа зошто сме јаделе сами, па не ни требало кујна, ете сме имале, заедно ќе сме ја користеле, да, заедно за да им правам ручек и садови да им мијам. Па и спална не ни требало, не бе, со вас ќе спиеме. Сама ќе си се цитирам, се подреков, не им се замарав во последно време, ама сега се изнервирав. Со братучед ми и жена му се договаравме Недела да одиме негде, му кажав на мм вчера ми кажа ок, сега ми кажува неговите го викнале да им кречи цццц, сега им текнало во Ноември. А мм не е молер па да им кречи, ама ок да немавме план, тие денес му се јавиле и му кажале, во 5 до 12. И после како да не им се замарам, кога тие замараат. Синот само за работа, а зетот за на маса. Да се испукам само, не барам совет. Ама добро би ми дошло мислење. Сега и пишав на свекрва ми, уште не прочитала, не е уклучена. Прво си мислев јас да не одам, мм сам да оди, ама кога ќе размислам подобро е да одам и да си се договорам со пријателки да шетаме, да не се ни симнам кај нив, па нека мислат зошто сум им лута.
Ќе згрешам и ќе ме растргнат можда ама ќе си кажам. Полесно ќе ми беше да ја немаше. И не, не преувеличувам, зошто истово за татко ми го мислев и не не ми е жал да кажам, дека одкога го нема сите полесно дишеме. Не дека не ми е жал што веќе го нема меѓу живи, не дека на моменти не ми фали, ама буквално на сите секој втор ден ни го уништуваше нормалниот тек на животот. Така и оваа, само нешто по суптилно. Да живееш за да ги нервираш другите, само зошто не прават се' како што сакаш ти. Дијагноза е. И ќе си признаам колку и да сме одделени, и да не се гледаме, ептен ми е криво што сме над нив. 10000 пати поарно ќе ми беше со овие пари стан да си купевме.
Абе какво растргнување, остај ти тоа тука сите шо се праат светици, а потсвесно сите мислат така. А другите или се немажени или и они се свекрвишта па затоа напаѓаат со тоа еден ист муабет "како не ти е срам, како ќе ти биде некој така за мајканти да мисли дрн дрн". Ама тоа е сосем во ред да го мислиш, незнам јас како поинаку да се мисли за човек шо ти го ремети и животот и мирот.
Во оваа ситуација апсолутно е до твојот сопруг. Те читам и те разбирам за се али во овој случај реално нема зошто на нив да им се лутиш. Твојот сопруг е тој што го извисува планот. Они се такви какви што се ама он можел комотно да ги одбие бидејќи веќе има план. И да одреди друг викенд за тоа ако веќе сака да им помогне.
Сите редовно ве читам и преголема мака ми е што мора да постојат проблемиве и нервозиве, дали некој се соочувал со истите проблеми дур не сте биле во брак? Односно додека сте биле пар, ама пример живеете заедно?
Јас ќе ти одговорам да. Не сме живееле заедно ама во се се мешаше, мора да ја прашаш неа за ако планираме негде да одиме, не смееше маж ми кај мене на гости да доаѓа, јас сум требала како женско таму да одам. Ние излезени таа му ѕвони 50 пати на телефон кај е што прави... и.т.н
Знам дека мм е виновен, незнае да каже НЕ, за сите е таков не само за нив, за разлика од него јас не сум таква, кој сака нека е им кажувам, и на другарки и на сите им кажувам во лице тоа што го мислам. Сите светици на форумов, не дај Боже да пишеш различно мислење од нивното, ќе те распнат.
ке ти се извинам унапред ако се осетиш навредена ама ке ти кажам искрено Најгласна си на темава свекрвата вака така Ама по постот заклучив дека маж ти е крив не она Поработи со него да науче да те цене тебе и вашето време и не попуштај Оди си на викенд по договореното какво кречење они коа сакат Она ти ја знае слабата точка и секој викенд ке го дрнда за нешто
Знаеш како, не сум лоша личност, дури и премногу оставам да ме газат. Дури и многу простувам. Не заборавам ама ми е некако глупо со мајка на мм да немам ич комуникација. Ама ова е чудо бре луѓе. Со бившиот 4 години бевме заедно. Мајка му кога умре, ја плачев повеќе од татко ми кога умре. Значи жената ја обожавав. И сум пишала овде, да останев со него, да беше она жива, со неа и во 1 соба ќе можев да живеам. И дете со мерак ќе и оставав, зошто ја гледав како ги чува другите внуци. Ама ова овде бре, ем Побожно до бескрај, ем Ѓавол. Ќе кажам пак, не е можда лоша баба, ама е катил мајка, свекрва, жена. Неможе неа сите да не ја сакаат, ама она ништо лошо да не им направила. Неможе.
Од кога започна бракот почнаа проблемите. ( Ахх јас еве поради вакви глупости она шо се меша, овој мојов суртук што не знае да ја среди не сакам брак) Да знаев вака дека ќе биде љубовта ќе изгубеше.
Исто се осеќам. Најмногу ме здоболи најтазе случка,ја удрив поточнонја бутнав ќерка ми ради неа. Сега не збориме,се искаравме после тоа. Ама знам дека ќе продолжи по старо после 2 дни. А и баба ми по мајка ми беше иста ваква ,никој не ја памти по добро... Не ,еве јас живеев со мм пола година пред да се земеме. Станувавма сабајле ќе испиевме кафе заедно без некои не знам какви коментари ,без распрашувања ,без префрлања. Сега две минути не може да седи без да префрли нешто освен ако не ја интересира нешто па да распрашува.
Tочно така, не мојата слаба точка, она ја знае неговата слаба точка, мм со сите е таков не само со неговите, уште одамна му кажав "треба да те научам да кажеш НЕ".
не неее слаба точка ти е тебе да минете викенд кај нив и она го знае тоа па си наоѓа изговори овој викенд креќење наредно дрва трет ке биде болна и се тка ке има некој изговор Он треба да рече неможам Работи на тоа него да го средиш и не ги мазните многу мажите покажите заби најдобронамерен совет