Ние живееме сами ама се чувствувам како се повеќе и повеќе да им сметам откако станавме сериозни. Бидејќи ние бевме ептен мали кога почнавме да сме во врска и можеби тогаш не ме гледаше како сериозен проблем, па сега веќе станувам закана хахаххаха
На некои џабе и со инка да им внесуваш. Најчудно е што уште пред да се запознаеме со мм воопшто не се ни гледале, повеќе работел во странство, кога бил во мкд до другарите повеќе и не се ни гледале, ова е вака откако се земавме, ај да кажеш не ме сакале, ама тие беа кои ни велеа да се земеме, и така сме биле нон стоп заедно, незнам што сакаа со тоа.
Никогаш нема да сфатам која причина ја имаат они да не те сакаат тебе, ако нивното дете те сака и е среќно тоа треба да ги прави посреќни од се и они да те сакаат нормално...
Направив прв пат една чорба и свекор ми ја бендиса и ја направив пак,ете денеска свекрва ми пробала да направи иста Да не остане по кусо ама ајде барем идеја сум и дала
Па не да ме сакаат, и јас нив неможам да ги сакам, ама едно почитување. Да, ама сега ли да го превоспитувам? Пишав, со сите си е таков, наивен, не сака никого да одбие. Свекрвите се најдобри во се.
Сите сте паметни тука ,сите ги советувате најдобро под кирија или нивно ама колку што те читав вас ве избркале родителите на сопругот инаку се уште ќе сте живееле кај нив . Сопругот ти работи во странство можеби тебе ти е супер што ти носи пари и не се гледате ама секој не сака така брак е меѓу двајца ,ај сега тебе да те критикуваме што сопругот ти е во странство а ти сама тука ,не е убаво нели ?Епа престанете да солите памет на други и гледајте си за вас ,ако на вас ви е убаво што сопругот не е со вас и децата супер ако на некои им е убаво во заедница пак супер ,а бе човек да не си ги каже маките одма со критики Можеби ова им е издуван вентил како што викаат ,дај оставете ги да си се издуваат .
Маж ми се спротиставува ама не знае како (само толку како да не го послушаат). Јас кога ќе викнам цела западна Македонија се тресе. Ама до свекрва и јас не допирам Еве ме сега сум на поседок, никако на крај не се излегува (се шекнав)
И маж ми се спротивставува ама не така отсечно како јас, он се откажува брзо зошто знае дека не се откажуваат они од нивното, они што кажале е најпаметно и до вечер како деца ќе се натегаат
Ама овие паметните не разбираат дека има неразбрани свекрви ,се фатиле сопругот па сооругот е крив ,аман веќе .Членка кога пиша не отишле месец кај свекрвата ја нападнаа па како така тие му се родители а сега солат памет тој требало да им каже па да се прекинело контакт ,и тие веќе незнаат што пишуваат веќе ,само да е спротивно мислење тоа е ,или немаат неразбрани свекрви или не се мажени или се тие свекрви .
Не постои разбрана свекрва, постои само почината свекрва која немала време да цица крв. А за другото се согласувам.
А бе исто, толку неразбрани не сум видела, бетер од деца се, еве и јас и мм им кажуваме, џабе, толку заостанати не сум видела, баба ми и дедо ми не не беа заостанати. Тоа време па не очекуваа од мајка ми да седи со нив па ако не пие кафе со нив да и се лутат како мали деца како овие што се лутат, и не очекуваа од мајка ми да ги служи. Или гости кога доаѓаа кај нив да ја викаат мајка ми да ги послужи, како овие што очекуваат од снаата. Јас бев таа што напишав дека месец дена не сме отишле таму и ме нападнаа, ама ја пишав и причината зошто не сме отишле и за тој месец тие дојдоа кај нас. Се чувствувам како дете па мора да им се правдам на некои тука, ако не им се допаѓа мислењето нека го прескокнат, сите сме тука зошто си имаме некоја мака и ова ни е издуван вентил, овие додаваат и сол на маката. Последно што пишав е дека не барам совет сакам да се издувам, па се фатиле мажот е крив па мажот, ок крив е, и што треба да им направи, да ги истепа како мали деца да се??? Уште не виделе какви неразбрани има. Па пишуваа како нема да ги смениме на 50-60+, а сега се фатиле дека мажите се криви, е како ќе ги смени тој на овие години? Ниту јас неможам мајка ми да ја сменам, само за други работи, еве настината ниту на доктор оди ниту сака да пие нешто и си пуши цигари, и како јас со сила нешто да ја натерам? Ова го пишав како пример дека не слушаат никој, такви си се, и јас нешто што имам зацртано така ќе биде неможе никој да ме убеди, не сега ќе ги менуваме свекрвите. Дали вас некој може да ве смени? Сите си имаме маани. @Adidas888 што збориш, не си нормална. Очекувај напади сега од "светициве". Саркастично ми беше.