1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    12.298
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека нема решение за неразбрана свекрва? Тоа е тоа, ќе си ќутите и трпите?
     
    На VDT2906, LiquidLuna, H.VAGA и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Никој не трпи и никој не ќути, за твоја информација не живеам со свекрва во заедница живееме посебно во друг град и да ,нема разбрани свекрви само игнор .
     
  3. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Да и уште пред да живееме заедно и од кога почнавме да живееме и сега во брак. Ѕвонење 100 пати, мешање во секој план, забрана да спиеме кај мене (а кај нив може) за да си го бакнела синче за добра ноќ. И не не се менува ова во брак, мислев ќе се смени ќе имаат разбирање ама пак иста песна! Ако не пресечете на време исто ќе ви биде дури и полошо после доаѓа мешање во дете гледање! Посебно ако имате маж како мојот што им се тресе и не поставува граници. Нервозите само ќе ги јадете…
     
    Последна измена: 8 ноември 2023
    На Skorpija25, *Amethyst*, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    12.298
    Пол:
    Женски
    Не зборам за тебе, зборам општо. Као да читам цело време дека свекрвата е неразбрана, мажот пробал се и неуспешно и сега мора да си трпите, тоа е тоа. Не е воопшто така. Инаку, немам слушнато за неразбрана мајка која успеала да ‘расипе’ брак на младите.
     
    На LiquidLuna, Yowannty и joy1 им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.639
    Допаѓања:
    33.911
    Пол:
    Женски
    Затоа што ние жените на своите родители им кажуваме до кај им е границата, а мажите на своите не, па затоа си земаат за право да се мешаат, а има тема "проблем со мајка ми", прочитај па ќе видиш дека има и неразбрани мајки.
    Па еве и свекрва ми зошто не се меша кај ќерката и зетот? Не смее, не ќерката, зетот не и дозволил, имаат некој страв од него и мораат така ќерка да им чува.
     
    На butterfly_91, Adidas888 и princess02 им се допаѓа ова.
  6. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Има и мајки такви ,познавам .
     
    На *Amethyst* и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    12.298
    Пол:
    Женски
    Тоа ми е поентата, дека ние жените можеме да се справиме со било што од страна особено за да ги заштитиме децата ама мажите се малку поинакви. Значи пак доаѓаме до моментот дека мажите се криви. Не може маж ми дома коси да кубе, да се нервира од мајка ми, а јас да грчам рамења и да речам ‘се е кажано, неразбрана е, игнор’.

    @Pa8la Познавам и јас лоши мајки, опседнати со ќерките ама тие бракови завршиле со развод, сепак ќерките не биле доволно упорни и поважно им било да се вратат кај мама отколку бракот. Исто како и мажите што ќутат пред мајките.

    Знам дека е полесно свеки да биде крива, и јас имам свекрва ама не се. Она може да се качува на глава колку што ќе и дозволите.
     
    На Stressed Out, VDT2906, LiquidLuna и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.145
    Допаѓања:
    20.998
    Пол:
    Женски
    Ова е многу точно. Ова маживе како да се роботи, цел живот мора да слушаат некој друг, едноставно неможат сами да функционират, мора да има некоја главна глава во нивниот живот и се потчинуваат и имаат стравопочит. Како пчелите. Во овие случаи тука тоа е мајка му.
    Додека ние жените посамостојни сме, не сакаме команди и одма поставуваме граници.
     
    На VDT2906, Skorpija25, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.001
    Допаѓања:
    35.965
    Пол:
    Женски
    Затоа што така се научени од дома. Дека треба мајка да се слуша, а жена не. Очигледно изреката мајка е само една, а жени сто, некои премногу сериозно ја сфаќаат.
     
    На VDT2906, LiquidLuna, Zumbulche и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.639
    Допаѓања:
    33.911
    Пол:
    Женски
    Точно дека ќе се мешаат колку ќе им дозволиме, ама ако не се послушни да ги истепаме ли?
    Не се разбираат од збор, имам многу примери, еве некои кога мм не беше тука упорно ме тераа по гости со нив, а пред тоа сум им кажала не одам овие упорни, и нема да отидам, сум и кажала кога ќе има комшики доле да не ме вика, таа упорно ме вика, за на селска слава во селото нивно или негде кај некои роднини нивни со сила не тера, еве еднаш ги слушнав надвор со мм како го тера да одиме, мм и кажа не одиме, имаме планирано (а стварно имавме и тоа нешто итно ни беше), другиот ден пред да тргаме повторно ни велеше да одиме, не не прашува, ни наредува, мм пак и кажа дека имаме работа, па почна да урла, да плаче, ние нормално си отидовме кај што сме тргнале, нека плаче колку сака.
    Па почна "ќе видите, и вие ќе имате деца, па вака ќе ви прават", и дали ова е нормално? А зошто, тоа што не сакаме со нив по гости, тоа што се одделивме, се уште неможат да се помират, сега не седиме таму, кога одиме ај ќе испијам едно кафе со нив и еден ручек и ќе си се качам горе, само ме викаат, сакаат по цел ден со нив да седам, епа неможе така.
     
    На Littlegirli, *Amethyst*, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Да а за ќерките не важи ова ,нив ги воспитуваат гледај си ќерко мажот и децата остави не нас и свекорот и свекрвата .
     
    На VDT2906, Erika.greeneyes, Skorpija25 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    12.298
    Пол:
    Женски
    Ама ете, си ги решавате проблемите. Те викаат, не одиш и крај. Останува уште да прекинеш да се нервираш. Проблем ќе беше ако и маж ти те тера да одиш некаде со нив против своја волја.
     
    На VDT2906, LiquidLuna, Skorpija25 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.639
    Допаѓања:
    33.911
    Пол:
    Женски
    Да, ама сакав да кажам колку замараат, добро е што не ме тера да одиме со нив, ама нервира тоа, некој упорно да те тера нешто што не сакаш.
     
    На *Amethyst* и Skyler им се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.076
    Допаѓања:
    168.522
    Има неразбрани свекрви а има и неразбрани снаи
    Има и мајки неразбрани а има и керки неразбрани
    Се има по светот
    Ама пак ке дојдиме на тоа дека мажите неможат или не знаат или не сакаат да прекинат контакт ако ви прават проблем во бракот
    А тоа дека ке ми копаш по мислење @Pa8la и нешто ке постигнеш не грешка си 20 год брак имам позади себе и сито и решето поминато мојата вака така некако поминала ,вие треба да разберете кај е проблемот и да работите на него за да не се нервирате цел живот со неразбрани свекрви
    Ја не ви ги оправдувам свекрвите ја мажите ви ги кривам
     
    На VDT2906, DoubleK, LiquidLuna и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Има неразбрани, ама полесен е животот кога знаеш дека тој со кој делиш кревет секоја ноќ, е твоја поддршка, а не нејзина. Многу, многу полесен. Да не беше мм на моја страна во сите циркузи, до сега јас или ќе бев во затвор или разведена. Трета опција не постои.
    Затоа и толку многу го сакам. Затоа што имам пријател и сојузник во него. Зошто ради мене чим може да треска врати кај неа, чим може да и урла на таа што го родила, ме избрал мене пред неа. Тоа е најбитно.
    Не ги напаѓам тие што немаат поддршка од мажи. Знам колку е тежок таквиот живот. И ми е жал за нив. Зошто ем се изманипулирани, ем се измалтретирани психички.
     
    На Littlegirli, VDT2906, Orchidea и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Не копам по твои мислења ни по ничии тоа брзо си го пиша незнам во која тема беше дека ве избркале па сте морале решение да барате ,да не ве избркале се уште ќе сте живееле во заедница и ќе се жалеше од свекрвата како и сите ,а брак 20 години секој ќе има добар ако се нарече брак ,тоа е меѓу двајца ,не јас тука и децата сопругот ќе се ашка по странција ,тоа го нарекуваш брак ? Па врска тоа не е на далечина не па брак ,не е убаво вака нели кога некој не се сложува со тебе ,кај сака нека ти е сопругот ич не ми е гајле ,ама ти си паметната што солеше памет да им одат сопрузите во странција ,еве не сакаат таков брак ти сакаш и ок е тоа .Ај тебе сега да ти солиме памет зошто сопругот работи во странција ,како ќе ти биде ?
     
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Од изрекава ми се повраќа уште пред да се омажам и пред да се замарам со поимот свекрва.
     
    На VDT2906, LiquidLuna, senza.parole и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Добро е што сопругот ти е разбран ,среќа и мојов е од моја страна ,пробуваа да се мешаат не им дозволи ,ама нели те нервира сепак тоа кога ќе се обидат да се мешаат иако сопругот е од твоја страна ?
     
    На Malesia и princess02 им се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Па она не застана да кука, како и е тешко што маж и го нема, да бара совет што да прави.
    И брат ми и снаа ми ваков живот живеат, не е лесно, ама секој си одлучува за себе. Не е проблемот кој како наоѓа финансии, проблемот е што и во 1 соба да си со нив, маж ти да не ти вика "мама не мислеше ништо лошо".
    Ме нервира да. Затоа и ме има на темава. Ама мм е на моја страна. Ако нешто претерувам и не сум во право и тоа знае да ми го каже. Ама нели боли повеќе кога "мама е во право, она добро ни мисли?"
    Овде членките за тоа зборат.
     
    На VDT2906, Skorpija25, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    За тоа зборат ,ама и за негледањето со родителите на сопругот ги нападнаа членките па кога членка немажена пиша дека кога ќе се омажи немало да се гледа со свекрвата не и е ништо ако прави караници ни внуче нема да и даде многу ја нападнаа ,и јас и пишав дека неможе да не се гледа сепак таа е мајка на сопругот и баба на внучето ,сега испаѓа дека во право била да немаме никаков контакт со свекрвите . Членка пиша месец не отишле одма ја нападнаа па како можело така тие му биле родители на сопругот ,двојни аршини фрчат тука !
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.